Министерството за внатрешни работи денеска донесе одлука за разрешување на седум началници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип и од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани. Со оваа одлука на министерот Панче Тошковски, разрешени се началникот на СВР Штип и неговиот помошник, потоа началникот на Одделението за полиција во Штип и началникот на Одделението за криминалистичка полиција во Штип. Покрај началниците и неговиот помошник во ...

Погребот на загинатите лица од Кочани во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржи на 20 март. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов кажа дека е преземно сè што е потребна за организирање на погребот. На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, Г. Г. Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Судија на претходна постапка од Основниот суд Кочани до 4 часот утринава, одобрил 48-часовен ...

Вршејќи увид по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 59 младинци и деца, во непосредна близина на објектот-диско истражителите откриле резервоар со тони гориво под земја. Резервоарот е приватен, има и пумпа за точење. Ова денеска го потврди обвинителството, кое сè уште не открива чија е дивата бензинска пумпа во густо населено место и кој му дал дозвола на сопственикот да чува гориво во приватен резервоар, односно да си точи. ...

Членките на НАТО Полска, Естонија, Летонија и Литванија најавија повлекување од Договорот од Отава со кој се забранува употребата на нагазни мини. Тие кажаа дека се одлучиле на ваков потег поради зголемени воени закани од Русија. Повлекувањето од договорот од 1997, што го имаат потпишано повеќе од 160 држави, ќе им овозможи на овие четири земји да почнат да создаваат залихи на нагазни мини и да ги користат повторно. „Воените закани кон членките ...

Стотици студенти, заедно со нивните професори, декани и службеници вработени во ФИНКИ, Електротехнички, Машински, Технолошко-металуршки и други факултети, им оддадоа почит на загинатите 59 врсници, но и помлади од нив во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Студентите по 7-минутниот молк положија цвеќе на платото на техничките факултети во Скопје. По 7-минутниот молк, немаше говор. Присутните во долги колони чекаа да ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговата власт не го штити градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од одговорност за загинувањето на 59 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“. Папазов, кој е на функцијата три и пол години, вчера си даде оставка на Фејсбук. Согласно член 8 од Законот за угостителска дејност, градоначалникот на Општината, а во Градот Скопје градоначалникот на Општината на подрачјето на ...

Трет ден штипјани палат свеќи и положуваат цвеќе на плоштадот „Слобода“ каде се ставени фотографии од петмината жители на Штип кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Во пожарот загинаа 59 лица главно на возраст од 14-25 години. Најмногу демонстранти имаше од Средното медицинско училиште „Јане Сандански“, од каде од повредите во несреќата починаа тројца нивни соученици, двајца матуранти од Штип, и една ученичка од ...

Судија на претходна постапка од Основниот суд Кочани до 4 утринава, одобрил 48-часовен притвор на 16 лица како осомничени во предистрагата за катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека „Пулс“ во која загинаа 59 младинци и средношколци. Над 150 се повредени. Овие притвори истекуваат утре. Обвинителите може да бараат уште по еднаш по 48 часа притвор за секој од овие осомничени за обезбедување на нивно присуство дури се собираат доказите, а ...

Со едноминутен молк и полагање цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски, студентите од Битолскиот универзитет денеска изразија почит кон 59-те жртви, главно на возраст од 14-25 години, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На студентите им се придружи и Ректорската управа и професорскиот кадар на Универзитетот, а сите се потпишаа во книгата на жалоста. Над 150 лица се повредени, дел од нив тешко, во пожарот во дискотеката Кочани на ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ги почитувал сите здравствени протоколи при вчерашната и денешната посета на хоспитализираните пациенти по пожарот на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“. Во здравствените установи во Скопје и во Штип има вкупно 89 хоспитализирани пациенти, а во странство до сабајлево се испратени 76 пациенти. Во пожарот загинаа 59 лица, главнината на возраст од 14-25 години. Мицкоски и министерот за здравство Арбен ...

Со едноминутно молчење, полагање цвеќе и палење свеќи, охридските стредношколци денеска одадоа почит на 59-те жртви, главно од 14-25 години, во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На мирниот протест на Градскиот плоштад им се приклучија и родители и граѓани, кои низ солзи кажуваа ова никогаш да не се повтори. Протестот заврши со десетминутен молк кој никогаш не бил поболен и погласен од гневот и револтот на присутните кои го преплавија ...

Во здравствените установи во Скопје и во Штип има вкупно 89 хоспитализираи пациенти по пожарот на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, а во странство до сабајлево се испратени 76 пациенти, рече денеска заменикот-министер за здравство Јовица Андовски. Во пожарот загинаа 59 лица, главнината на возраст од 14-25 години. „Планираме наредниот период да испратиме уште неколку во Австрија, Полска, Холандија, Италија, Норвешка, во текот на денот ќе ...

Доналд Трамп изјави дека многу елементи од мировен договор за Украина се веќе договорени со Владимир Путин во пресрет на нивниот телефонски разговор денеска. Тој сепак призна дека останува уште многу да се работи за да се постигне примирје. „Секоја недела умираат по 2.500 војници на двете страни и тоа мора да запре веднаш. Многу очекувам од телефонскиот разговор со Владимир Путин. Мислам дека ќе успееме да постигнеме примирје, мировен договор и ...

Најмалку 330 луѓе загинаа во израелските воздушни напади врз Газа, со што беше прекинато примирјето кое стапи на сила во јануари, но во изминатите недели имаше застој во преговорите околу неговото продолжување. Напади се регистрирани на повеќе локации, во северна Газа, градот Газа, централните градови Рафа и Хан Јунис и во јужниот дел на енклавата, објави палестинското министерство за здравство, додавајќи дека меѓу загинатите има многу деца. ...

На крајот на јуни минатата година, во Скопје останале само три угостителски објекти што легално можеле да работат по полноќ, односно по работното време предвидено за кафулиња и за ресторани. Тоа го покажуваат последните податоци за издадени лиценци за угостителски дејности објавени на веб-страницата на Министерството за економија и труд, објави БИРН во новата анализа. Две од овие места биле регистрирани како кабареа, а едно како диско-клуб на ...

Од Основен суд Кочани за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека веќе се пишуваат решенијата за краткотраен притвор на 8 плус 6 осомничени за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ со 59 жртви, за да може со нив приведените да се задржат на распит повеќе од 24 часа. По истекот на овие 48 часа, ќе се знае за кого од овие осомничени обвинителите ќе побараат 30-дневен притвор. Во Кочанскиот суд пред судија на претходна постапка, со полициско ...

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов попладнево се наоѓа на сослушување пред обвинител во истрагата за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 59 луѓе на возраст од 14-25 години. Тој не е во групата осуммина за кои судија на претходна постапка одреди краткотраен притвор, туку е во тие 6 новоповикани на разговор во Основното јавно обвинителство (ОЈО) на Кочани. Премиерот Христијан Мицкоски во денешната изјава кажа Папазов ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека ќе ги покани ФБИ и руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) да ги истражат обвинувањата на опозицијата дека на саботниот масовен протест во Белград бил користен звучен топ, оружје кое е забрането во земјата. Властите продолжуваат да го демантираат ова, додека се засилуваат повиците да се спроведе независна истрага. Српски групи за човекови права и опозициски политичари тврдат дека на протестот ...

Лиценца за дискотека може да се добие само со пријава која газдата сам си ја потпишува дека ги исполнува минимално-техничките услови. Не е потребен градежен проект потпишан од овластен проектант. На овој апсурд посочуваат стручни лица од областа на градежништвото и урбанизмот со кои разговаравме во Секторите за урбанизам и планирање во неколку Општини, по катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој вччера загинаа 59 лица на ...

Владата ќе ги покрие трошоците за транспорт и сместување на семејствата на пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во странските земји, соопшти на денешната прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. Во вчерашниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени. Според последните информации од министерот за здравство Арбен Таравари, сите пациенти се префрлени во скопските болници, каде ...

Советот на Општина Куманово денеска одржа вонредна седница и одлучи да одвои вкупно 2 милиона денари, по еден за семејствата на загинатите и за повредените во пожарот со 59 жртви во дикотеката „Пулс“ во Кочани. Жителите денеска се простуваа од својот сограѓанин кој загина во пожарот, музичарот Филип Стевановски, кој постојано беше дел од културниот и музичкиот живот во градот. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Венко Филипче денеска го понуди целиот личен и капацитетот на партијата да помогне во справувањето со спасувањето животи и со болката на целиот народ, но и во наоѓањето на одговорните лица, по катастрофалниот пожар во импровизираната дискотека во Кочани, каде изгореа или беа згмечени во стампедо 59 млади лица и деца. „Ние сме одговорна и државотворна партија. Излегуваме во пресрет на сите иницијативи ...

Голем број граѓани денеска излегоа на протестен марш низ Кочани на кој побараа одговорност за 59-те лица кои загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“. Маршот почна од паркот во Кочани од каде граѓаните извикувајќи „убијци“ и „секој еден може да е следен“ и дојдоа до општинската зграда. Дел од присутните почнаа да ја каменуваат Општината, удираа по вратите и прозорците од објектот и го повикуваа градоначалникот Љупчо Папазов да излезе надвор. ...

Вчерашната трагедија во Кочани, во која во пожар предизвикан од пиротехника на концертот на групата „ДНК“ загинаа најмалку 59 луѓе, потсетува на најсмртоносниот пожар во историјата на Романија. Пожарот што избувна на 30 октомври 2015 во подрумскиот ноќен клуб „Колектив“ во Букурешт однесе 64 животи: 26 луѓе починаа на самото место, а 38 во болници. Огнот бил предизвикан од пиротехнички средства активирани на концертот на романскиот металкор бенд ...

Нема да има милост за никого, од дома за уши ќе ги вадиме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на синоќешната изјава на портпаролот на ДУИ Арбер Адеми. Тој даваше изјава пред полициската станица Карпош , каде што на распит се наоѓаше поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, во врска со пожарот во дискотеката во Кочани. Во дискотеката „Пулс“, која имала фалсификувана лиценца за работа, загинаа 59 лица. Именувајќи ...

Стотици студенти денеска се собраа на платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје каде одржаа заеднички час за да оддадат почит на 59-те лица кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Собирот беше организиран од студентската организација на Скопскиот универзитет. Настанот закажан за точно напладне беше одложен половина час поради силен дожд, а потоа почна со седумминутен молк на големиот број присутни студенти ...

Емануел Макрон изјави дека земјите кои би обезбедиле безбедносни гаранции за Украина по евентуално примирје не би распоредиле голем број војници, туку би испратиле контингенти од неколку илјади војници на клучни локации во Украина без да се бара дозвола од Русија. Тој кажа дека неколку европски и неевропски држави изразиле спремност да распоредат војници во Украина заради осигурување на иден мировен договор со Русија. „Тоа би можело да вклучи ...

Отворена е телефонска линија 078/378-754, за психолошка поддршка на пациентите кои беа повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, за семејствата на загинатите. Во вчерашниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа 59 лица на возраст од 14-25 години, главнината од Кочани и околината. Во Македонија се 84 лица хоспитализирани, а во странство ќе се лекуваат 51 пациент, вкупно 135. Седум малолетници се меѓу хоспитализираните. Како што ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција кажа кочанската дискотека „Пулс“ немала лиценца за работа, а и работела во објект наменет за лесна индустрија. Тој додаде дека во текот на денот ќе има многу лица кои ќе бидат приведени, вклучувајќи ги МВР и други институции. Ќе се апсат сите што се одговорни, и бивши и сегашни, кажа тој. Во реонот на тетовско се приведени повеќе лица, меѓу кои и еден поранешен министер, две ...

Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов даде оставка по вчерашниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 59 луѓе. Папазов на својот Фејсбук профил побара од институциите да ја испитаат одговорноста. „Барам од сите надлежни институции да ја испитаат одговорноста на сите инволвирани! Непостапувањето е исто така одговорност. Мора да се истражат сите детали, да се најдат сите пропусти, а сите лица што придонеле кон оваа трагедија мора да ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
6.69
30%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
4.12
40%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 24ᴼ
6.69
33%
1017
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
8.63
24%
1016
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
57%
1019
weather icon

Атина

32ᴼ / 29ᴼ
4.12
44%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
33%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1015
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
28%
1013
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.6
35%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
6.69
32%
1013
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762