Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Поскапеа давачките за ѓубретарина, гробно место и одржување, како и сместувањето во градинките и во старечкиот дом „Сју Рајдер“ во Битола. Поскапувањата на седницата на Општинскиот совет ги изгласа владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата и ЗНАМ, посочувајќи дека ова се умерени зголемувања за поефикасна работа на претпријатијата (кои веќе тонат во долгови), а директорите ќе бидат сменети ако не испорачаат резултати за ...
Со виза добиена од една земја членка на Европската унија (ЕУ) транспортерите ќе можат да возат во Шенген зоната без органичување на денови за престој. Ова е договорено на состаноците во Европската унија откако превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина од 26 јануари протестираат со блокирање на граничните премини. Министерот за транспрот и врски Александар Николоски денеска соопшти дека добил одлични вести од Брисел ...
Две недели има намалување на бројот на заболени од грип, но сѐ уште е многу рано да кажеме дека сме го надминале врвот, бидејќи во минатата сезона имавме два врва. Можеби ова е првиот, можеби да е последниот, но не значи дека нема да има нов врв и ново зголемување на бројот на заболени, рече денеска директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Марија Андоновска. Според податоците, во моментов во Македонија има среден интензитет на ...
Четворица мажи од 20 до 40 години од Неготинско се осомничени дека силувале 13-годишно девојче, лани на 14 февруари. Осомничени се за кривичното дело Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 3 од Кривичниот законик, а Основното јавно обвинителство во Кавадарци донеле наредба за спроведување истражна постапка. Предвидената казна за ова дело е најмалку 10 години или доживотен затвор. „Осомничените на 14.02.2025 ...
„Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) се однесува на периодот од 2019 до 2024 година и опфаќа ревизија на целокупното работење на локалната самоуправа во сите сектори, за период од шест години. Станува збор за сеопфатна анализа на работењето во повеќе мандатни периоди, а не исклучиво на актуелната локална власт. Се работи за проблеми кои се создавале со години, при што дел од утврдените слабости се резултат на долгогодишни практики ...
Во отсуство на тужениот Драган Павловиќ-Латас, во Граѓанскиот суд почна парницата за клевета и навреда по тужба на обвинителката Ленче Ристоска, за која тој напиша дека зела 100.000 евра од СЈО и оти немала стаж за да се кандидира за наш судија во Судот за човекови права во Стразбур. Ристоска кажа дека причината поради која дојде до судска постапка е околноста што не добила извинување од страна на тужениот Павловиќ, туку напротив, продолжил ...
Брус Спрингстин ја посвети својата нова песна на луѓето на Минеаполис, критикувајќи ги тековните операции против имигрантите во градот. Стиховите на „Улиците на Минеаполис“ (Streets of Minneapolis) опишуваат како „град во пламен се бори со оган и мраз под чизмите на окупаторот“, што Спрингстин го нарекува „приватната армија на кралот Трамп“. Спрингстин рече дека ја напишал и снимил песната во текот на викендот и ја објавил како реакција на ...
Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимоски. Пријавата е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, односно оти не била одземена лиценца за вршење енергетска дејност на фирмата „Тритерол Петрол ДООЕЛ“ ...
Националниот парк „Шар Планина“ информира дека на територијата на паркот имало лавина, но немало затрупани луѓе. Како што велат, поради специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ги температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот и снежните врнежи во изминатите неколку дена, а сето тоа во комбинација со релјефните карактеристики на теренот, се создаваат услови за нестабилност на снежната покривка и за појава на лавини. ...
Општините треба да предложат локации за изградба на гробишта за милинеци, е договорено на состанокот на директорот Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Оливер Миланов, со министерот за локална самоуправа Златко Перински и претседателoт на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) Орце Ѓорѓиевки заради решавање на овој проблем. „Ова ќе претставува решавање на деценискиот проблем и крај на праксата по смртта, труповите на ...
„Лукоил“ објави дека ќе ги продаде своите странски имоти на американската инвестициска група „Карлајл“, неколку месеци откако САД воведоа санкции против втората по големина руска нафтена компанија, заедно со „Роснефт“. Компаниите што работат со „Лукоил“ и „Роснефт“ се соочуваа со секундарни санкции, што би ги исклучиле од американските банки, трговци, превозници и осигурители. „Лукоил“ соопшти дека потпишал договор со американската ...
Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе Обвинителен акт против 8 физички и едно правно лице за продолжени кривични дела Проневера во службата и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство во Општа Болница Прилеп. За дејствија на проневера, предвидено во член 354 од Кривичниот законик, обвинети се поранешната директорка и уште тројца вработени во болницата, кои во периодот ...
Пакистан е последната азиска држава која нареди засилен скрининг на луѓето кои влегуваат во земјата, барајќи знаци на инфекции со смртоносниот вирус нипа, откако Индија потврди два случаи. Тајланд, Сингапур, Хонгконг, Малезија, Индонезија и Виетнам, исто така, го зајакнаа скринингот на аеродромите. Вирусот нипа може да предизвика треска и воспаление на мозокот и има висока стапка на смртност. Исто така, не постои вакцина против овој вирус. ...
Доналд Трамп разгледува опции против Иран, кои вклучуваат напади врз безбедносните сили и лидерите за да поттикне нови демонстрации, кажаа повеќе извори за „Ројтерс“, иако израелски и арапски функционери изјавија дека воздушните удари нема да бидат доволни за да се соборат верските власти. Два американски извора запознати со дискусиите рекоа дека Трамп сака да создаде услови за промена на режимот откако претходно овој месец брутално беа ...
Обвинителството оформило предмет и врши предистрага во Општина Охрид, по добиениот извештај од Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој утврдил дека во Охрид има 4.847 дивоградби, меѓу кои згради и хотели, но и сомнително финансиско работење, отпишување долгови без знаење на општинскиот Совет, јавни набавки без тендери, чудни трампи на плацеви. „ДЗР на 19.12.2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до Јавното обвинителство ...
По анонимна претставка од „судски советници кои работеле со судијата“, Судскиот совет влегол во Апелациониот суд Скопје, да ги тресе посочените сомнителни предмети што ги водел судијата во куќен притвор Ѓоко Ристов, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од судот. Во претставката имало наведено сомневања за корупција и за нестручно и несовесно работење. А претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски денеска рече дека немало претставка против Ристов ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го посети градот на Сицилија кој остана на работ на карпа откако обилните дождови предизвикаа огромно свлечиште кое урна куќи и принуди евакуација на над 1.500 луѓе. Свлечиштето во Нишеми се протега четири километри, при што автомобили и објекти паднаа 20 метри од новоформираната карпа, додека многу други куќи остануваат на работ на карпата. Екипите за цивилна заштита создадоа 150 метри широка „зона на ...
Со марш од зградата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) до Собранието, Сојузот на стопански комори и Владата, работниците денеска протестираа барајќи поголемиплати и зголемување на минималната плата на 600 евра. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилот пред Собранието кажа дека ќе бараат да се намалат платите на избраните функционери. „Ќе собереме 10.000 потписи и ќе станеме овластен предлагач на ...
Петмина се уапсени во куќи во Брвеница каде е најдена дрога, оружје и поголема количина пари, во акцијата на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово. „На 28.01.2026 во 06.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово, Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, ги лишија од слобода И. Ј. (43), С. З. (36), Д. П. (69), Д. П. (65) и С. З. (42), сите од село Брвеница. Извршени се претреси во с. Брвеница, во ...
Доналд Трамп го повика Иран да седне на преговарачка маса и да склучи договор за нуклеарно оружје или следниот американски напад би можел да биде многу полош. „Се надевам дека Иран брзо ќе дојде на преговарачка маса и ќе преговара за правичен договор, без нуклеарно оружје. Времето истекува и е од суштинско значење“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл. Трамп, кој ги повлече САД од мултинационалниот нуклеарен договор со Иран од ...
Биографиите на нашата обвинителката во Еуроправда Ленче Ристоска, на судијата за организиран криминал и корупција Ненад Савески (поранешен обвинител), потоа на обвинителката Лидија Раичевиќ која го води предметот со спортските ваучери, на експретседателот на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски и на в.д. Државната обвинителка Анита Тополова-Исајловска, Собранието денеска ги испрати до Владата. Постапката за избор на нов државен јавен ...
Легендарниот американски композитор и пијанист Филип Глас ја откажа светската премиера на својата симфонија за Абрахам Линколн во Центарот „Кенеди“, во знак на протест против Доналд Трамп. Глас соопшти дека ја повлекува симфонијата „Линколн“ , бидејќи вредностите на Центарот „Кенеди“ под водство на Трамп се „во директен судир“ со пораката на симфонијата. Симфонијата требаше да се изведе на 12 и 13 јуни. Од 19 декември, на фасадата на зградата ...
Русија платила исклучителна цена за минимални добивки во војната во Украина, вели нов извештај на Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) од Вашингтон. Според него, руските сили претрпеле речиси 1,2 милиони жртви од почетокот на инвазијата пред речиси четири години, што е рамно на бројот на жители на Брисел. ЦСИС појасни дека оваа бројка вклучува убиени, ранети и исчезнати, при што само бројот на загинати изнесува 325.000. Кремљ го ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) во контролата на работењето на Општина Охрид за 2024 година, открил во дел од населените места се изведени градби и градежни активности на објекти за индивидуално домување и хотелски комплекс за кои не е платен надоместок за уредување на градежно земјиште и не биле издадени одобренија за градење. Во 2024 градоначалник на Охрид, градот заштитен со УНЕСКО, беше Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, кој во ноември 2025 ...
Поранешниот министер за евроинтеграции во владата на СДСМ и ДУИ Бојан Маричиќ е нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Маричиќ доаѓа на местото на Борис Кондарко, кој исто беше предлог на СДСМ. Собранието денес со 83 гласа „за“ ги избра членовите на новиот состав на Државната изборна комисија. За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана ...
Поранешниот француски сенатор Жоел Герио е прогласен за виновен за дрогирање на колешка од парламентот со цел сексуално да ја нападне во својот стан во Париз. Шеесет и осумгодишниот Герио е осуден на четири години затвор, од кои 18 месеци ќе помине зад решетки. Тој поднесе жалба на пресудата, што значи дека нема веднаш да ја отслужи казната и ќе се соочи со ново судење подоцна. Случајот што ја потресе француската јавност се случи во ноември ...
Лидерите на три политички партии во Холандија договорија формирање ретка малцинска влада, три месеци по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Победникот на овие избори, центристичката проевропска партија Д66, се здружи со конзервативните Христијански демократи и со десничарската партија ВВД во коалиција која ќе има само 66 пратеници во долниот дом на парламентот, кој има 150 места. Таа нема да има мнозинство и во горниот дом, кој ...
Најдинамични промени има кај популацијата на водни птици на Охридското Езеро, покажува зимскиот цензус на трите природни езера во земјава спроведен од Македонското еколошко друштво (МЕД). Според објавените податоци, на Охридското Езеро од една во друга година понекогаш се случуваат промени од повеќе од 15 илјади единки. Во последните шест години, најмалку водни птици имало во 2024, само 11.140, а во 2025 имало 26.704 или над 15.000 повеќе. ...
Дивоградбите во Општина Карпош ќе ги урива Град Скопје односно ЈП „Улици и патишта“. Од Општина Карпош пратена е иницијатива до Град Скопје за воспоставување меѓуопштинска соработка заради поекономично и поефикасно вршење на надлежностите на Општина Карпош, кои се однесуваат на спроведување на актите на градежната инспекција за отстранување на бесправно изградените објекти. Ова барање е ставено како точка на дневен ред на седницата на Советот ...
Италијанската влада се обиде да се одбрани од критиките откако Агенцијата за имиграција и гранична контрола на САД (ИЦЕ) потврди дека нејзините агенти ќе помогнат во обезбедувањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина следниот месец. Опозициските партии реагираа со бес откако се дозна дека агенцијата, чии агенти убија двајца американски државјани во Минеаполис во последните недели, ќе биде вклучена во безбедносните операции на ...