Со паркингот на Клинички центар нема да стопанисува фирмата „Ѓока„ од Албанија. Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес-конференција кажа дека е поништен огласот и сега ќе се бара ново решение. „Првата опција е ЈП ‘Градски паркинг‘ да изгради две катни гаражи и да ги управува, а втората е тоа да го направи Службата за општи и заеднички работи при Клинички центар“, рече Таравари. Таравари кажа дека Министерството нема пари за да ...

На одбележувањето на 82 години од депортацијата на македонските Евреи од страна на бугарскиот фашистички окупатор, премиерот Христијан Мицкоски кажа дека наша обврска е да зборуваме секој ден за тоа и да не дозволиме нови генерации да пораснат без да ја знаат вистината. „Пред Втората светска војна, во Македонија живееше динамична, просперитетна и богата еврејска заедница. Евреите беа не само граѓани, туку и значаен дел од културниот, економскиот ...

Со доделувањето концесии на Охридското Езеро конечно ќе се заштити рибниот фонд, оти, како што сметаат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, избраните концесионери имале соодветни знаења, вештини, својства и способности да се грижат за езерото. Оттаму сметаат дека со планско стопанисување на одржлив начин и зголемена контрола рибниот фонд би се одржал, па и зголемил. Министерот Цветан Трипуновски неодамна кажа дека ова е ...

Aмбасадорот на ЕУ Михалис Рокас утре, 12 март, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан ќе присуствуваат на почетокот на градежни работи на граничниот премин со Грција, Маркова Нога во Преспа, соопштија од Канцеларијата на ЕУ во Скопје. „Официјално ќе се започне со градежни работи за царинската зграда со придружната инфраструктура, и тоа канцеларија на осигурителната компанија, јавни тоалети, ...

Папата Фрањо веќе не е во животна опасност и добро реагира на лекувањето во болница, објави Ватикан. Тој беше примен во римската болница „Џемели“ пред повеќе од три недели поради сериозна респираторна инфекција, за потоа да развие двојна пневмонија. Ватикан кажа дека лекарите на папата одлучиле да ја укинат претходната „чувана“ прогноза, што значи дека тој веќе не е во непосредна опасност. „Подобрувањата забележани во изминатите денови ...

Парламентарното мнозинство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, денеска на пладне ќе почне расправа за пет интерпелации за членови на Судскиот совет, избрани од Собранието пред пет години. Интерпелациите не се обврзувачки, и да се изгласаат, петтемина членови не мора да си дадат оставки. Ним и онака им истекуваат мандатите. Но, најголемата небулоза дека кај првопријавената, експретседателката Весна Дамева, причина за интерпелација е „незаконското ...

Премиерот Муте Егеде изјави дека гласачите се соочуваат со судбински избор на денешните парламентарни избори на Гренланд. Гласањето привлече глобален интерес поради постојаните закани на Доналд Трамп дека ќе ја преземе контролата врз најголемиот остров на светот, макар и со примена на воена сила. Изборите со голем интерес ги следи и Данска, која владееше со Гренланд до 1953 година, а денес ја контролира неговата економска и безбедносна политика. ...

Државниот секретар на САД Марко Рубио изјави дека украинскиот предлог за привремено примирје со Русија е ветувачко, во пресрет на денешните разговори помеѓу американска и украинска делегација во Саудиска Арабија. „Нема да кажам дека самото тоа е доволно, но е еден вид отстапка што треба да се направи за да се заврши војната“, изјави Рубио. Се очекува Киев да предложи воздушно и поморско примирје на разговорите во Џеда. Русија досега ја одбиваше ...

Најмалку едно лице загина, а три се повредени во голем напад со дронови врз Москва и тамошниот регион, изјавија властите. Регионалниот гувернер Андреј Воробјев кажа дека жртвите се од градовите Видноје и Домодедово близу Москва и дека се оштетени седум стана во една станбена зграда. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека се соборени 73 дронови кои биле упатени кон градот. Железничкиот сообраќај во еден округ е во прекин, а ...

МВР и Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска вршеа претреси на повеќе локации во врска со нелегална набавка на деривати, а според неофицијални информации приведен е бизнисменот Ратко Капушевски. Тој е генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенси и нафтени деривати. Неофицијално, приведен бил и Асмир Јахоски, сопственик на компанијата „Пуцко петрол“, но за негово апсење речиси да нема потврда. Бидејќи цел ден не ...

Законот за волонтирање е стар повеќе од 15 години и неопходно е негово менување или надополнување, кажаа на денешното одбележување на 80 години од постоењето на Црвен крст. „Ако се земе предвид динамиката на развојот на настаните во едно општество, можеме да кажеме дека Законот за волонтирање кај нас повеќе не е во функција на новите општествени барања“, рече генералниот секретар на Цревниот крст на Македонија, Саит Саити. Тој смета дека со ...

Мегленци е нестандардно ѓубриште и прави многу поголема штета отколку идната регионална депонија што треба да се изгради на територијата на Општина Новаци, рече Ана Мазневска, експерт од Министерството за животна средина, на денешната вонредна седница на битолскиот Совет, на која се понудија детални информации до каде е проектот за регионално управување со сметот за Пелагонискиот и Југозападниот Регион. „Независно дали имате 1.000 или 10.000 ...

Поради високиот процент на пациенти, од вкупниот број во земјава кои се третираат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, пациентите ќе мора да поминат филтер пред да стигнат до оваа здравствена институција, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари, при посетата на болницата во Велес. Тоа била стратегија за здравството подготвена од Европската Унија (ЕУ), Светската здравствена организација (СЗО) и македонски стручњаци која ...

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, во придружба на началникот на СВР Тетово Ријат Алили и директорот на „Градски паркинг“ Мирко Маринковски, излегоа на терен да видат каква е состојбата со паркирањето во градот. При неодамнешната посета на министерот за внатрешни работи на Тетово, Касами побара полицијата повеќе да биде присутна на тетовските улици за да придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, посебно во делот на ...

Мислев дека ќе сте повеќе, Панта ни остави наследство, ама многу работи забораваме, рече филмологот Илинденка Петрушева на денешната комеморација во чест на филмскиот продуцент Панта Мижимаков, кој почина на 5 март на 79 години. Во Кинотеката дојдоа околу 50 гости, најмногу режисери и продуценти. „Со Панта сме старо друштво, филмаши. Приказни има многу. Ќе ви кажам за тоа кога мојот син Бран Ферро сакаше да студира кинематографија. Јас бев ...

Танкер се запали покрај брегот на Англија откако се судри со товарен брод, потврдија властите. На местото на судирот пристигнаа чамци за спасување, хеликоптер и пожарникари и во тек е спасувачка операција, која била покрената откако се огласил алармот пред десет часот по локално време. „Крајбрежната стража учествува во координацијата на спасувачки напори по извешатите за судир помеѓу танкер и товарен брод покрај брегот на Источен Јоркшир. ...

Дете на 10-годишна возраст кое било принудувано да проси, се бори за живот со скршен череп. Очувот го претепал и неговото братче од 4 години, кое има хематом на црниот дроб и контузии на десното белодробно крило, скршени му се и запчиња. Претепани се зашто парите од питачењето требало да му ги даваат на 24-годишниот очув, а не на мајката. Децата се од Визбегово во чија близина е Дневниот центар за деца од улица (во Шуто Оризари), кого државата ...

Камерниот оркестар на Битола, кој повеќе од десет години успешно функционира, a од 2024 има статус на национална установа, годинава е соочен со недостиг од основни ресурси за функционирање, рекоа од раководството. „Немаме простор за проби, а и финансиските средства се далеку од потребните за непречено одвивање на активностите”, вели в. д. директорот на Оркестарот, Дејан Цветковски. Од Оркестарот додаваат дека Министерството за култура оваа ...

Ние имаме многу вработени, но Министерството за образование и наука (МОН) нема капацитет за да ги извршува своите секојдневни потреби и да ги испорача услугите кон граѓаните, во овој случај училиштата и сите други образовни институции, рече денеска министерката Весна Јаневска, по потпишувањето на Меморандумот со деканот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, проф. д-р Боро Јакимовски. Со овој ...

Жените земјоделки не се ценети како мажите, сè уште постои скептицизам дека жената нема да произведе добар плод, добри јаболки. Но, секоја година гледам сè повеќе жени земјоделки кои се рамо до рамо со мажите и успешни во одгледувањето на јаболки, вели во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК Ана Лабор млада земјоделка, јаболкопроизводителка од Преспа. Подкастот со Ана Лабор можете да го гледате тука: Ана (40) пред неколку години се ...

Доналд Трамп одби да каже дали САД се соочуваат со рецесија или покачување на цените по последните закани со царини кон своите најголеми трговски партнери. Запрашан дали САД би можеле да паднат во рецесија оваа година, Трамп одговори: „Не сакам да предвидувам такви работи. Сега сме во период на транзиција зашто она што го правиме е големо. Го враќаме богатството назад во Америка. Тоа е голема работа. Треба време, но мислам дека ќе биде одлично ...

Владата на Доналд Трамп смета дека Украина е спремна да ги поддржи американските барања за склучување примирје со Русија, изјави висок американски функционер. Државниот секретар на САД Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Волц ќе се сретнат со своите украински колеги утре во Ријад. Доналд Трамп го засили притисокот врз Володимир Зеленски да ги прифати неговите барања за брзо примирје, но без моментално ветување за безбедносни ...

Марк Карни е избран за нов канадски премиер, наследувајќи го Џастин Трудо во време на длабока нестабилност во земјата. Тој вети дека Канада ќе победи во трговската војна против Доналд Трамп. Поранешниот гувернер на Канадската централна банка убедливо победи тројца ривали на изборите за нов шеф на Либералната партија. Во својот победнички говор, 59-годишниот Карни го нападна Трамп, кој воведе царини за Канада и сака да направи од неа 51. ...

Во Букурешт избија нереди откако централната изборна комисија му забрани на прорускиот десничар Калин Георгеску да учествува на претседателските избори во мај. Георгеску беше изненадувачкиот победник на првиот круг на претседателските избори во декември, кој беше поништен поради обвинувањата за руско мешање. Стотици поддржувачи не Георгеску синоќа се собраа пред зградата на изборната комисија, извикувајќи „крадци“, „предавници“ и „слобода“, при ...

Владата на Доналд Трамп моментално повлече поддршка од 400 милиони долари за Универзитетот Колумбија зашто потфрлил во борбата против антисемитизмот во својот кампус. Четири федерални агенции заеднички соопштија дека финансирањето е прекинато поради „континуираната неактивност на универзитетот среде постојаното вознемирување на студентите Евреи“. Њујоршкиот колеџ беше епицентарот на ланските пропалестински протести во кампусите против војната во ...

„Мета“ ги објави плановите за инсталирање на 50.000 километри долг подморски кабел, што би се протегал низ целиот свет. Проектот „Вотерворт“ ќе ги поврзе САД, Индија, Јужна Африка, Бразил и други региони и ќе биде најдолгиот подводен кабел на светот. „Мета“, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, кажа дека кабелот ќе обезбеди водечка поврзаност во индустријата на пет континенти и ќе помогне во поддршката на проекти за развој на вештачка ...

Над милион патници ќе бидат погодени и илјадници летови ќе бидат откажани поради утрешниот 24-часовен штрајк на аеродромите во Германија откако големиот синдикат „Верди“ ги повика сите вработени да престанат со работа. Здружението на аеродромските оператори во Германија (АДВ) објави дека штрајкот ќе го почувствуваат околу 510.000 луѓе и ќе бидат откажани повеќе од 3.400 летови. „Воздушниот сообраќај во Германија во најголем дел ќе биде запрен ...

Поголем дел од кафулињата на кејот 13 Ноември во Скопје викендов ги извадија масите и столиците и ги распослаа на шеталиштето, иако таму е забрането поставување летни тераси. Поради сончевото време, кафеанџиите ги извадија масите од застаклените тераси и ги ставија во делот наменет за пешаци. Масите се поставени меѓу клупите, со што всушност им се блокира пристапот на сите пешаци кои сакаат да седнат да одморат, а притоа да не мора да седат во ...

На Шар Планина се формирани 44 планински езера, од кои 26 се постојани, односно постојат во текот на целата година, а 18 се периодични и обично се формираат меѓу април и јули. Просечната површина на сите 44 езера изнесува 250.500 квадратни метри и се наоѓаат на надморска висина од 2.000 до 2.400 метри. Најголемото од нив е Боговињското Езеро, кое воедно е и најголемо планинско езеро во Македонија. Сепак бројните планинари сметаат дека Големото ...

Димитрис Кирјазијадис, избрканиот пратеник на владејачката Нова демократија, јавно се извини на социјалните мрежи зашто ја навредил лидерката на партијата Курсот на слободата Зое Константопулу, поради што беше исклучен од парламентарната група на неговата партија. За време на тридневната дебата за доверба на владата во парламентот, Кирјазијадис извикал „Оди, раѓај“ додека Константопулу се обраќаше од говорницата. Поради ова, Нова демократија ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
6.69
35%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
36%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
42%
1017
weather icon

Софија

23ᴼ / 20ᴼ
4.12
38%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.9
30%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
0.51
71%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
4.47
48%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
4.12
61%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
26%
1015
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
4.12
40%
1018
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
6.69
100%
1014
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.161

Currency

34.0967

Currency

38.3343

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762