
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Четириесет и две дела од Димитар Андонов-Папрадишки се претставени на ретроспективната изложба посветена на неговата работа и 70 годишнината од смртта. Hасликал повеќе од 1.200 икони за околу стотина цркви во Македонија и Србија, со што се смета за еден од најпродуктивните зографи. Тој е последен македонски зограф и прв современ сликар во македонската уметност. Негово дело меѓу другото се фрескоживописот во црквата Св. Јоаким Осоговски воКрива ...
Оливера Николова ни остави огромно дело кое полека го освојува светот и сведочи за нас како за култура. „Зоки Поки“ веќе ги освои Јапонија и Скандинавија и поголем дел од Европа. Но, интересно ќе биде да се следи патот по кој нејзините романи ќе бидат откривани и преведувани, рече на денешната комеморација за истакнатата македонска писателка, Живко Грозданоски, претседател на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Николова почина на 4 ...
Новата програма за поставување урбана опрема на територијата на Општина Битола не е донесена, и очигледно е дека и оваа зимска сезона ќе важат одредбите од старата која дозволува оградување на просторот за пушачи пред кафулињата што најчесто се прави со стакленици и најлони. Нив битолчани ги нарекуваат гулабарници. На денешната седница на Советот беше предложено дополнување на дневниот ред со уште една точка, а тоа е одлука за продолжување на ...
Европската Унија мора повторно да размисли за својата поддршка за Украина по победата на Доналд Трамп на изборите во САД, вели унгарскиот премиер Виктор Орбан, додавајќи дека Европа самата не може да ја финансира војната. На средбата на европските лидери во Будимпешта, само Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо побарале да се промени европската стратегија за Украина. Трамп беше критичен кон американската воена помош за Украина и ветуваше дека ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) отвори телефонска линија за советување за откажување од пушење цигари, со цел да ги поддржи лицата во процесот на откажување. Линијата на телефонскиот број 078 285 873 ќе биде достапна секои понеделник и среда од 11 до 13 часот. Од Институтот велат дека во Центарот за советување за откажување, персонализирани совети и стратегии ќе нудат квалификувани стручни лица. „Не чекајте, започнете го патот кон подобро ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да се испратат два спасувачки авиона во Амстердам, каде што синоќа беа нападнати израелски фудбалски навивачи. Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат улични судири, додека полицијата интервенира. Од кабинетот на Нетанјаху кажаа дека одлуката за испраќање на авионите била донесена по „многу сериозен индидент“, во кој биле нападнати израелски граѓани по меѓот помеѓу Ајакс и Макаби Тел Авив. ...
Стотици граѓани синоќа ги окупираа влезовите на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија , а некои од нив влегоа внатре и се расправаа со директорот Васил Василев и продуцентот на претставата на холивудската ѕвезда Џон Малкович, „Оружје и човекот“ . Малкович гостуваше со претставата работена според текстот на Бернард Шо, едно од неговите најпоставувани дела, која важи за пародија на национализмот и империјализмот. Според „Факти“, Малкович изјавил ...
Три лица се обвинети во врска со смртта на ѕвездата на поп-групата „Уан дајрекшн“, Лијам Пејн, соопштија аргентинските власти. Пејачот почина на 16 октомври откако падна од балконот на третиот кат на хотел во Буенос Аирес. Едно лице кое го придружувало Пејн е обвинето за снабдување со дрога, а обвинети се и вработен во хотел и уште едно лице за снабдување со дрога. Никој од уапсените не е именуван. Аргентинските власти ги истражуваа последните ...
Владимир Путин сепак му честиташе на Доналд Трамп за победата на претседателските избори во САД и го опиша како храбар човек. Запрашан за време на настан во рускиот град Сочи дали е спремен да разговара со Трамп, тој одговори: „Ние сме спремни, ние сме спремни“. Трамп вчера кажа дека е подготвен да разговара со Путин и смета дека тоа ќе се случи. Путин додаде дека тврдењето на Трамп оти може да помогне да се стави крај на војната во Украина ...
„Ауди“ пријави уште еден разочарувачки квартал откако неговиот оперативен профит паднал за 91% во изминатите три месеци. Падот делумно се должи на напорите за реструктурирање, што вклучува и претстојно затворање на фабриката во Брисел. Автокомпанијата се соочува со растечка конкуренција, ограничен пристап кон резервни делови и предизвикувачко пазарно окружување. Продажбите на марките „Ауди“, „Ламборгини“ и „Бентли“ паднале за 10,5% во првите ...
Џо Бајден кажа дека ќе обезбеди мирна и уредна транзиција на власта, во своето прво обраќање по вчерашните избори во САД, на кои Доналд Трамп убедливо ја порази демократката Камала Харис. „Вчера зборев со новоизбраниот претседател Доналд Трамп и му честитав на победата. Го убедив дека целата администрација работи со неговиот тим за да се обезбеди мирна транзиција на власта. Тоа е она што американскиот народ го заслужува“, кажа Бајден. Тој зборел ...
Поради големите гужви за подигнување на ваучерите за инвертери, рокот е продолжен и утре. Во спортските сали во Скопје и Битола и утре од 9 до 17 часот ќе можат да се земат ваучерите. Овој рок не важи за пунктовите во другите градови. Денеска пред салата „Борис Трајковски“ граѓани со саати чекаат да земат ваучер. Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска на прес-конференција кажа дека ваучерите не се праќаат по пошта оти на овој начин ...
Австралиската влада објави дека прва во светот ќе воведе закон со кој на децата под 16 години ќе им биде забрането да ги користат социјалните мрежи. Премиерот Ентони Албаниз кажа дека парламентот следната недела ќе расправа за законот, чија цел е да се ублажи штетата што социјалните мрежи им ја нанесуваат на децата во Австралија. „Ова е за сите мајки и татковци. Тие, како и јас, се многу загрижени за безбедноста на нашите деца на интернет. Сакам ...
Здружението на граѓани „Плус публика“, организатор на Рациновите средби се повлече од организацијата. Тие во писмена форма пред почетокот на последната 55. седница на Советот на Општина Велес доставиле изјава за повлекување. Бараат раскинување на договорот за делегирана надлежност за организација на манифестацијата, која беше за период од три години. Рациновите средби следната година во мај или јуни ќе ги организираат Општина Велес и Градската ...
На 20 декември во Кинотеката ќе има премиера на дигитално реставрираната копија на филмот „Мис Стон“ од 1958, во режија на Жика Митровиќ, а следната година следи дигитална реставрација на играниот филм „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов, најави денеска в. д. директорот Бошко Грујоски. Грујоски кажа дека во 2025 ќе се направи дигитална реставрација на наслови од „златното време“ на македонскиот анимиран филм, на филмови од 1970-тите и ...
Германската опозиција го повика канцеларот Олаф Шолц веднаш да свика гласање за доверба на владата со цел да се одржат предвремени избори во јануари, откако владејачката коалиција се најде во голема криза. Таа практички се распадна синоќа откако Шолц го смени министерот за финансии Кристијан Линднер поради спорот околу тоа како да се пополни дупката во буџетот од неколку милијарди долари и да се оживее најголемата економија во Европа. Поради ...
Комплетно е завршен процесот за затворање на два института, најверојатно уште три ќе бидат затворени, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска во Штип. Министерката кажа дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети. „Кај дел од универзитетите сосема е при крај процесот, односно постапивме со наплата на казни на рецензентски ...
Претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија реагира за вчерашното непримерно и дрско однесување на битолската судијка Цветанка Никодиновска кон новинарите на САКАМДАКАЖАМ.МК и на ТВ Телма, чии телефони по нејзина наредба беа одземени на судењето на претседателот на бугарскиот клуб Ванчо Михајлов, а камерманите воопшто и не беа пуштени внатре. Новинарите имаа уредни и навремени дозвола за снимање, добиени од Врховниот суд, а ...
Гужва во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Стотици граѓани утрово дојдоа да ги подигнат ваучерите за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди што го доделува Министерството за енергетика. Битолчани се жалат на лоша организација и гужва пред пунктовите каде се доделуваат ваучерите. Граѓаните се прозиваат по азбучен ред, но внатре нема уред за озвучување, а толпата и вревата се големи што не се слушаат имињата. Пред ...
Доналд Трамп беше 45-ти, а сега е и 47. претседател на САД. Откако беше објавено дека победил и во Висконсин и Алјаска, Трамп го надмина прагот на 270 освоени електорски гласови и официјално го потврди своето враќање во Белата куќа, што ќе се случи во јануари. Додека се чекаат резултатите од уште пет сојузни држави, Трамп засега има 279 електорски гласови, а Камала Харис 223 и до крајот на броењето гласови исходот нема да може да се промени. ...
Специјалното обвинителство планира постепено да ги затвори кривичните случаи против Доналд Трамп пред тој да се врати на функцијата, бидејќи неговата убедлива победа против Камала Харис значи дека тие нема да стигнат до судење. Овој потег ја одразува реалноста дека случаите нема да бидат довршени до денот на инаугурацијата во јануари. Откако Трамп ќе се врати во Белата куќа, на специјалното обвинителство ќе му биде забрането да спроведува ...
Голем број граѓани од утрово чекаат во ред пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје за подигнување на ваучерите на инвертери кои ги доделува Министерството за енергетија. Колони има долж цел паркинг на салата. Ваучерите можат да се подигнат денеска од 9 до 17 часот во пунктот во „Борис Трајковски“. Оние граѓани кои денеска нема да успеат да стигнат, тоа ќе можат да го направат до крајот на ноември во просториите на Министерството за енергетика. ...
Белата куќа планира да ѝ испрати на Украина воена помош од милијарди долари пред Џо Бајден да ја напушти функцијата во јануари, велат извори. Вашингтон сака да ја зајакне Украина пред инаугурацијата на Доналд Трамп на 20 јануари, зашто е неизвесно како новата администрација ќе се постави по ова прашање. „Владата на Бајден сака да ја стави Украина во најсилната можна позиција пред да ѝ заврши мандатот“, изјави висок владин функционер. Трамп беше ...
Германската владејачка коалиција се наоѓа во сериозна криза откако канцеларот Олаф Шолц го смени министерот за финансии Кристијан Линднер и кажа дека ќе се гласа за доверба на владата на 15 јануари. Шолц изјави дека веќе нема доверба во Линднер, кој е лидер на партијата Слободни демократи, која беше дел од коалицијата. Овој потег значи дека владата на Шолц веќе нема мнозинство во парламентот и ако не ѝ се изгласа доверба, Германија би можела да ...
Камала Харис телефонски му честитала на Доналд Трамп на победата на претседателските избори, пред вечерва да го има првото јавно обраќање по изборниот пораз. Според последните резултати, Трамп има освоено 294 електорски гласови, а Харис 223, односно за новиот претседател гласале 50,9% Американци, а за актуелната потпретседателка 47,4%. Останува да се објават резултатите од уште три сојузни држави. Телефонскиот повик и формално стави крај на ...
И.Ј. (28), жител од струшкото село Велешта, фатен е како собира и дистрибуира детска порнографија, поради што денеска доби притвор и отиде во затворот во Шутка. Струшкото јавно обвинителство поведе истрага против овој 28-годишен жител на Велешта, за кој дознаваме дека не бил оженет, немал потесно семејство.Го сомничи за продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а од Кривичниот законик. Тој од ...
Враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа ќе ја преобликува американската надворешна политика и ќе донесе можни радикални пресврти на повеќе фронтови. За време на кампањата, Трамп даваше широки политички ветувања, често без конкретни детали, засновани врз принципите на неинтервенционизам и трговски протекционизам, ставајќи ја Америка на првото место. Во поглед на Украина, Трамп често повторуваше дека може да ја заврши војната за еден ден. На ...
Новиот Културен центар „Една роза“ во Битола всушност претставува параван за активностите на досегашниот бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, вели потпретседателката на Собранието Весна Бендавска. Клубот „Ванчо Михалов“ беше избришан од Централниот регистар во март минатата година бидејќи во називот содржеше име на лице блиско до фашистичката идеологија. Претседателот на клубот Љупчо Ѓоргиевски по денешното судско рочиште во кое е обвинет ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска поднесе пријава до Основниот кривичен суд Скопје како и до Здружението на судии со цел да се преземат соодветни мерки за одговорност за денешниот непримерен и непрофесионален однос од страна на судијката Цветанка Никодиновска од Основниот суд во Битола кон новинари и медиумски работници. Денеска судијката Никодиновска, не им дозволи на новинарите од САКАМДАКАЖАМ.МК и ТВ Телма да снимаат и ...
Над 160 награди, плакети и статуетки освоени низ годините од Народниот театар од Битола и неговите театарски работници се изложени во фоајето на оваа театарска куќа. Театарот во 80-годишното постоење е добитник на бројни награди и признанија како: „11 Октомври“, „Климент Охридски“, „4 Ноември“, Стериини награди, „Војдан Чернодрински“. Поставката ќе биде трајна, а е дел од празничната програма со која се одбележуваат 80 години постоење на ...