
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Градежната инженерка Ангела Шишкин е родена во Битола, но живее во Скопје и во последните четири години секојдневно патува за Штип за работните задачи за изградба на браната на реката Отиња. Браната е во втората фаза од изградбата и се очекува да биде во функција во текот на 2027. Според преоктот, предвидено е да се изгради камено-земјена брана со централно глинено јадро со висина од околу 33 метри. Ќе има опфат од 120 хектари и ќе се полни од ...
Митко Штерјов, доктор по археологија и конзерватор и советник во Заводот и Музеј во Штип и неговиот колега Ване Секулов, археолог, кустос и советник во Заводот и Музеј во Струмица, меѓу штипските села Таринци, Карбинци, Радање и Аргулица на земјоделски површини во близина на месноста Беш Тепе открија две могили од вкупно 5 до 10 гробници, колку што се смета дека има во овој регион. Кај една од откриените гробници пронајдени се остатоци од ...
Доналд Трамп не ја исклучува можноста за воена или економска акција во рамките на неговите желби САД да ја преземат контролата врз Панамскиот канал и данската автономна територија Гренланд. Запрашан на прес-конферецнија дали може да го увери светот дека нема да користи воена или економска принуда додека се обидува да ја добие контролата врз Панамскиот канал и Гренланд, Трамп рече: „Не, не можам да ве уверам за ниту едно од тие две. Но, можам да ...
Поранешна затворска службеничка во Англија е осудена на 15 месеци затвор откако била снимена како има секс со затвореник. Линда де Соуса Абреу била препозната од еден вработен во затворот во Вондсворт во јужен Лондон откако снимката се проширила на интернет. „Постапките на Абреу за помалку од еден ден ги поништија сите години работа на женскиот персонал во машките затвори“, изјави гувернерот на Вондсворт. Триесетгодишната Абреу била уапсена на ...
Германска брачна двојка призна дека во март 2024 убила 27-годишна бегалка од Украина и нејзината 51-годишна мајка за да ѝ го украдат бебето. „Се каам за сѐ што направив“, рече мажот на првиот ден на судењето во Манхајм. Според јавното обвинителство, парот има вкупно четири деца, од кои еден син заедно. По неколку спонтани абортуси и неуспешниот третман за плодност, тие планирале да киднапираат новородено девојче и да го одгледаат како своја ...
„Мета“ се откажува од тимовите за проверка на факти на Фејсбук и Инстаграм, заменувајќи ги со „белешки на заедницата“ (community notes) налик на Икс, каде што коментирањето за точноста на објавите е оставено на корисниците. Извршниот директор на компанијата Марк Закерберг кажа дека независните модератори биле премногу политички пристрасни и дека било време да се вратиме на нашите корени на слободното изразување. „Потпирањето на компанијата врз ...
Северна Кореја тврди дека лансирала нов хиперсоничен балистички проектил со среден дострел, за кој кажа дека би можел да скроти кој било ривал во пацифичкиот регион. Лансирањето се случи додека државниот секретар на САД Ентони Блинкен беше во посета на Сеул. Хиперсоничните оружја потешко се следат и пресретнуваат зашто се способни да летаат петпати побрзо од брзината на звукот. Пјонгјанг тврди дека неговиот проектил летал околу 1.500 километри и ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ќе го разреши заменик-директорот на ЈП „Македонија пат“ Сашо Дранго ако се докаже дека тој ја убил мечката. „Доколку се потврдат овие тврдења, ќе барам одговорност и ќе биде под итно разрешен. Апсолутно таквите девијантни однесувања доколку се потврдат, јас ниту ги оправдувам, ниту имам намера да ги амнестирам“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред Соборниот храм Свети Климент Охридски по ...
Францускиот крајнодесничарски политичар Жан-Мари Ле Пен почина на 96 години, објави неговото семејство. Ле Пен ја основал партијата Национален фронт во 1972, што неговата ќерка Марин ја трансформираше во поумерената верзија Национален собир и во една од водечките француски политички сили. Тој успеа да влезе во вториот круг на претседателските избори во Франција во 2002, кога изгуби од Жак Ширак. „Жан-Мари секогаш ѝ служел на Франција и ги бранел ...
Во полициска акција во угостителски објекти во Тетовско уапсени се странски државјанки од Бразил, Колумбија, Украина, Франција и Србија. Како што велат од полицијата приведените ја злоупотребиле дозволата за туристички престој, односно биле затекнати дека работат како танчерки и келнерки. „На 07.01.2025 во период од 02.20 до 04.20 часот, полициски службеници од СВР-Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионалниот пат ...
Поради магла од утрово нема слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје. На аеродромот слета само авионот на „Визер“ од Бремен во 11.20 часот, а останатите авиони поради густата магла не можеа да слетаат. Авионите на скопската база на „Визер“ кои околу пладне требаше да слетаат во Скопје, за потоа да летнат кон други дестинации, по неколку обиди за слетување беа пренасочени. Авионот од Базел беше пренасочен кон аеродромот во Софија, а од Хамбург ...
Градежната инженерка Ангела Шишкин е родена во Битола, но живее во Скопје и во последните четири години патува за Штип секојдневно за работните задачи за изградба на браната на реката Отиња. Браната е во втората фаза од изградбата и се очекува да биде во функција во текот на 2027. Според преоктот, предвидено е да се изгради камено-земјена брана со централно глинено јадро со висина од околу 33 метри. Ќе има опфат од 120 хектари и ќе се полни од ...
Синоќа околу 21.30 часот на улицата Париска комуна во Охрид e запалено возилото на дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК Сузана Вренцовска. Колата е запалена во дворот на семејната куќа, во гаражата каде било паркирана. Вренцовска е дописничка на САКАМДАКАЖАМ.МК изминативе пет години. На лице место пристигнала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и полициски екипи на СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото „бмв х3“ е земено ...
Синоќа околу 21.30 часот на улицата Париска комуна во Охрид e запалено возилото на дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК Сузана Вренцовска. Колата е запалена во дворот на семејната куќа, во гаражата каде било паркирана. Вренцовска е дописничка на САКАМДАКАЖАМ.МК изминативе пет години. На лице место пристигнала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид и полициски екипи на СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото „бмв х3“ е земено ...
Доналд Трамп Џуниор планира да го посети Гренланд, за кој неговиот татко кажа дека би требало да биде ставен под контрола на САД. Синот на новоизбраниот американски претседател ќе снима материјал за подкаст на својата еднодневна приватна посета. Доналд Трамп минатиот месец повторно почна да збори за ставањето на автономната данска територија под американска власт, велејќи дека тоа е неопходно за националната безбедност на САД. За време на првиот ...
Митко Штерјов, доктор по археологија и конзерватор и советник во Заводот и Музеј во Штип и неговиот колега Ване Секулов, археолог, кустос и советник во Заводот и Музеј во Струмица, меѓу штипските села Таринци, Карбинци, Радање и Аргулица на земјоделски површини во близина на месноста Беш Тепе открија две могили од вкупно 5 до 10 гробници, колку што се смета дека има во овој регион. Кај една од откриените гробници пронајдени се остатоци од ...
Повеќе од 50 луѓе загинаа откако силен земјотрес го погоди кинескиот планински регион Тибет. Земјотресот што го погоди и светиот град Шигаце имал јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала и се случил на длабочина од десет километри, според Геолошкиот институт на САД. Тресењата се почувствувале и во соседните земји Индија и Непал, каде што не се пријавени жртви. Досега е потврдено дека загинале 53 луѓе, а 62 се повредени, но се стравува дека ...
1 Случајот со мртвата мечка, со која гордо се сликал заменикот директор на „Македонија пат“ Сашо Дранго, ќе го преземе Антикорупциската комисија. Нема што тука да се меша Обвинителството. За кадрите поставени од владејачка партија надлежна е Антикорупциската комисија. Секако, таа институција позната по својата кредибилност, ќе одлучи во полза на директорот и ќе потврди дека мечката загинала во сообраќајка. Се разбудила од зимскиот сон и фатила ...
Австрискиот претседател Александер фон дер Белен ѝ додели мандат за формирање владејачка коалиција на антиимиграциската проруска Партија на слободата (ФПО), овозможувајќи ѝ на крајната десница да ја води владата за првпат од Втората светска војна. По средбата со нејзиниот лидер Херберт Кикл, Фон дер Белен кажа дека ФПО може да почне разговори со конзервативната Народна партија (ОВП) за формирање коалиција. „Не ја донесов лесно оваа одлука. Ќе ...
Канадскиот премиер Џастин Трудо објави дека ќе се повлече од лидерската позиција во владејачката Либерална партија, но ќе остане на функцијата додека партијата не избере нов лидер. Трудо беше под голем притисок од либералните пратеници да поднесе оставка откако анкетите покажаа дека партијата ја очекува голем пораз на следните избори. На денешната прес-конференција, Трудо кажа дека парламентот ќе се распушти на 24 март. Тоа значи дека Трудо и ...
Палењето автомобил нема да нѐ заплаши, велат од Женската медиумска мрежа „Еднаква“ при Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). Реакцијата следи откако синоќа засега непознат сторител го запалил возилото на дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК од Охрид Сузана Вренцовска, во гаражата на нејзината семејна куќа. „Женската медиумска мрежа „Еднаква“ при ССНМ најостро го осудува палењето на возилото на дописничката на ...
Канадскиот премиер Џастин Трудо би можел да поднесе оставка во следните денови, објавија тамошните медиуми. Тој размислувал да се повлече од лидерската позиција во владејачката Либерална партија, што ќе стави крај и на неговите девет години како премиер. Канадската влада е во криза и минатиот месед оставка поднесе министерот за финансии, а популарноста на Трудо опадна кај гласачите. Анкетите предвидуваат пораз на Либералите на парламентарните ...
Здружението на новинари на Македонија бара Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и темелна истрага за запаленото возило на дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК од Охрид Сузана Вренцовска. Возилото беше запалено синоќа околу 21:30 часот во дворот на семејната куќа на Вренцовска, во гаражата каде што било паркирано. Како што велат од ЗНМ, според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт. Од ЗНМ велат ...
Коледарски оган вчеравечер беше запален и во Пациото во Завод и музеј во Битола, кое пред година и пол беше реконструирано преку проект за прекугранична соработка, финансиран од ЕУ и Министерството за локална самоуправа. Директорот на Завод и музеј Зоран Николовски вели дека огнот го запалиле со поставена изолација за да не дојде до никакво оштетување на Пациото. „Сакавме со вработените да се одбележи коледарската традиција. Поставивме целосна ...
Општина Центар почна со реконструкција на спортската сала „Работнички“ во Градски парк. Се очекува салата да биде комплетно завршена до крајот на годинава и пуштена во употреба. Минатата недела се демонтираше кровот и почна да се поставуваат нов кров и нова фасада. „Реконструкцијата се одвива според предвидената динамика. Во првата фаза, до март, планираме да поставиме нови кров и фасада, како и комплетно реновирање на канцелариските простории ...
Со најновите измени на Законот за електронски документи донесени на собраниската седница на 27 декември, граѓаните ќе може да си извадат, т.е. симнат и испечатат документи од електронска форма и притоа ќе им важат како оригинали, како да ги извадиле на шалтер. Притоа, ќе се внимава на злоупотреби и фалсификати, преку кјуар (QR) код кој ќе биде на испечатениот лист, а кој ќе мора институциите, односно примателите на документот, задолжително да го ...
Русија денеска објави дека нејзините сили го освоиле важниот логистички центар Курахове во источна Украина, што би бил значаен напредок по неколку месеци жестоки борби во оваа област. „Руските единици целосно го ослободија градот Курахове, најголемото населено место во југозападен Донбас“, напиша руското министерство за одбрана на Телеграм. Курахове, кој пред војната имал 22.000 жители, се наоѓа 32 километри јужно од Покровск, уште еден важен ...
„Емилија Перез“ доби четири, а „Бруталист“ три златни глобуси, поведувајќи во трката за Оскари. Нискобуџетниот „Бруталист“, кој следи маж кој го преживеал Холокаустот и доаѓа во Америка за да биде архитект, е прогласен за најдобра драма, а ги освои и наградите за најдобар актер (Ејдриен Броди) и за најдобар режисер (Брејди Корбет). „Ова е приказна за човечкиот капацитет за создавање. Се надевам дека филмот ќе ги инспирира оние што се имигранти“, ...
Охридските сопственици на помали бродови и чамци велат дека не се задоволни од заработката за новогодишните празници. „Послаба е сезоната, сме имале и повеќе туристи во овој период кои биле заинтересирани за прошетка по вода. Работава оди оди, па застанува, но сепак ова се реални цени со оглед на трошоците“, ни рече еден од капетаните на помал брод на охридскиот кеј. Цената за лице за возење во Свети Наум чини 25 евра, а турите тргнуваат секое ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го потпишала Указот за прогласување на Законот за заштита на децата со кој се предвидуваше воведување на двојазични лиценци во градинките. За првото вето на претседателката се дозна од соопштение на опозициската СДСМ, која што го поздрави потегот на Сиљановска-Давкова и ја повика владејачката ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од овие законски измени. „Го поздравуваме непотпишувањето на Указот од страна на ...