Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во кочанската дискотека Пулс, кои се товарат за пропуштањето на службените обврски за издавање согласност за дискотеката да добие лиценца, се одложува за 1 јуни со цел одбраната да може да обезбеди и изврши убид во доказите. Судскиот процес го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Спасенка Андонова. Одбраната на дел од обвинетите пред почетокот на ...
Со голема посетеност и долги аплаузи вчера вечер беа изведени пет претстави од кои две во рамки на „Денови на македонски кореографи“ во Националната опера и балет, една во Младинскиот културен центар и две во Македонскиот народен театар како дел од првата „Скопје танцов платформа“ на Танц Фест 2026. Овие претстави покрај домашната публика, ги видоа преку 40 професионалци од Европската танцова зона, кои се присутни во Скопје, како гости на ...
Општина Центар на 27 април од 17 часот кај спомен-клупата на Горан Стефановски организира прослава на роденденот на еден од најзначајните македонски драмски автори. Настанот го домаќинува неговиот син Игор Стефановски, а програмата вклучува настап на хорот „Мирче Ацев”, џез формацијата „Трицкл”, актерски монолози од делата на Стефановски, изложба со портрети од Ненад Рафајловски и DJ сет на Шурбе. Општина Центар ја продолжува традицијата на ...
Француската полиција спроведе истрага за наводно манипулирање со опремата на националната метеоролошка служба, по серија несекојдневни мерења на температурата кои се совпаднале со сомнителни добитни облози на платформата Полимаркет. Податоците од метеоролошката станица Метео-Франс на парискиот аеродром Шарл де Гол биле користени за порамнување на облози меѓу онлајн коцкари во врска со тоа колкава ќе биде температурата во Париз во текот на ...
„Постземјотресни обележја во Центар“ е именувана градската тура со историчарката на уметност и кустос Бојана Јанева која ќе се одржи во сабота, 25. април, од 12:00 часот во Скопје. Турата трае 90 минути и се почнува од Плочникот во Центар во 12 часот. Учеството на турата е бесплатно. „Центарски прошетки – приказните зад градбите” како дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година работи на изградба на поинформирано, поповрзано ...
Еден од тројцата градежни работници кои утрово беа затрупани, а потоа извлечени од насип со земја на градилиште во скопската општина Кисела Вода и донесени на Ургентниот центар е тешко повреден и ќе мора да се оперира, изјави за „Република“ директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), д-р Игор Мерџаноски. Еден градежен работник загинал, а тројца биле ...
Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон. Дали била виновна администрацијата или раководството, дали некои студенти учествувале во таквите дејства, ќе утврдат соодветните органи, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, коментирајќи ги случувањата ...
Како што веќе укажавме дека појавувањето на Зоран Заев на Бихачка по повод роденденот на СДС е потврда дека тој е газда, сега можеме да слушнеме, видиме од настапите на слугата Венко Филипче како постапува по насоки од Заев.Сега проритет на агендата на Филипче како да е кочењето на интеграциите на Македонија за да врват бизнисите на Заев, велат во ВМРО-ДПМНЕ. Филипче и раководството на СДС кое тој го предложи, а е по мерак на Заев, сега ги ...
Во сабота, со почеток во 12 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт за најмладите – “Оловното војниче” од Ханс Кристијан Андерсен на музика од македонскиот композитор Филип Иванов. Диригент на концертот е Борјан Цанев, а наратор Мартин Јордановски. Музичка приказна која ќе се одвива на сцената ќе биде надополнета со видео проекција на филмско платно. Еднаш многу одамна, едно малечко дете за роденден доби поклон кутија ...
На Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денес беше пуштена во употреба нова лабораторија наменета за претклинички вежби на студентите. Инвестицијата е во вредност од 10 милиони денари, а средствата по половина ги обезбедија Министерството за образование и наука и Универзитетот. На отворањето присуствуваше и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која упатувајќи честитки до ...
Денешната прес-конференција беше посветена на програмата за 66. издание на „Охридско лето“ — фестивал кој повеќе од шест децении претставува еден од најзначајните културни настани во регионот и пошироко. Уметноста го добива своето суштинско значење само доколку успее да го допре човекот, да го трансформира и да создаде простор за нови доживувања. Таа не е само израз, туку процес на будење кој го менува човекот одвнатре и отвора нови ...
Италијанските спортски функционери го нарекоа денеска „срамен и нессодветен“ американскиот предлог Италија да го замени Иран на претстојното Светско фудбалско првенство. Реакцијата уследи откако специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Паоло Замполи, во изјава за „Фајненшл тајмс“ потврди дека го иницирал предлогот до Трамп и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Настапот на Иран на мундијалскиот турнир е сè уште ...
Министерството за здравство во врска со несреќата на градилиште во Кисела Вода, информира дека во Ургентниот центар се транспортирани тројца повредени градежни работници. Двајца од работниците се со полесни телесни повреди и контузии, во тек се дијагностички процедури. Кај едниот од нив веднаш е санирана повреда на лактот, а третиот пациент е со скршеници на двете потколеници и една натколеница, информираат од Министерството. Се следи ...
Илегалните ботокси и филери биле користени при естетски зафати, информираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашната акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во МВР, при што беа уапсени десетина лица, меѓу кои и доктори. Во рамки на постапка за организиран илегален увоз и дистрибуција на медицински средства користени при естетски зафати, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ...
Еден градежен работник загинал, а тројца биле тешко повредени откако биле затрупани од насип со земја на градилиште во општина Кисела Вода, информира за МИА, доктор Драган Панов, шеф на смена во Итна медицинска помош – Скопје. Докторот Панов изјави дека според првичните информации, настраданите најверојатно се на возраст од 35 до 45 години, но, увидот ќе покаже за што точно станува збор и под какви околности се случила несреќата. Жртвата, ...
Шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона Ламин Јамал се здоби со повреда на последниот првенствен натпревар за Барселона во средата против Селта. Според тежината на повредата за него сезонава е завршена, а младиот фудбалер на социјалната мрежа Инстаграм напиша: „Поради повредата морам да направам пауза во момент кога најмногу сакав да сум на теренот. Не боли тоа што не можам да им помогнам на соиграчите. Но, ќе бидам тука до нив, ...
На 23.04.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при под раководство на ОЈО за ГОКК се спроведе полициска акција при што е сузбиена организирана криминална група инволвирана во извршување на повеќе кривични дела. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбени Наредби од Основен кривичен суд се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што лишени од слобода се повеќе лица, дел ...
Тројца работници утрово биле затрупани со земја при ископ на темели на градилиште во Скопје, од кои двајца се извадени и пренесени на скопските клиники, а се работи на вадење и на третото лице, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Денеска во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улица Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на ...
Ракометарите на македонскиот преставник во ЕХФ Европскиот Куп ГРК Охрид со максимален учинок стигнаа до полуфиналето на европското натпреварување. Охриѓани на осумте дуели постигнаа осум победи. Но ривалот во полуфиналето е име за респект поранешен европски шампион Цеље Пивоварна Лашко. – Се истрошувме во Купот и во финалето против Вардар, но немавме многу време за тага. Мора да мислиме на следниот ривал и дуелот со Цеље на гостински терен. ...
Тројца работници се затрупани утрово при ископ на темели на градилиште во Скопје во општината Кисела Вода, соопшти Министерството за внатрешни работи. Денеска (24.04.2026) во 08:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на градилиште на улицата Козјак во Скопје, при ископ на темели со земја биле затрупани тројца работници. Од нив, двајца се извадени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’, а во ...
Се појавија нови детали за убиството на Игор Комаров, синот на украинскиот „крал на подземјето“, кој бил киднапиран, мачен, а потоа убиен на Бали. Во февруари, Комаров заминал на одмор со својата девојка, инфлуенсерката Јева Мишалова, и еден пријател. Според извештаите, тој прво бил киднапиран додека возел мотор, но успеал да избега од напаѓачите. Тој го пријавил инцидентот во полиција, но набрзо повторно бил киднапиран. Веќе ми отсекоа некои ...
СДС на чело со Венко Филипче наместо да си ја реформира партијата која се повеќе губи доверба кај граѓаните избра да се занимава со политички инженеринг во други држави. СДС и Венко Филипче наместо да се борат за довербата на сопственото членство и граѓаните тие градат фронтови за туѓи потреби.По насока и инструкции на Заев и Башановиќ се ставија на располагање на политички агенди на туѓи држави само поради личните бизнис интереси на Зоран ...
Традиционалната манифестација од областа на ликовната уметност – 16. Младински пролетен салон ќе биде отворен вечер во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица. Овој проект е дел од програмата на Националната галерија во рамките на едукативното одделение за годинава, и е поддржан од Министерство за култура и туризам. Темата за овогодинешниот Младински пролетен салон е пејзаж како инспирација. Изложбата ќе биде презентација ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Охрид. Во 10:30 часот во хотелот „Инекс Олгица“ ќе се обрати на прес-конференција по повод објавувањето на програмата за 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“. Во 11:30 часот министерот ќе ја посети Самуиловата тврдина, каде што во 11:45 часот во цитаделата на тврдината е предвидена изјава за медиумите, по што посетата продолжува на локалитетот ...
На штандот на книгоиздателството „Сакам книги“ денеска во 18.30 часот ќе биде претставен романот со наслов „Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска. Според издавачот „Луција“ е интимен портрет на една жена: приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и нови животин почетоци. Ова е нејзина втора книга. Лилјана Грџо Дамовска е дипломиран новинар, магистер по културолошки студии, колумнист, коментатор, која целиот работен и ...
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, на кој ги презентираше новините во предлог законот за заштита од пушење. Постојниот Закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и слабата заштита на младите. ...
Проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ од реномираниот мултимедијален уметник Велимир Жерновски ќе ја претставува нашата земја на 61. Биенале за уметност во Венеција што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година. Македонскиот национален павилјон ќе биде сместен на локацијата „Спацио Кастело 77“ на влезот во престижното Арсенале. Нашето претставување на Биеналето го организира Музејот на современа уметност – Скопје (МСУ), под ...
Денвер Нагетс на Јокиќ доживеаа сериозен срам во третиот натпревар од четвртфиналната серија на Западната конференција на НБА лигата. Минесота го победи тимот од Колорадо со 113:96 во „Таргет Центарот“ во Минеаполис и со тоа поведе со 2:1 во серијата. Најдобриот кошаркар на денешницата, Никола Јокиќ, одигра еден од најлошите натпревари во својата кариера. Точно, тој на крајот постигна 27 поени, запишувајќи дабл-дабл (27 поени, 15 скока, три ...
Ракометарите на Вардар 1961 дојдоа на чекор со освојување на шампионската титула, откако синоќа пред своите гледачи го совладаа Алкалоид со 30 – 27 во дерби натпреварот од 6 коло од плејофот во Супер лигата. Вардар од самиот почеток наметна силна темпо и по воведното водство од 6-4 замина на полувреме со предност од 17-14. Избраниците на Иван Чупиќ продолжија во ист ритам во второто полувреме и во 40 минута поведоа со 24-19. Алкалоид се ...
– Норвешката влада денеска соопшти дека ќе предложи забрана за користење на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години и дека технолошките компании ќе бидат одговорни за проверка на возраста на младите корисници. – Го воведуваме овој закон затоа што сакаме детство во кое децата можат да бидат деца. Игрите, пријателствата и секојдневниот живот не смеат да бидат преземени од алгоритмите и екраните – изјави норвешкиот премиер Јонас Гар ...