Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Српскиот претседател Александар Вучиќ со мрачна проценка за иднината на војната во Украина и безбедносната состојба во Европа – вели дека светот можеби веќе се наоѓа на почетокот на многу поголем конфликт. Во интервјуто за подкастот „MD MEETS“ на Матијас Депфнер, Вучиќ порача дека очекувал досега да се појави иницијатива која ќе доведе до прекин на огнот, но дека тоа не се случило. „Мислам дека сме на почетокот на поголема војна“, рекол ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира на поголема внимателност и заштита од сексуално преносливи инфекции (СПИ), особено во летниот период, кога почести се патувањата, одморите и новите сексуални контакти. Од ИЈЗ потсетуваат дека сексуално преносливите инфекции најчесто се пренесуваат преку незаштитен вагинален, анален или орален сексуален контакт. Притоа, голем број инфекции можат долго време да поминат без никакви симптоми, што значи ...
Складиштето на Светската здравствена организација во Дњепропетровск, што содржеше итни медицински материјали наменети за здравствените установи на првата линија на фронтот, е погодено три пати за неколку дена, уништувајќи ги сите залихи, објави денеска СЗО. Складиштето првпат беше погодено на 3 август, по што СЗО го оцени како небезбедно и почна да ги преместува залихите. Складиштето беше повторно погодено на 7 август, веднаш откако вработен ...
Цените на нафтата повторно се зголемија на почетокот на неделата, откако неизвесноста околу целосното воспоставување на поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец ги зголеми стравувањата дека нарушувањата во глобалното снабдување со енергенси би можеле да продолжат. Според најновите податоци објавени од Reuters, цената на северноморската нафта „брент“ се движи околу 83,50 долари за барел, додека пазарите остануваат фокусирани на дипломатските ...
На граничните премини Дојран/ Дојрани кон нашата земја и Кипи кон Турција, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција, царинските службеници на грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле и заплениле вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од боците со нелегален фреон, 1.000 биле скриени во ...
Град Скопје соопшти дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред. Реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и ...
За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе не обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното ...
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) со мерки и препораки до граѓаните за заштита од високите температури. Од таму апелираат да се избегнува изложување на сонце, вклучително и работа и физичка активност на отворено, во периодот од 11 до 17 часот, да се носи лесна, светла и широка облека, очила за сонце и капа или шапка со широк обод. „При изложување на сонце користете средство за заштита од сонце со заштитен фактор (SPF) 30 или повисок. ...
Денеска се навршуваат 25 години од загинувањето на осумтемина припадници на резервниот состав на Армијата кај месноста Љуботенски бачила. На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде ...
Битолскиот Камерен оркестар со поддршка на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, на 14 август на Големо Езеро на Пелистер ќе одржи целовечерен концерт. Изборот на времето и локацијата се совпаѓаат со персеиди, метеорски дожд што се појавува секоја година во август од соѕвездието Персеј, истакна Љупчо Милевски, директор на ЈУ Камерен оркестар на Битола, на прес конференција што се одржа на Големо Езеро. -Долго време размислувавме да одржиме ...
По цели 6 години, повторно во функција е една од нашите специјализирани продавници за сувенири. Посетете ја продавничката на Музејот на Македонија, во Порта Македонија. Истата работи од понеделник до сабота, од 9 до 17 часот. Не работи во недела и на државни празници. Богата понуда на бројни производи, сувенири, копии, чадори, магнети, привезоци, шолји и што ли уште не. По цели 6 години, повторно во функција е една од нашите специјализирани ...
Програмата на 66-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичката програма и целовечерен концерт на младата и светски афирмирана харфистка Алиса Садикова. Алиса Садикова е редок пример на исклучително талентирана харфистка, чиј уметнички развој е забележлив уште од најраната возраст, кога го започнува својот настап на светската музичка сцена. Родена е во Санкт Петербург, каде што започнува да учи харфа во ...
Со прекрасна музичка вечер исполнета со емоција, раскошен звук и врвна интерпретација, синоќа во црквата „Света Софија“ беше одбележана традиционалната Вечер на Европската унија во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Под насловот „Последната роза на летото“, публиката имаше можност да ужива во извонредниот концерт на ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс од Ирска и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи. Прекрасниот ...
Она што е создадено со вера, љубов и длабока почит кон духовното наследство не останува заробено во еден миг – тоа продолжува да живее низ времето. А најголемиот белег што човекот може да го остави зад себе е она што го претворил во светлина за другите: верата што ја зачувал, доброто што го направил, духовната трага што ја оставил и словото со кое успеал да ја победи минливоста. Токму во таков дух може да се согледа значењето на свеченото ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Западна Европа ги имаше најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави денеска Службата за климатски промени на европската програма „Коперник“. Тоа е за 2,79 степени над просечната температура за јуни во периодот од 1991 до 2020 година. Мерењата покажаа и дека температурите се намалувале од запад кон источна Европа и Скандинавија, каде што било значително постудено. Гледано на ниво на цела Европа, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја минимизира важноста на повторното отворање на Ормуската Теснина, додека дипломатски договор со Иран сè уште нема, објави американскиот портал „Аксиос“. – Не ѝ придаваме преголемо значење, го цитира „Аксиос“ Трамп, кој тоа го изјавил во телефонски разговор за порталот. Трамп истакна дека САД нема целосно да се посветат на преговорите со Иран. – Со нив преговараме само делумно. Само го набљудуваме Иран ...
Ерол Маск, таткото на американскиот милијардер Илон Маск, на пријатели и познаници од Јужна Африка кои размислуваат да се иселат од земјата им препорачал, меѓу другите можности, да размислат за преселување во Русија. Како што пренесува српскиот весник „Политика“ Маск во интервју за руски агенции изјавил дека Русија ја смета за земја во која, според неговото мислење, многу луѓе би можеле да најдат добро место за живеење. „Им советував на ...
Легендарниот американски кошаркар и тренер Дон Нелсон почина на 86-годишна возраст, потврди неговото семејство. Нелсон е едно од најголемите имиња во историјата на НБА. Како играч освои пет шампионски титули со Бостон Селтикс, а уште поголема трага остави како тренер, предводејќи ги Милвоки Бакс, Голден Стејт Вориорс, Њујорк Никс и Далас Маверикс. Во текот на својата тренерска кариера запиша 1.335 победи, што долго време беше рекорд во НБА. ...
Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 годишнината од независноста во Македонија вечерва започна од Охрид на стадионот „Билјанини извори“. Во 11 градови преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении. На 11 ...
Дипломатските односи меѓу Шпанија и Италија дополнително се заострија откако Мадрид воведе привремени гранични контроли за патниците кои пристигнуваат од Италија, како одговор на сличните мерки што претходно ги воведе Рим поради мигрантската криза во шпанската енклава Сеута. Шпанските власти соопштија дека контролите се спроведуваат на шесте најголеми аеродроми во земјата – Мадрид, Барселона, Севиља, Билбао, Аликанте и Валенсија. Според ...
Четириесет и петгодишна жена од Скопје синоќа била пронајдена почината во стан во скопската населба Карпош, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 8 август, околу 20:30 часот, во СВР Скопје. На местото на настанот екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт кај Е.Д. (45) од Скопје. По насоки на дежурен јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините и ...
Лионел Меси бил фудбалерот кон кого биле упатени најмногу сериозни закани за време на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико, откриваат детали од протечен полициски извештај до кој дошле шпански медиуми. Според документите, безбедносните служби, предводени од американското Федерално истражно биро (ФБИ) и Меѓународниот центар за полициска соработка (IPCC), истражувале повеќе закани насочени кон капитенот на Аргентина, но ниту една ...
Вардар загуби со 0:2 од Шкендија во дербито одиграно на Националната арена „Тодор Проески“, а по последниот судиски свиреж дојде до инцидент меѓу фудбалерите на двата тима. На теренот избувна турканица и вербална расправија, по што дел од играчите влегоа во меѓусебен конфликт. Соиграчите, членовите на стручните штабови и службените лица брзо реагираа и успеаја да ги раздвојат, спречувајќи поголема ескалација. Така, дербито заврши во тензична ...
Палестинската милитантна група Хамас денеска повика на целосно спроведување на планот од 15 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа. Хамас во соопштение објавено на Телеграм изјави дека останува посветен на планот од 15 точки за втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа, објави Ал Џезира. Во соопштението се нагласува дека приоритет сега е целосното спроведување на договорот, што подразбира целосен прекин на ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се обиде преку објава на Фејсбук да го критикува видеото што премиерот Христијан Мицкоски го објави по повод 35 години од независноста на Македонија. Наместо поддршка, неговиот статус предизвика бројни негативни реакции и критики од граѓаните во коментарите. Филипче во објавата оцени дека видеото, наместо промоција на актуелната власт, ги претставува достигнувањата на СДСМ, наведувајќи дека во него се прикажани ...
Кога сме нервозни, тешко е да седиме мирно. Некој почнува да ја тресе ногата под масата, друг постојано го проверува телефонот, додека трет несвесно си ги грицка ноктите или ја допира косата. Најчесто овие движења ги правиме без воопшто да размислуваме за нив, но тие можат да бидат поврзани со начинот на кој телото реагира на стрес. Во моменти на напнатост организмот се подготвува за реакција. Срцето може да забрза, мускулите да се затегнат, ...
Реките Тополка и Бабуна не се препорачуваат за капење, покажуваат анализите на водата извршени од Центарот за јавно здравје Велес во текот на јуни. Двете реки се планински и извираат од планината Јакупица, но според резултатите од испитувањата, нивната вода не ги исполнува условите за капење и рекреација. Поради тоа, велешани во текот на летото освежување од високите температури можат да побараат на Градскиот базен и во базените на хотелите ...
По 18 месеци интензивни преговори Сирија и Русија постигнаа договор за меморандум за разбирање за иднината на руските бази во Тартус и Хмејмим, објави денеска сириското Министерство за надворешни работи, а објави државната агенција САНА. Министерството изјави дека сириската држава ќе го преземе управувањето со цивилните објекти, вклучувајќи го аеродромот Хмејмим и комерцијалното пристаниште во пристаништето Тартус, што ќе овозможи нивна ...
Македонија повторно е под удар на силен топлотен бран. Поради екстремно високите температури, целата земја е во портокалова фаза, а според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, жешкото време ќе продолжи и во текот на следната недела. Покрај горештините, високите температури дополнително го зголемуваат ризикот од пожари, па во изминатите денови активни огнени жаришта се регистрирани на повеќе локации низ државата. Од Центарот за ...