Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Германски поморски единици ќе бидат распоредени во Медитеранот како подготовка за евентуално учество во мисии во Ормуската Теснина, изјави министерот за одбрана Борис Писториус. Ќе бидат распоредени миноловец и команден и снабдувачки брод, изјави Писториус за весникот „Рајнише пост“. Тој не прецизираше кога точно ќе заминат бродовите. Откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, Иран одговори со ефикасно блокирање на Ормуската ...
Без струја денеска во одредени периоди од денот ќе бидат корисниците на неколку улици во општините Студеничани, Карпош и Центар. Како што информира ЕВН Македонија АД во период од 08:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од село Морани и викенд населба Морани во општина Студеничани. Во периодот од 08:30 до 17:30 часот бе струја ќе бидат корисниците од објекти во круг на фабрика Карпош во населба Александрија и ...
Американската војска соопшти дека погодила брод во источниот Пацифик, при што загинале две лица. Јужната команда на САД тврди дека бродот нападнат во петокот бил управуван од „терористички организации“. Се наведува дека нема повредени припадници на армијата на САД, а убиените се опишуваат како „мажи наркотерористи“, без да се дадат детали. Разузнавањето потврди дека бродот се движел по познати рути за трговија со дрога во источниот Пацифик и ...
Венко Филипче додека глуми патриот и формален лидер на СДС, Зоран Заев ја контролира СДС и е главниот газда, а доказ за тоа е појавувањето на роденденот на партијата, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. СДС на чело со Венко Филипче нема стратегија и план за делување како во сопствената партија, така и со државата. Филипче делува исклучиво по насоки и инструкции од Зоран Заев и за негови лични интереси и цели. СДС на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека се лекувал од рак на простата, признавајќи ја дијагнозата прв пат јавно. Тој рече дека имал операција на простата пред околу година и пол. Но, пред два и пол месеца, лекарите откриле мал тумор и го лекувале во болницата Хадаса во Ерусалим со радиотерапија. Побарав јавното соопштение да се одложи за два месеци за да не се случи тоа во средината на војната со Иран и да се спречи „повеќе лажна ...
Соединетите Американски Држави воведоа санкции врз кинеската рафинерија за нафта Хенгли поради нејзините деловни зделки со Техеран, соопшти Министерството за финансии. Независните рафинерии во Кина продолжуваат да играат витална улога во одржувањето на нафтената економија на Иран, а Хенгли е еден од најголемите клиенти на Иран за сурова нафта и други нафтени производи, купувајќи иранска нафта во вредност од милијарди долари, се вели во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран планира да даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД, и оти се очекува мировните разговори во Пакистан да продолжат. Тие даваат понуда и ќе мора да видиме, изјави Трамп во телефонско интервју за Ројтерс. Вели декка сè уште не знае каква ќе биде понудата. На прашањето со кого преговараат САД, Трамп рече: „Не сакам да кажам, но преговараме со луѓето кои се на власт во ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 17 до 25 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степен. Според УХМР, за време на викендот и почетокот на следната ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи проширување на воената операција на Европската Унија за заштита на трговската пловидба на Блискиот Исток, во услови на блокада на Ормуска Теснина. По состанокот со лидерите на ЕУ, претседателите на Египет, Либан и Сирија, како и со престолонаследникот на Јордан, таа изјави дека може да се разгледа проширување на мандатот на мисии како операцијата „АСПИДЕС“, од едноставна ...
Официјално е отворена првата Инфо-канцеларија на „Скопје 2028“, соопшти вечерва скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница. – Вечерва, во Музејот на град Скопје, во присуство на гости од Европа, го направивме првиот чекор кон уште поотворена, подостапна и поинклузивна комуникација со граѓаните. Оваа Инфо-канцеларија е нов простор каде граѓаните ќе можат одблиску да се информираат за процесот, активностите и визијата ...
Родиумот е најскапиот природен метал на глобалниот пазар и неговата цена надминува 325 долари по грам, изјави професорот на Рускиот економски универзитет „Плеханов“, Михаил Гордиенко. Гордиенко наведе дека родиумот се наоѓа во групата платинести метали и дека неговата висока цена е последица на фактот што не постои таргетирано рударење, туку се добива како спореден производ при експлоатација на платина и паладиум. Според него, влезот на ...
Стандардниот голман на македонската фудбалска репрезентација се најде во идеалниот тим на изминатото коло во шпанското првенство. Валенсија во 32 коло одигра нерешено 1-1 на гостувањето против Мајорка, а Димитревски беше најзаслужниот за освоениот бод. Одличниот настап на македонскиот голман му донесе место во тимот на колото со оценка 8.8. Валенсија е на 14 место на табелата со 36 бодови, само три повеќе од зоната на испаѓање и до крајот на ...
Пејачот Даниел Кајмакоски кој неодамна беше киднапиран коментира дека сè е зад него и дека се свртел кон убави работи: – Не сум направен од шеќер, јас сум и Балканец, Македонец… Доволно сум силен да продолжам… пред сè, јас сум татко. Сакам сите да бидеме безбедни и насмеани. Без насмевка, ништо не вреди ова, оваа работа не вреди ништо, ниту врска ниту брак. Не можете да бидете добар татко, брат и син без насмевка. Животот продолжува. Може да ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз објави денеска дека нема да настапи на грен слем турнирот Ролан Гарос и на турнирот од Мастерс серијата во Рим поради повреда на десниот зглоб. „По резултатите од денешните тестови, донесовме одлука да бидеме претпазливи и да не учествуваме во Рим и Ролан Гарос, чекајќи понатамошен развој на настаните со повредата за да одлучиме кога ќе се вратиме на теренот“, објави вториот светски тенисер на социјални мрежи. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги испрати специјалниот пратеник Стив Виткоф и својот зет Џаред Кушнер во Пакистан на разговори со иранскиот министер за надворешни работи, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори од администрацијата. Според информациите, вицепретседателот Џеј Ди Венс засега не планира да учествува во разговорите, но е подготвен да отпатува за Исламабад доколку се постигне значителен напредок во преговорите. ...
Северноатлантскиот договор, со кој е формиран НАТО, воопшто не содржи одредба што предвидува можност за исклучување на земја-членка од организацијата, изјави претставник на Алијансата, јави Би-Би-Си. Реакцијата доаѓа откако дел од западните медиуми објавија, повикувајќи се на интерен документ на Министерството за одбрана на САД, дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп размислува за замрзнување на членството на Шпанија во НАТО ...
„И во 2021 година и денес, СДС не престана со злоупотреба на шпекулации, во прашална форма, никогаш како конкретно тврдење, кој има, кој нема, ваков или таков пасош, во недостаток на други идеи, проекти или можеби внатрепартиски слабости. И во 2021 година преку нивниот тогашен сојузник, Каракачанов и сега преку нивната веб страна, злоупотребуваат, клеветат и шират манипулации по однос на двојно државјанство на одредени колеги пратеници. ...
Лука Дончиќ гради импозантен имот што го гради во близина на Љубљана. Неговата луксузна вила во селото Задоброва ќе вреди неколку милиони евра. Уште во октомври 2022 година, Лука Дончиќ купи голем имот со постоечка куќа за дури 1,9 милиони евра. Станува збор за парцела од речиси 9.000 квадратни метри, сместена во источниот дел на Љубљана, што му обезбедува целосна приватност и доволно простор за изградба на луксузен дом по мерка на еден од ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека Европската унија (ЕУ) е подготвена постепено да ги олесни санкциите против Иран, во случај да биде постигнат сеопфатен договор. Олеснувањето на санкциите може да биде дел од процесот. И никој не се противи на тоа – изјави Мерц за време на неговиот престој во Никозија на самитот на ЕУ. Според него, ова е придонесот што Унијата може да го даде за напредок на процесот кој, како што нагласи, ...
Нови противпожарни возила и современа заштитна опрема денеска добија пожарникарите од Територијалните противпожарни друштва (ТППЕ) во Штип, Радовиш, Конче и Неготино. Станува збор за донација од Соединетите Американски Држави, со која значително се зајакнуваат капацитетите на територијалните противпожарни единици. Никола Варнс в.д. амбасадорката на САД рече дека опремата и возилата ќе овозможат побрза и поефикасна интервенција на терен, како ...
Некои жени, кога се несреќни во бракот, покажуваат многу јасни знаци на незадоволство. Тие често се повлекуваат во тишина, престануваат да комуницираат со партнерот, а мало несогласување може да предизвика голема кавга. Исто така, тие често се уморни и им недостасува енергија, што може да биде резултат на хроничен стрес. Во несреќни бракови, жената може да престане да покажува интерес за секс и да стане таинствена, криејќи дел од својот живот ...
Глобалните земјоделско-прехранбени системи се наоѓаат на работ на колапс поради екстремните топлотни бранови, со што се загрозени здравјето и егзистенцијата на повеќе од милијарда луѓе, се предупредува во заедничкиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и Светската метеоролошка организација (СМО). Во извештајот се истакнува дека температурите над 30 степени Целзиусови нанесуваат штета на посевите, сточарството, рибарството ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата земја ќе остане членка на НАТО, по медиумските извештаи дека САД размислуваат за суспензија на нејзиното членство. Шпанија е лојална членка на Алијансата која ги исполнува своите обврски, но во рамките на меѓународното право – изјави Санчез на Самитот на ЕУ на Кипар. Тој е еден од најгласните критичари во Европа на американско-израелската војна против Иран, поради што повеќепати беше ...
Украина и Русија денеска, со посредство на Обединети Арапски Емирати и САД, разменија воени заробеници. Украина и Русија ослободија ист број воени заробеници – 193. Украина и Русија на 11 април разменија 175 воени заробеници, а во март вкупно 500. Украинските власти во февруари објавија дека Русија во заробеништво држи околу 7.000 Украинци, а во украинско заробеништво се речиси 4.000 Руси. Киев и Москва повремено разменуваат и тела на ...
Управата за јавни приходи (УЈП) потсетува дека 27 април 2026 година е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот за даночниот период 01/01-31/03/2026. Бидете дел од даночните обврзници кои навремено и ажурно ги завршуваат даночните обврски и имаат солидна даночна историја. Доколку имате даночно побарување за ДДВ кое го пренесувате од претходен даночен период, од тој износ ќе се пребие ...
Министерството за здравство ја информира јавноста дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем. Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи, се наведува во денешното соопштение, како став на Министерството за здравство за актуелната акција ...
Драматична била ситуацијата утринава на градилиште во Кисела Вода, каде при ископување дошло до затрупување на работници. Според информации од терен, полицијата и пожарникарите пристигнале за неколку минути по пријавата и веднаш започнале со извлекување на затрупаните. Очевидци велат дека службите реагирале веднаш по пристигнувањето. Неофицијално, токму брзата интервенција во првите минути направила разлика, со оглед дека секое дополнително ...
Италија и Германија денеска застанаа зад Шпанија по медиумските извештаи за можни американски закани за суспензија на Мадрид од НАТО поради несогласувањата околу војната против Иран. Мислам дека НАТО мора да остане обединет. Тоа е нашата сила – изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во Никозија, каде што учествува на самит на ЕУ, одговарајќи на новинарско прашање за овие информации. Медиумите пренесоа извештај на Ројтерс, кој се повикува ...
На 23.04.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“. Во рамките на акцијата, врз основа на претходно обезбедени ...
Оливера Ќорвезироска ја доби наградата „Автор на годината“ на Македонската асоцијација на издавачите (МАИ), која попладнево ги соопшти добитниците на наградите за периодот меѓу два саема на книгата. Ќорвезироска за романот „Три Марии“, издание на „Арс ламина“, ги доби сите три награди за проза во земјата за 2025 година: Рациновото признание, наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија и „Роман на годината“ на Фондацијата ...