Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
– Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска ги посетил младите македонски ракометари и ракометарки кои настапуваат на Светското училишно првенство во ракомет, што се одржува до 29 април во Скопје, во организација на Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Македонија. Како што информираат од Министерството за спорт, Ристовски им упатил честитки за одличниот старт и им посакал да продолжат во ист ритам и со уште поголема ...
СДС и Венко Филипче излегоа против својот градоначалник, кои и така ги имаат малку на број.СДС и Филипче не сакаат во Крива Паланка да се отвори рудник, наспроти ставовите на нивниот градоначалник дека со запазување на сите стандарди и процедури за заштита на животната средина, тоа ќе е добро како за локалната и за целокупната економија, така и за стандардот на граѓаните, обвини ВМРО-ДПМНЕ. СДС и Филипче немаат демократски капацитет да ги ...
Пазарниот инспекторат е постојано на терен и доколку евидентира случаи на зоупотреби од трговците, ќе реагираме во согласност со механизмите и мерките што ги имаме на располагање и ќе ја ограничиме профитната бруто-маржа да не оди над 10 проценти – изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, по денешната седница на Економско-социјалниот совет. Досега, според него, има мало зголемувања на цените, позначително кај берзанските ...
Техничката влада треба да замине во историјата. Ќе ја има уште на следните избори, без разлика кога ќе се случат. На една демократска држава не и приличи да има избори во кои ќе влегува опозицијата за да се гарантира фер гласање.Т.н Пржинска влада беше воведена по договорот што беше направен со четворицата тогашни лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Мендух Тачи и Али Ахмети на улицата „Зеленгора“ во населбата Пржино на 2 јуни 2015 година кој ...
На денешен 1915 година, убиен е пиринскиот цар, Јане Сандански. Тој бил личност за која се интересирал и странскиот печат, меѓу другите и англискиот. Особено во времето на неговото погибие, па натаму. Така еден британски автор пишува за илјадниците врвулици народ, кого го испраќале при неговиот погреб во Роженскиот манастир, бидејќи биле „длабоко нажалени од загубата на оној што работеше за сиромасите и за потиснатите“, во оригиналот, стои: ...
Титулата Европска престолнина на културата е една од најсилните европски иницијативи за поврзување на културата, демократијата и урбаниот развој, истакна амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, на денешната конференција „Обликување на иднината на Скопје: Култура, урбани политики и одржливи европски градови“, одржана во рамки на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“. Тој потсети дека оваа иницијатива постои од ...
Дванаесет лица биле лишени од слобода за безобѕирно управување возило. Од нив, 11 возеле без возачка дозвола, а скопјанец возел со 3,95 промили алкохол во крвта, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 11 затоа што управувале возила без возачка дозвола – тројца во ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб синоќа свечено беше отворена изложбата „Дијалог преку бојата“, која обединува осум современи уметници од Македонија и Хрватска во заеднички уметнички проект. Изложбата ја отвори директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска која нагласи дека, „проектот „Дијалог преку бојата“ ја истакнува важноста на заедничкото претставување како креативен чин со кој што ќе се продлабочи ...
Ми претставува особена чест и задоволство што можам да ве поздравам на отворањето на годинашниот Саем на книгата, манифестација што го слави зборот како темел на културата, мислата како двигател на општеството и книгата како простор во кој секоја идеја пронаоѓа свој живот, рече во своето обраќање на отворањето на Саемот на книга министерот за култура Зоран Љутков. Денес отвораме нов простор, простор на мислата, на имагинацијата, на слободата. ...
Националниот џез оркестар, во партнерство со Општина Кисела Вода, на 29 април го започнува големиот десетгодишен јубилеј на фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“. Првиот фестивалски ден е посветен на најмладите и ќе се реализира во паркот „Фредерик Шопен“, во Кисела Вода, со почеток во 12:00 часот. Настанот насловен „JAZZ FOR KIDS“ претставува едукативна и интерактивна работилница преку која учениците од локалните основни училишта и сите ...
На штандот на книгоидателството Сакам книги, на 24 април од 18.30 часот организирано е претставување на роман со наслов “Луција“ од новинарката Лилјана Грџо Дамовска. Според издавачот “Луција” е интимен портрет на една жена: приказна за копнежот, храброста да се направи различен избор и нови животин почетоци. Ова е нејзина втора книга. Лилјана Грџо Дамовска е дипломиран новинар, магистер по културолошки студии, колумнист, коментатор, која ...
По повод најновата премиера, трета по ред дел од годишната програма за 2026 година, со наслов „Секстет“ од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, се одржа прес-конференција во Битолскиот театар. Премиерата ќе се изведе на 25.04.2026 и е потполно распродадена, а првата изведба веднаш после тоа е на 27.04.2026 со почеток од 20 часот. Присутните ги поздрави директорот на НТБ Битола Васко Мавровски. -По пауза од 25 години, задоволство е ...
Партнерството со Словенија преку проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија“ продолжува и во периодот 2026–2028. „Во Словенија секогаш гледаме силна поддршка за нашата интеграцијата во ЕУ, а преку конкретната соработка во образованието и во здравството, како и преку пренесување на добри практики, овој сложен процес можеме многу полесно да го реализираме“, рече министерката ...
Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија ја информира јавноста дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски. Во постапката беа разгледани вкупно шест пристигнати кандидатури. Изборот беше направен врз основа на квалитетот на предложените програми за работа, при што гласањето се одвиваше по принцип на анонимност – ...
Белата куќа составила список на „непослушни“ земји членки на НАТО, пишува „Политико“. Според изданието, на списокот се вклучени земји кои одбија да ги поддржат САД во војната со Иран. Во исто време, самите службеници на американската администарција не знаат точно како ќе ги казнат „лошите“ земји. Се чини дека немаат јасни идеи кога станува збор за начините за казнување на лошите сојузници. Преместувањето на трупите од Еропа е една опција, но ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска го очекува извештајот за нерегуларностите утврдени на Филозофскиот факултет на УКИМ, на кој на студенти со тригодишни стручни студии во измиантите седум години, спротивно на законот, им било овозможено да запишуваат магистерски и докторски студии. По извршениот вонреден надзор иснепкторите донеле решение, по кое Филозофскиот факултет постапи, да им се прекинат студиите односно да им ...
Факултет за медицински сестри ќе биде отворен во склоп на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, за кој законот е подготвен од пратеници и од Министерството за образование и наука. Министерката за образование Весна Јаневска очекува тој да биде многу бргу усвоен, со што за медицинските сестри, акушерки и физиотерапевти ќе има и академски студии и тие потоа ќе може да продолжат на академски студии од втор и од трет циклус. Отворањето ...
На денешната интернационална конференција посветена на одржливи системи и бизнис трансформации, заменик-министерката за европски прашања истакна дека зелената и циркуларната економија повеќе не се концепт на иднината, туку реалност која веќе активно се применува. Преку усогласувањето со европските политики, ние не само што ги прифаќаме стандардите, туку создаваме услови за долгорочен економски раст базиран на одржливост,“ беше нагласено во ...
Новиот Закон за безбедност во сообраќајот во Грција воведува построги санкции за прекршоци поврзани со безбедноста на патиштата, проширувајќи ја одговорноста не само на возачот, туку и на патниците во возилото, пишува „Плусинфо“. Изменетиот закон, кој е на сила веќе неколку месеци, во комбинација со зголемени полициски и сообраќајни контроли, ја покажува јасната намера на властите да го подобрат однесувањето на учесниците во сообраќајот и да ...
Од полноќ, малопродажната цена на течниот нафтен гас (ТНГ) е намалена за околу 5 денари по литар, како резултат на координирана мерка насочена кон заштита на животниот стандард и стабилизирање на пазарот на енергенси. Како што информираше владината портпаролка Марија Митева, компанијата Макпетрол ја намали цената на плинот од 59 на 54 денари по литар. Паралелно, во трговијата на големо е регистрирано намалување од 10 денари по килограм, што ...
Денеска во Министерството за одбрана ги отворивме билатералните македонско-американски одбранбени консултации со делегацијата од САД, предводена од заменикот-помошник секретар во Пентагон, Дејвид Бејкер и вршителот на должност амбасадор, Никол Варнс. Го потврдивме долгогодишното пријателство и стратешко партнерство меѓу двете земји, со заедничка посветеност кон зајакнување на безбедноста и стабилноста, како и кон унапредување на одбранбената ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во изјава за медиумите остро ја критикуваше политиката на СДСМ, обвинувајќи ја за, како што рече, „синхронизирано делување со структури од Бугарија“ во врска со прашањето за државјанствата. Од авион се гледа синхронизираноста на темата за државјанствата меѓу структури од Бугарија… за разлика од патриотизмот и непопустливоста на ВМРО – изјави Лефков, додавајќи дека СДСМ, според него, води „поданичка ...
Драмски театар Скопје со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов гостува во Тиват, Црна Гора. Изведбата ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА. Фестивалот го отвори директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството на реномирани професионални театри од Белград, Загреб, Љубљана, ...
ЕУ ЦЕЛОСНО НЕ ПОДДРЖУВА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГОЛЕМИТЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ, ЗАЕДНО ГРАДИМЕ АВТОПАТИШТА И ЖЕЛЕЗНИЦА, пишува на Фејсбук, министерот за транспорт, Александар Николоски. Зборуваме за сериозна реализација на проекти, зборуваме за развојот на Коридор 8, витален коридор, коридор кој НАТО го прогласи за втор најзначаен безбедносен коридор. 🛣 Проектите се реализираат со добра динамика, во делот на автопатското поврзување го ...
По повод Светскиот ден на книгата, на 23 април (четврток), со почеток во 18 часот во Кино Манаки во Битола, ќе биде промовирана книгата за деца „Низ детските очи“ од авторката Маја Богоевска. Станува збор за нејзино прво дело наменето за најмладите читатели – збирка од 26 раскази за деца на возраст од 5 до 8 години. Преку внимателно избрани теми и топол наратив, расказите го отсликуваат детското секојдневие, нивната љубопитност и чиста ...
Пржинската влада мора да остане, во спротивно пратеничката група на СДСМ ќе се повлече од работната група за Изборниот законик, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче на прес-конференција во Собранието нагласи дека со целосно автократскиот манир на владеење на актуелната власт, пржинската влада е единствен контролен механизам што гарантира фер и слободни избори. Овој целосно автократски манир на владеење на оваа власт што го гледаме е ...
Ова е момент кога еден град се гледа себеси со нови очи и кога ја гради својата иднина преку културата. Ова е можност да создадеме нова приказна за Скопје — приказна на отвореност, соработка и заедништво. Ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас“, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето воведно обраќање на конференцијата „Скопје — Европска престолнина на културата 2028“, што денеска се ...
Изградбата на патниот и железничкиот дел од Коридорот 8 ќе чини околу 5 милијарди евра, проектите за железничкото и за автопатското повзрување кај нас се одвиваат добро и се надевам дека со иста одговорност ќе работат и нашите соседи Албанија и Бугарија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред состанокот за активностите и плановите за проектите на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со претставници ...
За време на викендот и почетокот на следната недела ќе се задржи претежно сончево и потопло време со појава на променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Како што информира УХМР, од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви ...
На 22 април во периодот од 17 до 19 часот во рамки на програмата на Танц Фест 2026 во Битола, која се одржува со поддршка на Општина Битола, посетителите имаа ретка можност да ја видат програмата Moving Balkans Турнеа во Виртуелна Реалност и да се запознаат со ВР техника на презентации на современи танцови претстави. Програмата за виртуелна реалност се реализира во рамки на платформата Moving Balkans, составена од 11 партнери од регионот, ...