
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Најмалку 113 лица загинаа во катастрофалниот уривање на покрив на ноќен клуб во главниот град на Доминиканската Република во вторникот, а спасувачките тимови кои работеа цела ноќ се обидуваа да извлечат преживеани од урнатините. Повредени се околу 155 лица. Семејствата на жртвите се собраа недалеку од ноќниот клуб Џет Сет, барајќи информации за нивните најблиски. „Членовите на моето семејство сè уште се под урнатините и не знам што се случи со ...
Русија денеска објави дека ги прогласила за персона нон грата романското воено аташе и неговиот помошник, на кои им е наредено да ја напуштат земјата, како одговор на слична мерка што Букурешт ја презеде во март против руските дипломати. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одбранбеното аташе во дипломатската мисија во Москва и неговиот помошник се прогласени за персона нон грата. Рускиот вршител на должност во Романија, ...
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, остро укажа на вкоренетиот криминал во македонските затвори, посочувајќи дека вистинската причина за неконтролираниот прилив на мобилни телефони, дрога и други забранети предмети е внатрешната корупција меѓу затворските полицајци. – Имаме работа со вмрежена структура од вработени и затвореници. Ако не се справиме со корумпираните поединци, проблемот со телефоните и дрогата нема ...
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка притвор на двајцата осомничени од Специјалната болница за геријатрија во Скопје за примање поткуп за прием на тешко болен пациент. „Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против две лица осомничени за Примање поткуп од чл. 375 ст.5 в.в. со ст.2 од Кривичниот законик, а поврзани со ...
Врз основа на член 143 и 145 од Законот за заштита и спасување („СЛ.Весник на РМ “ бр.36/04…..215/21 ), член 50 од Законот за локална саноуправа („Сл.Весник на РМ“ бр.5/020 и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.Гласник на општина Охрид“ бр. 8/07,01/08,10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), Градоначалникот на општина Охрид, објавува: ЈАВЕН ПОВИК За пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од природна непогода од снежни ...
Разбирањето на состојбите кои предизвикуваат различни видови на болка во телото е првиот чекор кон дијагнозата, соодветен третман и психофизичко олеснување. Болката што се јавува во различни делови од телото без јасна, непосредна причина може да биде збунувачка и многу фрустрирачка. Кога болката се шири од мускулите до зглобовите, од ‘рбетот до екстремитетите и кога упорноста на симптомите не се намалува дури и по одмор, телото јасно ни испраќа ...
Овакудани, што во превод значи „Голема долина што врие“, настанал пред околу 3.000 години по последната ерупција на планината Хаконе. Денес е позната како една од најактивните геотермални области во Јапонија. Но, покрај својата импресивна природа, Овакудани е познат и по својот единствен локален специјалитет, куро-тамаго – црните јајца кои се варат директно во врели извори богати со сулфур и железо. Според легендата, црните јајца го продолжуваат ...
Извештајот на европратеникот Тонино Пицула за Србија за 2023 и 2024 година, усвоен денеска од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, е дополнет со амандмани со кои најостро се осудуваат, како што се наведува, незаконските апсења и протерувања на граѓани на ЕУ од Србија. Во усвоениот текст на извештајот се отфрлаат наводите на претставниците на српските власти дека ЕУ и некои нејзини земји-членки биле вмешани во организирање ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Иран не развива нуклеарна бомба и дека не се противи на американските инвестиции во својата економија. Пезешкијан ги повика американските инвеститори да инвестираат во економијата на Иран, наведувајќи дека иранскиот врховен лидер Али Хамнеи не е против тоа. Иранскиот претседател не оспори дека постои можност за директни американски инвестиции во Иран доколку САД и Техеран постигнат ...
По 45 дена интензивни преговори по парламентарните избори, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), на поранешниот канцелар Олаф Шолц, конечно постигнаа договор за формирање влада во Германија. Во среда во 15 часот, раководствата на двете партии ќе и се обратат на јавноста и ќе го презентираат коалицискиот договор, пренесуваат германските медиуми. Како што веќе протекоа информации, е договорена и поделбата на клучните министерства. ...
Во раните утрински часови полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово привеле 44-годишен маж од село Биљановце, откако бил фатен како управува мопед под дејство на алкохол. „При редовна сообраќајна контрола, околу 03.30 часот, бил сопрен мопед марка ‘Кимко’, кој го управувал И.П. од село Биљановце. По извршена проверка, кај него е утврдено присуство на алкохол во крвта во концентрација од 1,73 ...
Според сознанијата до кои дојдовме, синоќа Управата за јавни приходи (УЈП) влегла со контрола во невладината организација „Охрид Трчат” во Охрид. Контролата е иницирана по допрен глас за кој порталот Охридскај претходно побара да реагираат УЈП и Финансиската полиција. Од други извори дознаваме дека наскоро се очекува и контрола од страна на МВР на РСМ, поточно од одделот за економски криминал. Надлежните органи треба да утврдат каде завршиле ...
Во Собранието вчера беше усвоена Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии. Во стоковните резерви ќе се складираат 1300 тони ориз, односно 2400 тони оризова арпа, со коишто се обезбедува 60-дневна потрошувачка, а за што се потребни околу 100 милиони денари. Оризот како култура која е од исклучително значење за населението во ...
Најмалку 21 лице е повредено во нови напади со руски беспилотни летала врз Украина во текот на ноќта во неколку украински градови. Русија ја нападна Украина со 55 беспилотни летала, а украинската противвоздушна одбрана соопшти дека соборила 32 од нив, пренесе француската новинска агенција АФП. Во градот Днипро во југоисточна Украина напад со дрон оштети неколку станбени згради и повреди 14 лица, од кои едно потешко, објави гувернерот Сергеј ...
Олександр Сирски, врховен командант на украинските вооружени сили изјави дека руските сили, всушност, веќе започнале офанзива врз областите Суми и регионот на Харков, пренесе украинска Правда. Како одговор на прашањето за изјавата на Володимир Зеленски за Русија подготвува офанзива врз областите Суми и Харков, Сирски одговори: – Можам да кажам дека претседателот е апсолутно во право и оваа офанзива практично веќе започна. Генералот рече дека тоа ...
Во месноста Табор во Марибор синоќа избувнал пожар до станбена зграда, а пожарот се проширил и на зградата. Пожарникарите им помогнале на неколку лица да излезат од зградата, а жителите на соседните згради исто така биле евакуирани и им била укажана превентивна медицинска помош, објаснуваат од полициската управа во Марибор. Според првичните информации, причинета е штета од 40.000 евра. Покрај станбената зграда каде што избувна пожарот, оштетени ...
Глобалната трговска војна иницирана од САД уште еднаш покажа дека „политичкото трошење“ е една од најчесто користените неизборни форми на политичко учество на граѓаните, не само во ЕУ, пишува Бета. За само едно евро, налепница со знакот „стоп“ и зборовите „бојкотирам американски производи“ над знамето на САД може да се купи во онлајн продавниците во западноевропските земји за кои САД се најважниот политички и економски партнер на планетата од ...
Водечките грчки синдикати од приватниот и јавниот сектор денеска повикаа на еднодневен генерален штрајк, барајќи повисоки плати поради зголемените животни трошоци, а општиот прекин на работата веќе од утрово почна да го парализира животот во Грција. Штрајкот беше повикан од два чадор синдикати кои ги претставуваат вработените во приватниот и јавниот сектор – Генералната конфедерација на грчките работници (ГСЕЕ) и синдикатот на вработените во ...
Европската комисија планира царини до 25 отсто на американскиот извоз на различни производи во вредност од 22,1 милијарди долари како одговор на наметнатите царини од САД, тврди бриселски Политико анализирајќи документ до кој дошол медиумот. Списокот, според документот, вклучува земјоделски и индустриски производи како што се соја, месо, тутун, железо, челик и алуминиум, кои се особено зависни од трансатлантскиот извоз. ЕУ треба да гласа за ...
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е укинува забраната за тешки товарни возила, а за останатите видови на возила не е веќе задолжителна употреба на зимска опрема (синџири), информира Авто мото сојузот (АМСМ). Сообраќајот на патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од ...
Министерството за здравство информира дека денеска се враќаат четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во медицински центри во Хрватска (двајца пациенти), Шведска (1 пациент) и Италија (1 пациент). „Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти“, велат од Министерството. Оттаму соопштуваат дека во ...
Судскиот совет ќе изврши увид во пресудата од 2 години затвор за возачот Менсур Пајазити, кој во август во 2022 година смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин во Тетово. Пресудата е од повтореното судење во Основниот суд Тетово, од кое семејството на Ристовска очекуваше правда, но доби само горчливо чувство дека животот на нивната Теодора вреди само 2 години затвор за невнимателниот возач. Особено што, како што течеа ...
РЕВОЛУЦИЈА ВО ВАШИОТ ДОМ: ТОПЛИНСКИ ПУМПИ PN HEATING & COOLING ЗАШТЕДЕТЕ ДО 75% ЕНЕРГИЈА И ЖИВЕЈТЕ ВО КОМФОР! Комплетно решение за греење, ладење и топла вода за домаќинство “Не можеме да го промениме почетокот на животот, но можеме да го промениме квалитетот на животот.” Contents Топлинските пумпи стануваат сè подостапни економско и еколошко решение кое овозможува греење, ладење и домашна вода. А нивните многубројни предности ги прават ...
Македонската полиција од ноќеска на полноќ спроведува интензивна 24-часовна акција за мерење на брзината на сите патишта низ државата, како дел од европската иницијатива на РОАДПОЛ. Акцијата се одвива паралелно со контролите што денес се спроведуваат во сите земји-членки на европската мрежа на сообраќајни полиции. „Сите расположливи уреди за мерење брзина се ставени во функција. Контролните точки се распределени низ целата држава – од ...
Младиот кромид денес е достапен во текот на целата година, но се знае дека е највкусен и најздрав токму сега, во пролет, бидејќи е тоа негова сезона. Младиот кромид е одличен извор на витамин К, витамин А, витамин Ц и фолна киселина, тој е нискокалорична храна со малку маснотии, но не е најдобар извор на протеини. Младиот кромид содржи малку јаглехидрати Едно стебленце млад кромид содржи нешто повеќе од 1 грам јаглехидрати, од кои околу половина ...
Политиките во авиосообраќајот даваат резултати со десетици нови дестинации од двата домашни аеродроми, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови авиокомпании и нови авиолинии. Во фокусот е развој на авиосообраќајот и зголемување на конкуренцијата на домашните аеродроми. Политиките што се спроведуваат во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. За само неколку месеци Владата успеа да овозможи десетици ...
Цените на акциите остро паднаа низ Азија, а Волстрит падна на најниските нивоа во една година, откако утрово стапи на сила последниот сет од царини на американската администрација. На азиските пазари, индексот MSCI на азиско-пацифичките акции утрово беше во минус за речиси 2%. Јапонскиот Nikkei потона за повеќе од 4%, додека индексите во Хонг Конг, Јужна Кореја и Австралија паднаа меѓу 1,6% и 1,9%. Единствено благ пораст забележаа кинеските ...
Американски федерален судија во вторникот ја прогласи забраната на новинската агенција АП за пристап до американскиот претседател Доналд Трамп за неуставна. Тој и нареди на Белата куќа да и обезбеди целосен пристап до претседателските настани. Во февруари, администрацијата на Трамп и забрани на американската новинска агенција АП да има одредени простории во Белата куќа бидејќи го отфрли преименувањето на Мексиканскиот залив од страна на Трамп во ...
Американското Министерство за домашна безбедност ги укина дозволите за привремен престој на повеќе од 930.000 имигранти во САД, кои ги добиле за време на администрацијата на Џо Бајден. Министерството препорачува секој кој сега се соочува со депортација да се „депортираат себеси“. Американското Министерство за домашна безбедност им го укина статусот на привремен престој на повеќе од 930.000 имигранти, што тие го добија за време на претходната ...
Поради географската близина со Русија, естонскиот град Нарва е во неповолна положба. Се наоѓа токму на границата со непријателот, а само еден мост ги дели од опасноста. Сместен токму на границата со Русија, естонскиот град Нарва е идеална локација за рускиот претседател Владимир Путин во случај на инвазија. Двете земји ги дели само еден мост и реката Нарва. Населението е поделено. Некои членови на руската заедница во градот имаат носталгија за ...