
Скопје
21ᴼ /
21ᴼ



Бројката на загинати во страшната несреќа во клубот „Џет сет“ во Санто Доминго се зголеми на 98 лица, додека повеќе од 160 се повредени. На социјалните мрежи и во медиумите се појавија нови снимки од трагедијата која ја зави во црно оваа централноамериканска земја. Што довело до уривањето на кровот на најпознатиот клуб во Доминиканската Република, кој функционира повеќе од 50 години? Причината засега останува непозната. Клубот е реновиран ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот вечерта се пофали дека светските лидери се во паника поради неговите огромни глобални царини. – Овие земји ми се јавуваат, ми го бакнуваат задникот. Умираат да склучат договор – рече Трамп за време на неговото обраќање пред Републиканскиот национален комитет. – Тие умираат од желба да се договорат – додаде тој. Трамп ги исмеваше светските лидери кои го молеа за договор. – Ве молам, ве молам, ...
Почнаа да пристигнуваат првите официјални реакции од Кина во врска со американските царини од 104 отсто воведени на кинески стоки. – САД продолжуваат да ги злоупотребуваат царините за да вршат притисок врз Кина. Кина одлучно се спротивставува на тоа и никогаш нема да го прифати овој облик на насилничко однесување – рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан на денешната прес-конференција. Тој додаде дека ако САД ...
Судијата на претходна постапка на Општинскиот суд во Зеница вчера им одреди едномесечен притвор на осомничените таткото К.Е. и синот К.И., кои од Зеничко-добојското кантонално обвинителство ги товарат дека нападнале вработени во Итната медицинска помош Зеница во просториите на таа институција. – Кантоналното обвинителство на ЗДК на 08.04.2025 г. испратил предлог до судијата за претходна постапка на Општинскиот суд во Зеница за определување мерка ...
Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8 степени, а максималната ќе се искачи до 13-от степен. Во Скопје, утрото ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...
Можеби изгледа како безопасен симптом, но промената на бојата на усните, особено ако тие станат сини или сиви, може да биде знак за сериозна срцева болест позната како Ебштајнова аномалија. Ова е ретка, вродена срцева мана која, ако не се лекува, може да доведе до срцева слабост. Кај Ебштајновата аномалија, срцевите залистоци не се затвораат правилно. Ова овозможува крвта да тече наназад, од долните кон горните делови на срцето. Британската ...
Ако сте навикнати да го започнувате утрото под туш, можеби е време да размислите за промена на вашата рутина. Според лекарите, туширањето наутро, иако може да ви ги разбуди сетилата, можеби не е најдобриот избор за вашата кожа, сон и здравје. Др. Ако не се тушираме навечер, целата таа нечистотија се пренесува на постелнината. „Ова не само што придонесува за валкани чаршафи и можни ноќни алергии, туку може да предизвика и иритација на кожата, ...
Во периодот од 4 до 6 април, комерцијалниот тим на „Витаминка“ А.Д. Прилеп од целата држава, задолжен за домашниот пазар, се собра во Берово на првата Продажна Конференција и инспиративно дружење под мотото „Моќни и успешни 2025“. Преку синергија на знаење, искуство, стратегија, визија и позитивна енергија, колегите работеа на зајакнување на тимскиот дух и продажните вештини, со фокус на целите за претстојниот период. На работниот дел, во рамки ...
Во стоковните резерви ќе се складираат 1.300 тони ориз, односно 2.400 тони оризова арпа, со коишто се обезбедува 60-дневна потрошувачка. Ова го предвидува Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, која ја донесе собранието вчера. Програмата е предложена од Министерството за финансии, за за обезбедување на овие количини ориз ќе бидат издвоени 100 милиони денари. – ...
Судскиот совет побара увид во предметот за пресудата во врска со смртта на 22-годишната Теодора Ристовска која беше прегазена во сообраќајна несреќа во Тетово во 2022 година. – Веднаш побаравме да видиме што се случува, предметот е побаран и треба да ни биде испратен. Ќе извршиме увид и доколку има пропусти ќе реагираме, доколку е сè во ред, ќе соопштиме – изјави претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски. Неговата изјава следува ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, откри дека директорот на Геријатриската болница „13 ноември“ примил поткуп од 20.000 евра. „Девастираниот систем мора да го вратиме и ќе го вратиме во функција. За жал, кога сѐ уште владее национална тага, некои поединци се осмелуваат нелегално да профитираат. Во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две ...
По повод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите припадници на ромската заедница во градов. – Ромите заземаат значајно место во шареноликоста на нашето мултиетничко општество. Токму затоа активно работиме на подобрување на нивната севкупна положба, на подобрување на поширокиот екoномски и социјален статус кој зависи од нивното постојано и квалитетно образование. Образованието ...
Се известуваат добитниците на стипендии од Јавниот повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки и посебни потреби на подрачјето на општина Охрид за учебната 2024/2025 година дека од денес 08.04.2025 (вторник) до 11.04.2025 година (петок) во период од 12:00 до ...
Американскиот технолошки гигант Мета ќе воведе тинејџерски профили на Инстаграм и Фејсбук, со кои би требало да ги заштити ранливите малолетни корисници на Интернет од штетна онлајн содржина. Американскиот технолошки гигант Мета ќе воведе и тинејџерски профил за својата социјална мрежа Фејсбук, откако беше претставен минатиот септември за Инстаграм. Во наредните месеци ќе се воведе заштита, што ќе ги ограничи тинејџерите кои можат да ...
САД ќе воведат царина од 104 отсто за кинеска стока од среда, 00:01 часот по источна американска временска зона (вечерва, 21:01 часот по македонско време), потврди официјален претставник на Белата куќа, јавуваат западни медиуми. Оваа одлука следи откако Пекинг не ги укина своите контрамерки кон американските производи до утврдениот рок – вторник напладне, како што претходно побара американскиот претседател Доналд Трамп. Наместо тоа, Кина соопшти ...
Американскиот претставник за трговија Џејмисон Грир денеска потврди дека таканаречените реципрочни царини, најавени од претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе стапат во сила утре. Грир изјави дека САД моментно преговараат со околу 50 земји, но дека не можат да го чекаат исходот од тие разговори. – Царините стапуваат во сила истовремено со започнувањето на непосредните преговори – рече Грир. Новата царинска стапка, која се применува на речиси сите ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека шест кинески војници се бореле на страната на Русија против украинските сили, а двајца од нив биле заробени во источна Украина. – Заробивме кинески војници на територијата на Украина. Украинците во Доњецката област Тарасовка и Белогоровка се бореа со шест кинески војници, од кои двајца беа заробени. Има релевантни документи – пасоши, дури и кредитни картички. Тие се кинески ...
Најмалку 27 лица загинаа во вторникот во несреќа кога се урна покрив на ноќниот клуб „Џет сет“ во Санто Доминго, Доминиканската Република, а повредени се уште 134 луѓе се повредени. Меѓу жртвите е и гувернерот на провинција. Зулинка Перез, која била на настапот на нејзиниот татко во дискотеката, изјавила дека сѐ се случило одеднаш. Таа вели дека успеала да излази од урнатините, но дека нејзиниот татко се уште е закопан. – Мојот сопруг, кој е ...
Скопската Зоолошка градина информира дека една лама, и покрај сите напори за лекување и терапија во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина угинала. Било направено сѐ од медицински аспект и грижа, но резултатите покажале туберколоза во процес постар од пет години. „Обдукцијата и резултатите (со ПЦР-метода) кај оваа лама покажаа туберкулоза во процес постар од пет години. За оваа болест кај животните нема лек, ниту постои вакцина, а често ...
Трендовите се менуваат од генерација на генерација. Но, интересно е да се слушне што членовите на генерацијата Z (оние родени помеѓу 1995 и 2010 година) имаат да кажат за трендовите кои некогаш биле популарни меѓу милениумците (генерацијата на луѓе родени помеѓу раните 80-ти и доцните 90-ти). Американскиот медиум BuzzFeed ги собра мислењата на генерацијата Z за милениумските трендови кои ги сметаат за застарени, како и коментарите од постарите ...
Ова лето спортот го пресретнува со стилот бидејќи главниот град на светската мода, Париз, е домаќин на Олимписките игри, пишува порталот Олимпикс. Олимписката модна историја одамна постои, со етикети како што се „Исеј Мијаке“, „Ралф Лорен“ и „Диор“, кои претходно ја дизајнира униформата на Националниот олимписки комитет. Олимписките игри 2024 не се само претставување на атлетските вештини, туку и модна писта за најмодерната спортска облека во ...
Здружението Икуалити и Зен Футурус, со поддршка на Македонската асоцијација за мода, во текот на вчерашниот ден, 25 септември, на препознатливата тераса на Музејот на современата уметност во Скопје, ги проширија хоризонтите на скопската модна култура, промовирајќи високи вредности на општествена инклузија и отворено општество преку настанот ZEN Инклузивно Soirée. Настанот ZEN Инклузивно Soirée приреди уникатно културно и модно искуство, во кое ...
Американската воена помош за Украина од осум милијарди долари претставува „неверојатна грешка и луд чин“, изјави денеска Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и предупреди дека САД и Западот „си играат со оган“ во односите со нуклеарната суперсила Русија. Таа истакна дека Вашингтон го влошува конфликтот меѓу Украина и Русија и ја води цела Европа на работ на нуклеарна војна. – САД и Западот не треба да го отфрлат или ...
Џорџо Армани е единствениот од италијанските модни великани кој сè уште лично се занимава со своите колекции. Иако во јули наполни 90 години и на негова возраст, обично, луѓето уживаат во времето внуците, правнуците и заслужениот одмор, за „Кралот на модата“ пензионирањето сè уште е „прашање на иднината“. – Можам да си дадам уште две или три години на чело на мојата компанија. Не повеќе. Тоа би било негативно… Компанијата „Џорџо Армани“ се ...
Колумбиската ѕвезда Шакира во Бразил ја почна најголемата турнеја во својата кариера. Нејзиниот прв концерт во Рио де Жанеиро, покрај изведбата на повеќе од 30 песни, го одбележаа и 13 различни модни комбинации. Одржан на стадионот „Нилтон Сантош“, првиот концерт траеше повеќе од два часа. Светската турнеја носи назив „Жените не плачат веќе“ („Las mujeres ya no lloran“ – според новиот албум со ист наслов). Ова е прв од 24-те настапи што ...
Со програма насловена „Ангел си ти“ денеска на Гумење во Крушево ќе биде одбележан 44-тиот роденден на македонската и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески, кој загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. Бројни фанови и поддржувачи на Тоше од земјава и странство ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење, а ќе го посетат и Спомен домот „Тодор Проески“ каде се наоѓаат неговите лични работи кои ...
Двократната оскаровка и активистка Џејн Фонда, чија кариера траеше шест децении, беше почестена со награда за животно дело на наградите на Screen Actors Guild (SAG) во неделата. „Твојот ентузијазам прави ова да изгледа помалку како самракот на мојот живот, а повеќе како „Ајде девојче, искини го“. Затоа што не сум готов“, изјави Фонда. 31. церемонија на доделување награди беше пренесувана во живо на Нетфликс. Џејн Фонда го повика Холивуд да се ...
За најдобар филм на 97. доделување на Оскарите е прогласен филмот „Анора“, за кој награди добија режисерот Шон Бејкер и главната актерка Мајки Медисон, додека наградата за најдобра машка улога му припадна на Адриен Броди за филмот „Бруталист“. Филмот на Шон Бејкер „Анора“ за сексуалната работничка од Бруклин која добива шанса за нов живот кога се омажи за богат клиент, син на руски олигарх, освои вкупно пет Оскари – за најдобар филм, режисер, ...
Легендарниот поранешен тенисер Слободан Живојиновиќ Боба и контроверзниот бизнисмен Александар Папиќ се сослушани во Третото основно јавно обвинителство во Белград во врска со кривичното дело измама, поврзано со набавката на јахтата „Першинг 54“. На Живојиновиќ му е одземен мобилниот телефон. И обвинителството го објави целиот случај. „Поради измама поврзана со купопродажба на пловен објект – јахта од марката „Першинг 54“, за која правното лице ...
Темната енергија, мистериозната сила што го поттикнува ширењето на универзумот, се чини дека слабее, покажуваат податоците од истражувачкиот тим Деси од Националната опсерваторија Кит Пик во Аризона, САД. Овие откритија би можеле да предизвикаат револуција во разбирањето на судбината на универзумот. Најновите резултати покажуваат дека темната енергија го достигнала врвот пред милијарди години, а сега е приближно 10% послаба. Ова откритие ја ...