Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2025 год. бр. 08 – 15415/55 од 25.12.2024 год., Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 15415/56 од 25.12.2024 година, и Извод од Општина Охрид бр.19-3595/6 од 13.03.2025, и Одлука од Управен одбор на ЈП Градски пазар бр.02-175/6 од 08.04.2025г., Директорот на ЈП ...

Со зголемувањето на капитацискиот бод на 100 денари, матичните лекари добиваат реален стимул да останат и да работат во земјава – подобрување на примарното здравство и задржување на младите кадри стана врвен приоритет, порачаа говорниците на денешната панел-дискусија во Владата. Со неодамнешната владина одлука капитацискиот бод на матичните доктори од општа медицина и гинекологија се зголеми од 75 на 100 денари, или за 33 проценти, додека за ...

Доколку Европската унија сака да влијае на автократите во земјите кандидати, мора да воспостави силна култура на независни медиуми во своите граници, објави бриселскиот портал Политико во анализа на состојбата со медиумските слободи. Порталот наведува дека шпанскиот премиер Санчез изгледа ја препишал својата стратегија за влијание врз медиумите од прирачникот на српскиот претседател Александар Вучиќ. По неколкумесечниот молк пред невидените ...

Од 3 април до 14 мај е отворен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа“ на Европската комисија за 2025 година кој се однесува на дигиталните иновациски хабови. Министерството за дигитална трансформација денеска го распиша Повикот за дигиталните иновациски хабови од земјава кои се заинтересирани да станат дел од мрежата Европски дигитални иновациски хабови (EDIHs) со фокус на вештачка интелигенција (ВИ). Сите ...

Русија ги обвини Соединетите Држави за кршење на меѓународните трговски правила со воведување царини од 104 отсто за увоз на кинески стоки. – Се чини дека Вашингтон повеќе не се чувствува должен да ги почитува нормите на меѓународното трговско право – изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Кога актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги зголеми граничните даноци за кинески стоки за ...

Царинската војна меѓу Кина и САД се разгоре откако вчера Пекинг му возврати на Вашингтон со царина од 84%, на што американскиот претседател, одговори со зголемување на царините од 104 на дури 125 отсто. Ова доаѓа по вчерашната одлука на Трамп да ги замрзне на 90 дена царините на сите земји освен на Кина. Дејвид Рени, уредник за геополитика на магазинот Економист, во гостувањето на Би-Би-Си рече дека Кина внимателно го испланирала својот одговор ...

Ксенија Карелина, руско-американска државјанка, осудена на 12-годишна затворска казна во Русија под обвинение за предавство, е ослободена и е на пат за САД, објави американскиот државен секретар Марко Рубио. Претходно „Волстрит џурнал“ напиша дека Русија и САД очигледно извршиле размена на затвореници денеска во Абу Даби. Карелина(33) беше обвинета за предавство за наводно собирање пари за украинската војска. Минатата година таа беше осудена на ...

Најмалку 218 лица го загубија животот при завчерашното уривање на покривот на ноќниот клуб „Џес Сет“ во Санто Доминго, главен град на Доминиканската Република, јавија светските агенции, повикувајќи се на шефот на спасувачките тимови. – За жал, според прелиминарните податоци, загинаа 218 лица – изјави за новинарите Хуан Мануел Мендез, директор на Центарот за итни операции. Тој додаде дека 189 луѓе се спасени. Причините за уривањето на покривот сè ...

22-годишен државјанин на Македонија е уапсен за неовластено поседување наркотици, кои полицијата ги заплени при претрес на граничниот премин Прешево, јави МИА. На граничниот премин Прешево, меѓу Северна Македонија и Србија, при редовна контрола на патник, српската полиција открила 3,17 грама марихуана. По приведување и распит во Основното јавно обвинителство во Врање, наместо кривично дело „неовластено поседување наркотици“, младиот човек мора ...

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија откако настрада во несреќата во Кочани. Во странство, во моментот се хоспитализирани 55 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти. Министерството за здравство континуирано ја следи состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар ...

За пожарот во Кочани нема да можат да судат тројца од вкупно 5 судии во Основниот суд Кочани, рече денеска претседателот на Судот, Спиро Борисов. Тој објасни дека тројца судии од овој суд постапуваат во претходна постапка, а согласно член 33 од Законот за кривичната постапка, секој кој постапувал како судија на претходна постапка понатаму не може да учествува како судечки судија, како член на советот за оцена на обвинителни акти итн. – За ...

Судиите од Тетово ја бранат одлуката на нивниот колега Ељмедин Ферати дека пресудата од 2 години затвор за возачот Менсур Пајазити кој ја смртно ја прегази младата Теодора Ристовска на пешачки премин е исправна и е практилно максималната казна што можела да се изрече во повтореното судење. „Судијата, во повторената постапка, обвинетиот го осудил со максималната дозволена казна затвор, имајќи ја во предвид забраната за менување на полошо ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски вели дека недостигот на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки, но најавува дека пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини. – Во моментот се реализира јавната годишна набавка, таа е отворена минатиот петок, заради технички проблеми во Бирото за јавни набавки односно промена на системот се ...

Уште најмногу 5.000 фирми денеска треба да ја завршат постапката за поднесување пресметки за мартовската плата, соопшти денеска Управата за јавни приходи. Според нејзините податоци, до 8 април вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за март. Од нив, 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН пресметките за исплата на мартовската плата. Со ова ќе завршат и проблемите на сметководителите кои се жалеа дека не успеале да ги ...

Ендрју Тејт, контроверзен инфлуенсер и поранешен кикбоксер, се соочува со сериозни нови обвиненија поднесени против него во Вишиот суд на Обединетото Кралство. Четири жени од Велика Британија го обвинија Тејт за повеќе форми на сексуално насилство, вклучувајќи силување, физичко малтретирање и закани со оружје. Граѓанската постапка се однесува на настани за кои жените тврдат дека се случиле во Лутон и Хичин помеѓу 2013 и 2015 година. Двајца од ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го одложи спроведувањето на високите царини против неколку десетици земји за три месеци е важен чекор кон стабилизирање на глобалната економија. Урсула фон дер Лајен изјави дека Европската унија сака конструктивни преговори со САД, со цел да се постигне заемна корисна трговска размена. Јасните услови се важни за ...

Ниту Унгарија, ниту Европската унија нема да воведат санкции против Милорад Додик, најави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. Минатата недела Германија и Австрија веќе воведоа санкции против претседателот на Република Српска. Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во средата во Будимпешта, по средбата со српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, најави дека ниту Унгарија, ниту Европската ...

Русија изведе нови напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа ранети повеќе од десет луѓе во Киев и во јужниот дел на Миколаевската област, соопштија украинските власти. Според службите за итни случаи, петкатница во Миколаев се запалила по нападот. Десет лица се повредени, од кои тројца се пренесени во болница, јавува француската новинска агенција АФП. Во меѓувреме во Киев две лица се повредени, а еден магацин се запалил. Според локалните ...

Бројот на луѓе од Западен Балкан кои досега можеа да работат и да престојуваат во Германија со бенефиции, благодарение на посебните прописи за шест земји во регионот, ќе се преполови, се согласи новата владејачка коалиција во Германија на демохристијаните и социјалдемократите. Олеснувањето за Западен Балкан беше воведено во 2010 година за да се избегнат луѓето од тој регион да бараат азил во Германија без основа. Контингент работници од Западен ...

Царинската војна меѓу Кина и САД се разгоре откако вчера Пекинг му возврати на Вашингтон со царина од 84%, на што американскиот претседател, одговори со зголемување на царините од 104 на дури 125 отсто. Ова доаѓа по вчерашната одлука на Трамп да ги замрзне на 90 дена царините на сите земји освен на Кина. Дејвид Рени, уредник за геополитика на магазинот Економист, во гостувањето на Би-Би-Си рече дека Кина внимателно го испланирала својот одговор ...

Најмалку 23 лица загинаа во израелски воздушен напад кој погоди станбена зграда во северниот дел на Газа, додека се појавија информации дека израелската армија се подготвува да го заземе целиот град Рафах како дел од новонајавениот безбедносен коридор, пишува Гардијан. Лекарите во болницата Ал Ахли соопштија дека во вчерашниот напад на четирикатница во предградието на Газа, Шијаја, загинале најмалку осум жени и деца, додека спасувачите ...

Четворица од повредените граѓани во трагичниот пожар во Кочани денеска се враќаат во земјава откако беа на лекување во странство, информира Министерството за здравство. Станува збор за двајца пациенти кои се лекуваа во Хрватска, еден пациент во Шведска и еден во Италија. Во странство и понатаму се хоспитализирани вкупно 60 лица, од кои неколку се во критична состојба, но нивната здравствена слика останува непроменета, соопштија од надлежното ...

31-годишниот Д.А под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во Куманово во која биле оштетени мопед и патничко возило, потврдија од СВР Куманово. Настанот се случил во средата (9 април) околу 16:45 часот на улицата Теофан Економов, кога возачот од Куманово управувал патничко возило марка „сеат леон со кумановски регистарски ознаки, и удрил во мопед „хамачи“ и автомобил „фолксваген голф“, исто така со локални таблички. По несреќата, ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски денеска потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, со кој се засилува институционалната координација за откривање и гонење на кривичните дела и сторителите, како и за поефикасно спроведување на кривичната постапка. На чинот на потпишувањето, министерот Тошковски истакна дека подобрувањето и ...

Во врска со идејата г. Партениј да ја добие функцијата епископ дебарско-кичевски и да стане член на Синодот со право на глас, владиката Петар даде остра изјава која открива сериозни тензии во црковните кругови. Владиката Петар категорично го нарече Партениј “саморасчинет владика”, откривајќи дека веќе му го соопштил тоа преку СМС порака, како одговор на иницијативата на Партениј за помирување. Како што истакна владиката Петар, тој може да прости ...

Вчера во реонот на државната граница кај село Танушевци, скопско, од косовска и македонска страна на границата, Регионалниот центар за гранични работи Север при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ и Граничната полиција на Косово преземале заедничка и кооординирана акција за спречување на шверц со разновидна стока, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР). Притоа, како што е наведено таму, на косовска страна била извршена ...

Во текот на вчерашниот ден, полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи на Министерството за внатрешни работи спроведоа засилени сообраќајни контроли низ целата држава. Како резултат на овие активности, издадени се вкупно 1001 платен налог, што е највисок број на санкции во еден ден за овој месец. Од МВР информираат дека статистичките трендови остануваат слични на претходните денови, а најголем број прекршоци се однесуваат на ...

Нанесувањето дезодоранс е составен дел од секојдневната рутина за повеќето луѓе, но според д-р Реа Адел, специјалист за кожа, многу луѓе тоа го прават погрешно. Во нејзиното видео на TikTok, таа нагласи дека ако ставате дезодоранс наутро или после тренинг – „го правите погрешно“ – и тоа може да биде причината зошто вашиот дезодоранс не работи како што треба. „За да го извлечете максимумот од дезодорансот, всушност треба да го нанесувате навечер, ...

Тие создадоа дијаграм на архитектурата на мозокот врз основа на примерок од ткиво со големина на зрно песок со повеќе од 200.000 клетки, вклучувајќи околу 84.000 нервни клетки, наречени неврони, и околу 524 милиони врски помеѓу овие неврони на нивните допирни точки наречени синапси. Невронаучниците ја создадоа досега најголемата шематска и функционална мапа на мозок на цицач користејќи ткиво од делот на кортексот на глувчето одговорен за видот, ...

Научниците со помош на телескопот Џејмс Веб открија древна и далечна галаксија која дава докази дека преодниот период од „мрачните времиња“ на универзумот, кратко време по Големата експлозија, се случил порано отколку што се мислеше. Со помош на веб-телескопот, кој гледа назад во минатото низ огромни космички растојанија, научниците ја набљудуваа галаксијата наречена JADES-GS-z13-1, како изгледаше околу 330 милиони години по настанот Биг Бенг, ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
6.17
37%
1022
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
2.06
65%
1024
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
67%
1024
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
48%
1022
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.4
63%
1021
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
1.03
90%
1025
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
37%
1013
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
60%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
8.75
36%
1020
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
3.6
76%
1019
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
57%
1024
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.09
83%
1016
Currency

61.525

Currency

53.8663

Currency

73.0232

Currency

35.0966

Currency

39.3139

Currency

65.5041

Currency

7.49982

Currency

0.68154

Currency

0.37263

Currency

0.52484

Currency

1.37073

Currency

0.62808

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15222.50

Рутениум

19708.41

Калај

32.51

Сребро

1174.68

Злато

106845.06

Бакар

9.80

Паладиум

34626.35

Платина

38771.98

Родиум

188081.87

Цинк

2.63