Црвен метео-аларм и температури над 40 степени, регионот го тресе екстремен топлотен бран кој ги загрозува жителите на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Во Република Српска и делови од Хрватска на сила е црвен метео-аларм, додека во Федерацијата БиХ е активиран портокалов аларм. Метеоролозите прогнозираат екстремно жешки денови, со температури кои ќе надминат 40°C, посебно на југоистокот на Србија, каде времето е означено како „многу ...

Полицијата вчера спроведе масовна сообраќајна акција низ целата држава при што се санкционирани вкупно 429 возачи на мотоцикли, а најголем дел од нив, дури 267, биле казнети за некористење заштитна кацига при возење, информира МВР. Акцијата се одвивала во периодот од 16:00 до 22:00 часот, и имала за цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, особено кај мотоциклистите, група која е често изложена на ризик во сообраќајните несреќи. Освен за ...

Судијката Даниела Димовска е избрана за вд претседател на Основен кривичен суд Скопје. Одлуката беше донесена на денешната седница на Судскиот совет. Покрај неа за вршители на должноста претседатели до конечен избор се избрани Елјеса Алији за Основен суд Гостивар, за Основен суд Дебар, Мерсим Марку и Основен суд Свети Николе, Валентина Буревска кои на новите функции ќе стапат од 6 јули оваа година. Во дискусијата за избор на вд претседател на ...

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска изјави дека бројот на поплаки од семејствата на повредените во пожарот во Кочани е значително намален и дека огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата, а не од донации. – Еден дел од барањата не се за лекови, туку се во однос на боледувања кои веќе излегуваат надвор од законот, а ние не можеме да правиме нешто надвор од законот. Во ...

Политичкиот мозаик пред локалните избори : Локалните избори во 2025 година ќе претставуваат клучна проверка на политичкиот пулс во Северна Македонија. Со променетата политичка динамика од последните национални избори, овие избори ќе бидат важен индикатор за идните трендови во македонската политика. Анализа на соодносот на политичките сили 🔴 ВМРО-ДПМНЕ – Позиција на сила со одлична организација Тековни предности: Contents Организациска ...

Климатските промени не само што носат екстремни временски настани, туку создаваат и услови за ширење на потенцијално смртоносни микроорганизми. Експертите предупредуваат дека некои би можеле опасно да се размножуваат поради глобалното затоплување. Дури девет милиони Европејци би можеле да бидат изложени на ризик од инфекција. Габата Aspergillus е постојано присутна во нашата околина. Се наоѓа во почвата, компостот, па дури и во воздухот што го ...

Салмонелата е бактерија која предизвикува непријатни проблеми со желудникот и е предизвикана главно од консумирање контаминирано месо, јајца и млечни производи. Инфекцијата се пренесува по фекално-орален пат, а најголем број случаи на инфекција се регистрираат во текот на летните месеци. Салмонелата се смета за болест на валкани раце и се пренесува преку контакт со заразена храна, но и преку вкрстена контаминација. На пример, при сечкање на ...

Ако ви е важно да изгледате младо и да се чувствувате здраво, храната што ја избирате може да влијае на вашите цели. Бидејќи појадокот е првиот оброк во денот, храната што ја избирате и начинот на кој ја јадете може да ви помогне да направите здрави избори за остатокот од денот. Нутриционистката Роксана Ешани особено препорачува храна богата со влакна и антиоксиданти за младешки изглед. Исто така, нутриционистот Џонатан Валдез смета дека во ...

Темнозелениот лиснат зеленчук, тофуто и лукот се само дел од намирниците што можат силно да придонесат за здравјето на вашите бубрези, според здравствените експерти. Според платформата Eating Well, бубрезите се исклучително важни бидејќи тие го филтрираат отпадот од крвта, ги регулираат течностите и произведуваат хормони неопходни за здравјето на коските и производството на црвени крвни зрнца. Додавањето на одредени намирници во вашата дневна ...

Ние најчесто ја сметаме за прекрасен плевел, меѓутоа, ова моќно растение со сино-виолетови цветови нуди многу повеќе. Неговата улога во секојдневниот живот, а особено во минатото, била многу позначајна. Распространет е речиси насекаде: покрај патиштата, на ливадите и пасиштата, а некогаш се одгледувало како замена за кафето, особено во време на војна и сиромаштија. Со печење и сушење на корените на растението цикорија, богато со инулин и ...

Утре вечер, 1-ви јули, на преубавата тераса на Бифе Тафталиџе, ќе се одржи слушачка промоција на албумот „Јоруклук“ на Елена Христова од „Баклава“, а ќе може да се купи и цеде или плоча од албумот. Во пресрет на промоцијата, Елена ни кажа само дека албумот „Јоруклук“ е комплетно нејзин авторски албум, инспириран е од нејзините долгогодишни истражувања на Јуруците од Македонија. Целата приказна за неговото создавање Елена ќе ја раскаже на самата ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе нова Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,30% во однос на последната одлука од 27.06.2025 година. Според новата пресметка, која ќе стапи на сила на 1 јули 2025 година од 00:01 часот, најмногу поевтинува екстра лесното масло за домаќинство, а следат и бензините и дизелот. Новите малопродажни ...

Централна тема на денешната билатерална средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе биде Планот за раст, меѓутоа на секој состанок со високите претставници од Брисел разговараме и за изнаоѓање можни решенија за преговорите за членство, со зачувување на нашите позиции и со обезбедување на процесот на евроинтеграции до крај, така што, очекуваме дека и таа тема ќе се отвори на денешната средба, изјави министерот за европски прашања Орхан ...

Во 2024 година се регистрирани 757 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот завод за статистика. Според видот на објектот, бесправно се изградени 151 објект за домување (19.9 %), 99 доградби, надградби и адаптации (13.1 %), 77 деловни објекти (10.2 %), 49 гаражи (6.5 %), 147 огради (19.4 %), осум скалила (1.1 %), 14 тераси (1.8 %), 20 летни тераси (2.6 %), 93 натстрешници (12.3 %), 26 времени објекти (3.4 %) и 73 помошни објекти (9.6 %). ...

Италија од 2026 до 2028 година ќе издаде околу 500.000 нови работни визи за граѓаните на земји надвор од ЕУ, објави вчера италијанската Влада, како дел од стратегијата за проширување на легалните имиграциски патишта и одговор на предизвиците од недостигот на работна сила. Следната година вкупно 164.850 лица ќе имаат дозвола да влезат во земјата, додека вкупно 497.550 лица треба да влезат во земјата до 2028 година. Ова е втор ваков потег на ...

Просечната каматна стапки на депозитите во мај се зголемила на годишно ниво за 0,35 процентни поени и таа изнесувала 2,21%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак забележала годишен пад од 0,43 процентни поени и изнесувала 5,06%, покажува последниот изврштај на Народна банка. Според овој извештај просечната каматна стапка на новопримените депозити е забележан месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., и таа изнесувала 2,32%. ...

Европската банка за обнова и развој ѝ даде грант од 350.000 евра на земјава како техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, соопшти Министерството за транспорт. Како што се наведува во соопштението, Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура е прва од овој вид во Македонија и треба да овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за ...

Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги, по барањето што го упати минатата недела гувернерот на Народната банка Трајко Славески во Македонската банкарска асоцијација (МБА). Претседателката на МБА Маја Стевкова Штериева денеска изјави дека тоа е индивидуална одука на органите на управување на банките, а упати и на ветувањето од Народната банка за намалување на надоместоци што банките ги плаќаат ...

Турските власти денеска приведоа над 120 лица во голема истрага за корупција насочена кон градската администрација на Измир, која е управувана од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), објави Анадолија. Меѓу приведените се поранешниот градоначалник на Измир, Тунч Сојер, и покраинскиот претседател на ЦХП, Шенол Асланоглу. Обвинителите издадоа налози за апсење на вкупно 157 осомничени лица како дел од истрагата, според Анадолија. ...

Криминалната мрежа позната како „локумадес мафија“, која ја тероризирала Ситонија на вториот крак од Халкидики, доби правосуден епилог – нејзиниот водач е осуден на 16 години затвор. Грчките медиуми јавуваат дека 42-годишниот маж бил прогласен за виновен поради повеќе кривични дела, меѓу кои изнуда, закани, нанесување телесни повреди и употреба на огнено оружје. Сите овие дела биле насочени кон лица кои се обиделе да продаваат крофни, ...

Израелските напади убија најмалку 60 лица низ Газа во понеделникот, во некои од најжестоките напади во последниве недели, додека израелски официјални лица биле на пат за Вашингтон на нова иницијатива за примирје од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Ројтерс. Contents Ден по повикот на Трамп да „се постигне договор за Газа, да се вратат заложниците“, израелскиот министер за стратешки прашања, Рон Дермер, близок соработник на ...

Скараните членови на најопасниот картел во светот, Синалоа, се погодени од внатрешна војна и репресија од страна на мексиканските и американските власти. Сега тие формираа очаен сојуз со соперничка банда, заканувајќи се да го трансформираат криминалното подземје во десетици земји. Картелот Синалоа со години управува со глобална империја изградена преку сојузи со криминални групи и нивните филијали од САД до Нов Зеланд, заработувајќи милиони ...

„Големиот прекрасен закон на Трамп“, обемен закон за даночни олеснувања и за државно трошење, помина во Сенатот по повеќе од 24 часа жестока расправа и драматично гласање што заврши 50–50. Одлучувачкиот 51. глас го даде потпретседателот Џеј  Ди Венс, со што беше отворен патот за најголемото буџетско зголемување во поновата историја на САД, околу 3,3 трилиони долари нов долг, пренесе Фајненшл Тајмс. Тројца републиканци, Том Тилис, Сузан Колинс и ...

Во неделата на неколку плажи долж централниот дел на Португалија се појавиле ретки облаци наречени „roll clouds“ или облаци „volutus“, јави Португалскиот Институт за Море и Атмосфера. Се чини дека несекојдневните летни температури низ Европа, кои наместа достигнаа и до 42 степени, го предизвикаа овој феномен. Облаците се појавиле напладне поради контрастот помеѓу топлиот копнен воздух и посвежиот морски ветер. Облакот, налик на ролна, се движел ...

Иранската војска минатиот месец натовари подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што дополнително ги зголеми загриженостите во Вашингтон дека Техеран се подготвува да го блокира Ормутскиот теснец по израелските напади врз цели низ Иран, изјавија за Ројтерс двајца американски функционери. Подготовките за дигање во воздух на важниот воден пат, кои претходно беа неоткриени и откриени од американските разузнавачки служби, дојдоа некое време по ...

Македонија отвора две нови ленти за излез и една дополнителна лента за влез на товарни возила на граничниот премин Богородица. Ова денеска го потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на прес-конференција посветена на подобрување на протокот на сообраќајот преку најфреквентната гранична точка со Грција. Со отворањето на овие нови ленти се очекува значително олеснување на метежот што традиционално се јавува во летниот период, кога ...

Од следната учебна година учениците од основните и средните училишта во Македонија нема да добиваат печатени свидетелства, туку тие ќе бидат достапни исклучиво во електронска форма. Промената веќе е можно да се спроведе и оваа година, но како што најави министерката за образование Весна Јаневска, целосната дигитализација на сведителствата ќе започне во 2026 година. Според неа, ова претставува чекор напред кон модернизација на образовниот систем, ...

Македонија останува цврсто на европскиот пат, но нема да прифати уцени под превезот на интеграциите. Ова денеска јасно го порача премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, одржана во рамки на лидерскиот Самит ЕУ – Западен Балкан во Скопје. – Нашата држава чекори со отворено срце и разум, но се противиме на уцените кои не се дел од европските вредности. Европа е дом на правото, на ...

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) ќе покрие половина од потребните пари за обуки на кандидати за стекнување на дозволи од областа на летачки операции, соопшти денеска директорот Драги Стојаноски. Јавниот повик за кофинансирање на овие обуки е објавен денеска. Станува збор за обука на вкупно 27 кандидати за стекнување на дозвола и тоа: 7 за пилоти на авион PPL(A), 3 за пилоти на едрилица, 5 за пилоти на ултра лесни авиони, 10 за пилот ...

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво, информираат попладнево од МЗ. „Поради сериозни конструктивни и проектни недостатоци кај постојниот објект на Општата болница ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
0.0
84%
1029
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
88%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1030
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.67
75%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.33
98%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
83%
1029
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.68
87%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
97%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Бакар

10.93

Алуминиум

2.90

Рутениум

29192.88

Цинк

3.03

Кобалт

58.42

Злато

139470.53

Сребро

2128.87

Платина

61733.50

Калај

42.35

Паладиум

52470.02

Родиум

258009.74

Иридиум

145787.60