Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаело Гроси, изјави дека Иран нема намера да развива нуклеарно оружје. Тој во изјава за Си-Ен-Ен рече дека извештајот на МААЕ покажува дека нема докази дека Иран систематски се обидува да се движи кон нуклеарно оружје. – Она што го објавивме е дека немаме доказ за систематски обид да се помине на нуклеарно оружје. Се наоѓаме во момент на посебна тензија. Тие имаат многу ...
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изутринава соопшти дека нема „зголемување на нивото на радијација надвор од објектите“ по американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на нуклеарното надзорно тело на ОН објавено на платформата Икс. „МААЕ може да потврди дека досега не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од територијата на објектите. ...