
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските моторџии, во недела, на 8-ми септември 2024 година, по шести пат ќе возат мото круг во чест на својот колега Михаел Мирчески. – Собирно место е во недела на Градскиот плоштад во Охрид, во периодот од 09:30 до 10:00 часот. Од тука продолжуваме да му оддадеме почит на неговото вечно почивалиште. Од Градските гробишта сите возиме кон Заливот на коските каде што застануваме, порачуваат ...
Скопје/Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Предлогот на Закон за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природа и Предлог Законот за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природа денеска се на дневен ред на собраниската Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија, во второ читање. Минатиот месец овие предлог закони поминаа на пленарна седница во ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на државниот празник 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија во недела, на 8-ми септември 2024 година, во 18:00 часот, во Куќата на Робевци ќе биде отворена самостојна изложба од авторот Боро Митрески- Минта насловена „33 Христос живот за спас на човештвото“. Во истата се изработени 33 сребрени микроекспонати (годините на Христос). Посетителите ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Dr. Dre и Snoop Dogg го најавуваат новиот заеднички албум „Missionary“, кој се очекува да излезе во ноември. Во интервју, Dr. Dre откри дека на албумот ќе има бројни гости, меѓу кои и врвни музички имиња како Sting. – Сакав 14 песни, Snoop сака 16. Морам да го завршам материјалот најбрзо, за да биде подготвен албумот до ноември, рече Dr. Dre. Тој напомена дека овој албум ќе покаже различно ниво на зрелост ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со своја програма, НУ Завод и Музеј Охрид се приклучува на активностите за одбележување на државниот празник 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. – По повод 32 години од независноста, под слоганот „8-ми Септември – Гласник на слободата“, музеите, локалитетите и галериите ќе бидат отворени за сите граѓани без надоместок. Имено нашите музејски објекти Куќата на Робевци, Галеријата на ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Еден од омилените рапери на новата генерација, Big Sean, се враќа со новиот сингл „On Up“ од неговиот претстоен албум „Better Me Than You“. Синглот отворено се занимава со темите на семејството и татковството, преку срдечни и потресни текстови. – Благодарен сум на моето семејство што беше дел од овој проект, особено на Jhené Aiko кој помогна оваа идеја да стане реалност. Моето семејство од Детроит не ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид, Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ од Скопје и Јавната установа Национален парк „Галичица“ иницираа формирање мрежа за еколошка едукација во којашто ќе членуваат основни училишта и невладини организации од охридско-преспанскиот регион и од соседните региони. – Едукацијата, формална и неформална, а особено едукацијата на младите генерации, е клучна компонента на грижата за природните ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Кардиоваскуларните болести, вклучително и срцевите заболувања и мозочниот удар, се водечка причина за смрт во светот. Според СЗО, околу 17,9 милиони луѓе годишно умираат поради кардиоваскуларни болести, што претставува 32 отсто од сите смртни случаи на глобално ниво. Ако сте загрижени за здравјето на срцето, веројатно веќе сте слушнале дека лекарите препорачуваат контрола на стресот, ограничување или ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес се навршуваат 15 години од потонувањето на бродот „Илинден“, при што загинаа 15 туристи од Бугарија. Несреќата се случи на 5-ти септември 2009 година, во 10:33 часот, кога на околу 200 местри од брегот на езерото кај автокампот „Елешец“ се преврте и потона туристичкиот брод „Илинден“. Притоа загинаа 15 од 56-те патници, туристи од соседна Бугарија, кои патуваа на излет во Свети Наум. По бројните ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Здружението на просветни работници, литературни творци на Република Македонија, денеска во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид ќе се претстави творештвото на познатиот писател и поет Боривоје Бора Живаљевиќ од Република Србија. – Промотор ќе биде Благојка Филипчева, а учесници на натанот ќе бидат Виолета Ачкоска, ученици од ОСУ „Св. Климент Охридски“, музичари и други, информираат ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне услови за локална појава на пороен дожд и ретки грмежи. UV индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 30. степени. – Од утре следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни во петок и сабота, кога наместа ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничнитe премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Свети свештеномаченик Иринеј Лионски. Во младоста му беше ученик на свети Поликарп, кој пак беше ученик на светиот Јован Богослов, кој го испрати на проповед во Галија. По маченичката смрт на свети Потин, за епископ го поставија Иринеј. Во своите многубројни списи тој час ја изложува православната вера час, пак, ја брани од еретиците. Пострада за ...
Скопје/Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, на 20-ти септември 2024 година, нашиот врвен гитарист, Владимир Четкар ќе настапи во Скопје во Trend Lounge Restaurant. – Се гледаме во Скопје. Концерт во Trend Lounge Restaurant, на плоштад „Македонија“ во Скопје, во петок, на 20-ти септември 2024 година. Вратите се отвораат во 21:00, а концертот започнува во 22:00 часот. Билетите по цена од 600 денари се продаваат во „Тренд“ на плоштад ...
Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на култната македонска поп-рок група „Меморија“ го најавуваат големиот солистички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 година во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. – Огнот кој се’ уште силно гори. Концерт по повод „Меморија – 40 години постоење“. Како со временска машина настапот на Меморија ќе ве врати во едни поубави и безгрижни времиња. Концертот кој ќе се одржи на 16-ти ноември ...
Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Одлуката за усвојување на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина за 2024 годуна на Општина Охрид бр. 08-18774/21 од 27.12.2023 година, Општина Охрид објавува Ликовен и литературен конкурс во соработка со охридските Основни училишта на тема „Сите нијанси на есента во полиња и градини преполни со плодови и бои“. Предмет и цел на конкурсот: Човештвото се соочува со ...
Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со нова дограма и поправена фасада во насока на подобра изолација и заштеда на електрична енергија, привршува санацијата на надворешниот дел на објектот „Маларична“ во Охрид. Објектот веќе има комплетно нов изглед и нуди подобри услови за пациентите, но и подобрени услови за работа на вработените. Според одговорните лица, станува збор за зафати вредни околу 3 милиони денари, кои се обезбедени од сопствени ...
Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, во петок, на 6-ти септември 2024 година, ќе се одржи свечен концерт на кој ќе настапат дел од учениците на ООМУ „Методи Патче“ од Охрид со камерниот оркестар „Анима“ од Република Бугарија. – Под диригентска палка на Георги Зајранов, како силисти ќе настапат Емилија Илиева на виолина од НУ „Добри Христов“ од Варна, Стефан Таштаноски и Михаил Стојаноски на ...
Прилеп/Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Преку 200 професионалци, припадници на Армијата на Република Македонија, специјалната полиција, од ЈП „Национални шуми“, пожарникари од повеќе градови во текот на целиот ден се на терен во Мариово да го стават под контрола и да го изгаснат големиот пожар кој е активен веќе четврти ден. Горат нискостеблести растенија, но има зафатено и борови. Прилепскиот општински Кризен штаб ги координира акциите. ...
Скопје/Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според состојбата на 3-ти јуни долгот на јавно здравствените установи изнесува пет милијарди денари и е зголемен за една милијарда денари во првите шест месеци од годинава, истакна денеска в.д директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. – Најголеми должници се универзитетските клиники за Радиологија и онкологија, Торакална и васкуларна хирургија, Гинекологија, а има и ...
Вевчани, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Почивај во мир пријателу на Вевчани Бора Ѓорѓевиќ – Чорба, порачаа од поздравот до музичарот од популарната група на Facebook Moe Vevcani. Тој своевремено беше голем поддржувач и чест гостин во Вевчани, дури и во времето кога беше навистина тешко, но во исто време и престиж и привилегија да се биде Вевчанец. – Кога некој ќе каже Македонија, јас секогаш помислувам на Вевчани. Симбол на Македонија, ја ...
Дебар, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вчера попладне, во 18:30 часот полициски службеници од Дебар привеле 20-годишно лице, осомничено дека извршило силување врз малолетничка. – Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: архива @OhridPress ...
Дебар/Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против лице вработено во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи – Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично ...
Скопје/Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека вчера на владина седница се донесени повеќе одлуки, меѓу која и одлука за изградба на колекторот во селото Трпејца кај Охрид, во вредност од 68 милиони денари, како и 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини, потенцирајќи дека Владата се грижи за реалните ...
Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со почетокот на септември продолжија активносите за уредување на просторот на ридот кај „Горица“ каде своевремено беше најавена изградба на хотел од познат бренд. Почетокот на изградбата беше повеќе пати одложуван. Скоро десет години остана само ветување хотелот кој требаше да се гради на една од најатрактивните локации на охридското крајбрежје. На парцела од околу 7.000 метри квадратни, веднаш до хотелот ...
Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. – Тој, на катарстарски имот на булеварот „Железничка“ во Охрид, без да поседува правосилно одобрение за градење издадено од надлежен Државен орган, изградил приземен деловен објект. При контрола извршена од овластен градежен инспектор при Одделението за ...
Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 28-ми до 31-ви август, во организација на едриличарските клубови „Меч Рејс Клуб“ од Охрид и „Нов Ветер“ од Скопје, за прв пат во Македонија се одржа елитно спортско натпреварување во едрење како дел од Европската Меч Рејс Тура. Се натпреваруваа осум тимови од Република Македонија, Шпанија, Грција, Полска и Франција, составени од четири членови на екипаж, односно вкупно триесетидвајца натпреварувачи. – Во ...
Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Шведското дуо NOTD го претстави својот четврти сингл годинава „Panic“, заедно со Corbyn Besson од американскиот бенд „Why Don’t We“. – Многу сме среќни што Corbyn беше дел од синглот и го обои со таа посебна емоција што недостасуваше, порачаа од дуото. – Се вљубив во песната на прво слушање. Многу сум возбуден што мојот прв сингл од овој музички правец е токму со овие момци, додаде Corbyn. NOTD ја започнаа ...
Охрид, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со најновиот сингл „Ghosts“, македонскиот музичар Yon Idy го издаде и првиот истоимен студиски албум, со што заокружи една етапа од својата кариера. Албумот содржи песни од почетоците на неговата кариера и претставува своевидно животно патување низ последните 6 години. Секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот. – Го подготвувам следниот албум, но и за турнеите во Македонија и ...
Струга, 4. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оваа сабота ќе се реализира втората еко-акција за чистење на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје. Акцијата е во организација на Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“, а поддршка и активно учество најавија и од тимот на MonVa Clear Kayaks and SUPs. Нуркачите од „Норкач”, но и нуркачки клубови од цела Македонија и Србија ќе ги ...