
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Охрид/Сведерево, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Клубот „Металац“, од 6-ти до 9-ти септември 2024 година, во Смедерево, Република Србија, се одржа „Шарлов куп 2024“ во класите 470, ILCA 4, ILCA 6 и Оптимист. Годинава учествуваа околу 70 учесници од едриличарски клубови во Србија и натпреварувачи од Република Македонија, членови на клубот „Акватик јахтинг“ од Охрид. Нашите натпреварувачи освоија медали во следните класи: ILCA 6 ...
Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28. степени. – Од денес попладне, преку ноќта и особено утре преку денот, времето ќе биде променливо облачно и посвежо на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m² за кратко време), грмежи, силен ветер ...
Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...
Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Преподобен Пимен Велики. Родум од Египет. Голем подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш, Пимен измоли од старецот Павле да го однесе кај свети Паисиј. Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе (затоа што Пимен значи пастир) многумина, со него е раката Божја.“ ...
Охрид, 9. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот ден засекогаш ќе остане запаметен во спортската историја на Република Македонија, а особено на Охрид, како денот кога најславната македонска пливачка, Атина Бојаџи во 1969 година, го започна подвигот и го преплива каналот Ла Манш. Охриѓанката која успеа да се соочи со неверојатниот предизвик запишувајќи се како една од првите жени во светот кои успеале да го препливаат „страшниот канал“. Атина, ...
Струга, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 28-годишно лице од селото Подмољје, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. – При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, ...
Скопје/Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Македонија е 790.152 лица, од кои вработени се 691.736, а 98.416 лица се водат како невработени. Според истиот извор, стапката на активност во овој период е 52.1, стапката на вработеност 45.6, додека стапката на невработеност е 12.5. Подетални резултати ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вљубениците во убавините на природата и езерото во авто кампот „Љубаништа“ секоја година, веќе по традиција, организираат завршна забава, со која ставаат крај на уште едно лето. – Ви благодариме на сите што направивте завршната забава во AK „Љубаништа“ да биде незаборавна. Продолжуваме и денес, летото сѐ уште трае, порачаа на социјалните мрежи. Песочната плажа пред кампот и селото Љубаништа важи за една од ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Секојдневно поминуваме покрај бројни места кои ги кријат најубавите приказни, кои се сеќавање на едно друго време, каде се раѓале пријателства, нови љубови и таги, места кои будат толку емоции кај охриѓани. Да го запознаеме Охрид за повеќе да го сакаме на OhridPress, каде ви ги пренесуваме приказните за дел од најубавите локации и приказни од древниот град. Меморијална куќа на Христо Узунов Изградена е во ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Следниот викенд, на 14-ти и 15-ти септември Охрид ќе биде домаќин на второто издание на велосипедскиот тренинг камп во рамките на кој учесниците ќе имаат можност да уживаат со велосипеди по брегот на Охридското Езеро и да се искачуваат по ридовите на Националниот парк „Галичица“. – Патеките за обука се во три правци дизајнирани да понудат што е можно поголема разновидност на теренот. Првиот ден опфаќа ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сузбивањето на незаконскиот риболов како еколошки криминал ќе биде голем фокус во иднина, бидејќи и во препораките кои што ги добиваме од Европската Унија, порача неодамна од Охрид министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој додаде дека со идната систематизација во рамките на МВР е предвидено и посебно одделение кое ќе работи во рамки на Одделот за организиран криминал. Само оваа година од страна ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Губењето на салото од стомакот не е лесен подвиг. Постојат два вида на стомачни масти: поткожното масно ткиво, кое се наоѓа веднаш под нашата кожа, и поопасна верзија на салото на стомакот – тврдоглавото висцерално сало. – Салото на стомакот што предизвикува здравствени проблеми е висцерална маст, која се наоѓа во просторот помеѓу абдоминалните органи. Оваа маст тешко се губи, објаснува диететичарката Angel ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охридските моторџии, денеска, по шести пат ќе возат мото круг во чест на својот колега Михаел Мирчески. – Собирно место е во недела на Градскиот плоштад во Охрид, во периодот од 09:30 до 10:00 часот. Од тука продолжуваме да му оддадеме почит на неговото вечно почивалиште. Од Градските гробишта сите возиме кон Заливот на коските каде што застануваме, порачуваат организаторите. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија денес го одбележува Денот на независноста, 8-ми Септември, 33 години од сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8-ми септември 1991 година. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на Денот на независноста на Македонија, Друштвото за истражување и развој „Сефиданис“, во клубот Rebel во Охрид синоќа го претстави својот најнов изум – хуманоиден робот чија професија е диск-џокеј (DJ). Точно на полноќ, на 8-ми септември се роди Алшар, робот во изглед и природни димензии на човек, кој со помош на вештачка интелигенција може автономно да создава уникатни музички дела. Алшар има за ...
Скопје, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 30-ти август до 5-ти септември 2024 година, пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период (n=17), информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во Скопје (n=14; 56,0%), а пријавени се и 5 случаи од Тетово, 3 од Кратово, ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Секоја недела на Вашиот Број 1 локален информатор – интернет порталот OhridPress Ви нудиме избор од ТОП вестите кои ја одбележаа неделата која е зад нас. Од нив, најголемиот дел се авторски вести на нашата редакција, но поместен е и избор од настаните кои оставија белег на седмицата која е зад нас. Започнува новата учебна година, во Охрид годинава 436 првачиња Струшкиот суд не прифати застареност за ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на државниот празник 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија, вечерва, во 18:00 часот, во Куќата на Робевци ќе биде отворена самостојна изложба од авторот Боро Митрески- Минта насловена „33 Христос живот за спас на човештвото“. Во истата се изработени 33 сребрени микроекспонати (годините на Христос). Посетителите ќе можат да ја видат изложбата ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Свети маченик Адријан и преподобна Наталија. Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со своја програма, НУ Завод и Музеј Охрид се приклучува на активностите за одбележување на државниот празник 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. – По повод 32 години од независноста, под слоганот „8-ми Септември – Гласник на слободата“, музеите, локалитетите и галериите ќе бидат отворени за сите граѓани без надоместок. Имено нашите музејски објекти Куќата на Робевци, Галеријата на ...
Охрид, 8. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...
Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Виолета Петкоска, наставник по одделенска настава во ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид го доби признанието Просветен работник на годината за учебната 2023/2024 година. Одлуката е донесена врз основа на одредбите од Статутот на Сојузот на просветните работници на Република Македонија на последната седница која се одржа во четвртокот, на 5-ти септември 2024 година. – Како дете на родители – учители и талентот Божји, ...
Скопје, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Чудото од дете Дамјан Давков освои сребрен медал на Светската олимпијада по информатика што се одржува во Александрија, Египет. Еден од најталентираните средношколци во Република Македонија, кој два пати по ред освои злато на Светската олимпијада по математика, за малку не го освои врвното одличје и на овој натпревар. – Дамјан беше многу блиску и до освојување на златен медал, а од ова извонредно ...
Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од 17-ти до 22-ри септември оваа година, во Охрид ќе се одржи 67. Светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА). – На овој највисок репрезентативен собир на државите и полициите од светот-членки на ИПА, свое учество најавија 64. држави и нивни национални ИПА секции како и други меѓународни организации членки на Обединетите нации, со присуство на 240 учесници-високо рангирани полициски ...
Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Турскиот кошаркар, кој е роден во Охрид Џеди Осман ќе потпише договор со Панатинаикос, објави претседателот на клубот Димитрис Јанакопулос. Осман се враќа во Европа откако ја мина сезоната во Сан Антонио Спарс, а претходно шест години играше за Кливленд Кавалирс. Во трка за потписот на Осман, периодов наназад беа и белградски Партизан, Реал Мадрид и екипата на Анадолу Ефес. (Крај) извор: kurir.mk фото: ...
Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Членови на Здружението на љубители и подржувачи на Националниот парк „Галичица“, во содејство и логистичка поддршка од ренџерската служба при паркот денеска извршија подигнување на дива депонија во атарот на селото Рамне. – Во наредниот период со помош на донатори во соработка со Националниот парк „Галичица“ ќе се пристапи кон воспоставување на мониторинг мрежа, доброволна чуварска служба која ќе врши ЕКО ...
Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Видео посветено на единствениот „Музеј на криминалистиката“ кој постои во Република Македонија е објавено на YouTube каналот Види Вака. – Покрај останатите експонати во музејот се и две препрарирани животни. Едното е шимпанзо Милева, кое побегнало од зоолошката градина во Скопје, и грабнало петмесечно бебе од мајка во Градски Парк во Скопје, а другото е лебед кој бил застрелан во Охрид, а со кој претходно ...
Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ако внимателно го слушате вашето тело, навреме ќе ги препознаете опасностите и ќе ги спречите. На пример, зголемената жед, честа потреба за мокрење, топли бранови, несоница и ноќни грчеви се сметаат за симптоми на дијабетес. Исто така, треба да бидете внимателни ако се појават главоболки и вашата телесна тежина нагло опадне. Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога телото не може правилно да го ...
Охрид/Гренхен, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Климент Настоски од неодамна е нов спортски директор на швајцарскиот фудбалски клуб „Гренхен“. Според објавата во локалниот весник, заедно со претседателот и со засилена екипа очекуваат поголем успех и влез во повисока лига во Швајцарското првенство. Настески е 37-годишен Охриѓанец кој започна во младинскиот клуб во Охрид, по што продолжи во фудбалската школа на „Партизан“ во Белград, ...
Струга, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се реализира втората еко-акција за чистење на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, во организација на Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“, а поддршка и активно учество најавија и од тимот на MonVa Clear Kayaks and SUPs. Нуркачите од „Норкач”, но и нуркачки клубови од цела Македонија и Србија ќе ги здружат силите ...