
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, на 27-ми март 2025 година, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе пристигне првиот лет од Истанбул до Охрид на авиокомпанијата Turkish Airlines. Се очекува на настанот да присуствуваат и премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во Република Македонија, Серкан Каптан, ...
Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 25-ти март, во 1860 година на анонимниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот преродбеник Григор Прличев доби „Ловоров венец“. Венецот го доби за поемата „Сердарот“, кое е воедно негово најпознато дело. Во наградата спаѓало и студирање во Берлин или Оксфорд, но таа награда можел да ја добие само ако се откаже од сè словенско во него – и тој ја одбил. Поемата е напишана во 1860 ...
Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во стариот дел на градот, на потегот од „Долна“ до „Горна порта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од ...
Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 13 литри дожд на м2. Според УХМР, во текот на изминатите 24 часа најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 31 литар на метар квадратен. Водниот талог е 25 литри на единица површина во Пожаране, 22 на Попова Шапка, 16 во Тетово, 13 во Охрид, 10 во Крушево и Претор, 6 во Скопје-Зајчев Рид и Прилеп, 3 во Скопје-Петровец, Тополчани, Пожар-Радовиш, 2 во Крива Паланка, ...
Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поради изведба на градежни работи на коловозот на улицата „Македонски просветители“, денеска возете внимателно на потегот кон Полиција и Пожарна, каде вработени во претпријатието кое е изведувач на работите го регулираат сообраќајот. Станува збор за изведба на градежни активности за реконструкција на крак од улиците „Дејан Војвода“ и „Македонски Просветители“. Неодамна најголемиот дел од овој потег беше ...
Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Црвен крст Охрид, во соработка со организацијата Canadians for Children at Health Risk, од Торонто, Канада, организира инспиративна, едукативна, онлајн работилница на тема „Научи вештини за да го водиш својот живот (Learning skills to lead your life). – Домаќини на работилницата, која ќе се одржи во среда, на 26-ти март 2025 година, со почеток во 20:00 часот во просториите на Црвен крст Охрид, ќе бидат младите ...
Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети Григориј Двоеслов, папа Римски. Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа беше сенатор и началник на градот Рим. Но, штом се упокои татко му, тој се оддаде на духовен живот. Од своето големо богатство изгради шест манастири во Сицилија, а седмиот во Рим, во чест на апостолот Андреј. Во тој манастир и самиот прими потстриг. По смртта на ...
Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15. степени. – До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Во овој период локално се очекува ...
Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На експресниот пат А1, делница Градско-Дреново, од 17-ти март до ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на ООУ „Братство Единство“ во Охрид, вечерва се одигра третото коло од Бизнис лигата „Охрид 2025“ во шах, во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, – Учествуваат седум екипи: „Опен ГИ“ Охрид, „ВА Пласт“ Охрид, ЈП „Нискоградба“ Охрид, ЈП „Градски гробишта“ Охрид, Шпаркасе Банка АД Скопје, ООО „Дизајн Принт Студио“ Охрид и УИТ „Св. Апостол Павле“ Охрид, информираат организаторите. Во ...
Битола, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – По протестот кој се одржа пред десетина дена и вториот кој беше најавен, но одложен поради немилиот настан кој се случи во Кочани, граѓаните на Битола на социјалните мрежи најавуваат нов протест против отворањето на регионалната депонија во Новаци. Бројни граѓани се против оваа одлука и на социјалните мрежи го изразуваат несогласувањето и најавуваат протест пред Совет на Општина Битола, закажан за среда, 26-ти ...
Скопје/Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминативе денови се направени вкупно 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност од страна на екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), заедно со сите надлежни институции, а кои се однесуваат да преземените вонредни контроли, информираат од Владата на Република Македонија. Преземени се повеќе чекори: – Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Уникатноста на црквата „Света Богородица Заумска“ во непосредна близина на селото Трпејца, Охридско, до која може да се дојде само по воден пат, од езерото, е позната во светски рамки. Пред црквата се наоѓа и местото каде што е најдлабоката точка во Охридското Езеро. Ова извонредно духовно светилиште од 14 век, кое е сместено под карпестиот гребен на Галичица, со својата околина привлекува голем број верници, ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – По претходно распишан Јавен повик за доделување на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби за учебната 2024/2025 година, Општина Охрид ги објавува ранг листите на добитници на стипендии наменети за овие категории. Повеќе ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од канцеларијата на „Жан Митрев клиник“ во Охрид ја продолжуваат мисијата за промоција на здравјето и превенцијата на граѓаните на Охрид и регионот. – Алергијата е имуно-посредувана хиперсензитивност која се јавува кога телото е сензибилизирано на алергии. Најчести причини за алергии се иритантите на дишните патишта (прашина, грини, полен, мувла). Друга група за алергија се лекови и храна, зачини и одредени бои ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид постигнаа забележителен успех на регионалниот натпревар по германски јазик. – Повторно успеси за нашите ученици на регионалниот натпревар по германски јазик. I година, II награда за Марија Вранишкоска, а од II година пофалници добија Ана Танеска и Ивана Богданоска. Ментор беше Цветанка Дамчевска, информираат од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. На учениците и менторот им ...
Радовиш, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Премиерот Христијан Мицкоски вели дека и понатаму ќе продолжат инспекциските контроли во сите јавни објекти низ државата. Посочи дека кај 70-80 проценти од објектите биле воочени огромни неправилности. – Да, ќе продолжат и понатаму. Тие течат. Никогаш не престанаа. Јас можам да кажам дека воочени се огромни неправилности. Кога зборувам за огромни неправилности, зборувам конкретно за 70-80 проценти од ...
Охрид/Струга, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти март 2025 година, околу 23:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле две лица од струшкото село Шум и од Струга, на возраст од 21 и 22 години. – При преглед во возилото марка „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал 21-годишникот од селото Шум, а сопатник било лицето од Струга, кај стружанецот била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на ...
Скопје, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – По сите направени испитувања, денес од клиниките во Скопје ќе бидат испишани 16 пациенти, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари. На лекување во Скопје ќе останат уште 30 пациенти. Во меѓувреме се вршат подготовки за прием на пациенти што се лекуваат надвор од државата. – Надвор од државата се лекуваат 115 пациенти, неделава очекуваме 8 да се примат на нашите клиники и по ден до два престој ќе бидат ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена кај пешачката патека до каналот „Студенчишта“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – После дождот – сонце, после темните облаци – светлина… Да се надеваме дека настаните од изминатите седум дена нема никогаш повеќе да ни се повторат и дека сите заедно ќе извлечеме големи поуки од истите. Од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, на нивниот официјален профил на Facebook објавија неколку прекрасни фотографии од изворите на реката Црн Дрим, кај „Св. Наум“. Погледнете: извор: ОхридПрес фото: ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Рубрика „До кај сме“ на OhridPress со процесот на претворање на охридското „Островче“ во полуостров. Секој ден веќе подолг период наназад објавуваме по една фотографија од истата локација, со надеж дека одговорните ќе преземат соодветни мерки и нема да ни се случи „Преспанизација“ на Охридското Езеро, кое за жал продолжуваме да го третираме како вештачка акумулација. (Крај) извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 12 литри дожд на м2. Најмногу дожд наврна во Лазарополе каде се измерени 29 l/m2, а по него и 21 l/m2 во Маврови Анови, 16 во Крушево, Попова Шапка, 12 Охрид, 10 Прилеп, Пожаране, Пожар-Радовиш, 9 Претор, Виница, Тополчани, 8 Струмица, 7 Берово, 6 Крива Паланка, Гевгелија, 5 Тетово, 4 Битола, Демир Капија, Кавадарци, 3 Скопје-Петровец, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, ...
Скопје/Кочани, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Пет критични и 110 стабилни е состојбата на пациентите од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство. Враќањето на првите пет лица се очекува во земјава во среда или четврток, за што е изготвен и Протокол за нивно прифаќање. Според последните информации од министерството за здравство, сите 55 лица, пак, кои се третираат во македонските болници се, исто така, во добра состојба. Девет од нив се ...
Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Повторно сообраќајка на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на „Св. Еразмо“… Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-село Подмолје, повредено лице од Скопје… Ова се насловите од вестите објавени само во текот на последните три дена, а се однесуваат на сообраќајни незгоди кои се случени на патниот правец Охрид-Кичево, кој и понатаму останува сериозна безбедносна црна точка во регионот и е познат по честите ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети Софрониј, патријарх Јерусалимски. Роден е во Дамаск од угледни родители. Откако насобра светска мудрост, не се задоволи и тргна да ја собира единствено духовната. Во Лаврата на свети Теодосиј се најде со монахот Јован Мосх кого го зеде за свој учител и тргнаа заедно да ги обиколуваат манастирите и подвижниците во Египет. Нивното мото ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 17. степени. – Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на неделата кога наместа врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер ...
Охрид, 24. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Времена измена на сообраќајот: На експресниот пат А1, делница Градско-Дреново, од 17-ти март до ...
Охрид, 23. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри март 2025 година, во 15:35 часот, на улицата „Кленоец“ во Охрид, приведено е 46-годишно лице од Охрид. – Тој, бил агресивен кон полициски службеници кои вршеле увид по случена сообраќајна незгода и се обидел да делува врз патничкиот автомобил кој бил учесник во незгодата. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 12 ...