Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, на потегот од Градското пристаниште до „Мазија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, на Светски ден на театарот, со мотив од охридскиот Центар за култура „Григор Прличев“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 4 Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната ...
Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Anne Hathaway направи неочекуван музички пресврт во соработката со Charli XCX на новиот сингл „Burial“, песна која предизвикува силни реакции – не толку поради нејзиниот звук, колку поради естетиката и симболиката што ја испорачува. Песната е дел од soundtrack-от за претстојниот филм „Mother Mary“, во кој Hathaway игра глобална поп-ѕвезда, чиј беспрекорно изграден лик почнува да се распаѓа. Приказната ...
Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Еден месец по првиот, пејачката Александра Јанева, дамата со прекрасен глас, го објави новиот сингл „Како спиеш ти“, од новиот албум насловен „Сестро“, кој треба да излезе оваа година. Музиката, аранжманот и целосната музичка продукција се на Лазар Цветкоски, а текстот е на Луна. За видеото се погрижи охриѓанецот Даниел Јовески. – Сестра е секоја жена која ти подала рака, секоја пријателка која ти помогнала ...
Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Преподобен Бенедикт. Роден е во Нурсиската област во Италија, во 480 година, од богати и угледни родители. Не се задржа долго по школите, зашто брзо увиде дека заради книшкото учење може да го изгуби „големиот разум на својата душа“. Од училиште излезе како „ненаучен мудрец и разумен незнајко“. Побегна во еден манастир, каде прими монашки ...
Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на театарот, 27 март. Возобновувањето на театарскиот живот во Охрид не е од важност само за охриѓани и тимот актери, туку и за сите љубители на театарот. Во оваа форма, како Национална установа во рамки на Центарот за култура „Григор Прличев“, Народниот театар Охрид опстојува од 2011 година, по долгогодишни иницијативи во Охрид да се возобнови професионалниот театар. ...
Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Културниот центар „Култ“ во охридската чаршија, денеска ќе се одржат два последователни културни настани. Од 17:00 часот е предвиден разговор посветен на охридскиот поет, писател за деца и за млади и енигматичар Тоде Илиевски, во рамките на читачкиот клуб „Одрадек“. Во разговорот ќе учествуваат: Никола Гелевски, Ѓоко Здравески, Марина Шокева и Смиле Наумоски Брсјак. Во 19:00 часот, пак, ќе се одржи ...
Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 8 степени. – Денеска ќе има повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег ...
Охрид, 27. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Врнежи од снег има на планинските премини Стража, Буково, Ѓавато, Пресека, Маврово, Крушево и на Попова Шапка со мали остатоци од кашаста маса на коловоз по интервенција на дежурните служби. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Деби албумот „ДоМа“ на Дуо Дениција од денеска е достапен на сите дигитални платформи. – Пресреќни сме што конечно можеме да ја споделиме нашата музика со вас. Голема благодарност до JSM Records што веруваа во проектот и за целата неверојатна работа што ја направија, споделија од Дуо Дениција на нивниот официјален профил на Facebook. Композицијата „Waves“ од композиторот Ангел Спироски, која беше објавена ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнаа градежните активности за асфалтирање на улици во населените места Горно и Долно Лакочереј, во рамки на проектот за изградба на примарна канализациона мрежа. Се работи за асфалтирање на улична мрежа со вкупна должина од 700 метри и широчина од 4,5 метри. Се поставуваат два слоја асфалт (7 + 5 см), согласно проектната документација. – Вредноста на инвестицијата изнесува 8 милиони денари, а ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Силниот јужен ветер и брановите денеска најверојатно го скинаа поврзувањето со сидрото и една едрилица попладнево можеше да се види на кеј „Македонија“, како удира во бетонскиот дел од патеката. Очигледно скапото пловило, од ударите во кејот, на потегот пред хотел „Тино“, веќе имаше претрпено одредени оштетувања. До овој момент нема потврдени информации за причините кои довеле до инцидентот. Доколку некој ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 март во семејниот дом во Охрид, ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Годишниот традиционален хуманитарен настан на охридските гимназијалци повторно ги обединува младите таленти и хуманоста на едно место. Во сабота, 28-ми март, во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20:00 часот ќе се одржи концертот „Филмовизија 3“. – Гимназијалците ќе приредат незаборавна вечер исполнета со филмска музика, емоции и солидарност. Публиката ќе има можност да ужива во богата програма ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Викендов започнува летното сметање на времето. Вечерта помеѓу 28-ми и 29-ти март (сабота спрема недела) во 02:00 часот наутро стрелките на часовникот треба да се поместат еден час напред, со што времето во 02:00 ќе се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето или летно време е договорено правило за пометување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата ...
Скопје, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Момците од 2Bona и Влатко Лозаноски – Лозано ја објавија нивната прва заедничка песна насловена „Минус и плус“. – „На македонската музичка сцена недостасуваше нов, свеж и несекојдневен музички проект, „Каква спојка, браво момци“, „Спојкава може цел албум да направи заедно“, се само дел од коментарите. Инаку, музиката, текстот и аранжманот се заедничко дело на Лазар Цветковски, Магдалена Ена Цветковска и ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот. – Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже. Денешниот „Срамизам“ сведочи за уште една вистинска депонија над поранешна Детска болница. Фотографиите ни ги испрати Steven Guy Bilodeau, кој ја замени неговата Калифорнија за Охрид и ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Jack Savoretti го продолжува своето неверојатно креативно музичко патување со уште една посебна соработка, претставувајќи ја „Hear You Calling (Echi Di Sirene)“ заедно со динамичната италијанска уметница Mille. Песната се издвојува не само по својот мелодичен идентитет, туку и по начинот на кој ги поврзува јазичните и културните елементи, комбинирајќи англиски и италијански текст. Ова ново издание се движи ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Царинската управа и МВР ги зајакнуваат капацитетите за заедничко делување против обидите за криминал на меѓународните аеродроми. До крајот на мај се очекува целосно да се стави во оператива Граничната меѓуагенциска единица на Aеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како дел активностите што ги презема државата во рамки на втората фаза од Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Автомобили на тротоар и велосипедска патека – паркирани или со вклучени четири трепкачи, ваква е секојдневната слика долж улицата „Питу Гули“ во Охрид. Читатели на OhridPress до редакцијата испратија фотографии како потврда, велат за да се стигне од еден до друг крај на улицата повеќе одиме по коловоз отколку по тротоар, проблем е и поминувањето со детска количка. Со затоплувањето на времето дополнително ќе ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Tori Amos откри уште една песна од нејзиниот долгоочекуван нов албум „In Times of Dragons“, објавувајќи ја „Shush“, песна што ја зајакнува тематската насока веќе зацртана во првиот сингл, „Stronger Together“. Со „Shush“, Amos навлегува во свет каде што политичката реалност е испреплетена со фантазијата, претставувајќи фикционализирана верзија од себе. Во оваа нарација, таа се наоѓа во брак со опасен и ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Културниот центар „Култ“ во охридската чаршија, утре ќе се одржат два последователни културни настани. За 17:00 часот е предвиден разговор посветен на охридскиот поет, писател за деца и за млади и енигматичар Тоде Илиевски, во рамките на читачкиот клуб „Одрадек“. Во разговорот ќе учествуваат: Никола Гелевски, Ѓоко Здравески, Марина Шокева и Смиле Наумоски Брсјак. Во 19:00 часот, пак, ќе се одржи промоција ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Haddaway и после толку години продолжува креативно да се развива и има нов албум „The Sun“, означувајќи ја новата, лична и зрела уметничка фаза. „The Sun“ музички се движи помеѓу електронска и поп естетика, со силни влијанија од денс-поп, европоп и евро хаус. Haddaway, познат по своите големи хитови од 90-тите, останува верен на својот карактеристичен звук, но во исто време вклучува и модерни продукциски ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Зад секој блескав простор стои најдобриот тим, а аптеките „Виа Фарм“ се дел од нашите пријатели, каде највисокото ниво на хигиена е наша обврска и задоволство, порачуваат од охридската компанија Cleanex Professional – Сервис за хигиена. – Богатото искуство и традицијата, се гаранција за задоволни клиенти и услуги спроведени по највисоки стандарди. Аптеките „Виа Фарм“ се дел од нашите пријатели, каде ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Одличниот Maluma има нов сингл насловен „Botero“, уникатна соработка со Arcángel и NTG што ја комбинира урбаната култура со уметничкото наследство на Колумбија. Песната означува нова креативна фаза за уметникот, каде што идентитетот, корените и естетиката се во центарот на вниманието. „Botero“ црпи инспирација од делото и филозофијата на иконскиот уметник Fernando Botero, користејќи го неговото име како ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажите „Горица 3“ и „Славија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово од плажата „Горица 1“, со мотив од стариот дел на градот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 1 Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Светата Православна црква денеска го празнува споменот на Свети Никифор, патријарх Цариградски. Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го разобличи. Заради ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис. На тој остров имаше манастир којшто самиот Никифор го ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, во 1892 година, во Зајечар, Србија е роден светскиот биолог Синиша Станковиќ, основоположник на Хидробиолошкиот завод во Охрид и ментор на првите македонски истражувачи на Охридското Езеро. Професор Синиша Станковиќ бил еден од најеминентните биолози на поранешна Југославија и е еден од втемелувачите на екологијата како дисциплина. Бил член на Српската академија на науките и уметностите ...
Охрид, 26. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Народен театар организира две хуманитарни театарски изведби, со цел да се собират средства за лекување на нашата сограѓанка Ева во Германија. Вечерва од 19:00 часот премиерно ќе биде изведена детската претстава „Чаплин во црно-белиот свет“, во режија на Ѓорѓи Ризески. – Станува збор за детска театарска претстава инспирирана од делото, поетиката и духот на Чарли Чаплин, но создадена како оригинален ...