
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 29. степени. – Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса следува период на променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 25 l/m2 за кратко ...
Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ време на чекање за излез од државата е од 40 минути до 1 час, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги ...
Охрид, 7. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Свети апостол Тит. Еден од седумдесетте. Роден е на Крит и воспитан со грчката поезија и философија. Во една прилика, тој зеде да го чита Пророкот Исаија и се посомнева во елинската мудрост. Откако слушна за Господа Исуса Христа, дојде во Јерусалим со уште некои Критјани и лично ги слушна зборовите на Спасителот и ги виде Неговите силни дела. Неговото ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Публиката вечерва имаше ретка и незаборавна можност, во предворjето на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, да ужива во врвна музика со исклучителните инструменталисти од ВИС „Билјана“, кои го одржаа традиционалниот годишен концерт. Овој прекрасен настан, годинава се одржа по дванаесетти пат и повторно ги оживеа прекрасните звуци на староградската песна. Специјален годстин беше Вера Милошевска ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Најмладите „Распеани Рибарчиња“ вечерва настапија на големата сцена „Долни Сарај“ во Охрид. Според познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец Јовица Каралиевски, кој е носител на приказната со фестивалот „Распеано рибарче“, настапот беше можност за младите музички ѕвезди да се почуствуваат исто и рамноправно како големите ѕвезди. Настанот беше дел од програмата на Општина Охрид наменета за ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска, по повод 6-ти Септемри, кога се одбележува 80 годишнината од создавањето на 6. Македонска народноослободителна бригада и 32 години од формирањето на 6 пешадиска бригада, во касарната во Охрид се одржа пригодна свеченост. Пред построената единица од воените ветерани и резервисти на 6-та пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија, за нејзиниот развоен пат, зборуваше полковникот во пензија ...
Струга, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утре ќе се реализира втората еко-акција за чистење на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, во организација на Клубот за подводни активности „Норкач“ од Струга во соработка со Camping SCOUT, Diving.mk и нуркачки клуб „Сирена“, а поддршка и активно учество најавија и од тимот на MonVa Clear Kayaks and SUPs. Нуркачите од „Норкач”, но и нуркачки клубови од цела Македонија и Србија ќе ги здружат силите за ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за периодот од 2025 до 2027 година. – Во рамките на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Еден од главните приоритети на Владата е обезбедување на поволни услови за ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Женскиот стрелачки клуб „Лихнидос“ по вторпат е организатор на Меѓународниот турнир „Grand Prix 2024“, под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка федерација. Турнирот ќе се одржи на 15-ти септември на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, а учесниците ќе се натпреваруваат во спортско стрелаштво со огнено оружје – пиштол и револвер, како и малокалибарска пушка со оптички нишан на 50 и ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 12-ти септември ќе се одржи еко акција за чиста Галичица. Ќе бидат опфатени едукативната патека „Галичица на дланка” и „Зелената училница”. – Ајде да ја промениме лошата слика во Националниот парк Галичица. Едукативната патека „Галичица на дланка” и „Зелената училница” да ги направиме повторно чисто место каде што ќе се едуцираат нашите деца, порачуваат од паркот. Почетокот е закажан за 09:00 ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Pet Shop Boys ја споделија со светот досега необјавената песна, „Everybody Will Dance“. Напишана и снимена за време на студиските сесии за нивниот неодамнешен албум „Nonetheless“, објавена е како бонус песна на синглот „Feel“. Легендарното дуо сподели и видео за „Feel“, како и ремиксот на Neil Tennant на одличната „Why“ на Bronski Beat. Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на ...
Струга, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 49-годишно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. – При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа опојна ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – The Evolution of Ibiza: Can the White Isle retain its legendary magic? е насловен документарниот филм за Ibiza, популарниот остров на забавата. Полни 68 минути, легендарни имиња како Carl Cox и Fatboy Slim зборуваат за своите искуства. Овој долгометражен документарен филм ја раскажува историјата на сцената на островот од хипи дружење од 1970-тите до број еден клабинг дестинација во светот. Носи интервјуа со ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На платото пред НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во петок, на 13-ти септември 2024 година, со почеток во 19:00 часот ќе се одржи 36. издание на Охридските староградски средби. Ќе настапат Градскиот хор „Вокс Лихнидос“ од Охрид, ЗП Градски Хор од Штип, Вокален Октет – Прилеп, Ансамбл „Вања Лазарова“ од Скопје, ЗП Пеачка група Гевгелија, ВПГ „Ѓердан“ од Штип и КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца. – ...
Скопје/Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2024 година, во споредба со јули 2024 година, е зголемен за 0,2 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0,3 %, Алкохолни пијалаци зa 0,3 % и Ноќевања за 0,1 %. Индексот на цените на угостителските услуги во август 2024 година, во однос на истиот месец од ...
Скопје/Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Анализата на Државниот завод за статистика покажува дека жителите на главниот град плаќаат најскапо месо, но зачудува што тетовци плаќаат најскап грав, додека струмичани најскап компир. – Споредбата во цените покажува дека телешкото месо во Скопје се продава по просечна цена од 817 денари, додека најевтино плаќаат жителите на Штип, каде што телешкото месо во јули чинело 380 денари. Јунешкото месо ...
Загреб, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти ноември, во загребска „Арена“ ќе се одржи големата прослава и концертот по повод 55 години од постоењето на групата Нови Фосили. – Сања, Маринко и Зец најавуваат бројни изненадувања и гости, а подготовките за спектаклот се во полн ек. Во тек се пробите со продукцијата и целиот тим за да имаме забава за паметење за која долго ќе се зборува, велат организаторите. Пред овој концерт Сања, Маринко и Зец ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Лошата патна инфраструктура, но често и невниманието на возачите и пребрзото возење се најчестите причини поради кои сообраќајните незгоди се честа слика на нашите патишта. За жал, често тие резултираат и со повредени лица, а дел завршуваат и со трагични последици. Сепак, според официјалните податоци, бројот на сообраќајните незгоди со човечки жртви на територија на Охрид е намален за 50% во однос на ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Газираната и негазираната вода се подеднакво корисни за одржување на рамнотежата на водата во телото. Сепак, предност се дава на негазираната, затоа што газираната вода понекогаш може да го наруши уринарниот и дигестивниот систем, покажаа резултатите на испитувањата спроведени од австралиски научници. Според нив, газираната вода не им штети на забите и коските, иако, поради својата киселост, може да ја ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид, вечерва ќе се одржи свечен концерт на кој ќе настапат дел од учениците на ООМУ „Методи Патче“ од Охрид со камерниот оркестар „Анима“ од Република Бугарија. – Под диригентска палка на Георги Зајранов, како силисти ќе настапат Емилија Илиева на виолина од НУ „Добри Христов“ од Варна, Стефан Таштаноски и Михаил Стојаноски на хармоника и Виктор Србиноски на виолина ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во предворjето на црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на Вокално инструменталниот состав „Билјана“. – Ова година, по дванаесетти пат ќе уживаме заедно во звуците на староградската песна. Наш годинешен гостин е почитуваната Вера Милошевска Јосифовска од групата „Љубојна“, информираат организаторите. Билетите се во ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од програмата на Општина Охрид наменета за најмладите под мотото „Културата расте со децата“, вечерва, малите „Распеани Рибарчиња“ ќе настапат на големата сцена на „Долни Сарај“. – Тие ќе можат да се почуствуваат исто и рамноправно како големите ѕвезди. Ве покануваме сите да нѝ дојдите, вратите се отворени за сите, влезот е слободен, порача познатиот охридски продуцент, композитор и текстописец ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и град. Максималната температура ќе се искачи до 28. степени. – Следува период на променливо облачно време на повеќе места со пороен ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничнитe премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...
Охрид, 6. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го прославуваат споменот на Свети свештеномаченик Евтихиј. Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражавател на светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вброен помеѓу седумдесетте апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за ...
Скопје/Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Судскиот совет на денешната 497. седница утврди престанок на судиска функција на Богоја Стрезоски, судија на Основен суд Охрид поради исполнување на услови за старосна пензија. Воедно, донесе одлуки за престанок на шест судии поротници во Основен суд Велес. Советот изгласа избор на осум судии поротници на Основен суд Велес. Судскиот совет донесе одлуки за престанок на 12 судии поротници на Основен ...
Скопје/Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Оваа година 1.777 семејства со ниски приходи ќе добијат ваучери за одмор во висина од 18 илјади денари. Истите ќе треба да се искористат во периодот од 15-ти септември до 1. декември 2024 година во некој од домашните туристички капацитети и угостителските објекти за сместување кои се пријавиле во Министерството за економија и труд. Целта на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешната седница Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање одлучи да се повлечат Предлог законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата и Предлог законот за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата, реагираат од Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42, од каде додаваат дека искрено го поздравуваат ваквиот потег и се ...
Скопје, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија го објави јавниот повик за доделување пари на општините за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, соопштија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински на денешната заедничка прес-конференција. Владата вкупно планира да одвои 250 милиони евра, а со денешниот прв јавен повик се ставаат на располагање 100 милиони евра. – ...
Охрид, 5. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 15 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи. Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегација на Бугарската амбасада во Скопје, претставници на Бугарскиот конзулат во Битола, Капетанијата на пристаништата и граѓански здруженија. Несреќата се случи на 5-ти ...