Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Охрид, 15. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија и македонскиот народ низ светот на 15 мај го одбележуваат Денот на македонското знаме. Македонија и Македонците имаат долга традиција на употреба на црвеното знаме. Во поново време црвеното знаме го употребуваат македонските востаници во Разловечкото востание од 1876 година и во Кресненското востание во 1878 година, а црвено востаничко знаме се споменува дека се вее и во Крушево во екот ...
Охрид, 15. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети Атанасиј Велики. Кај нас светецот се слави во зима, на 31-ви јануари, но и на 15-ти мај. На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. Св. Атанасиј Велики е роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот ...
Охрид, 15. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат споменот на Свети Атанасиј Велики. Кај нас светецот се слави во зима, на 31 јануари, но и на 15 мај. Атанасовден локално познат и како Танасовден претставува празник посветен на големиот христијански светител Св. Атанасиј Велики. Македонците го празнуват двапати во годината. На 31 јануари, со домашни служби, се празнува Атанасовден-зимен, како заеднички спомен на ...
Охрид, 15. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 20 степени. – Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има поинтензивни ...
Охрид, 15. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охрид е домаќин на 10-тиот Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати, што се одржува од 13 до 15 мај во Охрид. – Импресивен е бројот на учесници и изборот на темите на овој конгрес и гордо можам да кажам дека деновиве Охрид е домаќин на европската елита којашто е дел од битната стопанска дејност за снабдување со нафта. Тема која кај секој од нас побудува интерес. Верувам дека бизнис ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 13 мај 2026 година во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишија од слобода 35-годишно лице од Охрид. – При претрес во неговиот дом во Охрид и во неговото возило, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја и дигитална вага. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 13 мај 2026 година, во 18:20 часот на улицата „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 34-годишно лице од селото Велгошти. – При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило со охридски регистарски ознаки, управувано од лицето и при извршено алкотестирање утврдено е дека имал 1,90 промили алкохол во организмот. Возилото е одземено и по целосно ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – „Огледало на Охрид“ е насловена самостојната изложба на уметнички дела на младата охриѓанка Стефанија Алачкоска. Изложбата ќе биде поставена во „Летница“, кујна и бар, на 12 јуни 2026 година, со почеток во 19:00 часот. Стефанија има 19 години, и е матурантка од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид. Се занимава со уметност, црта со техника молив, акрил, мастило… Црта најразлични мотиви како икони, пејсажи, ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 13 мај 2026 година во 16:35 часот, на улицата „Илинденска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 39-годишно лице од Охрид. – Тој се сомничи дека во периодот од 12:30 до 13:30 часот во Охрид, со употреба на сила, од 28-годишно лице од Германија одзел мобилен телефон. Откако бил спроведен во Полициската станциа Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Shania Twain го најави објавувањето на новиот албум „Little Miss Twain“, кој се очекува да биде објавен на 24 јули за Republic Nashville. Петкратната добитничка на Grammy награда поминува низ еден од најкреативните периоди во својата кариера, бидејќи, покрај настапите во живо, таа продолжува да го работи и снима нов материјал. Новиот албум е седмиот студиски проект на Shania и го следи успешниот албум „Queen ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на фудбалскиот клуб „Св. Троица“ од Охрид, на крајот на месецов ќе се одржи првиот детски фудбалски турнир „Св. Троица“. – Турнирот ќе се одржи во склоп на Касарна, Охрид, на 30 и 31 мај 2026 година, со играчи од генерациите: 2013/2014 (7+1), 2015/2016 (6+1) и 2017/2018 (4+1), информираат организаторите. Додаваат дека се обезбедени награди за најдобрите, а котизацијата е бесплатна. Сите ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 11 мај, се забранува за пиење водата од изворот во селото Елшани. Претходно преку ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, земена е вода за лабараториска анализа, при што е утврдено присуство на E.coli. Согласно законските обврски, месната заедница од село Елшани треба да постави јасно и видливо предупредување дека водата не е за пиење, а во рок од 3 дена да ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Linda Perry се враќа на музичката сцена со „Feathers In A Storm“, сингл кој е дел од нејзиниот нов албум „Let It Die Here“, кој беше издаден на 8 мај 2026 година, како прв соло албум за неа по повеќе од 25 години. Музичкото видео за „Feathers In A Storm“ е режирано од Simon Chan и се карактеризира со интензивна естетика, постојани промени на сликата и високо стилизирани визуелни елементи. – Песната зборува за ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, но и понатаму е под просекот за овој месец. Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,63 м.н.в, што е за 2 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,65 м.н.в) и 53 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Во текот на минатиот месец се бележеше константно намалување на езерскиот водостој, а сега има постепено покачување. Од ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Маја Кочоска, ученичка во II-8 одделение при ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, го освои второто место на Државниот натпревар по италијански јазик, кој се одржа неодамна на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Маја се натпреваруваше под менторство на проф. Кристина Љубисављевиќ- Петровска, и со своето знаење, посветеност и љубов кон италијанскиот јазик, постигна извонреден успех и достојно го ...
Скопје/Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Република Македонија (АСОМ) најостро реагираат на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и бараат истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. – Донесувањето на ваков закон е ништо друго туку обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа, монополизација на оваа гранка од страна на власта и поединци кои од ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани утре ќе го одбележаат споменот на Свети Атанасиј Велики. Кај нас светецот се слави во зима, на 31 јануари, но и на 15 мај. Се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. Св. Атанасиј Велики е роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство. Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми. Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е направена утрово со мотив од малото пристаниште. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 2 Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од ...
Струга, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод Денот на Европа, во сабота, 16 мај, со почеток во 08:00 часот ќе се одржи велосипедска тура околу Охридското Езеро. Рутата е Струга-Поградец-Охрид-Струга во должина од 90 километри, а организатори се Europe House Struga, во соработка со Општина Струга и Спортскиот клуб „Соларис“. – Ве очекува заедничко возење низ три града и нови познанства по пат, освежување и музички пунктови што ја прават турата ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека хотелот кој се гради кај „Горица 3“ ќе се вика „Горица резиденс Охрид“ и треба да биде готов до крајот на годинава, е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress. Според официјалната веб страна, која е веќе активна, резиденцијалниот дел на комплексот ќе има 42 премиум апартмани, од кои два ќе се дуплекс. Се наведува дека гостите ќе имаат директен пристап до приватна ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денешниот ден го слават во чест на Св. Еремија, како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други влекачи. Иако и на други пролетни празници се изведуват обичаи за заштита од вакви штетници се чини дека тоа најповеќе се прави вечерта спроти Еремија. Во песните што се исполнуваат со овие обичаи ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го одбележуваат денот посветен на Светиот пророк Еремија. Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосија. Им пророкуваше за покајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар Јосија одвај си ја спаси главата од убиствените раце ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со услови за врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе се искачи до 19 степени. – Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...
Охрид, 14. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Македонија Пат“, секција Ресен, во соработка со вработени од ЈП „Национални Шуми“ од Ресен, деновиве на Магистралниот пат А3, Ресен-Буково, поточно на потегот помеѓу селата Лева река и Крушје, во должина од 1.2 километри, ја рачистија десната страна од нависнати дрва на коловозот, во насока на подобро и побезбедно одвивање на сообраќајот. – Денеска продолжуваме со работа во прочистување од ...
Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Весна Терзиоска е избрана за нов претседател на Црвен крст Охрид, на конститутивно-изборната седница на Собранието на Црвен крст на Република Македонија, Општинска организација Охрид, која се одржа вчера. На седницата биле верификувани мандатите на 21 делегат во Собранието, кои активно учествувале во работата и одлучувањето, согласно статутарните одредби на организацијата. – Во рамки на седницата беа ...
Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на предходните два дена, екипи на ЈП „Македонија Пат“, секција Ресен, во соработка со вработени од ЈП „Национални Шуми“ од Ресен, на Магистралниот пат А3, Ресен-Буково, поточно на потегот помеѓу селата Лева река и Крушје, во должина од 1.2 километри, ја рачисти десната страна од нависнати дрва на коловозот, во насока на подобро и побезбедно одвивање на сообраќајот. – Утре продолжуваме со работа во ...