Сообраќајната незгода се случила попладнево во населбата „Радојца Новичиќ“ при која од засега непознати причини дошло до судар помеѓу моторцикл и патничко возило. Во незгодата со повреди се здобил возачот на моторциклот кој е пренесен во Специјализираната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат прописите и да го прилагодуваат возењето согласно ...

На 25.05.2025 во периодот од 17.20 до 18.45 часот на магистрален пат Тетово – Гостивар, на наплатна станица Гостивар и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишиле од слобода 55 годишно лице од Гостивар, 54 годишно од Охрид и 35 годишно од с.Копачиндол, тетовско. ...

Изминатиот викенд На падините на планината Галичица и во Охрид се одржа седмото издание на планинската ултрамаратонска трка Охрид Ултра-Треил. Настанот годинава вклучи пет трки по планински терени, со стартни позиции од различни делови на Националниот парк Галичица и заеднички финиш на градскиот плоштад во Охрид. Во трките на 85 км, 45 км, 42 км, 21 км и 10 км учествуваа вкупно 650 натпреварувачи од 42 земји. Тие имаа можност да уживаат во ...

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Претпладне во крајните источни делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура до 19 степени. Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и ...

И покрај обилните врнежи од дожд утрово, нуркачите од Клубот за подводни дејности Охрид, успешно ја реализираа акцијата за чистење на крајбрежјето на плажата од хотелот „Инекс Олгица“. Во акцијата учествуваа десеттина нуркачи од Охрид, потпомогнати од колегите од клубот „Норкач“ од Струга. По Охрид, нуркачите следната недела се префрлаат во Струга, во селото Радожда каде исто така ќе биде изведена акција за чистење на крајбрежјето. ...

Салата „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва беше исполнета со близу 7000 навивачи, направен беше и кафез со соодветно обезбедување за најавените навивачи од Грција, но Алкалоид и АЕК не го започнаа реванш натпреварот од ЕХФ Купот. Причина за тоа, неофицијално, биле наводно сериозни закани кои ги добил претседателот на АЕК од навивачите кои побарале клубот да не го одигра реваншот со македонскиот претставник. Четириесеттина минути траеше ...

Ракометарите на Охрид загубија од Вардар во 8 коло од плеј-офот 21:25, полувреме 12:11. „Гладијаторите“ во чии редови недостигаат стандардни првотимци, пружија силен оптор на Вардар кој сепак во второто полувреме успеа да стигне до важна победа во салата „Билјанини извори“ со која ја продолжува борбата за титулата. Вардар добро отвори и го контролираше почетното водство. Чаневски влезе во серија одбрани благодарение на кои Охрид го презеде ...

Поранешниот играч од средниот ред на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, од денес и официјално е нов тренер на „Кралскиот клуб“, соопшти прес-службата на мадридскиот клуб. ⚽🤝👔@XabiAlonso | #WelcomeXabi pic.twitter.com/HX22V45b5a — Real Madrid C.F. (@realmadrid) May 25, 2025 Алонсо на клупата на Реал ќе го замени италијанскиот стручњак Карло Анчелоти кој си замина од клубот откако го одработи вториот мандат. Дон Карло со „кралевите“ освои 15 ...

До 1987 година денешниот ден беше еден од најголемите празници во поранешна Југославија. На 25 мај се одбележиваше роденденот на маршалот Тито, или попознат како Ден на младоста. На овој дел илјадници ученици – титови пионери од сите краишта на Југославија подготвуваа специјална програма и кореографии за дочек на штафетата на младоста која поминуваше низ сите населени места и градови, за на крај да биде однесена во Белград каде се ...

На 24 мај, околу 11 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на ул. „Живко Чинго“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 49-годишна охриќанка и патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 66-годишен жител на Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на полото и нејзиниот сопатник (41) од Охрид, додека со ...

Традиционално и овој мај во Кармен Бауцентар Охрид ќе се одржат Акциски денови со попусти на голем број производи. На акција ќе бидат фасадни системи, системи за сува градба, плочки и санитарија, батериски и електрични алати и се што е потребно за вашиот дом и двор да блеснат во полн сјај. На попуст до 50 проценти ќе бидат производи од познати брендови. Акцијата со големите попусти во Кармен Бауцентар Охрид ќе се одржи на 20 и 31 мај, ...

Најмногу дожд изминатите 24 часа до 8 часот утрово наврнало во Крива Паланка и Виница – 20 л/м2. Во Охрид измерен е воден талог од 5 л/м2 Охрид, информира УХМР. Во текот на денот не очекува променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 70 km/h), особено долж Повардарието. ...

Логични и легитимни се нашите прашања за Договорот со Велика Британиј, ниту ние ниту јавноста не знае ништо за тој договор, ниту кој е рокот, ниту колкава ќе биде каматата, изјави денеска од Охрид претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање. Министерката за финансии нема одговор на овие прашања. Тоа е еднакво неодговорно и ако не знае, и ако ги крие информациите. Тоа не доликува на некој што треба да ја чува ...

Фудбалерите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад со „шпалир“ го испратија од теренот легендарниот играч на „Кралскиот клуб“, Лука Модриќ, кој денеска го одигра последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“. Модриќ не можеше да ги сокрие емоциите додека од трибините одекнуваше громогласен аплауз. На теренот се спушти и пензионираниот Тони Крос, а тука беше и семејството на Лука кому почит му искажа и големиот Дон Карло Анчелоти. Luka Modric bids ...

Српскиот тенисер кој пред неколку дена наполни 38 години, триумфираше на АТП турнирот од серијата 250 во Женева. Тој во финалето денеска го совлада Полјакот Хуберт Хуркач со 2:1 (5:7, 7:6,7:6). MILESTONE UNLOCKED 🔓@DjokerNole joins Roger Federer (103) and Jimmy Connors (109) as the only men to record 100 or more ATP Tour titles across their careers in the Open Era 🤩#ItAllAddsUp pic.twitter.com/3scGl9ehxo — ATP Tour (@atptour) May 24, 2025 ...

На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека 42 годишно лице од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 35 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на семејството ...

Градските гробишта во Охрид – место каде што секој човек оддава почит на некој свој близок, денес се претворени во симбол на запуштеност и срам, реагираат од СДСМ Охрид. Сликата таму е поморбидна, полоша и побезнадежна од кога било. А граѓаните – плаќаат дупло повисоки сметки за таканаречени „услуги“ на ЈП „Градски гробишта”. За возврат – добиваат недостоинство, нечистотија и целосно отсуство на грижа. Го повикуваме директорот на ЈП ...

Под влијание на влажен бран денес и утре ќе има врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70km/h). Наместа врнежите ќе бидат обилни и поројни во форма на невреме со услови за појава на град. Од овој бран во јужните и источните делови се очекува вкупно да наврне од 30 до 50 l/m2 дожд. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, особено во недела и почетокот на следната седмица, информира УХМР. Во ...

Со низа активности Општина Охрид ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Свечената програма започнува во 9 часот со полагање цвеќе пред монументалниот споменик во градскиот парк, по што следува доделување на наградите за најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари. Во Домот на култура „Свети Кирил и Методиј“ во ...

Вечерва со трката на 107 километри со почеток во 23:00 од плоштадот во Охрид започнува седмото издание на Охрид Ултра-Треил што ќе се одржи до 25 мај. Годинава на трките учество ќе земат рекордни 650 љубители на планинското трчање од 42 земји. Поради најавените неповолни временски услови организаторите најавуваат измени во трасите на трките на 105K, 65K и 42K. Традиционално Охрид Ултра треил завршува последниот викенд од мај. Ова ни е седма ...

На 22.05.2025 во 23.41 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 45 годишно лице од охридското село Долно Лакочереј. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,10 промили алкохол во крвта, информираат од МВР. Тој, посочуваат, е исклучен ...

Во организација на Македонската квиз асоцијација во недела на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи завршниот Мастерс квиз за оваа сезона. На веќе традиционалниот настан најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите знаења, на најразлични теми од областа на културата, забавата, знаења од историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет. Овој настан, кој прерасна во традиција, по трет пат го ...

На 22.05.2025 во 23.41 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 45 годишно лице од охридското село Долно Лакочереј. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,10 промили алкохол во крвта, информираат од МВР. Тој, посочуваат, е исклучен ...

Вечерва со Охрид Ултра-Треил трката на 107 километри со почеток во 23:00 од плоштадот во Охрид започнува седмото издание на Охрид Ултра-Треил кое ќе се одржи до 25 мај. Годинава на трките учество ќе земат рекордни 650 љубители на планинското трчање од 42 различни земји. Поради најавените неповолни временски услови организаторите најавуваат измени во трасите на трките на 105K, 65K и 42K. Традиционално Охрид Ултра треил завршува последниот ...

Денес можеби не носи ништо ново, но може да биде твојот почеток на нешто што си го одложувал предолго Дали има подобар начин кај навиките, секојдневието, па и во изборите што ги правиме? Денес, сè повеќе полнолетни пушачи бараат алтернатива, а со технологија што го загрева, а не го согорува тутунот, IQOS им овозможува на полнолетните пушачи целосно поинакво искуство. Доколку си подготвен/а за промена, твојот Ден 1 може да започне сега. ...

Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и општинскиот совет за превенција на детско престапништво при општина Охрид денес во 12.30 часот организираат дебата „Црвен картон за врсничкото насилство“. Предавач на тема „ЕМПАТИПЛУС-СР нов модел за превенција на врсничкото насилство“, ќе биде академикот Љупчо Кеверески, а учесници ќе бидат полициски службеници од Отсекот за превенција и инспектори за малолетничка деликвенција при СВР ...

Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Македонија по повод меѓународниот ден на Власите. Почитувани наши сограѓани Власи, нека ви е честит Националниот ден, 23 Мај. Како заедница вие оставате големи треаги во градењето на македонската држава и сте значаен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции. Вие сте лојални граѓани на својата татковина и секогаш работите и творите за ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура до 24 степени. Под влијание на влажен бран во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со ...

На 21.05.2025 околу 23.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локалниот пат кој минува низ туристичкиот комплекс Инекс во Охрид, патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 24 годишно лице од селото Луково, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата 32 годишна сопатничка од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од ...

Советот на општина Охрид во среда, 28 мај, со почеток во 09:00 часот во општинската зграда ќе ја одржи педесет и седмата седница. На Дневен ред се 49 точки, меѓу кои тримесечните извшетаи за работата на јавните претпријатија, тримесечните извештаи за реализиација на програмите во повеќе области, измена на распоредот на средствата во буџетот на општина Охрид за 2025 година и проширување на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2025 ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.32
21%
1010
weather icon

Белград

31ᴼ / 31ᴼ
3.13
43%
1012
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
2.13
33%
1010
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.41
32%
1014
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.32
28%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
0.79
68%
1012
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
4.47
48%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.42
49%
1010
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.8
38%
1010
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
39%
1015
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 34ᴼ
1.34
25%
1010
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.76
74%
1013
Currency

61.4762

Currency

53.3279

Currency

71.8876

Currency

37.4195

Currency

38.1812

Currency

66.1956

Currency

7.92777

Currency

0.6754

Currency

0.3363

Currency

0.52558

Currency

1.12633

Currency

0.56106

Иридиум

252383.36

Платина

52855.83

Рутениум

53852.50

Злато

129943.67

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Калај

54.92

Бакар

13.08

Паладиум

40381.34

Сребро

1853.71

Алуминиум

3.19

Родиум

265243.66