На 14.08.2024 околу 20.00 часот на улицата „15 Корпус“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 33 и 46 годишни лица, двајцата од Охрид. Тие се затекнати на паркинг простор каде одгледувале растение канабис. Подоцна, при претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во ...

На Галичица денес се интревнира со шест воздухоплови и 120 лица од НП Галичица, Планинарскиот клуб „Патагонија“, Резерватот „Езерани“, Дирекцијата за заштита и спасување од Охрид и Свети Николе, ТППЕ Охрид и ТППЕ Ресен, информираат од Центарот за управување со кризи Охрид. На сите фронтови кои се активни се интервенира и во исто време имаме поддршка од шест воздухоплови, три хеликоптери и три ер трактори. Плановите за дејствување се целосно ...

Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира. ...

36. Поетска ноќ во Велестово ќе се одржи од утре до 18 август на локации во Велестово и Охрид. Со поетски портрет годинава ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од шест земји, и тоа: Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија. Од годинава, за наредниот 4-годишен циклус имаме неколку концепциски промени. Имено, наместо преку беседа, творештвото не поетот во ...

Десеттина дена гори сртот на планината Галичица, на две локации, на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен, како и месноста Војтино на охридската страна од планината. Надлежните служби се на терен и утрово. Конкретно како ќе се дејствува денес се очекуваат информации подоцна. Ќе има поддршка и од воздухоплови. Планирано е над шумскиот пат над Љубаништа да се прави пречекување на оган за да не слегува надолу. Пожарот беше ...

Во рамки на проектот „За сите деца“ под мотото „Културата расте со децата“, утре, 16 август, со почеток во 20 часот, на плоштадот „Вангел Наумовски“ ќе се одржи Книжевен хепенинг за деца. Во рамки на настанот ќе има претставување на авторите, писатели за деца Билјана Црвенкоска, Ели Маказлиева, Роза Костеска и Васка Јовановска, како и мини саем на книги и изданија за деца, информираат од Општина Охрид. Во рамки на настанот предвидена е и ...

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен и ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури. УВ индексот ќе биде 8, соопштуваат од УХМР. Во Охрид сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер. Попладне со услови за ...

Четири натпревари се одиграа синоќа на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино кои донесоа ефикасен фудбал. Резултати среда, 14 август Др.Баткоски – Беневенто 2:2 Асп Пак – Глобал линк шпед 3:0 Сатеска – Волино мк 5:2 Аце Најдески – Дооел Ноче 2:0 Турнирот продолжува вечерва со нови четири средби од фазата по групи. Распоред на натпревари четврток, 15 август 20:00 Гоце Македонија – Малче Саунд 21:00 Кафе бар 9 – Ристе ви бој 22:00 ...

Македонската пливачка легенда Томи Стефановски денес препилива 15 километри во Охридско Езеро за поддршка на децата со атипичен развој. Хуманиот подвиг „Пливање за инклузија“ по повод 15-годишнината од препливување на каналот Ла Манш, Стефановски го започна во 10 часот и 30 минути од хотел Десарет во месноста Пештани, пливајќи до Црквата Св. Јован Канео и назад до Охридското пристаниште каде пристигна нешто по 14.30 часот. Целта беше ...

Министерството за образование и наука денеска објави Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година и ги повика студентите што ги исполнуваат условите да се пријават. Студентите што ќе аплицираат треба да се државјани на Република Северна Македонија, редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како ...

Девет пожари на територијата на државата се активни, изгаснати се 24, додека под контрола се 5 пожари информира првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов. Активен и во текот на ноќта и утрово е и пожарот на Галичица. Гори од двете страни на Галичица и од охридската и преспанската страна. Пожарот предизвикува силна вознемиреност помеѓу граѓаните. Пожарот од страната на Преспа се движи во насока на селата Лекосец и Стење. Зборуваме за ресенското село ...

Околу 25 тони вода, загадена со радиоактивен отпад, истекоа од блок два на јапонската нуклеарна централа Фукушима-1, објавија утринава јапонските медиуми, повикувајќи се на енергетската компанија „Tokyo Electric Power“. Увидот на зградата на реакторот откри дека околу 25 тони вода истекле во подрумите преку канализацијата. Не е откриено надворешно истекување. Се наведува дека робот ќе се користи за подетален преглед. Нуклеарната катастрофа во ...

Екипите на домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер вечер ќе го отворат 52. издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2024“, што до сабота ќе се игра на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“. Свеченото отворање е закажано по завршување на мечот, односно за 19 часот и 55 минути, а потоа ќе следува натпреварот меѓу бранителот на титулата Вардар и екипата на Тиквеш. На вториот ракометен ден, Струга ќе се соочи со грчки Паок, по што ќе ...

Собранието на вчерашната седница разгледа закони од областа на животната средина во прво читање со кои три природни локалитети во земјава добиваат посебен заштитен статус. Со посебни закони, Охридското Езеро и Kањонот Матка се прогласуваат за Споменици на природата, додека Студенчишко Блато кај Охрид ќе има статус на Парк на природата. Владата уште лани во февруари донесе одлука за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во трета ...

Во атарот на манастирот Света Петка во Велгошти, вчеравечер се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на овој значаен литературен деец. Во рамки на свечената програма беше доделена наградата за најдобар расказ на авторката за Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“. Во името на Општина Охрид свoј говор пред присутните имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник. Вечерва сме повторно тука, во ...

Македонската пливачка легенда Томи Стефановски организира хуманитарен настан „Пливање за инклузија“ по повод 15-годишнината од препливување на каналот Ла Манш. Трасата за овој хуманитарен потфат за препливување во Охридското Езеро е во должина од 15 километри. Стефановски ќе стартува во 10 часот и 30 минути од хотел Десарет во месноста Пештани, ќе плива до Црквата Св. Јован Канео и назад до Охридското пристаниште. Стефановски ги повикува сите ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. УВ-индексот ќе биде 8. Во Охрид сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. ...

На турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино вечерва се одиграа три средби на кои беа видени 21 гол. Резултати вторник, 13 август Рес.Станица и Викса пром – Блу Фиш 6:1 Дарко пиле – Виена комерц 2:9 Дипсакус – Авто сервис Василески 0:3 Натпреварите на турнирот продолжуваат во среда со четири средби. Распоред среда, 14 август 19:30 Др. Баткоски – Беневенто 20:30 Асп Пак – Глобал линк шпед 21:30 ПН Метал – Оровник 22:30 Аце Најдески – ...

Пожарот на Галичица, кој што трае неколку дена, откако беше ставен под контрола, пак се разбуди, изјави попладнево првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов. Овој пожар во главно се простира од двете страни на Галичица. Еден крак од охридската, а од другата од преспанската страна. Во моментот на охридска страна во гаснењето учествуваат над 25 вработени во националниот парк Галичица, но и доброволци од спасителната служба од Охрид, вработени во ДЗС, ...

Обезбедивме 2.5 милиони евра за капитални инвестици во Општина Охрид со ребалансот на Буџетот за 2024 година, а денес и нов закон за непречно да градиме катна гаража, нови училишта, градинки и болници, информира пратеникот во Собранието на Република Македонија, Сашо Донев. Истакнува дека денес во Собранието заврши комисиската расправа за Законот за урбанистичко планирање, чиј предлагач е Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Со ...

Управата за јавни приходи (УЈП) почна со доставување опомени за неплатен долг на даночните обврзници – физички лица кои должат по основ на утврдена обврска за плаќање во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход (ДЛД ГДП) за 2023 година. УЈП информира дека со состојба на денешен ден, по овој основ 3.042 физички лица должат 52.997.721 денар. Посочуваат дека во изминатиот период преку персонализирани пораки ги потсетиле ...

По повод празникот „Пренос на моштите на Св. Стефан“ утре, 14 август, во манастирот „Св. Стефан“- Охрид ќе биде отслужена вечерна богослужбa со почеток во 19 часот. Во четврток ќе биде отслужена утрена богослужба со света божествена литургија со почеток во 7:30 часот. Ги покануваме сите верници да дојдат на заедничка молитва, велат од манастирот. За моштите на свети архиѓакон Стефан не се знаеше ништо по неговата смрт со каменување во ...

Обезбедивме 2.5 милиони евра за капитални инвестици во Општина Охрид со ребалансот на Буџетот за 2024 година, а денес и нов закон за непречно да градиме катна гаража, нови училишта, градинки и болници, информира пратеникот во Собранието на Република Македонија, Сашо Донев. Истакнува дека денес во Собранието заврши комисиската расправа за Законот за урбанистичко планирање, чиј предлагач е Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Со ...

Со почетокот на Меѓународниот меморијален турнир “Крсте Андоновски” од 20ти август, стартува продажбата на сезонскиот билет за ракометната сезона 2024/2025. Сезонскиот билет важи за сите домашни натпревари во Супер лигата и плеј-оф натпреварувањето, како и Куп елиминациските натпревари. Сезонскиот билет ќе се продава исклучиво на билетарата на СРЦ Билјанини Извори, информираат од ГРК Охрид. Цената на сезонскиот билет со официјалниот дрес од ...

Во јуни годинава во земјава се евидентирани 119 751 туристи, од кои 23.0 % биле домашни туристи, а 77.0 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во јуни 2024 година изнесува 245 249, од кои 27.6 % се од домашните туристи, а 72.4 % од странските. Најбројни се туристите од Турција, по нив следат од Србија, Германија и Грција. Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната ...

На 85-годишна возраст синоќа во Скопје почина легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ. Популарниот „Грк“ работеше во Работнички, МЗТ Скопје, Никол Ферт, а беше тренер и во Србија (Борац Чачак и Војводина), Словенија (Олимпија Љубљана) и Грција (Арис). Како дел од стручниот штаб на југословенската репрезентација има освоено светски шампионат во 1970 година. Лазар Лечиќ се смета за еден од основоположниците на кошарката во ...

Во атарот на манастирот „Св Петка“ во Велгошти со почеток во 20 часот денес ќе се одржи културната манифестација со која се чествува творештвото на писателот Живко Чинго. Програмата почнува со полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, по што следи обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ, како и кратко обраќање на годинешниот добитник на наградата Дијана ...

Тинејџер, 18-годишен, со шлем на главата, маска на лицето, елек, секира на појасот и нож в раце, влегол во чајџилница во турскиот град Ескишехир и повредил пет лица. Напаѓачот бил фатен и приведен, по пријава на полицаец кој го видел инцидентот. Момчето, според наводите, го извршил нападот „под влијание на компјутерски воени игри што тој ги играл“ во играчниците во својот град. Осомничениот е приведен, а петтемина повредени од неговиот напад ...

Со натпреварите од 1 коло по групи, синоќа започна 26 издание на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино. Резултати 12.08. Сатеска – Том гор 7:2 Рики Мебел – Кафе бар 9 0:5 Брумел – Кико Рент а кар 1:6 Гостилница Кај Мече – Ристе ви бој 1:5 Турнирот продолжува денеска со четири натпревари. Распоред вторник, 13 август 19:30 На-На фруит Ресен – Дента Лаб 20:30 Рес.Станица и викса пром – Блу Фиш 21:30 Дарко пиле – Виена комерц 22:30 ...

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на мадите -12 ти август и Неделата на млади, вчера претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски присуствуваше на конференцијата „Општините пријател на младите – Младинското учество во фокус“ што се одржа во Скопје. Во рамки на настанот Божиновски ја прими престижната награда „Општина пријател на младите“ што Општина Охрид ја доби како признание за исклучителните иницијативи и ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
84%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1016
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
0.82
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
2.06
92%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
1.54
73%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 11ᴼ
1.34
75%
1014
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52