Утре ќе бидат испратени до вечните почивалишта настраданите од пожарот во Кочани. Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК) погребот на настраданите ќе се одржи од 11.00 часот на градските гробошта во Штип, во 12.00 часот на градските гробишта во Кочани, во 13.00 часот на гробиштата во с. Облешево, додека останатите погреби ќе се одржат во различни временски периоди во текот на утрешниот ден. Свештениците од локалните ...

По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово затекнале 58 годишно лице од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. ...

Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите. Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население. Досега се обезбедни вкупно: ...

Последниот транспорт на пациенти на лекување надвор од држвата е денес. Веќе нема да има пренесување на пациенти за лекување надвор, дури може да чекаме и некој да се вратат во следните денови, рече на денешната прес конференција министерот за здравство Арбен Таравари. Денес ќе бидат пренесени двајца пациенти во болници во Шведска предпладне, и после пладне уште тројца. Веќе нема потреба други пациенти да се лекуваат надвор од држвата. ...

Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици. Во оваа насока донесени се решенијата согласно претходно објавениот Јавен повик во кој беше посочено дека субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за ...

Претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15 степени. Во Охрид времето денес претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. Следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула. Дневните температури ќе бидат во пораст. Денес и утре ќе дува умерен северен, а од петок ...

Учениците и вработените во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ испратија донација за Клиничкиот центар во Скопје каде што се хоспитализирани настраданите средношколци од Кочани, а исто така, и донација во Брзата помош во Кочани. Донацијата се состои од медицински материјали (физиолошки раствор, алкохол, спрејови за изгореници, тупфери, стерилни гази, завои, анестетици, бетадин, средства за дезинфекција, влажни марамчиња, ампули, памук и сл.), како и ...

На територија на државата извршени се околу 50 контроли во текот на изминатите два дена во угостителски објекти коишто имаат лиценца за работа која се однесува на кабаре, ноќен клуб, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор. Голем дел немале лиценца за работа или им била истечена посочи портпаролката на Владата Марија Митева. Согласно овие контроли на увид се приложени лиценци за вршење на угостителска дејност коишто се со важност и тие се ...

Повеќе илјади граѓани вечерва се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде мирно и во тишина го изразија својот револт предизвикан од големата трагедија што се случи на 16 март во Кочани каде во пожар загинаа 59 лица, во најголем дел млади. На протестот немаше говори и обраќања, граѓаните мирно и достоинствено палеа свеќи и истакнуваа транспаренти со емотивни пораки. Мирни протести денеска се одржаа во повеќе храдови на земјата, меѓу ...

Студентите од Србија кои 4 месеци протестираат барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад каде при пад на бетонска настрешница од реновираната Железничка станица загинаа 15 лица, денеска одржаа мирен собир пред амбасадата на Македонија. Наместо вообичаените 15 минути тишина кои ги симболизираат 15-те жртви во Нови Сад, тие денеска имаа 74 минутен молк со што им оддадоа почит и на настраданите во големата трагедија што пред два дена се ...

По повод големата трагедија во Кочани каде во пожар смртно настрадаа 59 лица, а речиси 200 се повредени, во црквата Св. Троица во населбата „Радојца Новичиќ“, во сабота, 22 март, на празничната литургија ќе се одржи и заедничка молитва за настраданите во големата несреќа. Возљубени во Христа, во овие тешки и страдални денови, кога секој еден од нас жали за големата загуба на детски животи кои пострадаа во немилиот настан во Кочани, не може ...

Поради безбедносни причини саниран фасадниот ѕид до главниот влез на објектот „Развигорче“. Од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ информираат дека при увид во објектот забележано е дека фасадниот ѕид има оштетување, по што се преземни мерки за санација. Ѕидот се наоѓа до главниот влез за примање и испраќање на децата. Исто така влезот го користат и вработените на градинката и родителите кои секојдневно ги носат и земаат децата од градинка. Во ...

На 17.03.2025 во 15.10 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, охриѓанец со неговото моторно возило „форд фиеста“ со охридски регистарски ознаки, го попречил движењето на друго возило, кое го управувало 24 годишно лице од дебарското село Џепиште. По тоа со удари со раце извршил оштетување на возилото. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 17.03.2025 во 13.40 часот, полициски службеници од ОВР ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека овие денови има зголемено присуство на полициски службеници на територија на цела држава, особено во градот Кочани и околу општинската зграда. Зголемениот број на полициски службеници е поради извршување на службени активности и обезбедување на документација од општината, а не заради попречување на граѓаните во нивното загарантирано со Устав право на собирање и одржување на ...

Сите приватни станоиздавачи- даватели на угостителски услуги во куќи, апартмани и соби за одмор да ја проверат важноста на Решенијата за вршење дејност издадени од Одделението за туризам, велат во соопштението од Општина Охрид. Издадените решенија, потенцираат, имаат важност од 3 години и доколку на истите им истекол рокот станоиздавачите треба да поднесат барање за продолжување на Решението. Воедно се известуваат сите станоиздавачи дека ...

Пропустот за контролирањето дали одредена дискотетека или кабаре ги исполнува условите е направен со измените во Законот во 2007 година според кои правното лице е тоа кое самото тврди дека ги исполнува условите, рече премиерот Христијан Мицкоски. Посочи дека за надминување на таквите пропусти ќе бидат направени измени на Законот за угостителство за што ќе се формира работна група. Соопшти дека од вчера и други органи во рамки на своите ...

Релативно е стабилна состојбата на хоспитализираните пациенти од несреќата во Кочани кои се сместени во болниците во Македонија и во болниците надвор од државава, рече на денешната прес конференција Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски. На Клиниката за пластична хирургија во моментов се хоспитализирани 17 пациенти, на Токсикологија 13, на Торакална 4, на Траума 2, на Детска хирургија 4, во КАРИЛ има 14 пациенти, во стара Градска ...

На повеќе локации во поширокото градско подрачје мапирани се 11 диви депонии, каде несовесни граѓани на несоодветен начин го депонирале отпадот и со својот деструктивен чин ја загрозиле околината, велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Во акцијата за расчистување подигнати се 24 м3 кабаст и зелен отпад, а во расчистувањето ангажирана е и специјална механизација (трактори и багер). Најалармантна беше состојбата кај станбен комплекс Даљан и на дел ...

Министерот за здравство Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски и Илир Вела, пристигнаа во Солун со цел да ги посетат и да се информираат за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти. Ги посетивме Општата болница Папаниколау и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. ...

Трагедијата во Кочани која одзеде 59 млади животи е светска тема. Помош и пораки на поддршка стигнуваат од сите страни на планетата. И најголемиот интернет пребарувач „Google“ се солидаризира со Македонија. На главната тема поставена е црна панделка со порака до семејствата на жртвите и повредените. Во Македонија прогласена е седумдневна жалост, а во знак на солидарност денешниот ден за Ден на жалост е прогласен и во Бугарија, Србија, Црна ...

Учениците од средните училишта во Охрид утрово излегоа на мирен марш во знак на солидарност со жителите на градот Кочани каде во страотен пожар пред два дена животот го закубија 59 лица, а околу 150 се повредени, дел од нив тешко. Целта е да оддадеме почит на прерано згаснатите животи во несреќниот случај во Кочани, посочуваат организаторите. Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, гимназијата „Св. Климент Охридски“, средното економско ...

Трагичниот настан во Кочани кој одзеде 59 млади животи го потресе регионот. Во Македонија е прогласена седумдневна жалост, а во знак на солидарност денешниот ден за Ден на жалост е прогласен и во Бугарија, Србија, Црна Гора и БиХ. Во Белград по главните булевари поставени се македонски знамиња, а пораки на поддршка се емитуваат на големи дисплеи поставени во трговски центри и деловни згради во српската престолнина. Трагедијата во Кочани го ...

Времето утрово е студено со врнежи од снег на места. До крајот на денот ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Максималната температура во Охрид ќе достигне 5 степени. Во вторник, утрото ќе биде студено, преку денот претежно сончево. Ќе ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот, информира АМСМ. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни ...

Веќе втор ден како течат активностите на Црвениот крст за поддршка за настраданите во пожарот во Кочани. Црвениот крст продолжува и понатаму со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите. Во интензивна комуникација со релевантните институции се следи ...

По барање на Сојуз на средношколци на Република Северна Македонија ученичките заедници од средните училишта во Општина Охрид утре во 9 часот од предворјата на сите средни училишта ќе организираат мирен марш. Целта е да оддадеме почит на прерано згаснатите животи во несреќниот случај во Кочани. Во овој период ќе има масовно движење на учениците од сите средни училишта во градот. Маршот не треба да ескалира во протест, посочуваат ...

Граѓаните на Кочани денес со протест пред општинската зграда бараа одговорност за несреќата во која загинаа и се повредени голем број млади лица. Протестот почна мирно, но состојбата ескалираше кога дел од граѓаните пред општинската зграда почнаа да фрлаат со јајца и бараа да излезе градоначалникот Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка. Група граѓани го демолираа и кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката „Пулс“. ...

ЈЗУ „Специјализирана болница за нефрологија“ – Струга заедно со ЈЗУ „Општа болница“ Струга, организираше акција за собирање на медицински материјали, како солидарна помош за ЈЗУ Градска општа болница „8 – ми Септември“ Скопје, во која моментално се хоспитализирани повредените од трагичната несреќа во Кочани. Акцијата беше поддржана и од приватните аптеки во Струга, кои донираа значителни количини на медицински материјали, посочуваат од ...

Машката ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од 38-27 на гости во Копер од Словенија, во рамки од четвртото коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година. Мечот се одигра во сенка на големата трагедија што се случи во Кочани каде во пожар во дискотека животот го загубила 59 лица, а околу 150 се повредени. Проблемите за нашата репрезентација станаа уште поголеми по тешката повреда на ...

Сите пациенти кои вчера беа донесени во болниците низ државата се во стабилна состојба, и тие што се пренеси надвор од државата, досега 51, сите се генерално во стабилна состојба. Има пациенти денеска што се јавуваат во болница. Упатувам апел до сите кои не се пријавиле вчера, нека се пријават денеска, рече на прес-конференција министерот за здравство Арбен Таравари. Од вчера почнавме со новата стратегија бидејќи 51 пациент веќе се испратени ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
87%
1018
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
92%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
89%
1026
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
72%
1021
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
4.39
94%
1025
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
0.89
89%
1013
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1018
weather icon

Букурешт

-2ᴼ / -3ᴼ
10.29
86%
1024
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.79
66%
1023
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1016
Currency

61.645

Currency

52.3489

Currency

70.6084

Currency

37.0277

Currency

38.2492

Currency

67.4979

Currency

7.57719

Currency

0.68231

Currency

0.33754

Currency

0.5249

Currency

1.19434

Currency

0.57635

Бакар

11.67

Рутениум

45750.51

Сребро

2644.72

Калај

46.26

Паладиум

5562.08

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.08

Родиум

352854.44

Иридиум

212342.22

Платина

69349.16

Цинк

3.29

Злато

162791.45