Во среда во периодот од 09:00 до 16:00 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат потрошувачите на Вевчани, Октиси, Лабуништа влез на индустриска зона, Велешта -училиште, Амза, Каба, Кондри, Бензинска пумпа – Макпетрол, објект Алумина, и с. Добојвани поради инвестициони зафати во ТС 31/10 Суво Поле, информира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски. Во четврток во периодот од 15:00 до 16:30 часот, без напојување со ...

Неколку пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие во охридско-струшкиот регион. Имено, РЦУК Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Охрид во која се наведува дека со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација помеѓу селата Велмеј и Лешани. ТППЕ Струга интервенирале на запалена куќа во Вевчани од 16.00 до 17.10 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари, на запалена трска во близина кај Евро Хотел, од ...

Tеатарската претстава “Кумови” од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин во петок, 28 февруари, со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прлилев“. Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Карти во продажба на билетара при Центарот за култура по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од ...

Рестриктивната кардиомиопатија е ретка болест каде што срцевиот мускул станува крут или вкочанет. Ова го отежнува опуштањето на коморите и правилното полнење со крв. Оваа состојба може да се наследи, а многу деца немаат препознатлива причина за нивната болест. Во случај кога треба да се идентификува причината, таа може да вклучува: акумулација на абнормални протеини (амилоидоза) во срцевиот мускул, вишок на железо (хемохроматоза) во срцето, ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе го официјализираат почетокот на реконструкција на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и ЈЗУ Градска општа болница „8-ми септември“ Скопје. Според претходните најави од министерот Николоски ќе се врши реконструкција на терминалната зграда на ...

Умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во крајните источни и западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени. Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, ...

Извршниот директор на тренерскиот одбор на Евролигата Горан Шашиќ најави враќање на руските тимови во елитното европско кошаркарско натпреварување од следната сезона. Неговата изјава за руски „Спорт експрес“ во целост ја пренесе српски “Блиц”. Ако се сеќавате, ми го поставивте истото прашање пред една година и мојот одговор беше дека верувам дека санкциите ќе траат три години, како што беше случајот со Југославија. Дали следите што се случува ...

Утрово во 08.45 часот, во куќа во Вевчани, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Вчера околу 11 часот, во куќа во струшкото село Радолишта, настанал пожар. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од членови на семејството, соопшти портпаролот Димоски. Синоќа во 20.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на претходниот ден ...

CONDSIAS или невродегенерација со почеток во детството предизвикана од стрес со променлива атаксија и грчеви е ултраретко автосомно-рецесивно невродегенеративно нарушување со почеток во првите години од животот по нормален ран развој. Пациентот има циклично епизодно влошување како одговор на клеточен стрес предизвикан, на пример, од инфекции или фебрилни болести. Тежината на болеста е многу различна кај пациентите, дури и помеѓу оние кои ја ...

Цената на новоизградените станови и станбените објекти во градба долж крајбрежјето и во центарот на Охрид достигна рекордни 4.000 евра за метар квадратен. Во новоградбите во централното градско подрачје, како најатрактивни локации, метар квадратен станбен простор моментално може да се купи и по цена од 1.500 до 3.000 евра, објави порталот „Сакам да кажам“. Во останатите делови на Охрид, како Охридати, Билјанини Извори, Бејбунар, кај ...

Екипата на Охрид одигра нерешено 23:23 со Тинекс Пролет во Скопје во натпревар од 19 коло од Супер лигата. Дека натпреварот не беше на олчекуваното ниво за „гладијаторите“ говори резултатот од првото полувреме кое Тинекс Пролет го доби со 12:8. На три кола до крајот на регуларниот дел од сезоната Охрид е на 4 место на табелата со 28 бода зад Вардар, Е. Пелистер и Алкалоид. Деветнаесеттото коло ќе биде комплетирано денеска со дерби натпреварот ...

Утрово во Охрид се измерени 4 степени целзиусови. Во текот на денот не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локални врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 6 степени. Во понеделник не очекува умерено до значително облачно време со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег. ...

Педесет и третата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на 28 февруари, петок, со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. На Дневен ред се 25 точку меѓу нив утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид со статус на административни службеници за 2025 година, усвојување на Извештајот за реализирани активности по однос на мерките предвидени во ...

Плазмацитомот е многу ретка состојба, слична на мултипен миелом. Претставува локализирана маса на неопластични моноклонални плазма-клетки со приближно зафатеност од 5 % од сите неоплазми на плазма-клетките. Како и мултипниот миелом, плазмацитомот се јавува кога плазма-клетките, уште наречени и Б-клетки, се претвораат во абнормални клетки кои се размножуваат и стануваат солитарни тумори кои влијаат на коските, меките ткива во главата и вратот ...

Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени. Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ...

Трејчер Колинс синдром (ТКС) е генетско нарушување кое се карактеризира со деформитети на ушите, очите, јаготките и брадата. Степенот до кој лицето е засегнато може да варира од благ до тежок. Компликациите можат да вклучуваат проблеми со дишењето, проблеми со видот, расцеп на непцето и губење на слухот. Засегнатите, генерално, имаат нормална интелигенција. Синдромот е именуван по Едвард Трејчер Колинс (1862 – 1932), англиски хирург и ...

Во текот на вчерашниот ден Шумската полиција од Охрид во два одделни случаи открила бесправна сеча и бесправно складирано дрво. На 20 февруари во 12:30 часот при контрола на Шумската полиција од Охрид во атар на село Лешани, општина Дебрца, откриена е бесправна сеча на 2,5 m3 дабово и буково дрво, информираат од Шумската полиција. На 20 февруари при извршување на контрола од страна на ренџерската служба од Национален парк Галичица Охрид во ...

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) е учесник на 46-от Меѓународен саем за туризам ”SAJAM TURIZMA” во Белград, кој се одржува од 20-23 февруари. Македонските туристички потенцијали се промовираат на репрезентативен штанд на кој учество земаа општините Гевгелија, Дојран, Охрид и Струга, хотел Тино и Армада од Охрид. Во однос на транзитниот туризам со оглед на фактот дека Србите патуваат и во соседна Грција, македонскиот ...

Владата на Кралството Шпанија даде техничка помош со грант од приближно еден милион евра, за консултантски и инженерски услуги за системот за одведување и третман на отпадни води за Охридското Езеро, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање. Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити имаше работен состанок со амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, ...

Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Охрид времето денес претежно сончево со слаб северен ветер.Максималната температура ќе достигне до 5 степени. Утре ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Од недела следува период на променливо облачно време со ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,50 ...

Опожарен оџачки канал денес напладне на зграда на булевар „Туристичка“. По добиената пријава на терен интевренираше екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид. Опожарен е оџачки канал во зградата. Интервенирано е со едно возило и четворица пожарникари, информира командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски. Постојани се апелите од надлежните за редовно одржување на оџачките канали, но бројките говорат дека години наназад има скоро исто ...

Во текот на седмата недела од 2025 година во државата се пријавени 2726 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип што е за 5,3% помалку во споредба со претходната недела. Споредбено со истиот период минатата година бројот е зголемен за 97%. Оваа недела како и претходната недела имаме намалување споредбено со неделата претходно, но во однос на неделата со минатата сезона имаме драстично зголемување на бројката. ...

Постериорна уретрална валвула (ПУВ) е конгенитална аномалија која ги зафаќа машките новороденчиња. Истата вклучува присуство на абнормални мембрани на ткивото во уретрата кои прават опструкција или го блокираат нормалниот проток на урина водејќи до разни компликации, од кои карактеристична е задршката на урина која води до ретроградна дилатација на уретерите и бубрезите што како резултат води до нивно оштетување. ПРЕВАЛЕНЦА – постериорната ...

Охридскиот театар новата театарска сезона ја започнува денес со хит претставата „Секс, лаги и љубомора“ на Марк Камолети во режија на Коле Ангеловски. Улогите ги толкуваат актерите: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Билјана Билаловиќ- Вељаноска, Адријана Билаловиќ-Тодороска, Елизабета Стефановска-Јандреовска и Марија Новак. Претставата се игра со почеток во 20.00 часот, а картите по цена од 300 денари може да се купат на Билетарата при ...

Во координирана заедничка акција на ЈП „Охридски Комуналец“ со НП Галичица и волонтери – месно население и членови од Здружението на љубители и подржувачи на НП Галичица беа расчистени мапирани диви депонии на три локации во с.Трпејца. Со вонреден ангажман на сите учесници во оваа акција беа подигнати 22 м3 отпад, каде најзастапен беше кабаст отпад. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме во подигнувањето на јавната еко-култура за зачувување ...

Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Во Охрид времето сончево со слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени. Продолжува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а од сабота попладне облачноста ќе ...

До крајот на следната година ќе имаме целосно функционален автопат од Кичево до Охрид, а Владата ќе разговара директно со УНЕСКО за да се утврди кое решение ќе биде најсоодветно за зачувување на заштитениот статус на Охридското Езеро и регионот, рече вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски при денешната посета на компанијата „Костал“ во Охрид. Ветив и до крајот на следната година ќе имаме целосно фунционален автопат од ...

Реновиран Одделот за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при ЈЗУ Општа болница Охрид. Со зафатот, како што информираат од Болницата, било опфатено осовременување на болничките соби, работните простории, кабинетите, санитарните јазли и замена на надворешната столарија. Интерното одделение при ЈЗУ Општа болница се карактеризира со висока фрекфенција на пациенти како од нашиот град така и од регионот, кои добиваат амбулантска и ...

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид со годишната програма за работа финансирана од Министерството за култура и туризам за оваа 2025 година на располагање ќе има 450 000 денари за набавка на нови наслови од сите области. Библиотеката континуирано го збогатува својот книжен фонд преку набавка на актуелна литература од македонски издавачи. Ви оставаме простор почитувани читатели и вие да се вклучите со ваши предлози на наслови кои сакате да ги ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1018
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
69%
1023
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
5.14
86%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
9.37
97%
1026
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.34
98%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
0.89
91%
1016
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1017
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
12.35
82%
1029
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.63
73%
1028
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
6.17
76%
1021
Currency

61.545

Currency

52.1668

Currency

70.5371

Currency

35.0381

Currency

38.2156

Currency

66.2688

Currency

7.43314

Currency

0.66136

Currency

0.3354

Currency

0.52426

Currency

1.21929

Currency

0.58206

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Бакар

11.33

Сребро

2314.89

Алуминиум

2.95

Цинк

3.09

Платина

73500.79

Злато

144308.60

Родиум

263636.12

Кобалт

58.42

Паладиум

59028.77

Калај

43.79