
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Со театарската претстава „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на актерите од Југословенскиот драмски театар од Белград, вчеравечер беше спуштена завесата на 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Временските прилики не дозволија претставата да се одигра на Античкиот театар, но сцената за кусо време беше префрлена во Ценатарот за култура „Григор Прличев“. Режисерот Александар ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и ...
Tри лица загинаа во пукање во средно училиште во Сански Мост, БиХ, откако вработен во гимназијата пукал во директорот, секретарката и професорка. Според локални медиуми, човекот влегол со автоматска пушка во училишните простории и отворил оган и притоа ги убил – директорот Нијаз Халиловиќ, професорката по англиски јазик Гордана Миџан и секретарката на училиштето Нисвета Кљуниќ. Телата на убиените се пренесени во Здравствениот дом Сански Мост, ...
Деновиве од печат излезе книгата „Избрани песни“ на англиски јазик од Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид. Книгата содржи 100 песни објавени паралелно на македонски и на англиски јазик, а изборот и препевот го направи Даниела Спироска. Славе Ѓорго Димоски е жив класик на современата македонска поезија и е еден од малкуте денешни врвови на македонската поетска картографија, еден вид максимална поетска константа, уште од своето ...
Обвинетиот Урош Блажиќ денеска на почетокот на судењето во Белград призна дека на 4 мај минатата година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона. Повтори дека е виновен, како што изјави и на прелиминарното рочиште. Неговиот татко Радиша Блажиќ најпрвин им изрази сочувство на семејствата на жртвите и изјави дека не е виновен за кривичното дело за кое се товари и дека не знае од каде го набавил оружјето неговиот син. Судењето ...
За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари. Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани ...
На турнирот во Волино синоќа требаше да се одиграат четири натпревари. Два беа регистрирани со службен резултат, а два не се одиграа поради лошите временски прилики и обилните врнежи од дожд. Службено завршија натпреварите Еко шпар – Том Гор 0:3 и Кафе бар 9 – Гост. Кај Мече 3:0. Поради лошите временски услови неодиграните натпревари се преместени за наредни денови, информира организаторот. Турнирот продолжува вечерва, а на програмата се ...
Во Специјалниот суд во Белград денеска започнува судскиот процес против Урош Блажиќ, обвинет дека на 4 мај минатата година во селата Мало Орашје и Дубона убил девет и ранил 12 лица. Урош Блажиќ и неговиот татко Радиша Блажиќ, кој исто така е обвинет, денеска по првпат ќе ја изнесат својата одбрана. За утре и задутре е планирано сослушување на оштетените, јавуваат српските медиуми. На подготвителното рочиште, кое беше затворено за јавноста, ...
Девет лекови, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, стануваат дел од позитивната листа. Како што информира денеска министерот за здравство Арбен Таравари, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови. Се работи за 87 лекови во различни форми, јачини и пакувања што имаат активна регистрација во нашата држава, девет генерици претставени преку 87 лекови. Помеѓу нив, опфатени се лекови за висок ...
Предворје на црква Св. Софија Од 23.08.2024 - 20:30 до 24.08.2024 - 20:30 Второто издание на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржи во петок и сабота во организација на Општина Охрид. Во рамки на продрамата во петок, 23-ти август, ќе настапат Драган и Ратко Даутовски со проектот „Звукот на исконот“, а во сабота, 24-ти август, предвиден е настапот на Наташа Миха Трио со Наташа Миха (вокал) и Дамир Имери на пијано и Иван Бејков на бас. Најавените ...
Времето претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степена. UV=7 Во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне ...
Две лица се уапсени во врска со убиството кое утрово се случи на паркинг просторот пред трговски центар „Мавровка“ во Скопје, каде што со огнено оружје е застрелано едно лице кое починало на местото. Од Министерството за внатрешни работи велат дека им е познат идентитетот и на третото осомничено лице кое е во бегство. Како што информираат од МВР, од страна на полицијата веднаш се преземени оперативно – тактички мерки, затворање на дел од ...
ГРК Охрид убедливо загуби од Вардар 1961 во последниот меч од првиот ден на Меѓународниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ 21:34, полувреме 9:16. По израмнетиот и тврд почеток во кој доминираа одбраните, домаќинот влезе во серија грешки кои вардарци немилосредно ги казнуваа. Разликата се зголемуваше, а нервозата во редовите на „Гладијаторите“ растеше. Во вториот дел иста слика. Силната одбрана на Вардари и промашувањата на Охрид, често ...
Поради дождот затворањето на Фестивалот „Охридско лето“ наместо на Античкиот театар како што првично беше предвидено, ќе се помести во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 22 часот. „Охридско лето“ ќе биде затворено со грандиозниот театарски проект „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ во изведба на Југословенски драмски театар од Белград, Република Србија, а во режија на еден од нашите најдобри режисери кој има ...
Екипата на Олимпијакос убедливо го совлада Ловќен во вториот натпревар на Меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ со 37:22, полувреме 20:12. Грчкиот тим беше убедлив од почетокот до крајот на мечот во кој разликата во квалитет дојде до израз. Црногорската екипа се обидуваше да парира на секој начин, но едноставно вечерва Олимпијакос беше пресилен за Ловќен. Статистика: Ловќен: Ѓурковиќ 1, Станојевиќ 4, Перишиќ 4, Пајовиќ 3, Лаличиќ, Радојчиќ, ...
Алкалоид го совлада Динамо Панчево со 27:22 (16:09) во воведниот натпревар од Меѓународниот меморијален турнир “Крсте Андоновски” што денеска почна во Охрид. Алкалоид имаше водство во текот на целиот меч и во ниту еден момент не дозволи противникот да му ја загрози победата. За играч на мечот беше прогласен голманот на Алкалоид Иван Галески кој натпреварот го заврши со 11 одбрани. Статистика: Алкалоид: Џонов 1, Костески 6, М. Младеновиќ 1, ...
Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот позитивни случаи на Ковид-19, во однос од минатата недела, па по тој повод, ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции, соопштија попладнево од Министерството за здравство. Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и ...
Поети од Македонија, Хрватска, Ирска, Србија и Кина беа дел од 36 издание на Поетската ноќ во Велестово. Во рамки на настанот беше претставен поетски портрет на Елизабета Баковска, а во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отворена и изложба на фотографии на Сашо Димоски со наслов „Паметници на заборавот“. Заврши уште едно успешно издание на фестивалот Поетска ноќ во Велестово, настаните беа посетени од многубројна, ...
Министерството за образование и наука информира дека во тек е испораката на одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта во учебната 2024-2025 година. Согласно дефинираната динамика, испораката треба да биде заокружена пред првиот училишен ден – 2 септември, но за остварување на планот, неопходна е кооперативност и ажурност на сите училишни директори. Во оваа насока е и пораката која ...
Со грандиозниот театарски проект „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ во изведба на Југословенски драмски театар од Белград, Република Србија, а во режија на еден од нашите најдобри режисери кој има светска слава, Александар Поповски вечерва на сцената на Антички театар ќе биде спуштена завесата на уште едно успешно издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“. Претставата „Алиса во земјата на стравовите“ е комплексно театарко ...
Над 800 врвни уметници и докажани театарски куќи од 24 земји, но и многубројна публика ќе го одбележат 64-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Гледалиштата на Античкиот театар, црквата Св.Софија, предворјето на Св. Софија, Долни Сарај, и Центарот за култура беа исполнети до последно место, а тоа ни дава за право да кажеме дека понудивме квалитет со кој го оправдавме епитетот на препознатлив и единствен Фестивал, истакна на денешната прес ...
Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година, пишува порталот EX-YU aviation news. Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858. Виз Ер, како што стои во објавата, продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси ...
Црвен крст Охрид објавува повик за пројавување на интерес за учество на напредна обука за укажување на прва помош која ќе се спроведе во соработка со инструктор од Црвен крст Зеволде од Холандија. Обуката ќе се реализира во Црвен крст Охрид во месец септември 2024 година и ќе трае 12 дена, а кандидатите треба да имаат претходно познавање на основи на првата помош и напредно ниво на познавање на англиски јазик, посочуваат. Повеќе информации ...
Третото издание на Меѓународниот меморијален ракометен турнир „Крсте Андоновски 2024“ почнува денес и ќе трае до 24 август. На турнирот учество ќе земат 8 екипи, домаќинот ГРК Охрид, РК Алкалоид, РК Динамо Панчево, РК Ловчен, РК Олимпијакос, РК Вардар, РК Партизан и РК Цеље. Овие четири дена ќе бидат одиграни по три натпревари рапоредени во три термини, додека сабота е резервирана за натпреварите за пласман за 7-мо, 5-то и 3-то место, како и ...
Третото издание на Меѓународниот меморијален ракометен турнир „Крсте Андоновски 2024“ почнува денес и ќе трае до 24 август. На турнирот учество ќе земат 8 екипи, домаќинот ГРК Охрид, РК Алкалоид, РК Динамо Панчево, РК Ловчен, РК Олимпијакос, РК Вардар, РК Партизан и РК Цеље. Овие четири дена ќе бидат одиграни по три натпревари рапоредени во три термини, додека сабота е резервирана за натпреварите за пласман за 7-мо, 5-то и 3-то место, како и ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во „Вила Билјана“ во Охрид, ги прими македонистите од 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, соопштуваат од нејзиниот кабинет. На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за реализацијата на тековните и планираните активности и содржини на 57. Летна на Меѓународниот семинар за македонски јазик, ...
Синоптичарите најавуваат за денеска променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 6. Во Охрид променливо облачно со услови за дожд. Минималната температура ќе се спушти до 16, а ...
Три натпревари се одиграа вечерва на турнирот во мал фудбал “Богородица куп” во Волино, со што продолжи разврската по групи. Резултати понеделник, 19 август Дооел Ноче – Малче Саунд 2:0 Ресторан Дедо Димо с.Куратица – Аце Најдески 0:5 Црногорци – Инекс Олгица 1:3 Турнирот продолжува во вторник, а на програмата се четири натпревари. Распоред вторник, 20 август 19:30 Еко шпар – Том гор 20:00 Пн Метал – Полно меше 20:30 Кафе бар 9 – Гост.Кај ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија од денеска до 30 овој месец ќе бидат присутни во Охрид, согласно договорената соработка на МВР на двете држави за време на туристичката сезона. Соработката за заеднички полициски патроли беше договорена за време на официјалната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Србија на 25 јули оваа година. Согласно Протоколот за соработка меѓу МВР на двете земји за ...
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.08.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и ...