Градоначалникот Кирил Пецаков вчера ги прими петмината карате репрезентативци, Анастасија Смилевска, Дамјан Митревски, Козма Митревски, Тамара Ѓурчиноска и Сара Цикуш од карате клубот „Кун-су-то”-Охрид кои го освојуваат врвот на националните првенства и обезбедуваат учество во големите меѓународни карате сцени. На надежните млади спортисти градоначалникот им посака понатамошни успеси посочувајќи дека локалната власт во рамки на своите ...

Продолжува несовесното однесување на граѓаните и оваа грејна сезона. Старите проблеми се чини никако да се надминат кога станува збор за потпалувањето на контејнерите за комунален отпад во градот кои се изработени од пластика. Еден беше запален и синоќа на булеварот „Туристичка“. Најчеста причина за опожарување на контејнерите e фрлањето на неизгаснатата жар од печките со кои граѓаните ги затоплуваат домовите или деловните простории. ...

Утрото ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Охрид времето денес сончево. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 10 степени. До петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ...

На 29.12.2024 во 19.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Струга – Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничките моторни возила „шкода“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Министерство за финансии – Царинска Управа, управувано од 60 годишно лице од струшкото село Велешта и „форд“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од 25 годишно лице од Дебар. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот на ...

Приближно 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло, нештетно уништија официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведените 191 вонредни инспекциски надзори во изминативе две недели, во месарници, месарници со работилници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло. За ставање во промет на брзо замрзната храна која не е означена, незадоволување на хигиенските барања, ...

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли. Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави, ...

Уште два дена останаа од програмата која Општина Охрид ја подготви за најмладите за новогодишните празници. Денес на градскиот плоштад ќе биде изведена детска новогодишна претстава „Дедо Мраз, те сакам јас“ со почеток во 12:30 ќасот, додека од 13:30 часот предвиден е Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патчев“. Богатата програма се заокружува утре, 31 декември, со Новогодишен концерт на хорот „ Ѓердан од бисери“ на градски плоштад „Свети ...

Популарното кабаре шоу на извонредните професионални актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, алијас „Two Mothers Brothers“, денес ќе биде изведено на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 20 часот. Станува збор за неверојатна комедија збогатена со авторски песни и пеколни пародии на познати нумери. Динамично дуо, појачано со музичката генијалност на маестро Никола Јосифоски на клавијатура и маестро Јане Тодороски на ...

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 4, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Охрид сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени. Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен ...

ФК Воска Спорт денеска соопшти дека ја прекинува соработката со девет играчи. Клубот ги раскина договорите со: Муамет Шакир, Албан Мехмеди, Тарик Демишоски, Антонио Илиески, Марко Вуковиќ, Хабибула Аскар, Дестан Адили, Христијан Јанкулоски и Јасин Казимоскин. Клубот им се заблагодарува на сите играчи кои беа дел од нас, и им посакува успех и здравје, стои во соопштението на ФК Воска Спорт. На полусезона во Првата лига Воска спорт е на ...

По спроведена претходна постапка и врз основа на обезбедените докази, Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ќе поведе постапка против вкупно 10 лица за кои постои основано сомнение дека учествувале во дејствија криумчарење, фалсификување исправи и службени исправи, како и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Лицата во текот на 2021 и 2022 година, со лажни документи и преправени броеви на шасија, внесувале во ...

Вчеравечер во изложбениот салон при НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид беше отворена изложбата „По чекорите на еден мајстор…” од Алаедин Неби. На отворањето пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски кој истакна дека уметноста е дарба која се наследува од предците, а да бидете во друштво на уникатни уметници е привилегија. Мајстор Алаедин навлезен во 8-та деценија од животот го исполнува ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски утрово ги посети полициските службеници во Единицата за внатрешни работи во Ѓорче Петров, каде облиску се запозна со текот на акцијата што денеска се спроведува од страна на СВР Скопје во координација со Одделот за криминалистичка полиција. Акцијата е насочена кон сузбивање на организирана криминална група која се занимава со криумчарење на скапи моторни возила, фалсификување исправи и злоупотреба ...

Предновогодишна „Импровокација“ ќе се одржи вечерва со почеток 20.00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид. Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште едно незаборавно шоу. За добрата забава ќе се погрижат стандардната 5 члена екипа, а за малите, слатки подароци нашите пријатели кои ни даваат ветер во грбот, велат од ...

Денес во рамки на богатата програмата која за новогодишните празници ја подготви Општина Охрид за најмладите предвидена е уште една детска претстава и музичка забава. На градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 12:30 часот ќе биде изведена детска новогодишна театарска претстава „Снежана и Дедо Мраз“, а во 18:00 часот ќе се одржи Новогодишен концерт на „Малите ѕвездички со К-2“. Остануваат уште два дена во рамки на програмата ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, посочуваат. Од АМСМ потсетуваат дека од 15.11.2024 година во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на ...

Наутро студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени. Во Охрид сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 8 степени. Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а ...

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за актуелниот градоначалник на Струга Рамиз Мерко, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице, велат од ...

Јавното обвинителство води истрага во рамки на претходна постапка против поранешниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски поради сомневање за злоупотреба на функцијата. Доставен е предлог за одземање на патната исправа и одредување мерки за претпазливост, соопшти попладнево Јавното обвинителство од каде посочуваат дека истрагата е во тек и јавноста тековно ќе биде информирана за случајот. Претходно „Фокус“ објави дека поранешниот директор на ...

Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, објави „Фокус”. Истиот извор наведува дека Деспотовски бил уапсен од страна на Управата за финансиска полиција, поради наводна проневера на 2 милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип. Повикувајќи се на свои извори, „Фокус“ пишува дека за приведениот ќе се бараат мерки на претпазливост, како и дека ќе се бара замрзнување на имот на ...

Горан Станиќ е назначен за селектор на македонската репрезентација до 21 година, одлучи Управниот одбор на Фудбалска федерација на Македонија на седницата одржаба синоќа. Станиќ е актуелен тренер на ФК Работнички кој е на делба на првото место по првиот дел од тековната сезона во МФЛ и поранешен селектор на младинските репрезентации до 17 и 19 години. На Европското првенство – ЕУРО 2020 беше дел од стручниот штаб во А репрезентацијата на ...

Управниот одбор на ФФМ по добиено известување за наводни неправилност во ОФС Охрид, на седницата одржана синоќа донел одлука на закажаното Собрание на ОФС Охрид да нема претставник од ФФМ. Комисијата задолжена за надгледување на изборниот процес има обврска веднаш да ги провери наводите за нерегуларности и во најкраток временски рок да го извести Управниот одбор, соопшти ФФМ. Собранијата на Општинските фудбалски Сојузи на кои нема легитимен ...

Во рамки на празничната програма на градот Охрид, денеска ќе се одржат два настани наменети за најмладите. На градскиот плоштад во 12:30 часот ќе биде одиграна детската претстава „Добриот и лошиот Дедо мраз“, а на истата локација во 18 часот ќе се одржи концерт на детскиот фестивал „Распеано Рибарче“ на кој ќе учествуваат и гости од детскиот фестивал „Радика“. И програмата во недела е наменета за најмладите. Во 12:30 часот на градскиот ...

Во месноста Сараиште во стариот дел на Охрид, денеска ќе се одржи третото издание на Новогодишниот базар „Вино и Винил“, во организација на Културолошка иницијатива „5 до 12“. Настанот е од хуманитарен карактер и сите средства ќе бидат донирани за акцијата “Пакетчиња за сите дечиња”. Грееното вино и чај ќе бидат приготвени од Кадмо Бар, за храната ќе се погрижи „Escobar lounge bar“ Струга, а колекционерите ќе можат да си разменат винил плочи, ...

Утрово во 7 часот во Охридс се измерени 0 степени. Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 6 степени. И во недела не очекува студено утро. Во одредени котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура во ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На 17.12.2024 во 03.25 часот во казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, по претходна расправија, со остар предмет нападнал лице од Охрид и му нанел убодни рани. По распишан локален распис и преземени мерки и активности, на 26.12.2024 во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, кои се последните сознанија и каква е сега состојбата, после инспекциите за трговците коишто ги зголемија цените на производите, информираше дека најголемиот дел од трговците ги враќаат цените на производите, на она ниво коешто беа пред да добијат покачување. Утрово разговарав со господинот Дурмиши министерот за економија и ...

Во соработка со Црвен Крст Охрид, учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид успеаја да изнудат насмевка на детските лица, дарувајќи им новогодишни пакетчиња. Убаво е кога сѐ асоцира на хуманост и емпатија, порачуваат од РЦСОО „Ванчо Питошески“. Средствата за пакетчињата беа обезбедени од спроведениот хуманитарен предновогодишен музички настан под мотото „ДОЈДИ, ВКУСИ, ИЗРАДУВАЈ!“, кој се одржа на ден 24 декември во дворот на училиштето. ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, информираат од АМСМ. Патниот правец од Крива Паланка кон ГП „Голема Црцорија – Голеш“ во длабина односно на околу 600 метри пред ГП поточно од селските гробишта во с. Голема Црцорија, не е прооден од снежни наноси и навеви од снег, посочуваат. Интензитетот на ...

Традиционално, ЈП „Билјанини Извори” пред новогодишните празници во посета на неколку здруженија, „Добротољубие“-Св. Ѓорѓија, „Зраци“, деца со ретки болести, паралелка со посебни потреби во ООУ „Св. Климент Охридски„, инклузивна игротека „Радост “- Здружение Вопс и здружението „Тајните на моето срце“ и каде беа подарени новогодишни пакетчиња. Тимот на јавното претпријатие на здруженијата и нивните штитеници им посакаа среќни празници и многу ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
65%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.08
93%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
87%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
80%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
91%
1018
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.89
88%
1018
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929