Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви. Намалена видливост поради појава на магла до 30м. има на патниот правец с. Гајре – Попова Шапка, до 50м. на планинскиот превој Буково и до 70м. на планинскиот превој Ѓавато, информираат од Македонијапат. Од АМСМ посочуваат дека интензитетот на сообраќај на ...

На 02.01.2025 година во 21 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, лишено од слобода е 39 годишно лице од Битола, информираат од СВР Охрид. Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје“ од каде претходно избегал. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во ...

На 02.01.2025 година во 21 часот, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, лишено од слобода е 39 годишно лице од Битола, информираат од СВР Охрид. Лишувањето е извршено врз основа на судска наредба од Основниот суд во Битола и распишана централна потерница по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор Идризово-Скопје“ од каде претходно избегал. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава за две кражби, претходно извршени во куќи во ...

Од овој месец секој електронски документ од Националниот портал за електронски услуги и другите државни институции може да се употребува и испечатен. Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат, информира министерот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а на планиските премини со остатоци од кашест снег по интервенцијата на нашите дежурни екипи, информираат од ЈП Македонијапат. Слаб снег врне во западниот и југозападниот дел на Републиката. ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата, посочуваат. Воедно апелираат на внимателно управување со ...

Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со поввремени локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а ...

По повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј денес беше отслужена Света архиерејска заупокоена литургија во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник. На Литургијата молитвено присуствуваа Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а чиноначалствуваше Епископот Стобиски г.Јаков. По Литургијата беше отслужен парастос на гробот. Митрополитот ...

Стеф Кари го предводеше Голден Стејт до убедлива победа над Филаделфија 139:105 синоќа во НБА лигата. Кари имаше шут за три поени 8/8 со што го потврди епитетот најдобар тројкаш на сите времиња. Историско достигнување оствари и Леброн Џејмс во натпреварот на Лејкерс со Портланд. Во победата на лејкерси 114:106 Џејмс имаше учинок од 38 поени, 8 асистенции и 7 тројки, со што се израмни со Џордан по бројот на натпревари со повеќе од 30 поени во ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид на лице место кај Рашче, каде автомобил со патници излета и падна во водите на Вардар. И покрај исклучително тешките услови на непристапен терен, беа преземени сите дејствија за обезбедување траги и докази со цел да се утврдат причините за несреќата. Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за ...

СВР Охрид ги известува учесниците во сообраќајот на подрачјето на Охрид дека, денеска од 11 часот, повеќе кандидати за полициски службеници, распоредени во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе имаат теренско полагање. Притоа, кандидатите за полициски службеници, на неколку сообраќајници во Охрид, под контрола на нивните ментори, ќе преземаат службени дејствија за контрола во патниот сообраќај по повеќе основи, ...

Сè уште се трага по возачот на автомобилот што вчера падна во водите на Вардар откако излетало на локалниот пат за село Рашче. Од петте лица кои биле во возилото за среќа од страна на случајни минувачи е спасено четиригодишно дете, кое е пренесено во Клинички центар во Скопје и е во добра здравствена сосотојба. Како што вчеравечер информираше Центарот за управување со кризи, од возилото кое било извлечено од Вардар биле извадени тела на три ...

На прес конференција која ќе се одржи денес во Скопје ќе биде соопштена програмата за годинашниот „Вевчански карневал“. На пресот, според најавата, ќе бидат обзананети и обелоденети сите детали и поединости, како и целокупната музичка и културно-уметничка програма, изведувачите и саатницата на годинешниов „ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ“ кој традиционално се одржува од 12 до 14 јануари. На пресот ќе се обратат градоначалникот на општина Вевчани, Спасе ...

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а попладне во западните делови врнежи од дожд во пониските места и снег на планините. Во текот на ноќта врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и во западните делови ќе бидат пообилни (20 л/м2). Со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места. ...

Дел од тимот на иницијативата „Збогум Буково“ денес посади 14 садници на див костен во слободните предвидени места за дрвца во дрворедот на улицата „АСНОМ“ во Охрид. Оваа мала акција е вовед во новата, позелена и похумана година во која ќе дојдеме поблиску до целта, а тоа е Буково да биде излетничка зона. Ги повикуваме нашите сограѓани да внимаваат и да ги чуваат овие млади садници за да може да уживаме во нивните убавини за неколку години, ...

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) 2024 година ја заокружи со остварен приход од над 66.5 милиони евра по основ на наплата на патарини. Во споредба со 2023 година тоа се повеќе од 270 милиони денари или над 4.32 милиони евра повеќе, информираат од ЈПДП. Во однос на вкупната фреквенција на возила за 2024 година има 62.662.988 поминати возила со наплатени 99,2 %. За намалување на бројот на таканаречените неплаќачи ЈПДП во периодот од ...

Охридската Библиотека ги бележи и првите читатели за оваа година. Ова е доволен доказ дека ќе имаме плодна читателска година, а ние ќе се потрудиме да сме во тренд и да ја побараме актуелната литература од домашни и светски автори, велат од НУ Библиотека „Григор Прличев“. На пултот за зајмување утрово прва дојде нашата читателка Олга Глигуроска, следуваа Антица Стефаноска, Љубинка Кочовска, Бисера Ангелоска и Христина Петроска. Тоа се првите ...

Утре по повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј ќе се служи Света архиерејска заупокоена литургија во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник со почеток во 08:45 часот, информираат од Дебарско-кичевската епархија. На Литургијата молитвено ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а ќе чиноначалствува Епископот Стобиски г.Јаков, ...

Во масовното злосторство во Цетиње загинаа 12 лица, меѓу кои две деца, додека лекарите од Клиничкиот центар во Подгорица се борат за животите на четворица лица од Цетиње. Во злосторството биле убиени седум мажи, три жени и две деца, пренесува српски „Vijesti.me“. Сите полициски единици, како и припадниците на специјалната полициска единица, со часови трагаа по осомничениот Ацо Мартиновиќ, кој почина неколку минути пред полноќ, откако си пукал ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла има кај Неготино до 30 метри и Д.Капија до 50 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени. Утре попладне, во текот на ноќта и во сабота претпладне под ...

По 23:59 часот на 31 декември 2024 година, истече рокот за исполнување на условите за регистрација на играчот и Барселона не успеа да го стори тоа. Имињата Дани Олмо и Пау Виктор и броевите 20 и 18 повеќе не се на официјалната веб-страница на Ла Лига. Таму се вратени податоците на Андреас Кристенсен. Кристенсен беше повлечен на ростерот на Барса во август поради тешка повреда. Благодарение на тоа каталонскиот клуб успеа да го регистрира Олмо ...

Од 1 јануари возачките дозволи со старото име на државата престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со стара возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра. Сепак, барем извесен период, граќаните нема да бидат казнувани за непроменета возачка дозвола, најави денеска министерот за внатрешни работи Тошковски. Граѓаните кои ги немаат сменето возачките дозволи и регистарските таблички кои претстанаа да важат, во овој ...

Првото новородено бебе во новата година во Охрид е женско. Мајка од Охрид во 04:52 часот на свет донесе здраво девојче тешко 4180 грама и долго 53 сантиметри. Неа ова и е второ дете. Второто бебе родено на гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид е машко. Мајка од Кичево на свет донесе момче тешко 3450 грама и долго 51 сантиметар. Традиционално првите честитки мајките и новородените бебиња ги добија од градоначалникот на Охрид ...

Во текот на новогодишната ноќ во која на охридската ривиера до доцна во ноќта заедно со охриѓани славеа илјадници гости од земјава и соседството, на територијата на Општина Охрид не се регистрирани значителни нарушувања на јавниот ред и мир. Полицијата регистрирала две тепачки, а актерите биле веднаш приведени. Стабилна беше безбедносната состојба во Охрид за време на новогодишната ноќ. Регистрирани е едно нарушување на јавниот ред и мир со ...

Првото новородено бебе во новата година во Охрид е женско. Мајка од Охрид во 04:52 часот на свет донесе здраво девојче тешко 4180 грама и солго 53 сантиметри. Неа ова и е второ дете. Второто бебе родено на гинеколошкото одделение во Општата болница во Охрид е машко. Мајка од Кичево на свет донесе момче тешко 3450 грама и долго 51 сантиметар. Традиционално првите честитки мајките и новородените бебиња ги добија од градоначалникот на Охрид ...

Времето денеска наутро студено со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала до умерена локална облачност. Максималната температура во Охрид ќе достигне 9 степени. Слично време не очекува и утре. Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до-1, а ...

Охриѓани и многубројните гости во добро расположение и одлична музика ја дочекаа Новата 2025 година. По традиција највесело беше на Градскиот плоштад кој вечерва беше полн со расположени луѓе кои уживаа во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак, охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face. Забавата продолжува длабоко во ноѓта во охридските кафулиња, ресторани, клубови ...

Грижите, проблемите и сите лоши работи оставете ги во старата година. Вдишете длабоко и со радост и оптимизам влезете во Новата 2025. Уживајте во празниците во друштво на тие што најмногу ве сакаат и ценат. Во новата година издвојте повеќе време за себе, за вашето семејство, за убавите работи. Имајте повеќе среќни моменти, помалку грижи, сакајте повеќе, уживајте повеќе. Ценете го вашето и времето на другите. Живејте го животот со полни гради ...

Со одлука на лидерот на СДСМ Венко Филипче, за претседател на Општинската организација на партијата во Дебрца, назначен е Љупчо Паункоски. Љупчо Паункоски е сегашен советник во Советот на Општина Дебрца од редовите на СДСМ, и долгогодишен и истакнат член на партијата. Работи во приватниот сектор одлично ја познава својата општина, препознатлив во својата средина по работливост и чесност,застапник на вистинските вредности и борец за потребите ...

Се обезбедуваат подобри услови за дечињата во ЈОУДГ „Јасна Ристеска”. Како што информираат од Општина Охрид набавени се 95 дрвени мобилни креветчиња и душеци наменети за деца од 2 до 6 години. Креветчињата се анатомски и изработени од буково дрво, а душеците се од 100 % памучен материјал. Новиот инвентар, градинката го набави со сопствени средства. Во континуитет продолжуваме да бидеме посветени на најмладата популација во нашата општина, затоа ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
94%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
92%
1018
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
65%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.08
93%
1018
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
0.51
87%
1018
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
80%
1018
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
82%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
94%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
0.0
91%
1018
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
0.89
88%
1018
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
82%
1020
Currency

61.5038

Currency

53.207

Currency

69.9311

Currency

34.4779

Currency

37.8248

Currency

65.9942

Currency

7.46604

Currency

0.65612

Currency

0.34549

Currency

0.52515

Currency

0.60009

Currency

1.25929