
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Американската филијала на Индустриската и комерцијална банка на Кина (Industrial & Commercial Bank of China Ltd.) беше погодена од сајбер-напад, не можеше да заврши бројни трансакции откако институциите и банките одговорни за трансакциите експресно се исклучиле од погодените системи. Ова ја присилило банката работата да ја продолжи испраќајќи УСБ преку курири до најразлични клиенти и институции. Нападот се претпоставува дека е од Локбит, ...
Процената на истите овие е дека 70-тонскиот Абрамс е направен за борби во европските рамници, не и за џунглите и далечните острови на Пацификот. „Логистиката и поддршката, тешки и на двете локации, ескалираат од поголемите дистанци на Индо-пацификот и помалку развиената инфраструктура, вклучително пристаништа и аеродроми,“ пишува во извештајот. М1 е создаден во средината на 1970-те, и е на ред да биде заменет во време кога американската армија ...
Се работи за ко-основачот на БЛМ Роуд ајленд и основач на БЛМ Инкорпорејтед, Марк Фишер, кој порача дека лично му се допаѓа Трамп, додека Бајден го прогласи за „длабоко разочарување.“ Објаснувајќи го својот став, Фишер изјавува дека наклонетоста кон Трамп е затоа што „сите други не ги бива“ „Трамп лично ми се допаѓа и мислам дека тој што сега седи во Белата куќа е големо разочарување... имам длабок презир за него а и потпретседателката не ми се ...
Технологијата што го овозможува тоа се нарекува семантички слух и го отвора патот за попаметни слушалки и слушни помагала, дозволувајќи му на сопственикот да филтрира некои звуци а други да засилува. Системот, кој сè уште е во фаза на прототип, го развиваат истражувачи од Универзитетот во Вашингтон. Тие собрале илјадници аудио примероци и звуци собрани од различни бучни средини а потоа го научиле системот да препознава 20 секојдневни звуци, како ...
Од Израелската градежна асоцијација веќе ја имаат известено индиската влада за својата намера, и објаснуваат дека сега само чекаат одлука на израелската влада. Израелскиот градежен сектор е застанат по нападот на Хамас на 7 октомври откако Израел одлучи да ги укине сите работни дозволи за Палестинците. Процената е дека градежната индустрија моментално работи со 15% од предвоениот капацитет. Според палестинските власти над 110 илјади Палестинци ...
Планот е на тамошното министерство за индустрија и информациска технологија и тој предвидува поддршка на нови компании фокусирани на ова поле, поставување индустриски стандарди, развивање на талент за истиот и зголемена меѓународна соработка. Од министерството објаснуваат дека во претстојниот период им е неопходен напредок во технологии како контрола на движење, интеракција машина со човек и свесност за околината, плус бара дополнително ...
Драго дете. Мина полноќ. Летам стотици километри на час во темнината, илјадници метри над Атлантскиот Океан. Патувам во Египет. Ќе одам до границата на Газа кај Рафа. Одам поради тебе. Никогаш не си бил во авион. Никогаш ја немаш напуштено Газа. Ги знаеш само преполните улици и сокаци. Бетонските бариери. Ги знаеш само безбедносните рампи и огради чувани од војници кои ја опкружуваат Газа. Авионите, за тебе, се застрашувачки. Борбени авиони. ...
„Веќе немаме директна буџетска поддршка. Последната транша беше исплатена на крајот од фискалната година. Ова ја загрозува, посебно во претстојните месеци, украинската способност да ја одржи економската стабилност додека истовремено продолжува да војува. Итно е,“ порачала Мекки во сведочењето пред Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат. Освен воено, Вашингтон го одржува Киев и за не-воените потреби за општо функционирање на ...
Талибанците се вратија на власт во земјата во август 2021 по американска капитулација каква што не е видена од Виетнам, и веќе во април 2022 тие го забранија одгледувањето на опиум. По забраната површината засадена со афион во Авганистан од 233.000 хектари на крајот од 2022, паднала на 10.800 хектари во 2023, или само 5%. Ноемврискиот извештај е важен затоа што сега е сезона за садење на афион за жетвата во 2024. Истиот тренд го следи и ...
Како и сите добри работи кои му се случиле на човештвото и оваа своите почетоци ги има во Фејсбук групи, чии членови и покрај уверувањата од американското ЦДЦ, се на став дека вакцините за ковид некако го оштетуваат човечкиот репродуктивен систем, па бараат невакцинирани донатори. Дел и од мажите во овие групи, кои се своето семе го етикетираат како „сперма што не е модификувана од МРНА“, инсистираат да донираат само на жени кои исто така не ...
Нашите гранташи и чувари на исправниот наратив доцнеа и фатија приклучок дури откако приказната веќе беше сериозно девалвирана, но во САД, уште некаде пред Божиќ 2018 година, медиумите беа преплавени со страшни приказни за руските ботови. Стории за тоа како Кремљ се уфрлил во американската политика, како манипулирал со сите големи социјални платформи и влијаел на изборите беа пик на манијата „Русијагејт“ во која учествуваа и комичари како ...
Од купувањето, кога го плати Твитер 54,2 долари по акција, Илон во неколку наврати изјави дека ја преплатил социјалната мрежа, а во март годинава во писмо до вработените напиша дека верува дека компанијата вреди 20 милијарди долари, нарекувајќи ја „обратен стартап“. Во оваа година дена сопствеништво на Твитер, Маск отпушти или сами си заминаа 80% од 7.500 вработени. Го промени начинот на верификација (која сега може да се купи), и правилата за ...
Додека петрохемиските компании продолжуваат да го преплавуваат светот со евтини пластични производи и амбалажа - од кои голем дел е создаден да се користи еднаш, а потоа да се фрли - тие истовремено фрлаат големи пари за да се промовира едно решение наречено „хемиско рециклирање“. Ова се однесува на процеси и технологии кои ја разбиваат пластиката во нејзините молекуларни делови и ги претвораат во нови производи. Теоретски, хемиското рециклирање ...
Истите западни економисти кои пред неполни 6 месеци тврдеа дека рускиот буџетски дефицит годинава ќе биде 5 до 6 проценти од БДП-то, сега ги наштелуваа своите очекувања на некои си 2%. Помалиот дефицит значи дека руската држава ќе може да си дозволи уште повеќе да инвестира во војната во Украина без дополнително да се задолжува и ќе го намали притисокот врз рубљата, која откако ја надмина границата од 100 рубљи за долар, сега повторно е симната ...
Путин е на власт од 2000-та, и ова ќе му биде петти претседателски мандат, а со уставните измени што ги истурка тој би можел да остане на власт максимум до 2036. Песков, портпаролот на Путин, ниту ги потврди, ниту ги отфрли тврдењата на Ројтерс, само порачал дека се уште нема официјално објавена кампања. Внатрешните процени е дека сред денешната ситуацијата во која целиот Запад е свртен против Русија, не е паметно да се прават големи промени во ...
Лидер на батаљон на Хамас од 400 борци/терористи, преку Телеграм обелоденил дека оригиналниот план за нападот од седми октомври не вклучувал ниту убивање цивили ниту нивно киднапирање како заложници. Милитантите на Хамас биле подготвени да убиваат израелски војници и да земат од нив колку што можат како заложници за подоцна да ги разменуваат за своите луѓе кои се зад решетки. Наредбите биле сменети во последен момент од политичките лидери на ...
Прашањето за Нетанјаху било кој ќе биде одговорен за безбедноста на Газа по крајот на војната против Хамас, кој до сега го покриваше тој дел од живеењето на Палестинците. Изјавата на Нетанјаху следува и покрај предупредувањето од Бајден дека целосна окупација на Газа би била голема грешка. Иако Бајден му даде силна поддршка на Нетанјаху во војната против Хамас, двајцата лидери имаат значително различен пристап околу тоа како таа треба да се ...
Кога американскиот претседател Џо Бајден неодамна потпиша грант од 80 милиони долари за Тајван за купување американска воена опрема, а официјален Пекинг стандардно реагираше дека „жали и се спротиставува“ за обичниот набљудувач тоа и не изгледаше ако вест. Пара ли се 80 милиони долари? Тоа е помалку од цената на еден модерен борбен авион а Тајпеј веќе има нарачано американска воена опрема вредна над 14 милијарди долари. Што прават разлика 80-те ...
Исмаил Ханија е прв човек на политбирото на Хамас и ја предводи владата на Газа. Од 2019 живее во хотели Турција и Катар, и е татко на 13 деца. Поседува приватен авион, а главниот семеен бизнис се недвижнини. Богатството на семејството Ханија се проценува на 2,5 милијарди долари. Халид Машал е претходник на Ханија на раководната позиција на политичкото крило на Хамас. Во 2012 тој бега од Дамаск за да ја избегне Арапската пролет во Сирија и се ...
За Њујорк тајмс ова е впечатливо јавно отфрлање на изјавата на Залужниј „кое сигнализира појава на поделби меѓу воените и цивилните лидери во проблематичен период за Украина.“ Заменикот шеф на кабинет на Зеленски, Ихор Жовка, на националната украинска телевизија порача дека тврдењата на Залужниј ја „олеснуваат работата на агресорот“ и дека коментарите предизвикуваат паника меѓу западните сојузници на Украина. Во исто време Зеленски коментирајќи ...
Ако воопшто сте биле загрижени за тоа, можете да здивнете, макар и привремено. Нема да има задолжителна претплата на Фејсбук и Инстаграм, иако вест на неделата беше дека Мета најавува ваква опција во ЕУ и земјите кои го делат економскиот простор со неа. Што значи дека не го опфаќа Западен Балкан, па не сме „загрозени“. „Иако тоа е совршено добра идеја, користењето на социјалните мрежи да се плаќа“, пишува Зоран Станојевиќ. Компанијата Мета се ...
Растот на Сиетл, и посебно областа во која се наоѓа Амазон, е директно поврзан со растот на Амазон. Компанијата помага градот да се претвори во технолошки хаб на ниво на САД и доведе до наплив на високо платени технолошки работници. Лоша страна на ова е што кога дојдоа програмерите скокнаа кириите во градот, а со тоа и бројот на бездомници. На заминувањето од Сиетл му претходеше напуштањето на позицијата ЦЕО на Амазон и постепена транзиција во ...
Ивермектинот има скромно потекло: бактеријата која го прoизведува е откриена во примерок од почва во близина на терен за голф во Јапонија (тоа и денес е единственото место во светот каде што ja има). Овој природен лек кој го викаат и народен лек, за здравјето има сторено како ретко кој друг во историјата. Со добри причини, комитетот за Нобеловата награда го нарече „чудесен лек“ и „прекрасен подарок од земјата“ - и тоа пред ковид ерата. Се знае ...
Во 2022 година жените готвеле во просек нешто помалку од девет оброци неделно. Мажите околу четири. Кога во 2018 година вакво истражување почнаа да прават Галуп и Кукпад, родовите улоги околу шпоретот беа традиционалистички поставени, но ситуацијата се смени за време на пандемијата кога мажите почнаа почесто да влегуваат во кујна. „Секоја година откако започна студијата, јазот се намалуваше. До сега,“, вели Ендрју Дуган, истражувачки директор во ...
Порота во Калифорнија му додели 332 милиони долари на човек кој го тужеше хемискиот гигант Монсанто дека неговиот рак е поврзан со децениско користење на неговиот популарен „убиец на плевел“, Раундап. На 57 годишниот Мајк Денис пред три години му беше дијагностицирана ретка форма на не-Хочкинов лимфом. Неговата тужба тврдеше дека неговата болест е поврзана со активната состојка во Раундапот, озлогласниот глифосат. После третманите ракот е ...
Роберт Де Ниро. Добри контра-тужба од неговата поранешна долгогодишна асистентка откако неговата фирма ја тужеше за крадење. Греем Чејс Робинсон од поранешниот шеф бара 12 милиони долари отштета за полова дискриминација и сексуално вознемирување. Генерално, бил нахален шеф. Во судница се раскажува како бил агресивен работодавец, како ѝ давал секакви задачи, од тоа да му ја украсува новогодишната елка па до тоа да го носи в болница кога паднал по ...
Иако студија нашла проблем околу бројноста и концентрацијата, истото не било утврдено кај употребата на мобилни и формата и мобилноста на сперматозоидите. Швајцарските научници не успеваат да го поврзат ни местото каде се чува телефонот (пример дали во преден или заден џеб) со намалената бројност. Истражувањето е дел од обидите на научниците да го објаснат падот на квалитетот на спермата последниве 50 години. Во него се споредуваат податоците од ...
Во споредбата се користат официјални бројки од два извора. Едниот е извештајот на О.Н. за бројот на цивилни жртви во Украина, во делот контролиран од Киев пред почетокот на војната, каде до 11 септември 2023 се регистрирани вкупно 7.481 убиен цивил. Наспроти нив е последната бројка од палестинското министерство за здравство, според која во бомбардирањето и ракетирањето на Израел од терористичкиот напад па заклучно со 29 октомври се загинати над ...
Се работи за Панцир системите, а тоа што не е познато е дали испораката е веќе завршена или кај и да е треба да се заврши. Американските извори тврдењата ги базираат на следење на движењето на системите и делумно на информации добиени од разговорите меѓу Асад, Вагнер и Хезболах околу испорака на системот. Борците на Вагнер и Хезболах со години соработуваат на сириска територија заедно со припадниците на руската и сириската армија. И пред ...
Да не го дижестираме повторно прилогот на Тајм бидејќи тоа веќе го направивме во статијата „Зеленски ни е нешто лут“, само неколку кратки поенти: Сега за Волтер Кронкајт. Една од оние стари легенди на американското новинарство, беше долгогодишен домаќин на најважните информативни емисии на CBS. Пренесуваше за војната во Виетнам сè додека не дојде време лично да отиде таму и сам да се увери како стојат работите. По враќањето од таму, својот ...