
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Компанијата за безбедност на вештачка интелигенција Palisade Research, тврди дека ова е прв случај на тестирање модел со вештачка интелигенција да се спротивстави на експлицитна наредба. При тестирањето, од разни модели со ВИ било побарано да решаваат низа математички проблеми сè додека не добијат порака дека машината ќе биде исклучена. Моделите Клод на Антропик, Џемини на Гугл и Грок на xAI послушале, но се спротивставиле три различни модели на ...
Со години пестицидите се во центарот на вниманието како потенцијален предизвикувач на Паркинсонова болест. Додека земјоделските заедници се опширно проучувани, многу помалку се знае за потенцијалните ризици што ги предизвикуваат урбани или приградски извори на изложеност на пестициди - како терените за голф, се наведува во истражувањето од невролошкиот институт Бароу во САД. Со студијата биле опфатени 319 терени за голф во Минесота и Висконсин, ...
Довербата во тековната истрага го достигна дното, пишува британски Телеграф. Социјалистичката влада на Педро Санчез се обидува да купи време со објаснувања кои или немаат никаква техничка смисла или водат кон апсурд. Операторот на мрежата, „Ред Електрика“, се обвинува дека ги попречува сите да се дојде до вистината. Извори во Брисел велат дека пред системот да се сруши, надлежните спроведувале експеримент колку далеку можат да одат во потпирање ...
* Целиот начин на (не)живеење на Брајан Џонсон е опишан во статијата „Милионерот што инсистира дека сака да живее вечно - никако да поживе“ Шлакнатиот не само што има до милиметар педантен начин на исхрана и начин на живот кој целосно му е мапиран, земаше и милиони матични клетки од Шведска како и крвна плазма од синот. Во доцни 40-ти години е, но е убеден дека неговиот експеримент му создал срце на човек од 37 години а капацитет на бели ...
Постојат средини кои се нездрави за луѓето. Планинарите, на пример, често подлегнуваат на висинска болест – реакција на телото на намалениот внес на кислород со секој здив. Па сепак, на големи надморски височини како на Тибетската висорамнина, каде што нивоата на кислород во воздухот што го дишат луѓето се значително пониски, човечките заедници напредуваат. Во текот на повеќе од 10.000 години регионот е населен, а телата на оние што живееле таму ...
Како што станаа јасни резултатите од претседателските избори во Романија, можеше да се видат широки насмевки по лицата на владејачките класи во ЕУ. Нивниот човек победи. Со 54% од гласовите, про-ЕУ и про-НАТО градоначалникот на Букурешт Никушор Дан го победи евроскептичниот десничарски националист Георге Симион, кој освои 46%. Главешините од ЕУ гледаат дека Романците гласале на „вистинскиот“ начин, за „вистинскиот“ кандидат. Но, прикриваат ...
Европската организација за атомски истражувања тврди дека изградила контејнер за транспорт на честички антиматерија, кои се неверојатно чувствителни и на најситни физички и температурни промени. Контејнерот е голем два метри и е полн со уникатна опрема што ги одржува античестичките во својата состојба. Камион пренесол контејнер со протони на далечина од 4 километри, од Франција до Швајцарија, без да се уништат примероците. Охрабрени од ...
Американските монети од 1 цент ќе престанат да се коваат во САД од следната година. Министерството за финансии објави дека полека ќе го повлекува пенито од оптек и им порача на трговците да ги заокружуваат цените најблиску до 5 центи. Цел на мерката е да се избегнат апсурдните трошоци за производство. Цената на ковање на секое пени во изминатите десет години се зголеми од 1,3 на 3,69 центи. Проекциите на Ковачницата на САД е дека за една година ...
Лидерите на девет членки на Европската Унија во отворено писмо тврдат дека застарените толкувања на Конвенцијата за човекови права ја ограничува флексибилноста на националните влади и ги спречува да протеруваат мигранти обвинети за криминал и злосторства. „Мораме да ја вратиме вистинската рамнотежа“, забележуваат лидерите на Италија, Данска, Австрија, Белгија, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Чешка. Писмото го објави Италија по средбата ...
Администрацијата за храна и лекови и Центрите за контрола и превенција на болести уште во февруари 2021 година биле предупредени за значителeн ризик од миокардитис кај млади луѓе што ја примиле мРНК вакцината на Фајзер, но агенциите чекале до крајот на јуни да го објават тој несакан ефект на етикетите на вакцината, објави канцеларијата на сенаторот Рон Џонсон. Администрацијата на Џо Бајден свесно реши да не објави официјално предупредување, со ...
Европската комисија издвоила 649 милиони евра од даночните обврзници за обемна и тивка кампања против слободата на говор. Со овие пари биле финансирани неодговорни невладини организации и универзитети да спроведат 349 проекти поврзани со борба против „говорот на омраза“ и „дезинформациите“, пишува во новиот извештај „Фабрикување дезинформации: ЕУ-финансираната пропагандна војна против слободниот говор“. Кога Комисијата на ЕУ го дефинира говорот ...
Научници од Универзитетот во Сари ја создадоа првата ефикасна батерија од литиум и CO2 што практично „дише“ јаглерод диоксид и на тој начин создава енергија. Литиумот, како најлесен метал, вообичаено во батериите се комбинира со друг метал за да се поттикне хемиска реакција. Но, може да реагира и со јаглерод диоксид, кој не мора да биде спакуван, туку би се црпел од воздухот. Досегашните експерименти на оваа технологија не биле успешни, бидејќи ...
Американски научници откриле два лека против маларија за кои тврдат дека имаат стопроцентно дејство кај комарците. Тие предлагаат со коктел од лекови да се обложат заштитните мрежи, кои заедно со вакцините се покажале како најефикасни против ширењето на болеста. Во допир со мрежите комарците би го примиле лекот преку своите нозе и повеќе нема сериозно да го загрозат човекот дури и ако го каснат за да му цицаат крв. Паразитите од маларија, кои ...
Движењето Муслиманско братство е закана за националната кохезија во Франција и мора да се преземат активности за да се запре ширењето на политичкиот исламизам, се тврди во доверлив извештај на француската влада. Утврдена е антирепубликанска и субверзивна природа на движењето формирано во Египет пред речиси сто години со цел да се создаде обединета шеријатска држава за сите муслимани. Во извештајот доставен до Советот за одбрана се посочува дека ...
Командантите ќе обезбедат сите заеднички интимни простори да бидат јасно определени дека се за машка, женска или семејна употреба, се вели во документот. Во активна служба во армијата на САД и во Националната гарда има 4.240 трансродови војници, според официјалните податоци. Неофицијално ги има многу повеќе. Веднаш откако го почна вториот мандат, претседателот Доналд Трамп ја укина одредбата од Џо Бајден со која на трансродовите лица им ...
Нова бактерија, досега невидена на Земјата, е пронајдена во брисеви од кабината на кинеската вселенска станица Тиангонг собрани пред две години од екипажот на мисијата Шенжу-15. Утврдено е дека новата бактерија Niallia tiangongensis е блиска роднина со Niallia circulans, која обично живее во почвата, канализацијата и храната, се размножува со спори и може да предизвика сепса кај пациенти со намален имунитет. Се претпоставува дека поминала низ ...
Сара Бренер, заменик-комесар на Администрацијата за храна и лекови на САД, изјави дека не примила ниту една од вакцините за ковид. За време на пандемијата таа била бремена и не сакала да се изложи на ризик. Како специјалист за нанотехнологија, знаела дека липидните честички што се користат за испорака на мРНК во вакцините за ковид може да предизвикаат несакани ефекти. Тогаш не беше познато какви се моделите на биодистрибуција на тие производи, а ...
Франција и Шпанија веќе го поддржале предлогот од Грција за строго регулирање на пристапот на малолетници до социјалните мрежи. За оваа иницијатива ќе дискутираат европските министри за дигитална технологија во јуни. Вниманието кон ова прашање го привлече Австралија, која до крајот на годинава ќе воведе минимална возраст од 16 години за отворање профили на одредени страници и платформи на интернет. Европскиот предлог е уште построг. Предвидува ...
„Во кампањата му ветив на американскиот народ дека ќе изградам најсовремен противракетен одбранбен штит. Денес, со задоволство можам да објавам дека официјално го избравме дизајнот за овој систем“, рече Трамп во Белата куќа. Златната купола ќе се интегрира со постојните одбранбени способности на земја и е насочена кон заштита на САД од крстосувачки, балистички и хиперсонични проектили и беспилотни летала, без разлика дали носат конвенционални ...
Универзитетски невропсихолози од Мичиген во прва студија од овој тип забележале маркери за воспаление на мозочните клетки кај 10 пациенти со долг ковид, кои не биле присутни меѓу другите седум опфатени во истражувањето, лица што целосно закрепнале и немаат никакви постојани симптоми. Серумските нивоа на факторот на раст на нервите - биомаркер на способноста на мозокот да се менува и приспособат преку формирање на нови врски, биле значително ...
Независната организација Policy Exchange што спровела ревизија на наставната програма низ Британија предупредува дека училиштата „отишле предалеку“ во прифаќањето на корекциите на историјата што беа наметнати под притисок од „будењето“ и движењето Блек лајвс метер. Во илустрираната читанка „Брилијантната црна британска историја“ од авторката Атинуке, која е одобрена во наставниот план за деца на возраст над 7 години, пишува на пример дека ...
Автомобилската кабина денес е маскиран кодош, кој тивко ги симнува вашите податоци секогаш кога ќе го приклучите телефонот на инфозабавниот систем. Краткиот список вклучува: контакти, дневници на повици, СМС, електронска пошта, распоред од календарот, метаподатоци, фотографии и видеа, историја на ГПС локации... За разлика од смартфонот, не прашува ништо. На возач не смее да му се одвлече внимание. Автомобилските системи работат под тивка ...
Доналд Трамп во кампањата се фалеше дека ако биде избран за претседател, „за 24 часа“ ќе може да ја запре војната во Украина. По вчерашниот телефонски разговор со Путин, тој испрати два сигнали дека се лади од миротворна и посредничка иницијатива. Прво на својата социјална мрежа тој порача дека „за условите за преговори ќе дискутираат директно двете страни, како што единствено може да биде, бидејќи знаат детали што никој друг не би можел да ги ...
Леденото доба што доаѓа ќе се задржи околу 100.000 години. Речиси исто толку траел и Последниот глацијален период, кој својот максимум го достигнал пред околу 26.500 години. Во тоа време огромни ледени плочи ги покривале Северна Америка и северна Европа. Досегашните претпоставки беа дека цивилизацијата се развила во на средината помеѓу две ледени доба, но истражувачи од Универзитетот Санта Барбара ги прилагодиле пресметките со малите промени во ...
Во април 2025 година САД оствариле историски суфицит од 258,4 милијарди долари, прв во оваа година и втор највисок воопшто, по април 2022 година. Федералната влада во изминатиот месец собрала приходи од 850,2 милијарди долари, а потрошила 591,8 милијарди Април е месецот во кој стигнуваат завршните плаќања на даноците од претходната година и првата рата од кварталните проценети даноци за многу поединци и бизниси. Министерството за финансии ...
Ѕвездата од „Тајгер Кинг“, Џо Егзотик, бара од претседателот Трамп да интервенира и да не дозволи остатокот од животот да останат разделени со неговиот сопруг. 33 годишниот Хорхе Маркез Флорес (во серијата Џо Егзотик имаше двајца мажи истовремено) деновиве бил депортиран во Мексико, откако ја отслужи казната за нелегален престој во САД. 62 годишниот Џо Егзотик (вистинско име му е Џозеф Малдонадо-Пасаж) е поранешен живописен плејмејкер во ...
Во амазонската џунгла во Гвајана Франција ќе гради нов и „непробоен“ затвор за трговци со дрога. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин најави дека комплексот ќе има капацитет од 500 затвореници. Во специјални крила со засилена безбедност ќе бидат префрлени 60 наркобосови и 15 радикализирани исламисти. Стратегијата е едноставна: да го удриме организираниот криминал на сите нивоа. И тука, каде што почнува патот на дрогата, и во Франција, ...
Јазичните модели со ВИ можат самите да го координираат своето однесување во група. Тие формираат конвенции, како основни елементи на социјални групи, и се придржуваат до заедничките правила, објаснува Ариел Флинт Ашери од лондонскиот Универзитет Сент Џорџ. Истражувачите распоредиле агенти со ВИ, како ЧетГПТ, во групи со по 24 до 200 учесници и поттикнале интеракција со задача: Два случајно избрани „агенти“ ќе добијат награда ако изберат иста ...
Мета, матичната компанија на платформите Фејсбук и на Инстаграм, во 2022 и 2023 година била одговорна за речиси секоја втора измама пријавена до платформата за онлајн плаќање Целе, која соработува со ЏП Морган и другите големи банки во САД. Внатрешна анализа на компанијата од 2022 година покажа дека дури 70% од новите активни огласувачи промовираат измами, недозволени стоки или производи со лош квалитет. Бизнисот со рекламирање лани ѝ донел на ...
Градоначалникот на Букурешт, Никушор Дан, е новиот претседател на Романија, откако во вториот круг од изборите во неделата освои 54% од гласовите. Победата е неверојатна, бидејќи Дан во првиот круг освои едвај 21%, двојно помалку од Георге Симион, кој важи за романска верзија на Доналд Трамп. Симион го призна поразот: „Му честитам на мојот противник. Тој победи. Таква беше волјата на Романците“. Аналитичарите тврдат дека главна причина за ...