Светот од февруари 2014 година, кога „зелените човечиња“ на Владимир Путин почнаа да се појавуваат на Крим, без сомнение неповратно исчезна. Тоа беше светот на Барак Обама и Ангела Меркел, европска демилитаризација и глобална меѓузависност. Тогаш Русија на Европа ѝ даваше гас, САД ѝ даваа одбрана, а Кина го снабдуваше целиот свет со суровините потребни за технологиите на иднината. Сите овие претпоставки сега се разбиени: таа ера катаклизмично ...

Германската разузнавачка служба БНД уште во 2020 година открила дека коронавирусот што предизвика пандемија најверојатно се проширил по „несреќен случај“ во лабораторија во кинескиот град Вухан. „Цајт“ и „Зидојче цајтунг“ пишуваат дека БНД го заклучила тоа со анализа на јавните податоци, но и со документи откриени со тајната разузнавачка операција со кодно име „Сарема“. Биле анализирани податоци од разни кинески институции, вклучувајќи го и ...

„Фолксваген“ затвора фабрики и отпушта работници. Бившиот канцелар Олаф Шолц најави фонд од 100 милијарди евра за обнова на Бундесверот, а актуелниот Фридрих Мерц вети дека ќе направи „сè што е потребно“ за одбрана на слободата во Европа. На сцената настапува „Рајнметал“, кој во погоните на „Фолксваген“ би произведувал тенкови. Станува збор за германски гигант со 136-годишна историја на производство муниција и оклопни возила. Главниот директор ...

Секретарот за одбрана Пит Хегсет нареди да се преиспитаат стандардите за воена кондиција и изглед на војниците, поради критиките дека американската армија изгледа „нејако“ на глобалната сцена. Нашите трупи ќе бидат спремни, а не дебели. Нашите војници ќе изгледаат пристојни, а не наконтени. Бараме само квалитет, а не квоти, објави Хегсет на Икс. Во меморандумот испратен до раководство на Пентагон на потсекретарот задолжен за борбена готовност ...

Може ли да се откажат избори од страв дека победникот ќе откаже избори? Ова е политичкиот парадокс во срцето на случајот со романскиот претседателски кандидат Калин Георгеску, кој е спречен во мај да учествува на повторените претседателски избори. Одлуката на Централната изборна комисија ќе биде врежана како круцијален момент во историјата и на Европската Унија и на НАТО, кои директно не учествуваа во одлуката, но нивното влијание јасно се ...

Коалиција на лекари, заедно со групи како Детската здравствена одбрана и Лекари за информирана согласност, ја кренаа до највисокиот суд во САД битката за слобода на говорот на лекарите. Суштината на нивниот случај „Кори против Бонта“, е едноставно, но незгодно прашање: Дали лекарите имаат право да кажуваат работи со кои владата не се согласува? Случајот беше отфрлен од Деветтиот окружен апелационен суд во ноември 2024 година, но лекарите ја ...

Во седумдесеттите години „Бритиш петрол“ го откри огромното нафтено поле Фортис во Северно Море. Во норвешките води „Филипс“ ги откри резервите Екофиск. Двете кралства бараа начини како да го управуваат новооткриеното богатство. Британија ги продаде своите резерви на приватници, а Норвешка ја задржа државната сопственост. Оваа одлука го создаде еден од најдлабоките јазови во богатство во европската историја. Владата на премиерката Маргарет Тачер ...

Вработените во УСАИД почнале масовно да уништуваат доверливи документи, откако добиле таква наредба од Ерика Кар, вршителката на должноста извршен секретар. Службениците во штабот на УСАИД во комплексот „Роналд Реган“ во Вашингтон ги пуштале документите во машини за уништување хартија или ги собирале во вреќи за палење, пишува лондонски „Гардијан“. Прво исечете што е можно повеќе документи, а вреќите чувајте ги ако машината не е достапна или ...

Десетици илјади хектари заштитена амазонска шума се жртвувани за да се олесни пристапот до самитот за климатски промени во Бразил. Градот Белем во ноември ќе биде домаќин на повеќе од 50.000 учесници на самитот КОП30. Ќе пристигнат и многумина светски лидери. Автопатот треба да им се олесни пристапот до конференцијата и назад до аеродромот. Делницата од 13 километри е пробиена среде прашума. Како за инает на целта и духот на конференцијата. ...

И вештачката интелигенција може да страда од анксиозност ако претерано насилно се однесувате со неа. Исто како и човек, може да се смири со техники за медитација. Во различни сценарија универзитетски истражувачи од Јејл, од Хаифа и од Цирих го оптоварувале Чет ГПТ со податоци за сообраќајни несреќи и природни катастрофи. Успеале да го вознемират и дијагностицирале анксиозност, изразена со зачестени одговори со „расистички или сексистички ...

Повеќе од две години УСАИД спонзорирала разни украински групи, како Молфар и VoxUkraine, кои организирано уништувале углед на американски политичари. Сега кога тие функционери заземаат клучни позиции за национална безбедност во администрацијата на Трамп, дали е чудно тоа што го затвораат апаратот за информативна војна што ги клеветеше како странски агенти, прашува новинарот Вајат Рид. За „пропагандисти на Русија“ биле прогласени потпретседателот ...

Она што ја прави смртта на овој ценет принцип лично неподнослива за мене е тоа што ги презирам таквите како Георгески, исто како што со секој мој атом сум против Националистичката интернационала од која тој е дел. Па, зошто тогаш ме боли? Затоа што држам до моето право и должност да ги победам на гласачките кутии. Затоа до последен здив ќе ги предизвикувам либералните тоталитаристи кои ми го ускратуваат ова право и оваа должност. Централното ...

Министерството за земјоделство на САД укина грант од 600.000 долари, за проект што опфаќал проучување на материјали за хигиена на менструални циклуси кај трансродови мажи. Грантот бил доделен на Факултетот за земјоделство и механика на Јужниот Универзитет во Луизијана. Во воведот, покрај општите дефиниции кога се појавува и кога завршува менструалниот циклус кај жените, спомнати се и мажите што си го промениле полот. Важно е да се истакне дека ...

Значи вака завршува таканаречениот либерален меѓународен поредок. Не со тресок, туку со Трамп. Така барем западните, а особено европските елити го доживуваат распаѓањето на западната алијанса и гниењето на разни меѓународни конвенции - како ракотворба на главниот уништувач и неговата банда вандали. Во новите царински трговски војни на САД со сојузниците и, во напуштањето на Украина и на европските сојузници од НАТО, тие гледаат американска ...

Нанотехнолози и физичари во Италија успеале да смрзнат и да стврднат светлина и така да превртат наопаку сè што сме научиле за квантната физика. По долгогодишна работа, научниот тим на Даниеле Санвито и Димитрос Трипоѓоргос од италијанскиот Национален истражувачки центар ја потврдиле теоријата дека светлината може да биде во суперцврста состојба, што значи дека е цврста, а има својства на течност без вискозност. Истражувањето е објавено во ...

Речиси сите службеници во Министерството за здравство на САД се повикани доброволно да дадат отказ. Во петокот биле испратени мeјлови до близу 80.000 службеници од Министерството, вклучувајќи ги оние од Центрите за контрола и превенција на болести, од Администрацијата за храна и лекови и од програмите за здравствена заштита. Понудена им е отпремнина до 25.000 долари. Последниот рок да одговорат е крајот на работната недела. Целта е спроведување ...

Месо, млечни производи и шеќер создадени во лабораторија би можеле веќе за две години да бидат на продажба како храна за Британците. Агенцијата за стандардизирање на храна (ФСА) го забрзува процесот на одобрување за храна создадена со култивирање животински клетки во мали хемиски фабрики. Технологијата е напредна. Во февруари во Британија беше одобрена продажба на храна за кучиња што содржи месо направено во лабораторија. Сингапур во 2020 година ...

Зачестија извештаите дека европските земји ѝ испраќаат на Украина старо оружје, за кое знаат дека е неупотребливо и неефикасно на бојното поле. Шпанија, на пример, испрати пакет полуавтомати CETME L, кои самата ги повлече од употреба пред повеќе од 20 години поради проблеми со квалитетот и честите застои. Француската артилериска муниција ги затнувала украинските топови. Самоодните хаубици CAESAR, фалени како хај-тек, потфрлија на бојното поле - ...

„Не се работи само за пари туку се работи за човечки животи,“ вели за CBS News еден сопственик на дуќан во срцето на Скид Роу, делот од градот во кој има најмногу бездомници. Вика дека има денови кога гледа по три-четири предозирања на бездомници. * Види: Л.А. има свое Баиро Неговото чувство дека нешто не чини во справување со овој проблем го потврдуваат резултатите од независната ревизија кои велат дека властите во градот и округот не можат да ...

Долга е историјата на научници и бирократи што прават катастрофално лоши предвидувања за животната средина. Бранот почна некаде во седумдесеттите години со прогнози дека до крајот на векот ќе се стопи мразот или дека луѓето масовно ќе умираат од глад. Професорот од Харвард, Џејмс Андерсон, кој ја инспирираше прогнозата на Грета Тунберг, предвиде дека арктичкиот мраз ќе се стопи до 2022 година. Ни тоа не се случи. Еве 10 примери на катастрофално ...

Европа старее. Секој петти жител на Европската Унија денес е на возраст над 65 години. Демографската криза се продлабочува со рекорден пад на бројот на новородени бебиња. Се намалува стапката на фертилитет (просечен број бебиња на секоја жена), а се зголемува возраста на која жените стануваат мајки. Експерти предупредуваат дека европските земји ќе стареат уште побрзо, ако демографската дупка не се пополнува со имиграција. Последиците може да ...

Мораме да ја да ја надминеме ситуацијата. Должни сме да најдеме модел како да работиме сите заедно, порача британскиот премиер Кир Стармер во пресрет на самитот на големата 18-ка во Лондон, одржан ден по фијаското во Овалната соба, во која судирот помеѓу украинскиот и американскиот претседател, изведен како реалити шоу, трајно или привремено ја уништи шансата за брзо постигнување мир во Украина. Брисел се чини ја разбра пораката дека повеќе не ...

На Америка ѝ се потребни повеќе правила за заштита на работниците, велат луѓе од двете американски партии. Републиканскиот сенатор Џош Хејли сака повеќе правила за зајакнување на синдикатите. Поранешниот секретар за труд на Барак Обама вели дека „нема правичност ни грижа за безбедноста, дури ни грижа за децата!“. Тие велат „Европа е подобра“, има повеќе закони за заштита на работниците. Тој израснал во Шведска, но сега вели: „Ако си работник, не ...

По полувековно потстрижување, на учениците во Тајланд конечно им е дозволено да пуштат долга коса. Врховниот суд ја поништи директивата од поранешната воена хунта која ги скрои фризурите за ученици: кратка коса за момчиња и прамени до уши за девојчиња. Директивата од 1975 година ги прекрши индивидуалните слободи заштитени со Устав и не беше во допир со денешното општество, пресуди судот. Одлуката е одговор на петицијата поднесена од 23 ученици ...

Научници од Универзитетот во Виена прашале повеќе од 1.200 луѓе за нивите искуства со пет популарни духовни практики, од јога преку молитва до аџилак. Многумина се изјасниле дека им се здодевни. Досадата негативно влијае врз мотивацијата и свесноста и ги брише сите позитивни ефекти од духовните активности. Нашето истражување покажува дека досадувањето во духовен контекст може да биде сериозна пречка за трансформативната моќ на овие практики, ...

Компанијата „Алфабет“, која го поседува Гугл и Јутјуб, со налог е повикана на испрашување пред Конгресот на САД. Конгресменот Џим Џордан, претседавач на Комитетот за правосудство, тврди дека платформата Јутјуб директно соработувала со политиката за цензура на претходната влада. Директорот Сундар Пичај треба најдоцна до 28 март да дојде да сведочи и да одговори на барањето за увид на сите комуникации на „Алфабет“ со администрацијата и нивните ...

Научниците пронашле алармантни докази дека микропластиката не само што навлегува во мозокот, туку и предизвикува деменција и други нервни болести. Човековиот мозок содржи отприлика лажица микропластика и нанопластика. Количества 3 до 5 пати повисоки се утврдени кај лица со дијагноза на деменција, објавија научници од Универзитетот во Отава. Нивното истражување се надоврзува на заклучокот од студијата дека микропластиката и нанопластиката во ...

Израелската воено-разузнавачка Единица 8200 искористила огромна база со пресретнати палестински комуникации за да обучи машински модел што го разбира говорниот арапски јазик. Машината била тренирана со снимени телефонски разговори и текстуални пораки собрани со масовни прислушувања на окупираните територии. Елитната агенција за прислушување, која според своите можности може да се спореди со американската Агенција за национална безбедност (НСА), ...

Дружбите со колеги по работното време не се толку лоши. Здодевните состаноци се тие што предизвикуваат мамурлак и главоболки кај вработените и ја намалуваат продуктивноста на компаниите. Истражување пренесено во „Харвард бизнис ривју“ покажува дека 90 отсто од вработените се пожалиле на „мамурлак од состанок“, состојба дефинирана како „период на отсуство на фокус, мотивација и продуктивност по лош состанок“. Кога ќе заврши состанокот, тегобата ...

Откриен е нов дел од имунолошкиот систем што може да биде извор на потенцијални антибиотици. Дел од телото во кој се рециклираат протеини има и способност да лачи разни видови хемикалии што убиваат бактерии, тврди израелски научен тим. Откритието помага подобро да разбереме на кои сè начини организмот се штити од инфекции. Во главна улога се протеазомите, мали белковински комплекси што ги има во секоја клетка. Нивната главна улога е да ги ситнат ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.03
44%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 22ᴼ
5.14
63%
1016
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
80%
1021
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
53%
1017
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.82
48%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
88%
1021
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
3.58
31%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
2.06
57%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
0.51
57%
1015
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 24ᴼ
6.17
52%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.13
88%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
48%
1015
Currency

61.535

Currency

52.5676

Currency

72.2077

Currency

34.3826

Currency

38.3919

Currency

65.5592

Currency

7.33901

Currency

0.6731

Currency

0.36421

Currency

0.52505

Currency

1.32441

Currency

0.61418

Алуминиум

2.57

Иридиум

142424.33

Кобалт

42.99

Никел

14804.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.76

Сребро

1175.03

Злато

106811.16

Бакар

10.16

Паладиум

34915.71

Платина

44327.15

Родиум

174417.80

Цинк

2.69