
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди тргна на турнеја низ југозападните американски држави за да ги убеди да го забранат флуорот во водата за пиење. Нема смисла да го имаме (флуорот) во нашата вода. Јас сум многу горд што оваа сојузна држава е првата што го забрани и се надевам дека ќе има уште многу, изјави Кенеди во Јута. Центрите за контрола и превенција на болести ја истакнуваат флуоризацијата на водата како едно од десетте најголеми ...
Кога на 2 април го најави Денот на ослободувањето и ги покажа табелите со царини за секоја земја, богатството на Доналд Трамп беше проценето на 4,7 милијарди долари. Тарифите предизвикаа општ хаос на берзите и загуба од 6.000 милијарди долари од вредноста на акциите. Како и повеќето милијардери и инвеститори, и Трамп изгуби 11% од своето богатство, кое Форбс во вторникот го процени на 4,2 милијарди долари. Најголемата загуба на Трамп претрпел ...
Мигрантите што добиле наредба за депортација и не ги напуштиле САД ќе бидат казнети со по 998 долари за секој ден што нелегално го поминале во земјата. Ако немаат пари, ќе им биде одземен имот. Мерката ќе важи и ретроактивно, во период од пет години. Со вакви казни се соочени околу 1,4 милион лица што добиле наредба за депортација. Некои што се долго во САД може да добијат казна од милион долари. Основа на оваа мерка е закон од 1996 година, кој ...
Експерти од конзервативниот Американски ентерпрајз институт (АЕИ) открија голема грешка во формулата што Белата куќа ја користела за одредување на тарифите за другите земји. Во равенката како „еластичност на цените од увоз“ била користена вредноста колку ќе се променат цените за потрошувачите како последица на тарифите. Наместо тоа, правилно е да се калкулира само со увезените производи – колку би ја чинело некоја американска компанија да купи ...
Европската Унија планира со тарифи од 25% и други регулаторни мерки да возврати во трговската војна што ѝ ја објави американскиот претседател Доналд Трамп. Брисел издвои специфични американски производи што ќе ги царини. На списокот се дијаманти, забен конец, колбаси и живина, но и јајцата, кои во Америка станаа луксуз. Епидемијата на птичји грип силно ги погоди живинарските фарми, кои беа принудени на масовно уништување несилки. На пазарот нема ...
Забраната за интимни контакти била одлука на амбасадорот Николас Барнс, непосредно пред да ја напушти Амбасадата во Пекинг, но не е официјално потврдена. Досега од американските дипломати се барало да им го пријават на претпоставените секој интимен контакт со кинески државјани. Лани биле забранети романтични и сексуални односи со локални жители ангажирани за обезбедување и домаќински работи во Амбасадата на САД и петте конзулати. Барнс во ...
Откако Доналд Трамп во третиот месец од својот мандат го прогласи „Денот на ослободувањето“ Форбс анкетирал 50 милијардери, инвеститори, менаџери на средства и советници од Вол стрит да ја вреднуваат нивната поддршка за економските стратегии на претседателот. Тешкашите реагирале исто како и берзите, со недоверба. Дури 72% се изјасниле дека економскиот план на Трамп е неефикасен, а 66% не ја поддржуваат неговата економска политика. Една третина ...
Колосал биосаенсес ги претстави волчињата Ромул, Рем и Калиси, првите живи примероци на сортата „страшен волк“ (Aenocyon dirus) исчезнат пред 12.500 години. Младенчињата се здрави, машките на возраст од шест месеци, а Калиси окучена во јануари. Страшните волчиња се зачнати со генетски инженеринг. Научници од биотехнолошката компанија реконструирале геном на волк од пред илјадници години, ги изолирале гените што им припаѓаат само на страшните ...
Глобалните заговорници за глад демнат на социјалните мрежи и постојано не потсетуваат дека Хенри Кисинџер рекол „контролирај ја храната и контролирај ги луѓето“, и покрај тоа што никогаш не кажал такво нешто. Ќе се обидат да ве убедат дека лабораториски одгледуваното месо и птичјиот грип се дел од истиот план и дека пиштолот е најдобрата одбрана од космополитската елита која има намера да ви ја конфискува фармата. Во самракот на мандатот на Џо ...
Глобалните заговорници за глад демнат на социјалните мрежи и постојано не потсетуваат дека Хенри Кисинџер рекол „контролирај ја храната и контролирај ги луѓето“, и покрај тоа што никогаш не кажал такво нешто. Ќе се обидат да ве убедат дека лабораториски одгледуваното месо и птичјиот грип се дел од истиот план и дека пиштолот е најдобрата одбрана од космополитската елита која има намера да ви ја конфискува фармата. Во самракот на мандатот на Џо ...
Ултрамаратонецот Вигинс на 27 април по 18 пат ќе го трча Лондонскиот маратон. Првпат со тежок костим на себе за да се обиде се собори Гинисовиот рекорд во категоријата: „најбрзо истрчан маратон од човек облечен како сообраќаен конус“. (Да, Гинисовите рекорди навистина не познаваат граници). На несекојдневниот чин го поттикнале тројца пријатели на возраст од рани шеесетти години, кај кои бил дијагностициран канцер на простата. Маратонецот ќе трча ...
Бавните Федерални резерви треба да ги намалат каматните стапки, остро порача денеска претседателот Доналд Трамп. До минатата недела, тој многу потивко ја критикуваше политиката на Централната банка во споредба со својот прв мандат. Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, не дава знаци дека ќе попушти, иако изрази загриженост од потенцијалниот инфлациски ефект на новите царини. ФЕД ќе треба да види вистински напредок во однос на ...
Со новата студија биле следени реакциите на вообичаените вакцини кај 191 бебе во Австралија. Од нив 32 биле третирани со антибиотици веднаш по раѓањето, 49 биле изложени на дејство на антибиотици што ги примала мајката во бременоста, а 30 во периодот од шест недели по раѓањето. При споредба на резултатите од микробиомите на бебињата во периодот на првата рутинска вакцинација, на возраст од шест недели, Било откриено дека кај бебињата што ...
Во споредба со претходниот најнапреден чип, ТСМЦ тврди дека технологијата на микрочипови од 2 нанометри нуди зголемување од 10 до 15% на брзината на пресметување при исто ниво на моќност или заштеда на енергија од 20 до 30% при иста брзина на пресметување. Густината на транзисторите е зголемена за 15% во споредба со технологијата 3nm, што им овозможува на уредите да зафаќаат помалку простор, а да управуваат посложени задачи. ТСМЦ неодамна ...
Американскиот министер за трговија Хауард Лутник ја брани одлуката на Трамп да им воведе царини на ненаселените острови Херд и Мекдоналд, како внимателен чекор да се затворат сите можни дупки за заобиколување на тарифниот режим. Светските медиуми се подбиваа со тарифите за „островите со пингвини и фоки“, а австралискиот министер за трговија Дон Фарел ја оцени како „јасна грешка што сведочи колку бил избрзан процесот на одмерување на тарифи“. Ако ...
Азиските берзи се во слободен како реакција на трговската војна што Доналд Трамп му ја објави на светот. Јапонскиот референтен индекс Nikkei поврзан со акциите на 225-те највредни компании падна за 8,8% набрзо по отворањето на токиската берза. Поширокиот индекс Topix падна за 7,5%. Тајванскиот индекс Taiex падна за речиси 10%. поради падот на акциите на производителите на полупроводници. Во петокот акциите на американските берзи изгубија повеќе ...
За прв пат по доста години, Германија повеќе не е лидер во Европската унија во однос на барањата за азил. Според извештај на Комисијата на ЕУ, до кој дојде Велт ам Зонтаг, бројот на апликации во првиот квартал од оваа година (од 1 јануари до 31 март) е намален дури за 41 отсто во однос на истиот период лани и изнесувал 37.387. Сега лидер е Франција со 40.871 барања за азил, а после неа е Шпанија, каде што 39.318 лица поднеле барање за заштита. ...
Финансиското обвинителство на Франција побара седум години затвор, пет години политичка забрана и парична казна од 300.000 евра против поранешниот претседател, Никола Саркози. Денес 70 годишниот Саркози се товари за коруптивен договор со „озлогласениот“ либиски диктатор Моамер Гадафи за финансиска поддршка на неговата (победничка) изборна кампања во 2007-ма. Обвинителот ја опиша бескрупулозната политичка амбиција на Саркози, додавајќи дека „само ...
Ханс-Екхард Зомер, шеф на германската федерална канцеларија за миграција, говорејќи како „приватен граѓанин“ пред Фондацијата Конрад Аденауер, повика да им се одземе правото да бараат азил на мигрантите што без документи доаѓаат на копнените граници. Според сегашните правила, на мигрантите што ќе побараат азил Германија им обезбедува дом и социјална помош додека се разгледуваат нивните случаи. Процесот може да се развлече со години што не е во ...
Глобалниот пазар на вештачка интелигенција денес се проценува на 243 милијарди долари. Индустријата се зголемува со годишна стапка од 28% и се очекува до 2030 година да достигне 826,7 милијарди долари. Експлозивниот раст ја одразува транзицијата на вештачката интелигенција од експериментална технологија кон деловна нужност. Инвестиции од 320 милијарди долари На челото на инвестициската трка се Google, Microsoft, Amazon и Meta. Технолошки гиганти ...
„Се враќаме на ниво што не сме го виделе од триесеттите години од минатиот век“, оценува професорот Жорди Гуал, поранешен претседател на CaixaBank, коментирајќи го потегот на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за целиот свет. Трамп најави дека со тарифите од 10% до речиси 50% на најголемите трговски партнери ќе ги воведе САД во „златно доба“, дека ќе го крене домашното производство, ќе ги поттикне мултинационалните компании ...
Спротивно на наративот дека видео-игрите ги затапуваат умовите на децата, ново истражување го поврзува подолгото играње со повисок коефициент на интелигенција. Истражувањето исто така покажало дека гледањето телевизија или користењето на социјалните мрежи немаат ни позитивна ни негативна рефлексија на интелигенцијата. Ова не е прва студија што сугерира врска помеѓу времето поминато на игри со развојот на когнитивните способности. Дигиталните ...
Европската Унија проценува дека царините што ѝ ги наметна Доналд Трамп ќе погодат 70 отсто од извозот во САД и ќе направат штета од околу 380 милијарди евра. Во првичната пресметка се земени предвид „реципрочните“ царини од 20%, што Трамп ги објави во средата, како и тарифата од 25% за автомобили, автомобилски делови и челик и алуминиум, објавени минатиот месец. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ е ...
Благодарение на енигматичната политика на Трамп, индексот на несигурност на економијата на САД сега е на нивото од раната паника од пандемијата кога акциите паѓаа, а економијата пропаѓаше. Двојниот удар од повисоките цени предизвикани од царините и побавниот раст ќе создаде маѓепсан круг. Затоа, не е изненадување што паднаа американските берзи. Згора на тоа, со оглед на тоа колку многу обичните Американци вложуваат на берзата, ова дополнително ...
Германија моментално ги има вторите по големина резерви на злато во светот. Повеќе од една третина од вкупно 3.352 тони злато (1.236 тони) се во трезорите на Федералните резерви на Њујорк. Чувањето злато во Њујорк ѝ гарантира на Бундесбанката брз пристап до вредност што може да ја промени во американски долари (или која било друга цврста валута), ако се укаже потреба за тоа. На многумина конзервативци во Германија им е непријатно во Форт Нокс да ...
По нарушувањето на односите со Вашингтон, политичари во Германија сè повеќе се загрижени за безбедноста на огромното количество златни резерви складирани во САД. Германија моментално ги има вторите по големина резерви на злато во светот. Повеќе од една третина од вкупно 3.352 тони злато (1.236 тони) се во трезорите на Федералните резерви на Њујорк. Чувањето на злато во Њујорк ѝ гарантира на Бундесбанката брз пристап до вредност што може да ја ...
Водечкиот европски институт за јадрено истражување ја завршил повеќегодишната физибилити студија на својот амбициозен проект Future Circular Collider (FCC). Овој планиран наследник на Големиот хадронски судирач (LHC) би имал обем од 91 километри, повеќе од три пати поголем од сегашниот LHC. ЦЕРН се надева дека идниот кружен судирач ќе одговори на некои од најголемите прашања во модерната физика, вклучувајќи ја и природата на темната материја, ...
Денот на ослободувањето, како што претседателот Доналд Трамп го претстави воведувањето реципрочни тарифи за 180 земји, ќе ги оптовари семејните буџети на Американците. Сложената испреплетеност на светските економии значи дека нема да поскапат само странските производи, туку и оние од американски компании што своите фабрики ги префрлиле во други земји или увезуваат делови и компоненти. Во теорија, зголемената царина од 10% паѓа на товар на ...
На врвот на листата на Форбс на најбогати луѓе на планетата нема промени, освен во цифрите. Илон Маск е нсјбогат човек во светот со 342 милијарди долари, пред Марк Закерберг (216 милијарди) и Џеф Безос (215). Меѓу првите десетмина најбогати се и Лери Елисон, Бернар Арно, Ворен Бафет, Лери Пејџ, Сергеј Брин, Амансио Ортега и Стив Балмер – единствениот чие богатство годинава се намалило. На листата на милијардери годинава се допишани уште 288 нови ...
На врвот на листата на Форбс на најбогати луѓе на планетата нема промени, освен во цифрите. Илон Маск е нсјбогат човек во светот со 342 милијарди долари, пред Марк Закерберг (216 милијарди) и Џеф Безос (215). Меѓу првите десетмина најбогати се и Лери Елисон, Бернар Арно, Ворен Бафет, Лери Пејџ, Сергеј Брин, Амансио Ортега и Стив Балмер – единствениот чие богатство годинава се намалило. На листата на милијардери годинава се допишани уште 288 нови ...