Кинеските научници очекуваат наскоро да направат пробив во технологијата на воздушни ветерни турбини, со првиот систем во светот со моќност од мегавати што треба да полета. Лебдечкиот систем за производство на енергија од ветер наликува на воздушен брод и во него се гледа решение за добивање енергија за оддалечени локации и зони на катастрофа каде што конвенционалните снабдувања со енергија не можат да се користат или се несоодветни. ...

Културните конотации околу консумирањето алкохол се имаат променето па бројот на Американци кои го сметаат пиењето за лошо по нивното здравје се зголемува секоја година од 2016 година. Промените кои им штетат на најголемите производители на алкохол во земјата, ги принудуваат да бараат начини да се прилагодат на она што, според експерти, може да биде рана фаза на пресвртна промена кон нивниот производ, слична на онаа што му се случи на тутунот. ...

Низ историјата во Европа и светот лотариите што се управувани од државата се основани со цел поддршка на заедницата. Тоа е и мисијата на Државна лотарија − преку одговорно приредување игри на среќа, за граѓаните на територија на Република Северна Македонија, да инвестира во поддршка на општеството и неговиот развој. Компанијата на којашто еден од столбовите на стратегијата е директната инвестиција во општеството, дополнително создава можност за ...

За почеток, важно е да се разбере основната разлика помеѓу двете фази на истражување: ин витро и ин виво, пишува Игор Берецки. Кога некој објавува дека нешто „ги убива клетките на ракот“, тоа речиси секогаш се однесува на ин витро истражување - експерименти спроведени надвор од жив организам, на клетки одгледувани во стаклени лабораториски садови. Во такви услови, можно е да се користат високи концентрации на супстанцата за тестирање, директно ...

На Вембли пред некоја недела, јас и уште 90.000 други ѝ се препуштивме на една од најсмртоносните емоции. Емоција толку наводно летална што цели книги се посветени на нејзино истражување и размонтирање. Некои ја нарекуваат „тапа болка“ на човештвото, други ја викаат „токсична“, трети отворено ја прогласуваат за опасна. Сепак бевме таму, десетици и десетици илјади, море од лијам-капи и пива, грлата нè болеа од рикање, се гушкавме со комплетни ...

Додека Израел штиклира точки на својот список на злосторства против Палестинците, вклучувајќи го и масовното гладување, се подготвува за уште едно - уривање на градот Газа, еден од најстарите градови на Земјата. Тешка инженерска опрема и гигантски оклопни булдожери уриваат стотици тешко оштетени згради. Камиони за цемент полнат бетон во тунелите. Израелските тенкови и борбени авиони ги гаѓаат населбите за да ги протераат кон југ Палестинците ...

Цел на предлогот е да се спречи прекумерна употреба на уреди што предизвикуваат проблеми со физичкото и менталното здравје, вклучувајќи и проблеми со спиењето, изјави градоначалникот на Тојоаке, Масафуми Коки, објаснувајќи ја мерката. Предлог законот ќе биде ставен на гласање идната недела и, ако биде усвоен, ќе се спроведува од октомври. Освен временското ограничување од два часа, учениците од основно училиште се повикани да не користат паметни ...

Почнувајќи од 2004 година ЦИА воспоставила огромна мрежа од најмалку 885 веб-страници, од сајтови за обожаватели на „Војна на ѕвездите“ до онлајн форуми за растафаријанци. Опфаќајќи 29 јазици и директно насочени кон најмалку 36 земји, овие веб-страници биле насочени не само кон американските противници како Кина, Венецуела и Русија, туку и кон Франција, Италија и Шпанија, покажувајќи дека САД се однесуваат кон своите пријатели исто како да се ...

Почнувајќи од 2004 година ЦИА воспоставила огромна мрежа од најмалку 885 веб-страници, од сајтови за обожаватели на „Војна на ѕвездите“ до онлајн форуми за растафаријанци. Опфаќајќи 29 јазици и директно насочени кон најмалку 36 земји, овие веб-страници биле насочени не само кон американските противници како Кина, Венецуела и Русија, туку и кон Франција, Италија и Шпанија, покажувајќи дека САД се однесуваат кон своите пријатели исто како да се ...

Министерството за правда синоќа го објави целосниот транскрипт на 300 страници и 11 аудио-снимки од сослушувањето направено на 24 и 25 јули. Бланш ѝ дал ограничен имунитет, за да може да зборува отворено, но не ѝ ветил никакви привилегии во замена за сведоштвото и за соработката со Обвинителството – ниту помилување ниту намалување на казната, како што се шпекулира во јавноста. Таа сега отслужува казна од 20 години затвор поради регрутирање ...

Обвинението против Шулц (43) било покренато во 2023 година, три години откако државната телевизија ABC објави прилог за нелегални дејства на австралиските сили во Авганистан. Во емисијата „Четири агли“ била прикажана снимка на која се гледа убиството на авганистанскиот земјоделец Дед Мохамед во покраината Урузган во јужниот дел на Авганистан. По 18-месечни одложувања од најразлични причини, окружниот судија Грег Грогин го предал Шулц на судење ...

Новата апликација за пораки Макс на државната технолошка компанија ВК беше промовирана во јуни. За два месеца ја инсталирале 18 милиони корисници. Од септември ќе биде вградена на сите нови мобилни уреди - и на телефони и на таблети. Независни новинари и аналитичари ја опишуваат Макс како руска верзија на кинеската платформа WeChat, која на властите во Пекинг им овозможи да ја засили контролата на сите онлајн комуникации и активности на ...

Претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп не кажаа ништо конкретно за деталите од тричасовниот состанок зад затворени врати во Алјаска пред една недела. Во најдеталното известување досега од Русија за понудата на Путин на самитот, Ројтерс ги исцрта контурите на она што Кремљ би сакал да го види во евентуален мировен договор за крај на војната во која загинаа стотици илјади луѓе. Руските извори велат дека Путин направил компромис во врска со ...

Газа страда од глад од највисока можна категорија. Интегрираниот систем за класификација на фазите на безбедност на храната (ИПЦ) соопшти дека 514.000 луѓе - речиси една четвртина од сите Палестинци во Газа - се соочуваат со глад. Тој број ќе се зголеми на 641.000 до крајот на септември ако итно не се овозможи доставување храна. Комитетот за преглед на гладот утврдил дека во губернијата Газа има глад од петта категорија. Без храна се 280.000 ...

Само во фискалната 2024 година, Стејт департментот издал близу 11 милиони привремени визи, оние кои не вклучуваат постојан престој или „зелени карти“. Огромно мнозинство од овие визи, 77 проценти, биле за бизнис или туризам а околу 7 проценти за студенти или академски лица и нивните семејства. Стејт департментот сега најавува дека ќе започне со нов процес на „континуирана проверка“ на оние кои веќе имаат визи која ќе им овозможи на службениците ...

Свен Либих, еден од најистакнатите германски неонацисти, доби право да ја отслужи затворската казна во женски затвор, каде што оценил дека полесни ќе ги помине 18-те месеци зад решетки. Откако беше осуден, во периодот на обжалување на пресудата го искористил новиот Закон за самоволен избор на полот, усвоен на 1 ноември 2024 година и само неколку недели подоцна се регистрирал како жена. Си ги променил сите документи на име Марла-Свенја Лајбих. ...

Кога казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев во 2021 година го посетил штабот на Европската комисија, тој не се сретнал со шефицата Урсула фон дер Лејен. Се упатил пет ката подолу, во канцеларијата на нејзиниот претходник Жан-Клод Јункер, кој остана да работи во Берлејмонт како „специјален советник“ без да зема плата. Една недела подоцна Јункер го посетил и казахстанскиот амбасадор Маргулан Бајмухан. Не се знае што разговарале, бидејќи ...

Бразилскиот Конгрес го суспендираше мораториумот за одгледување соја, што потенцијално им овозможува на земјоделците да „грабнат“ десетина милиони хектари од амазонската прашума. Бразил е најголемиот извозник на соја во светот. Мешунката, која се користи главно за храна за животни и риби, е една од најшироко одгледуваните култури во Бразил и претставуваше огромна закана за уништување на шумите на амазонските дождовни шуми сè до воведувањето на ...

Огромното количество вода што од стопената ледена покривка на Гренланд се излева во океанот ги меша хранливите материи и така поттикнува експлозивно цветање на фитопланктонот - микроскопски организми што се основата на морскиот живот, покажува ново истражување поддржано од НАСА и МИТ. Користејќи напредни компјутерски системи, научниците потврдиле дека стопениот мраз делува како „природно ѓубриво“ на океаните. Мешањето на свежата и солената вода ...

Преку половина од испитаните 831 млад човек, признале дека откако ќе влезат некаде да работат, нивните родителите ги контактираат нивните шефови барајќи напредување, слободни денови или зголемување на платата во нивно име. Истражувањето го спровел Њујорк Пост и покажало дека речиси на сите зумери, родителите им се активно вклучени во барањето работа, на 37% родителите им ги пишуваат CV-ата а на 73% им помагаат да ги завршат деловните задачи и ...

Двајца мажи во Австрија потпишале договор во кој прифатиле во случај на спор да решава арбитражниот трибунал врз основа на исламскиот шеријатски закон „во согласност со праведноста и најдоброто знаење и верување“. Кога се појавил спор, арбитражниот трибунал пресудил против тужителот и му наложил да плати 320.000 евра. Тој ја обжалил пресудата пред Виенскиот регионален суд за граѓански работи, тврдејќи дека примената на исламскиот закон е ...

Републиканското мнозинство во Претставничкиот дом на Тексас ги одобри контроверзните прекроени изборни мапи, што би требало да им даде предност од пет места на изборите за конгресмени на САД во ноември 2026 година. Партиското манипулирање со изборните единици е сосема легално. Се прави вообичаено на округлите години што завршуваат на нула, а поретко на средината на деценијата, за да се прилагоди на демографските промени и да се обезбеди еднаква ...

Доналд Трамп не штедеше љубезност за домаќините кога неодамна го посети теренот за голф во Шкотска, но немаше пофални зборови за градоначалникот на Лондон. Изјави дека Садик Кан е „гадна личност“ и дека направил „ужасна работа во Лондон“, алудирајќи на етничката и верска разновидност. Лабуристичкиот градоначалник оцени дека ваквите забелешки воопшто не го загрижуваат, но гостувајќи на шоуто Политичка партија со комичарот Мет Форд, му возврати на ...

Паметен дизајн за спој на работа и забавa Galaxy Z Fold7 е вистинскиот шеф во светот на смартфоните. Со неговиот голем, преклопен екран што се преобразува во мал дигитален нотес, сега можеш да ја добиеш целата моќ на твојот компјутер во џебот. Замисли како автоматски отвораш три апликации паралелно, работиш на доверлива презентација, додека на друг екран одговараш на важни мејлови и чуваш белешки во реално време. Тоа сè без да ја изгубиш ...

Надградена мозочна протеза им овозможува на парализирани лица да комуницираат со околината читајќи ги нивните мисли. Ја користи претходната технологија, која од лицата барала да се напрегаат за да ги артикулиираат своите мисли. Првите обиди за да се овозможи ова биле мачни и бавни. Пред триесетина години францускиот новинар Жан-Доминик Боби, целосно парализиран по мозочен удар, успеал да напише цела книга за своите искуства трепкајќи со левото ...

Австриската служба за вработување откри случаи на сириски бегалци што ги саботираат сопствените обуки и курсеви за интеграција во општеството и економијата, за да не добијат право на работа. Во нов извештај за пазарот на трудот е издвоен случајот на Сиријка што студирала медицина во својата земја и работела како педијатар во Турција, која советувала сонароднички во Австрија да не прифаќаат работни места како чистачки. Како резултат на тоа, некои ...

Законот за заштита на јавноста од содржини преку интернет во Британија воопшто не придонеле за да се блокира пристапот на деца до порно. Напротив. Нова анкета покажала дека малолетниците денес се многу повеќе изложени на порнографија отколку во 2023 година, кога беше усвоен законот. Поголема ефикасност се очекува од новиот степен на заштита, воведен во јули, кој им налага на технолошките компаниите поригорозни проверки на возраста на корисниците ...

Во врвот на својата моќ, Франц Чопја (33) и Ервис Чела (41) во Европа носеле десетици тони кокаин и заработувале милијарди евра. Го контролирале целиот синџир на трговија, од производството во латиноамериканските лаборатории, преку транспортот преку океанот до дистрибуцијата на европските пазари, се наведува во обемното обвинение на Специјалните албански полициски сили за борба против корупција и организиран криминал. Пресретнати комуникации ...

Постојат многу повеќе начини на кои мировeн процес може да пропадне отколку да успее. Но, за да се случи едното или другото, прво треба да се започне. А тоа често е најтешкиот чекор. Но, по неговиот голем самит во Белата куќа, Доналд Трамп се чини дека го изведе незамисливото: организиран е самит меѓу Владимир Путин и Володимир Зеленски на кој би започнале мировните преговори. Што беше потребно за да се стигне до тука? Иако прекинот на огнот ...

Илјадници жители, туристи и репортери од светот, дури и кралот Карл 16-ти Густав, пристигнаа во најсеверниот шведски град Кируна во Арктичкиот круг за да ја следат спектакуларната преселба на големата градска црква на нова локација. По утринскиот благослов, лутеранската црква од 741 тон на специјално конструирани платформи почна да лази кон новата локација, оддалечена 5 километри. Ќе стигне дури утре. Се движи со брзина од половина до еден ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
80%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1018
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
67%
1021
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.33
88%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1018
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
80%
1017
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
93%
1017
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.24
87%
1023
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
95%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
82%
1019
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.4652

Currency

34.8078

Currency

38.0655

Currency

66.0372

Currency

7.43989

Currency

0.66369

Currency

0.33333

Currency

0.52441

Currency

1.22377

Currency

0.5843

Алуминиум

2.93

Сребро

2219.66

Рутениум

29192.88

Злато

141766.89

Цинк

3.04

Калај

43.92

Платина

67491.55

Кобалт

58.42

Бакар

11.13

Иридиум

145787.60

Паладиум

56360.26

Родиум

258813.51