Новите податоци покажуваат дека странците сочинуваат значителен дел од луѓето што во Италија живеат во апсолутна сиромаштија. Во меѓувреме, сиромаштијата кај семејствата со двајца италијански родители се намалува. „Увезуваме сиромашни луѓе. Од вкупното имигрантско население, 35,6 проценти живеат во апсолутна сиромаштија. Оваа стапка е пет пати повисока од онаа на Италијанците“, пишува Маурицио Белпјетро од Ла Верита. Од 2,2 милиони домаќинства ...

Генералот Вилијам „Хенк“ Тејлор, командант на 8-та американска армија во Јужна Кореја, вели дека дека експериментира со генеративни чет-ботови со вештачка интелигенција за да го „изостри“ процесот на донесување одлуки. Тоа го прави при секојдневните обврски во канцеларија и се воздржува да ја користи на терен. Чет и јас станавме многу блиски во последно време. Како командант, сакам да бидам сигурен дека донесувам добри одлуки во вистинско време ...

Настанот се одржал со силно полициско присуство, додека про-палестинските демонстранти скандирале анти-израелски слогани пред зградата. Внатре, израелски адвокат зборувал за проблемот со сексуалното насилство поврзано со конфликти во неколку земји каде што жените биле цел на масовно силување и други видови сексуални напади. Една од организациите што повикале на откажување на настанот било феминистичкото друштво на универзитетот (?!). Ова не е ...

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон своевремено при посетата на Кина им порачал на кинеските власти: „Вие имате премногу инженери, а ние имаме премногу адвокати. Ајде да тргуваме!“. Ова повеќе не е шега. Кина денес има повеќе од 20 милиони инженери, повеќе од било која друга земја во светот. Педесет од нив се меѓу 200-те избрани делегати на Конгресот на комунистичката партија што имаат право да гласаат за новиот петгодишен план за ...

Германија е првата земја од Европската Унија што воспоставила врски со талибанските власти, иако официјално не ги признава за легитимни. По повлекувањето на американските сили од Авганистан, Берлин ги прекина дипломатските односи со Кабул. Наскоро ќе имаме договор што ќе ни овозможи да депортираме лица во Авганистан со редовни летови. Службеници веќе водеа технички разговори со властите во Кабул, изјави неодамна германскиот министер за внатрешни ...

Средовечната криза е период кога луѓето почнуваат да се плашат од стареење, но науката им дава утеха. Кај повеќето луѓе целокупното психолошко функционирање всушност достигнува врв на возраст помеѓу 55 и 60 години, покажува ново истражување. Луѓето во оваа категорија покажуваат најдобри резултати за решавање сложени проблеми и лидерство на работните позиции. Врвот на своите физички капацитети човекот го достигнува во средината на дваесеттите до ...

По неколкумесечни и жестоки политички расправи, гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом го потпиша контроверзниот Закон 715, со кој се воведуваат ограничувања во изразувањето во училиштата за да се спречи антисемитизам. Еврејското лоби тврди дека законот ќе ги заштити еврејските ученици од малтретирање и дискриминација, понекогаш и од наставниците. Според извештај на државното Министерство за правда, двојно биле зголемени инцидентите со ...

„Милитаризираната Русија претставува постојана закана за европската безбедност во догледна иднина“, наведува Европската комисија во Стратегијата за целосна ревизија на военото планирање и набавките. Амбициозниот петгодишен план на ЕУ за вооружување би требало да почне веќе во следните месеци, со заеднички проекти за беспилотни летала и за противвоздушна одбрана, а да заврши во 2030 година, кога Европа би имала капацитет воено да ѝ се ...

Автомобилите што возат и на електрични батерии и на мотори со внатрешно согорување (PHEV) се промовирани од европските производители на автомобили како „начин да се патува подалеку без запирање, за разлика од целосно електричните автомобили, а сепак да се намалат емисиите на штетни гасови“. Тоа е голема измама. Анализа на непрофитната група Транспорт и животна средина покажува дека овие хибриди испуштаат само 19% помалку CO2 од автомобилите со ...

Европската комисија најдоцна до вчера требаше да пресече кои членки се најоптоварени со новиот мигрантски бран и каква помош треба да добијат. Но, поради жестоката расправа, заклучокот е одложен. Новиот закон на ЕУ за азил и миграција – усвоен во 2023 година, мора да биде спроведен најдоцна до јуни 2026 година. Според договорената рамка, Комисијата треба да објави кои земји се под миграциски притисок, а владите на другите земји се обврзани или ...

Молекуларниот биолог Макс Ремпел, кој ги идентификувал ненаследните секвенци, смета дека тие имаат вонземно потекло, а луѓето што ги носат во себе ги нарекува хибриди. Ремпел анализирал генетски податоци од 581 семејство опфатено во Проектот 1.000 Геноми – јавно достапна база на податоци за човечки генетски информации. Во 11 од овие семејства, тој пронашол долги секвенци на ДНК кои не биле наследени од ниту еден од родителите. Вкупно биле ...

Последен пат кога глобалниот долг достигнал 100% од БДП било во 1948 година, кога големите светски економии беа исцрпени од шестгодишната светска војна и позајмуваа пари за обнова на опустошените земји. Заврши периодот на евтино задолжување помеѓу глобалната финансиска криза и ударот на пандемијата на ковид-19, а трошоците за сервисирање на долгот веќе ги оптоваруваат буџетите. Каматните стапки значително се зголемија на глобалните пазари, а ...

Молекуларниот биолог Макс Ремпел, кој ги идентификувал ненаследните секвенци, смета дека тие имаат вонземно потекло, а луѓето што ги носат во себе ги нарекува хибриди. Ремпел анализирал генетски податоци од 581 семејство опфатено во Проектот 1.000 Геноми – јавно достапна база на податоци за човечки генетски информации. Во 11 од овие семејства, тој пронашол долги секвенци на ДНК кои не биле наследени од ниту еден од родителите. Вкупно биле ...

Комитетот за транспорт на Европскиот парламент со 34 гласа за и ниту еден против ја усвои иницијативата за правата на патниците во авионските летови. Предложените мерки се спротивни на одлуките на Европската комисија и на Советот на ЕУ, кои се на страната на авиопревозниците, но со оглед на цврстата поддршка на мерките нема да имаат голем простор на преговорите што ќе траат со месеци. Организацијата А4Е, која ги застапува компаниите Луфтханса, ...

За извршниот директор на Форд, патувањето во Кина бил отрезнувачки удар на реалноста. По посетата на низа фабрики, Џим Фарли бил воодушевен од техничките иновации што се пакуваат во кинеските автомобили - од софтвер за самостојно возење до препознавање лица. „Нивната цена и квалитетот на нивните возила се далеку подобри од она што го гледам на Запад“, предупреди Фарли. „Ние сме во глобална конкуренција со Кина, а тоа не се само електрични ...

Децата на возраст од 9-10 години што се макар малку поактивни на социјалните медиуми од своите врсници, неколку години подоцна како тинејџери покажале послаби когнитивни способности, покажува студијата објавена во журналот ЈАМА. Клучно е да се разбере како користењето на социјалните медиуми за време на училишните часови конкретно влијае на учењето, особено затоа што толку многу училишта размислуваат за забрани за мобилни телефони, вели авторот ...

Министерката Шабана Махмуд предупредува дека неуспехот на Британија да ги контролира своите граници ја еродира довербата на јавноста во политичарите, но и меѓународниот кредибилитет на државата. Јавноста со право очекува нивната Влада да може да утврди кој влегува во нивната земја и кој мора да ја напушти, вели Махмуд. На состанокот со министрите за внатрешни работи од балканските земји таа денеска ќе повика на заеднички напори за запирање на ...

До сите тие млади луѓе на ТикТок, јас го спасив ТикТок и затоа вие сте ми должници, порача претседателот Трамп во својот прв пост на платформата откако ја потпиша извршната наредба за преземање од американски сопственици. Џек Адвент, 22-годишниот поранешен менаџер за социјални медиуми на претседателот, ја поддржува идејата Трамп да го постави својот 19-годишен син на раководна позиција во ТикТок, за да ја приближи уште повеќе платформата до ...

Некспериа ќе го продолжи своето производство во погоните во Нијмеген, но холандската влада ќе има моќ да блокира и да поништува менаџерски одлуки ако ги смета за „загрозувачки“. Директорот Џанг Сјуеженг бил суспендиран, а подоцна и отстранет од позицијата со одлука на Претприемничката комора на Апелациониот суд во Амстердам. За да ја преземе контролата, холандската Влада првпат во историјата се повика на Законот за достапност на стоки од 1952 ...

Ова е исклучително глупав потег Европа да го направи: холандската влада буквално украде водечка кинеска компанија за полупроводници, барем нејзините меѓународни операции. Тие веројатно дејствуваат во координација со Вашингтон, бидејќи тоа се случи истовремено со новото „правило од 50%“ на Трамп, кое ги додаде сите подружници на компаниите од „Листата на ентитети“ на американската листа санкционирани (што е случај со Wingtech Technology, ...

Пратеникот Хуго Ерик Флорес Сервантес го опишува системот во Мексико како превртена пирамида на моќта. Бандите ја градат својата моќ од најмалите локални заедници за да ја прошират контролата. Да не се лажеме. Организираниот криминал назначува градоначалници. На почетокот финансираа политички кампањи, а сега тие се владетели, предупредува Флорес, адвокатот со докторат од Харвард. Доналд Трамп прогласи неколку мексикански банди за терористички ...

Хегсет ги предупреди медиумите дека ако до денеска не ги потпишат новите правила за известување, ќе имаат рок од 24 часа да ги вратат акредитациите и беџевите за влез во Пентагон и да ги испразнат своите работни простории. Њујорк тајмс, Вашингтон пост, Ројтерс, Асошиетед прес, Атлантик веќе објавија дека не ги прифаќаат ограничувањата. Неочекувано им се придружи и конзервативната телевизија Њузмакс, која ја брани администрацијата на Доналд ...

Пресудата би можела да има далекусежни ефекти за Мајкрософт и неговите обврски да ги информира корисниците на софтверот 365 низ цела Европа и да им објасни како ги користел нивните податоци, наведува организацијата за дигитална приватност noyb, која ја покрена постапката. Жалбата датира од пандемијата ковид-19, кога училиштата целосно се префрлија на онлајн настава, користејќи програми како 365 Education. Кога организацијата побарала одговор кои ...

Секоја шеста инфекција во болниците била предизвикана од бактерии отпорни на антибиотски третмани во 2023 година, наведува СЗО. Повеќе од 40% од антибиотиците ја изгубиле својата ефикасност против вообичаени инфекции на крвта, цревата, уринарниот тракт и сексуално преносливи инфекции помеѓу 2018 и 2023 година. Проблемот е најтежок во земјите со ниски и средни приходи и во оние со недоволно ефикасни здравствени системи. Секоја трета инфекција во ...

Според проценките на Обединетите нации, 57% од светската популација сега живее во градски средини. Оваа бројка би можела да се зголеми на 68% до 2050 година, поттикната од континуираната урбанизација во најсиромашните земји во светот, главно во Азија и во Африка, се предупредува на Светскиот ден на живеалиштата. Во Јапонија, Британија или Бразил, урбаното население ќе надмине 90% од вкупното. Западна Европа и САД ќе се приближат до ова ниво, а ...

Одлуката на холандскиот суд претставува преседан бидејќи директно ја оспорува практиката на автоматско алгоритамско прикажување на содржината како „стандарден“ избор. Доколку одлуката преживее во повисоките судови, таа би можела да влијае на начинот на кој функционираат социјалните мрежи низ цела ЕУ. Според пресудата, Мета мора да им дозволи на корисниците во Холандија како траен стандарден избор, а не само привремена алтернатива, да изберат ...

Бројот на бебиња родени во семејства на странски државјани во Јапонија лани се искачил над 20.000, односно на 3% од вкупниот број новороденчиња, соопшти Министерството за здравство. Економскиот весник „Никеи“ ја оцени оваа вест како благодет, истакнувајќи дека „децата од странците помагаат да се надмине кризата со намалениот наталитет меѓу Јапонците“. Конзервативците, пак, ова го сметаат за закана и бараат построги правила за имиграција и за ...

Донацијата од 1 милион фунти што на Џонсон му ја дал неговиот спонзор Кристофер Харборн е најголемата во историјата за некој член на Долниот дом на Парламентот. На Џонсон му била исплатена веднаш штом ја напуштил функцијата во 2022 година и станал пратеник до крајот на 2023 година. И Џонсон и Харборн одбиваат да кажат која била целта на донацијата. Во своја истрага весникот „Гардијан“ заклучува дека таа е мито за услуга. Харборн поседува 13% од ...

Била спроведена студија која опфатила над 2.000 возрасни лица на возраст меѓу 50 и 80 години, истата онаа генерација што биле деца или млади кога ултрапроцесираната храна почнала да се појавува на полиците во супермаркетите. Околу 12% ги исполнувале критериумите за зависност. Меѓу жените на возраст меѓу 50 и 64 години, речиси една четвртина биле зависни. Генерално, жените имале стапка на зависност од 17% во споредба со 7,5% кај мажите. Жените ...

Бостонскиот Центар за глобална развојна политика тврди дека нето-трансферите на долгот кај земјите во развој, односно разликата помеѓу новите исплати на заеми и отплатите на каматата на главнината, во 2022 и во 2023 година преминале во минус. Овие земји во тој период годишно отплаќале 3,9 милијарди долари повеќе отколку што позајмувале. Кина, најголемиот билатерален кредитор во светот, историски играше клучна улога во финансирањето на ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Белград

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
83%
1019
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
88%
1018
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
67%
1021
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.13
92%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
91%
1018
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
81%
1016
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1017
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
87%
1023
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
4.12
94%
1020
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
87%
1019
Currency

61.555

Currency

52.45

Currency

70.4652

Currency

34.8078

Currency

38.0655

Currency

66.0372

Currency

7.43989

Currency

0.66369

Currency

0.33333

Currency

0.52441

Currency

1.22377

Currency

0.58675

Калај

43.92

Кобалт

58.42

Паладиум

56360.26

Родиум

258813.51

Злато

141766.89

Бакар

11.13

Рутениум

29192.88

Сребро

2219.66

Алуминиум

2.93

Цинк

3.04

Платина

67491.55

Иридиум

145787.60