
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд го изгуби пристапот до својата е-пошта, неговите банкарски сметки се замрзнати а на американскиот персонал на судот со седиште во Хаг им било кажано дека доколку патуваат во САД, ризикуваат апсење. Некои невладини организации престанале да соработуваат со МКС, луѓе во некои од нив веќе и не им одговараат на меилови. Трамп го санкционираше судот откако панел судии во ноември издаде налози за апсење ...
Европа реално има проблем со слободата на говорот, пишува Економист. Тој проблем не е рамномерно распределен. Убедливо најлошиот престапник во Европската Унија е Унгарија, каде што про-МАГА владата ги уништи или кооптира повеќето независни медиуми. Други значајни прекршители се Германија и Велика Британија. Забраната во Германија за негирање на Холокаустот е разбирлива, со оглед на нејзината историја, но нејзиниот закон против навредување на ...
Администрацијата на Доналд Трамп сериозно разработува план за префрлање на 1 милион Палестинци во Либија. Вашингтон веќе остварил контакти со властите во Триполи. За да прифатат толку многу луѓе им се ветува пристап до околу 30 милијарди долари либиски пари, кои во САД беа замрзнати пред повеќе од една деценија. Информиран е и Израел, но конечен договор нема, тврдат изворите на НБЦ њуз. Планот предвидува преселбата да биде на доброволна основа. ...
Во Холандија е пуштен во употреба првиот железнички надвозник со материјал што самиот ги пополнува пукнатините уште пред да може да се забележат. Во ѕид од 25 метри на надвозникот Vijf Eikentnel во Ријен изведувачот Heijmans Infra е постави специјална мешавина. Во процесот на изградба на секој кубен метар бетон биле додадени по шест килограми мешавина од бактериски спори и хранливи материи. Кога ќе дојдат во контакт со влага и кислород преку ...
Програмата „пик поинтс“ (врвни точки) веќе се спроведува експериментално и до крајот на годината би требало да биде вградена во сите содржини на Јутјуб. Алатката со вештачка интелигенција Џемини е обучена да анализира кои фрејмови од снимката или кој дел од преводот привлекува најголемо внимание од корисниците. Тие позиции ќе бидат дефинирани како „пикови“ во кој е најисплатливо да бидат објавени пораките од спонзорите. Како пример Јутјуб ...
Бајден се мачел да се сети на клучните моменти од својот живот во интервјуто во октомври 2023 година со специјалниот обвинител Роберт Хур, кој истражувал дали претседателот несоодветно поседувал доверливи документи. Аудио-снимката ја објави порталот Аксиос. Бајден не можел да се сети кога му завршил мандатот како потпретседател ниту во која година починал неговиот син Бо. По сослушувањето Хур реши да не отвора истрага, иако заклучил дека ...
Со истражувањето спроведено од експерти од институтот МИТ и највисоките здравствени власти на Флорида биле опфатени вкупно 1,4 милион луѓе – една половина биле вакцинирани со најмалку две дози од Фајзер, а другата со најмалку две од Модерна во период од декември 2020 до август 2021 година. Биле анализирани резултатите на лица од двете групи од иста категорија, врз основа на седум критериуми (возраста, полот, расата, етничката припадност, местото ...
Техниката за генетско модификување КРИСПР била последната надеж за спас за КЏ Малдун, роден пред десет месеци со ретка болест со висока стапка на смртност. Лекарите забележале дека рацете на новороденчето биле вкочанети и чудно се треселе. Утврдиле дека страда од тежок дефицит на ЦПС1, болест што погодува по еден човек на 1,3 милион луѓе. Црниот дроб не го лачи ензимот што го разградува амонијакот, па тој не се исфрла преку урината туку се ...
Данска ја укина забраната за користење нуклеарна енергија која 40 години ѝ бранеше на владата дури и да ја разгледува како опција. Како една од „најзелените“ земји во Европа, Данска веќе задоволува 60% од енергетските потреби од ветерници и има план да достигне нето нула емисии на јаглеродни гасови до 2045 година. Но, тоа значи и скапа струја. Данците плаќаат по 0,38 евра за киловат час. Во ЕУ струјата е поскапа само во Германија. Овој став се ...
Британскиот премиер Кир Стармер се обидува да го спаси на Балканот својот план за депортирање азиланти во „трети“ земји откако Албанија ја отфрли таквата понуда. Стармер најави дека итно ќе почне разговори со уште неколку земји. Се тврди дека на списокот се Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Стармер бара земји што би примиле дел од илјадниците мигранти што со моторни чамци нелегално преку Ламанш се префрлуваат во Британија. Годинава веќе ...
Поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми, на својот профил на Инстаграм објави, па избриша фотографија на која со школки на плажа е напишано „8647“, со порака „Кул формација на школки“. Бројот 86 во сленг се користи како порака за „отфрлање“, „ослободување“, па и „убивање“, а Трамп е 47-от претседател на САД. Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем тврди дека пораката а повик за атентат врз претседателот. Запознаени сме со објавите на ...
Синдромот на скршено срце, со медицински термин „такоцубо кардиомиопатија“ (ТК), е слабеење на срцето предизвикано од физички или емоционален стрес. Обично ги погодува луѓето по емоционална траума, како смрт на партнерот или развод, објаснуваат кардиолози од Универзитетот во Аризона. Не секој случај на ТК е предизвикан од раскинување на врска, но губењето на близок има повеќекратни последици за физичкото и ментално здравје, при што срцето често ...
Во 2026 година, Ирска ќе стане првата земја од ЕУ што ќе постави предупредувачки етикети на алкохолните пијалоци. Во 2024 година, Светската здравствена организација го објави својот Глобален акционен план за алкохол со основни цели како „зајакнување на луѓето и заедниците“, „крај на сиромаштијата“ и „постигнување на родова нееднаквост“ за да ги охрабри земјите да ја следат употребата на алкохол од своите граѓани, да почнат кампањи против ...
На 8 април двопартиска комисија на Конгресот на САД предупреди дека Кина брзо напредува со застрашувачка нова воена закана: генетски модификувани „супервојници“. Националната безбедносна комисија за биотехнологии (NSCEB) ги повика властите да одговорат со огромни напори за милитаризирање на биотехнологијата, иако во извештајот не се нудат конкретни докази дека такви кинески програми воопшто постојат. Во објаснувањето за документот, Конгресната ...
Градовите имаат различни стратегии за да се ослободат од главната болка – метежите што го парализираат сообраќајот, ја загадуваат средината со чад и врева и предизвикуваат повеќе сообраќајни несреќи. Некои ги стимулираат граѓаните да користат јавен превоз, други ги оптоваруваат ако користат коли. Со децении одговорот беше пробивање повеќе сообраќајни ленти и проширување на паркинзите, но тоа поттикнува уште поголемо користење автомобили. Новиот ...
Министерот за одбрана Борис Писториус најави нови програма со поатрактивни понуди за да се привлечат повеќе млади Германци да ја изберат професијата војник, но тој самиот се сомнева дека тоа ќе биде доволно за да се пополнат огромните дупки во воените редови. На Бундесверот и сега му фалат стотици илјади војници, а приоритет на владата, како што најави канцеларот Фридрих Мерц, е Германија да изгради најмоќни конвенционални воени сили во Европа ...
Русија и Кина потпишаа договор за изградба на нуклеарна централа на Месечината, како витален елемент за идни вселенски мисии и истражувања со и без екипаж. Според меморандумот, рускиот реактор ќе се користи за напојување на Меѓународната станица за истражување на Месечината (ILRS), заеднички управувана од Кина и Русија, а треба да биде завршен до 2036 година. Јуриј Борисов, генерален директор на руската вселенска агенција Роскосмос, во интервју ...
Раководството на ПКК неодамна се собра во пештерите во кои се криеше од непрекинати турски воздушни напади и предложи крај на конфликтот кој чинеше 40.000 животи. Повеќето од загинатите се курдски цивили убиени од бруталната турска контраофанзива. Беспилотните летала и геополитичкото влијание на Анкара ја нарушија рамнотежата против ПКК, при што прогонетите лидери на групата не можеа да преговараат од позиција на сила. За време реформата од 1999 ...
Илон Маск тврди дека роботите и вештачката интелигенција имаат потенцијал да ја кренат десеткратно глобалната економија што би им овозможило на сите луѓе не само да имаат доволно средства да преживеат, туку и да живеат во изобилство. Тој за главен двигател на економијата ги смета хуманоидните роботи, кои имаат „неограничен потенцијал“ за производство. Би можеле да имаме глобална економија 10 пати поголема од сегашната, каде што никому нема да му ...
Октоподите ги имаат потребните квалификации да станат следниот доминантен вид на планетата ако го снема човештвото, тврди биологот Тим Коулсон од Универзитетот во Оксфорд. Тие се создадени за опстанок. За разлика од луѓето, кои населуваат релативно тесен опсег на средини, октоподите се прилагодени да живеат во различни услови, од длабокото дно на океанот до плитките води. Некои видови имаат можност да преживеат глобална катастрофа, да се ...
Новите сведоштва на ветераните го зголемуваат притисокот да се бара одговорност од британските специјални сили, на кои не им е првпат да бидат обвинети за воени злосторства. Јавната истрага што веќе се води за САС за егзекуции на невооружени цивили се однесува на период од три години. Злосторства имало повеќе од десет години. Првпат е обвинета и единицата СБС, елитниот полк на Кралската морнарица. Специјалните сили беа распоредени во Авганистан ...
Поранешниот уругвајски претседател Хозе Мухика почина на возраст од 89 години, по долга битка со канцер. Ќе ни недостигаш многу, драг старецу. Ти благодариме за сè што ни даде и за својата длабока љубов кон твојот народ, објави неговиот политички наследник, претседателот Јаманду Орси. Мухика стана познат далеку од Уругвај, мала земја со 3,5 милиони жители, откако се откажа од претседателската палата во Монтевидео за да живее во мала фарма каде ...
Во местото Ел Палмар де Троја во Шпанија од 1978 година постои Палмарската христијанска црква, на чело со Маркус Јозеф Одермат, 59-годишен Швајцарец со папското име Петар Трети. Палмарската црква има 30 бискупи и нешто повеќе од 1.000 верници. Во својата краткотрајна историја канонизирала неколку илјади светци, вклучувајќи ги и Кристофер Колумбо и генералот Франциско Франко. Нема кардинали и забрането е користењето на Библијата. Еден папа се ...
Постарите луѓе користат ЧетГПТ како замена за замена за пребарување на гугл. Помладите го користат како животен советник, а на факултетите се користи како оперативен систем. Ова е грубиот заклучок на Сем Алтман за начинот на кој секоја генерација го прилагодува моделот со вештачка интелигенција на сопствените интереси и потреби. Тој ги издвојува младите поради нивниот особено интересен приод „да не донесуваат животни одлуки без да го прашаат ...
Министерството за внатрешни работи на Германија формираше советодавен центар за луѓе што се трауматизирани од роднини, пријатели или колеги склони кон теории на заговор. Центарот им нуди помош и преку телефонски или директен разговор и ги поучува како да се одбранат. Целта, според поранешната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер од СПД, е да се запре ширењето на лажни вести и дезинформации, кои водат кон екстремизам. „Компасот за совети за ...
Сателитски снимки сведочат дека во периодот од 2021 до 2023 година Антарктикот почнал да ја обновува својата ледена покривка и да ја зголемува масата. Промената е најзабележителна во источните региони Вилкс Ленд и Квин Мери Ленд, каде што беа дестабилизирани четирите главни и критични глечерски басени. Анализите на податоците од сателитска гравиметрија (мерење на варијации на гравитацијата за да се утврдат промените во ледената маса) од мисиите ...
САД склучија договор со Пекинг според кој американските царини за извозот на Кина повторно ќе се спуштат на пристојно ниво, а таа ќе ги намали своите давачки за увозот од САД. Џиновските контејнерски пристаништа од двете страни на Пацификот сега можат повторно да се отворат. Работниците во Кина може да се вратат во фабриките а супермаркетите Волмарт и Таргет може повторно да почнат со нарачки. Глобалната економија може да почне да се движи уште ...
Финска, Полска, Летонија, Естонија и Литванија, кои имаат копнена граница со Русија, се повлекуваат од Договорот од Отава за забрана за употреба на противпешадиски мини. Ова оружје, заедно со касетните бомби, е забрането зашто може да остане закопано под земја кога ќе заврши војната и да убие или да осакати луѓе со години подоцна. Мониторингот за нагазни мини и касетна муниција објави дека во 2023 година низ целиот свет 5.757 луѓе загинале или ...
Повеќе од 40 милиони долари Пентагон потрошил на базата во Гвантанамо за привремено сместување нелегални мигранти, која според најавите требаше да има капацитет од 30.000 луѓе, а во која никогаш немало повеќе од 200. Над 21 милион долари биле потрошени само за транспорт на мигрантите, персоналот, опремата и намирниците. До април биле префрлени вкупно 497. Повеќето таму поминале само по неколку дена или недели. Сега во центарот има само 32 ...
Судскиот епилог на аферата „Фајзергејт“ во среда не само што може да ја загрози претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, која се претставува како бранителка на демократијата, туку и отвора ново поглавје за слободата на информации во ЕУ. Судот на ЕУ во Луксембург треба да пресуди дали Европската комисија имала право да ги брише или да ги крие СМС-пораките со кои пазарела вакцини. Случајот почна со едноставно правно прашање: ...