Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Советот на јавни обвинители за следната недела ја закажа седницата за давање мислење за пријавените кандидати на огласот за именување на нов јавен обвинител на Република Северна Македонија. На дневен ред на 38. седница на Советот на јавни обвинители, закажана за вторник – 17 февруари 2026 година, е само една точка – давање мислење на Владата на РСМ по предлог за именување на Јавен обвинител на РСМ. Советот на ЈО, согласно законските рокови, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните руски напади врз Украина покажуваат дека безбедносните прашања во моментов се клучен приоритет за Киев и дека сите други прашања мора да се разгледуваат заедно со нив. – Додека Русија продолжува да убива луѓе и да ја уништува нашата инфраструктура, нема да има доволно јавна доверба дури ниту во активната дипломатија- напиша Зеленски на Икс. Украинскиот претседател ...
Ракетните капацитети на Иран се „црвена линија“ и не се предмет на преговори, изјави денеска советник на врховниот лидер на земјата, додека Техеран и Вашингтон се подготвуваат за нова рунда разговори насочени кон спречување на конфликт. Минатата недела, американските и иранските дипломати одржаа индиректни разговори во Оман, во услови на зголемено американско воено присуство во регионот, што врши притисок врз Иран. – Ракетните капацитети на ...
Денот на побезбеден интернет, во присуство на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и градоначалникот Дејан Проданоски, беше денеска одбележан во ОУ „Кире Гаврилоски- Јане„ а во рамки на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, кој се имплементира од Министерството за дигитална трансформација, во соработка со проектните партнери. Учениците и наставниците од ОУ „Кире Гавриловски Јане“ – Прилеп се ...
Европската комисија денеска ја поздрави одлуката на Европскиот парламент да го поддржи предлогот за воведување на паневропски список на таканаречени „безбедни“ земји чии државјани нема да имаат право на меѓународна заштита во ЕУ. Новите правила дополнително ќе го зајакнат европскиот систем за азил и ќе го направат процесирањето на барањата побрзо и поефикасно, се вели во соопштението на Комисијата. Таа забележа дека земјите од ЕУ на тој начин ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас од тетовско Боговиње, одговорајќи на новинарски прашања поврзани со борба против корупцијата, оцени дека движењата во оваa област се насочени кон определената цел. Тој оцени дека борбата против корупцијата со измените на Кривичниот законик во 2023 година била сериозно погодена, но смета дека сега има вистинска насоченост. – Мислам дека ова прашање мора да се адресира, веќе имаше иницијатива од страна Собранието ...
Планот на Европската унија од пет точки за забрзан прием на Украина е отворена објава на војна на Унгарија – изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан, коментирајќи го пишувањето на бриселскиот портал „Политико“ за постоењето на таков план. Орбан наведе дека „Политико, официјалниот весник на бриселската елита“, го објавил најновиот воен план на Брисел и Киев, кој според него, е план на украинскиот претседател Володимир Зеленски од пет ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, утре ќе го укине законот од времето на претседателот Барак Обама, што служеше како основа за борбата против емисиите на стакленички гасови во САД – изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит. Американскиот претседател со тоа ќе го „формализира укинувањето“ на законот од 2009 година, познат како закон за „откривање на загрозеност“, изјави Ливит пред новинарите, додавајќи дека укинувањето ...
Интерната и странската експертска комисија ангажирана од Министерството за здравство, во рамки на процесот за стручна анализа и испитување на посочените кардиолошки и кардиохируршки интервенции, денеска одржаа онлајн состанок. Состанокот го отвори министерот за здравство Азир Алиу, кој ги информираше експертите за досегашниот тек на постапувањето, начинот на прибирање и стандардизација на документацијата за пациентите и целта на двостепената ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија“, каде што поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, заедно со уште двајца онколози, е обвинет за несовесно лекување пациенти. На рочиштето словенечкото вешто лице Маја Равник сведочеше за медицинските наоди и за терапиите дадени на повеќе пациенти. Вештакот посочи дека кај една пациентка биле заведени три дијагнози, со ...
Нова колекторска пумпа денеска е поставена во близина на плажата Калдрма во населеното место Нов Дојран. Надлежните најавуваат подобра работа на колекторскиот систем за прочистување на езерските води. – Ова е прва од неколкуте пумпи што ќе се постават на потегот од Нов до Стар Дојран – соопшти Јавното комунално претпријатие „Комуналец – Полин“ од Дојран. Од претпријатието очекуваат да се реши проблемот со одведување на отпадните води до ...
Претседателот на Синдикат на работниците од угостителството, туризмот, комунално – станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски во изјава за медиумите денеска истакна дека тие ги поддржуваат новиот Закон за заштита од пушење, но, како што рече, треба да се најдат начини и мерки да не предизвика намалување на бројот на работници во овој сектор. – Ние како синдикат имаме забелешки и ќе ги доставиме. ...
Општина Аеродром информира дека спроведува засилен инспекциски надзор и дека е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице поради прекршување на Законот за јавна чистота. – При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што се нарушува чистотата на јавните површини и ...
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе предлог-закон за изменување на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, по скратена постапка, за граѓаните да не останат со нерешени статуси за своите домови поради административни препреки или бавни процедури. – Многу наши сограѓани со години се заглавени во лавиринтите на судски спорови за имотно-правни односи, разни постапки или претходни прашања, кои не биле по нивна ...
Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот – објавија властите. „Би-би-си“ јави дека пукањето се случило околу 13.20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето. Полицијата верува дека ...
Свечено одбележување на големиот јубилеј на МНТ Свеченото одбележување на големиот јубилеј на МНТ започнува на 30 март, со стендап-шоуто „Шоубиз“, во изведба на белградскиот и светски познат актер Никола Ѓуричко. Тој е наградуван актер и во театарот, филмот и телевизијата, чија долга и успешна кариера му го отвори патот до значајни улоги на холивудската сцена. Тој е долгорочно поврзан со Југословенското драмско позориште (ЈДП) во Белград, ...
Заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и директорот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“, Ангеле Сотировски, денеска присуствуваа на настан организиран по повод испораката на современа противпожарна опрема за „Јасен“, обезбедена во рамки на прекуграничниот проект „Превенција и управување со шумски пожари во ...
Собранието денеска во рамки на 84. седница ги донесе Законот за дополнување на Законот за здравствената заштита и Законот за ратификација на Дополнителниот протокол кон Конвенцијата за Договорот за меѓународен патен превоз на стоки (CMR) за електронски товарен лист, усвоен во Женева на 20 февруари 2008 година. Со Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита, кој се носеше по скратена постапка, се укинува дискреционото право на ...
Вчера се приведени седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници. -Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој ...
Едно 25-годишно лице е тешко повредено во сообраќајката што се случила доцна синоќа во која се судриле автомобил и камион. Несреќата се случила на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром. – На 10.02.2026 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од ...
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски денеска остварил средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Каво Отомотив (Cavo Otomotiv) која планира да отвори фабрика во ТИРЗ Тетово. На средбата, како што соопшти прес-службата на ТИРЗ, се разговарало за текот на инвестицискиот проект кој би требало да отвори над 400 нови работни места, за потенцијалите што ги нудат зоните, како и за условите и ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62, став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 1 јануари 2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата. – Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно ...
Дел од поентите на францускиот претседател дадени во интервју за „Ле монд“ што европските лидери тотално ги отфрлија Два дена пред состанокот на шефовите на држави и влади на ЕУ во Брисел, францускиот претседател ги повика 27-те земји членки, во интервју за „Ле монд“ и неколку други европски весници, заеднички да инвестираат во еколошката транзиција, вештачката интелигенција и квантните технологии за да избегнат заостанување зад конкурентите. ...
Учесниците по вечерашниот протест на албанската опозиција предизвикаа хаос, прво пред Владата, каде тој се одржуваше, а потоа и пред Парламентот. По обраќањето на демократскиот лидер, Сали Бериша, почнаа со насилно однесување, обидувајќи се да го пробијат полицискиот кордон, оштетија дел од металната ограда, фрлаа молотови коктели, протехнички средства, кон владиниот објект. Многу потензична ситуацијата беше пред Парламентот. Од запаливите ...
Силен европски отпор за „францускиот предлог“ за иднината на ЕУ Емануел Макрон има амбиција да промовира и „француски предлог“ како некаква „француската визија“ за економската иднина на Европа на утрешниот состанок на европските лидери во Белгија, но Германија и Италија веќе се скептични во однос на големите планови на францускиот претседател, при што се усогласуваат меѓусебно во нивните гледишта за европскиот блок додека собираат поддршка за ...
За Тич Нат Хан, покојниот виетнамски монах, пешачењето не беше само начин да се стигне од едно до друго место или активност што треба да се резервира за совршена шумска патека. Пешачењето за него беше длабока контемплативна практика што ги доведува луѓето во контакт со нивниот здив, нивното тело и со Земјата – и свест за она што тој го нарекуваше „меѓупостоење“. Тич Нат Хан, кој беше еден од највлијателните будистички водачи во светот, го ...
Луѓето со рак што често консумираат ултрапреработена храна може да имаат речиси 60 проценти поголема веројатност да умрат од својата болест, сугерира ново истражување. Оние со највисоко внесување таква храна имаат многу поголема веројатност да умрат порано од оние со најниско внесување, откриле истражувачите во Италија. Ултрапреработената храна е поврзана со лошо здравје, вклучувајќи зголемен ризик од дебелина, срцеви заболувања, рак и рана ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен за воена акција против Иран ако не се постигне договор, наведувајќи дека во тој случај ќе дејствува како за време на 12-дневната војна во јуни минатата година. Во телефонско интервју за израелската телевизија Канал 12, Трамп рече дека Соединетите Американски Држави и Иран се обидуваат да постигнат договор, но дека Вашингтон има други опции ако разговорите не успеат. – ...
Политичката порака дека е „крај на праксата на судската нефункционалност“ да биде воедно и институционален пресврт во правосудството Гласниот повик од јадрото на владеачката партија дека „ќе ѝ стави крај на праксата на непочитување на законите и Уставот“ (како што навистина постоеше во времето на владеењето на претходната власт) доаѓа во момент кога институционалната доверба кај граѓаните во судскиот систем навистина е сè уште кревка, а ...
Хашкиот трибунал е при крај со УЧК, до каде е македонското правосудство во врска со четирите хашки случаи? Додека светот гледа кон Хаг, Македонија останува заробена во сопствените судски блокади и правни празнини. Дека таква динамика постои покажуваат и случаите од 2001 година поврзани со ОНА, разгранокот на ОВК на македонска територија. За четири досиеја со ознаки „хашки случаи“, како и за мноштво случаи на исчезнувања, киднапирања и ...