Растенијата развиле свои форми на комуникација низ милиони години еволуција. Тоа се главно биохемиски, физиолошки и еколошки механизми со кои тие реагираат на околните растенија. Тоа одредува кои растенија се добри, а кои се лоши соседи. Таквата хемиска комуникација меѓу растенијата се нарекува алеопатија. Тоа е способност на растението да ослободува супстанции преку корењата, лисјата или гниењето што го инхибираат (запираат) или го стимулираат ...

Бананите сè повеќе се загрозени од климатските промени, додека производителите тврдат дека екстремните временски услови ги убиваат нивните посеви, според извештајот. Анализата на меѓународната добротворна организација за развој „Крисчан еид“ покажува дека растечките температури и штетниците поврзани со климата ги ставаат бананите во опасност. Утврдено е дека речиси две третини од најсоодветните области за одгледување банани во Латинска Америка и ...

Разговор со Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) РСБСП, преку свои претставници, учествува во работата на координативното тело при Владата, чија задача е изготвување на третата национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата. РСБСП ќе настојува во националната стратегија да се предвидат мерки за постојано јакнење на оперативните капацитети на сите надлежни органи, ...

Повод – 81 година од смртта на Коце Металец Коце Стојановски-Металец останува запаметен како непоколеблив бунтовник за слободата на Македонија и македонскиот народ и еден од најактивните членови на движењето на отпорот против бугарската окупација во Втората светска војна. Како еден од поискусните борци, но и раководител во Втората македонска бригада, успешно ја води низ сите битки против бугарскиот окупатор (заменик-политички комесар на Третиот ...

Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје. Загриженоста за можна израелска воена акција, како и можниот ирански ...

Мултиполарната формула низ примери на држави од три различни континенти Постојат голем број примери од кои можеме да учиме. Но од практичен аспект, особено е интересен пристапот на Сингапур, Бразил и на Руанда. Иако станува збор за општества и нации што се протегаат на три различни континенти и имаат различна историја, нивните дипломатски стратегии имаат некои впечатливи заеднички нишки што принципиелно се прифатливи. Тоа се прагматизмот и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги опиша антиукраинските политики и пораки на десничарскиот унгарски премиер Виктор Орбан „како историска грешка“ – пренесе „Хина“, цитирајќи ја „ДПА“. Во интервју за унгарскиот медиум „Валас онлајн“, Зеленски го обвини Орбан дека користи пропаганда против Украина за свои домашни политички цели. – Тој ја користи Украина за свои изборни цели – рече украинскиот претседател. „Тој не разбира како ова ќе ...

Европската унија и Велика Британија постигнаа договор за статусот на Гибралтар, што ќе го олесни прекуграничното тргување и патувањето до спорната територија, изјави денеска комесарот на ЕУ за трговија, Марош Шефчович. Во објава на социјалните мрежи, Шефчович го нарече ова „историски значаен момент“. – Постигнат е политички договор меѓу ЕУ и Велика Британија за идните односи во врска со Гибралтар. Ова им користи на сите и зацврстува ново ...

Мултиполарната перспектива како траса на нови можности за идните генерации Македонија како држава можеби за првпат од самостојноста се соочува со предизвици што ќе ја одредат нејзината иднина во следните најмалку 50 години, па од тие причини на сите потези што се влечат не може да се гледа низ призмата на обични политички одлуки, туку многу повеќе на трасирање на иднината за новите генерации. Гледано низ една мултиполарна перспектива што сега се ...

Во домот на напаѓачот кој во своето поранешно училиште во Грац уби десет лица, а потоа изврши самоубиство, истражните тимови пронајдоа проштално писмо и нефункционална цевна бомба, соопшти денеска локалната полиција. На жртвите на трагедијата денеска им се оддава почит со едноминутно молчење, а вчерашниот напад врз гимназијата во Грац се смета за најсмртоносниот во Австрија по Втората светска војна. Напаѓачот, 21-годишен маж од околината на ...

Фокусот на Министерството за образование и наука е ставен на обезбедување квалитетни и достапни учебници, дигитализација на образовните процеси, подобрување на инфраструктурата и постепено воведување на целодневна настава за учениците од прво до петто одделение, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најавувајќи конкретни чекори за интеграција на вештачката интелигенција во наставата, како и законски измени во високото ...

Основното јавно обвинителство Велес отвори истражна постапка против 53-годишно лице, осомничено за нелегална продажба на наркотични дроги. Според обвинението, осомничениот на 29 ноември 2024 година неовластено продал речиси еден килограм кокаин на жител на Велес за договорена сума од 50.000 евра. Како што соопштуваат од Основното јавно обвинителство, дел од средствата купувачот оставил на претходно договорена локација, пред да ја преземе ...

За три дена од пуштање на телефонската линија 070/355-526, наменета за повредените лица во пожарот во Кочани и нивните семејства директно да комуницираат со Канцеларијата на Претседателот на Владата, 109 граѓани ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози. – Ова покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја. Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените ...

Сведоци сме на раниот, но брз раст на платформската економија. За многу од нашите граѓани – особено младите – дигиталните платформи нудат влез на пазарот на трудот, честопати обезбедувајќи приход таму каде што традиционалните работни места може да бидат ретки. Студенти, фриленсери, возачи на достава, креатори на содржини – сите тие стануваат дел од оваа нова дигитална работна сила, рече министерот за економија Бесар Дурмиши во денешното обраќање ...

Во Битола внука се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Основното јавно обвинителство Битола информира дека се издадени повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот. Осомничената, според Обвинителство, е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази. – По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во ...

По завршните зборови на Основното јавно обвинителство на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, правните застапници на оштетените семејства пред судот изјавија дека во целост го прифаќаат барањето на Обвинителството, се приклучуваат кон кривичното гонење и бараат имотно правно побарување. Полномошникот на мајката и сестрата на Вања, посочи дека се приклучуваат кон кривично гонење и поднесуваат писмено барање за ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил телефонски разговор со својот бугарски колега, министерот за надворешни работи, Георг Георгиев. Министерот Георгиев, како што се наведува во соопштението, го информирал, министерот Муцунски за одлуката донесена од страна на бугарското Собрание, која се однесува на напредокот на земјава во процесот на пристапување во Европската унија. Во разговорот, министерот ...

Село Добреоец, Кичевско, најпознато е по бистрoводната река Студенчица од чии води жедта ја гасат 160.000 жители од овој дел на земјава. Токму погодностите што ги нуди оваа река придонесоа во село Добреноец да работат две воденици и повеќе валавици. Промените на начинот на живот придонесоа истите полека, но сигурно да ја загубат основната функција и покрај напорите на месното население и во овие тешки времиња валавиците и водениците да ...

Од ноќеска за 1 денар поскапуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), како и мазутот М-1 НС за 0,624 денари, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат исти. Цената на мазутот ќе биде 38,486 денари за килограм. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС ќе чини 95 74,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 76,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66 денари, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 и мазутот ...

Забрануваме 173 нови нелегални приредувачи на онлине игри на среќа, објави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил. – Апелирам до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие нелегални страници на несигурен и небезбеден начин. Никој не може да нè заштити ако не се ...

Завршниот збор на Обвинителството го ценам како контрадикторен сам по себе, бидејќи на некој начин директно го опиша планот и дејствијата на останатите обвинети, со кои Обвинителството докажува дека овие луѓе имале претходно разработен план, односно дека од првото грабнување се откажале и ги појаснија причините зошто се откажале и дека реализацијата на планот е завршена во понеделникот – изјави бранителот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, ...

Премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за спорт, Борко Ристовски денес на свечена церемонија во Владата на Македонија, им додели Национално признание на најуспешните македонски спортисти за врвни достигнувања во екипни спортови. Во своето обраќање до добитниците на признанието Мицкоски порача дека е исправена една неправда и дека спортистите-амбасадори ја добиваат заслужената почит за тоа што со години наназад ја претставуваа Македонија ширум ...

Основното јавно обвинителство денеска во завршните зборови на судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски побара максимална казна доживотен затвор за четворицата обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев, додека за таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски побара судот да му ја одреди соодветната затворска казна. Како што посочи обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска, исказите на обвинетите ...

Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на Министерството за внатрешни работи. Не само поради нејзините последици врз младите и општественото здравје, туку и поради фактот што овој феномен претставува клучен извор на моќ и ресурси за организираните криминални групи. Оваа борба мора да биде споделена, инклузивна и стратешки насочена. Ова е пораката од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, ...

Студентските домови „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје, кои се реконструираат од минатата година, се очекува да бидат повторно отворени за сместување студенти од вториот семестар на учебната 2025/2026 година. -Ќе треба да се почека до вториот семестар затоа што „Кузман“ се очекува да се заврши некаде во ноември. За жал, реконструкцијата на „Стив“ почна со задоцнување, но ние таа состојба ја затекнавме и моравме да ја решаваме. ...

Вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица пронајдени биле една артилериска граната 75 mm и рачна бомба, информираат денеска од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Оттаму апелираат до граѓаните во случај да пронајдат неексплодирани убојни средства да не ги фаќаат туку едноставно да се јават на бројот за итни случаи 112 за службите да можат да се погрижат за безбедно отстранување или неутрализирање. -Така ќе бидат ...

Како граѓаните да ги препознаат скриените трошоци за електрична енергија? Некои потрошувачи во домот постојано трошат електрична енергија, без воопшто да забележиме. Тоа се уреди што трошат електрична енергија дури и кога не ги користите активно. Во секој дом има невидливи потрошувачи што влијаат на месечните сметки за електрична енергија. На овој начин, електричната енергија непотребно се троши, не само во домовите туку и во деловните простории ...

Кинеските традиционални брендови го трасираат патот за меѓународно поврзување „Кинески бренд со долгогодишна традиција“ е титула доделена од Министерството за трговија на Кина на компании со долга историја, кои нудат производи, техники или услуги пренесувани низ генерации. Овие брендови се признаени по тоа што поседуваат посебни кинески културни карактеристики и се широко прифатени од јавноста. Tаканаречените брендови со долгогодишна традиција ...

Свето Тоевски Пред два дена, токму од Париз, одекнаа нови политички тонови, проширувајќи се низ Стариот Континент. Тие тонови не се во резонанца со реториката и однесувањето на Емануел Макрон, претседател на Франција. Напротив, тие се дијаметрално различни, па дури и спротивставени. – Треба да се почитуваат идентитетот и засебните интереси на европските народи, како и суверенитетот на државите во Европа, без ничии интервенции во нивните ...

Дуото „Ај кју“, кое нѐ претставуваше на „Евровизија“ во 2018 година, има нова песна на англиски јазик насловена „Till The beat comes down“. Бојан и Марија, кои веќе неколку години живеат и работат во Лондон, се активни на полето на музиката и ја промовираа нивната нова песна, која е дел од нивниот следен албум, кој е во изработка. На оваа песна соработуваа со продуценти од Лондон, Шведска, Австралија и од Италија. Звукот е модерен и ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
5.14
33%
1006
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.06
33%
1003
weather icon

Загреб

23ᴼ / 22ᴼ
1.03
77%
1004
weather icon

Софија

31ᴼ / 29ᴼ
2.57
31%
1007
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
5.32
22%
1004
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
1.03
81%
1004
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
58%
1011
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
54%
1010
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.66
58%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 30ᴼ
1.54
31%
1007
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
89%
1005
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
5.66
47%
1011
Currency

61.54

Currency

52.7562

Currency

71.0345

Currency

33.9523

Currency

38.0293

Currency

65.6222

Currency

7.35349

Currency

0.65551

Currency

0.35805

Currency

0.52467

Currency

1.28997

Currency

0.60641