Лауреатите на „Војдан Чернодрински“: Атила Клинче, Веби Ќерими, Љубомир Чадиковски и Сашо Миленковски МТФ „Војдан Чернодрински“ на достоен начин, со доделување на наградите за животно дело, им се оддолжи на четворица творци што неуморно низ годините даваа придонес за развојот не само на театарот во Македонија туку и на фестивалот „Војдан Чернодрински“. Годинашни лауреати се актерите Атила Клинче и Веби Ќерими, театарскиот деец Љубомир ...

Трилер Сонцето падна на запад и запурнината попушти. Босовите се ослободија од шамичињата со кои постојано си ја бришеа потта од лицето. Расположението беше на завидно ниво. – Предлагам да се напиеме уште по едно кафе, а потоа да продолжиме – рече Кавалканте. – Ама мене ми е доста едно – се јави Вилароса. – Секому според желбите – ги утеши домаќинот. Откако здивнаа, дон Фето погледна во дон Кабузо. Дебелиот нервозно се промрда во столот оти ...

„Титов Врв скајрејс 2026“ Попова Шапка и годинава ќе биде центар на екстремниот планински спорт, каде што на осмото издание на „Титов Врв скајрејс“ ќе се соберат домашни и меѓународни натпреварувачи подготвени да ги поместат границите на издржливоста низ врвовите, падините, величествените беспаќа на Шар Планина. На 21 јуни на Попова Шапка во националниот парк Шар Планина ќе се одржи осмото издание на „Титов Врв скајрејс“, во организација на ...

Петтото издание на фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ ќе се одржи од 8-15 јули во Дојран, Струмица и Гевгелија. На денешната прес конференција за деталите, програмата, гостите и новитетите информираа директорот на фестивалот, Јани Бојаџи, селекторот, Златко Гелески и извршниот директор, Дејан Милошевски. -Оваа година по петти пат фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ останува доследен на тоа да е ...

Истовремена изградба на шест автопатски делници во државава во текот на втората половина од годинава, најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево-Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево-Охрид, а се работи и на ...

Водата како стратешко прашање меѓу европските стандарди и домашните предизвици Водата сè повеќе излегува од рамките на класично еколошко прашање и се наметнува како стратешки ресурс од суштинско значење за економскиот развој, јавното здравје и националната безбедност. Во услови на климатски промени, зголемена урбанизација и растечки притисок врз природните ресурси, прашањето за управувањето со водите станува дел од пошироката дебата за ...

Од наш агол Македонија и Македонците не се само теоретски пример во учебник по меѓународно право и меѓународни односи и дипломатија за идентитетско деноминирање, денационализација и асимилација од страна на посилни држави и народи.Тие се повеќе од тоа! Имено, Македонците се живи сведоци на една долготрајна политика на негирање, оспорување и редефинирање на нивниот национален идентитет, јазик и историско наследство. Особено по влезот на ...

Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев, јави БТА. – Како што веќе знаете, владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина – изјави Радев на почетокот на редовната владина седница. – Веќе дадовме доволно, нашата земја продолжува да трпи социјално-економски штети од оваа крвава војна. Убедени сме дека постигнувањето мирно решение ...

Првата бугарска комеморативна монета од две евра, која требаше да го одбележи влезот на земјата во еврозоната, се претвори во предмет на дипломатска и историска полемика. Монетата посветена на кирилицата не доби зелено светло откако една земја-членка на ЕУ поднела приговор на нејзиниот дизајн, додека европските институции засега не откриваат ниту која држава се спротивставила, ниту што точно е спорно во предложеното решение. Според достапните ...

Наводниот недостиг на транспарентност на Европската комисија при набавката на вакцини против ковид-19 во екот на пандемијата денеска повторно е во центарот на вниманието, кога највисокиот суд на ЕУ треба да се огласи за два поврзани случаи. Во 2024 година, Општиот суд на Европската унија, втор по големина суд во блокот, веќе пресуди дека комисијата не и овозможила на јавноста доволен пристап до договорите за набавка на вакцини, пренесе ДПА. ...

Грчките власти притворија тројцата клучни осомничени за наводна шема за измама со земјоделски субвенции од ЕУ во вредност од 2,5 милиони евра, поврзана со поширока истрага од страна на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО), пренесува „Еурактив“. Европски истражен судија и обвинител наредија притвор на наводниот водач на криминалната организација, на осомничен поврзан со центар за аплицирање за земјоделска помош и на еден ...

Зацврстувањето на врските со државите од Централна Европа од стратешко значење Стратешкото партнерство на Македонија со Хрватска и повикот на унгарскиот премиер Петер Маѓар за проширување на Вишеградската група во силен централноевропски блок среде Европската Унија налагаат македонската дипломатија да работи на поврзување на највисоко рамниште со овие централноевропски држави, за да оформи оска на поддршка и за соработка во сите области. ...

Знаменитостите на Македонија Во срцето на Оризари, Кочанско, селото во кое секој камен и секоја сенка носат приказна, звукот на гајдата се издигнува како живо сведоштво за вековната македонска душа. Длабок и продорен, но истовремено топол и човечен, тој звук не е од рацете на стар мајстор, туку од млад човек – Никола Стојов. Со својата упорност и љубов кон традицијата, Никола ја претвора гајдата во мост меѓу минатото и иднината, оживувајќи ја ...

„ИСТОРИЈАТА“ СТАНА ПОЛИТИЧКА АЛАТКА НА БУГАРИЈА?! Одлуката на една засега неименувана членка на еврозоната да го блокира издавањето на бугарската комеморативна монета од две евра посветена на таканаречената „бугарска азбука“ отвори многу подлабоко прашање од она што на прв поглед изгледа како нумизматичка или протоколарна расправија. Станува збор за судир меѓу европските вредности и националистичките обиди за монополизирање на историјата. ...

„ЗА ОВЧЕПОЛСКИТЕ РАБОТИ“ (3) Се надевам дека со овој фељтон ќе поттикнам развој и разумна употреба на туристичките ресурси, привлекување инвестиции, подобрување на комуникацијата помеѓу официјалните институции, приватниот сектор, граѓанските здруженија и домашното население, подобрување на екологијата, заштита на движните и недвижните наоди, зачувување на пишаните документи, трудови и книги, активна работа за промоција на економскиот ...

По гребените на Шар Планина и Кораб Асоцијацијата „Македонска бесконечна трансверзала – Самијана“ ја објави секцијата Z2, наречена „Балкан скајлајн трајл“. Со 202 километри и просечна надморска висина од 2.030 метри, ова е највисоката долга планинарска трансверзала на Балканот и една од највисоките во Европа. Трасата поминува по гребените на Шар Планина и масивот Кораб – два македонски планински колоси што сѐ уште се речиси непознати во ...

Израелците бараат нивно вклучување во мировните преговори помеѓу САД и Иран Со завчерашните обновени напади врз Иран, очигледно отворено спротивставувајќи му се на американскиот претседател Доналд Трамп, се смета дека Израел се обидува да добие збор на масата за мировни преговори, каде што досега беше држен на дистанца од претседателот на САД, објавува „Ројтерс“. Израел во воздушни напади погоди цели во Иран за првпат од прекинот на огнот во ...

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа. Пожарот ...

Треба да продолжиме да разговараме за тешките прашања!, истакна претседателката Гордана Силјановска – Давкова во објава на социјалните мрежи по средбата со нејзината бугарска колешка Илијана Јотова, што се одржа на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија. Во фокусот на разговорот со Јотова, како што вели, беа проблемите во билатералните односи, врзани за македонската евроинтеграција. – Изразивме ...

Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5 часот и 36 минути, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. -Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од ...

ПРОЕКТИ ТЕШКИ ДЕСЕТ МИЛИЈАРДИ ЕВРА Главните сообраќајни артерии на Македонија, коридорот 10 и коридорот 8, се на владиниот список на приоритети за надградба или проширување на инфраструктурата што треба да одговори на сите модерни предизвици и потреби. Но, како што неодамна информира премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со македонските медиуми, Владата годинава планира истовремена изградба и на шест автопатски делници. Тоа значи дека освен ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска ја оцени изминатата учебна година со оценка четири, истакнувајќи дека се реализирани бројни промени, но дека за суштински реформи во образованието е потребно време. Во гостување во Дневникот на ТВ Сител, Јаневска нагласи дека оваа учебна година била подобра од претходните и дека се поставени темели за понатамошен развој на образовниот систем. – Годинава беше подобра од претходните и би ѝ ...

Голем пожар вечерва беснее над Штип, при што се зафатени ридски предели обраснати со трева и нискостеблеста вегетација. Огнените јазици се видливи од повеќе делови на градот, а на терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица со сите расположливи ресурси. Според првичните информации, пожарот избувнал попладнево по удар од гром во реонот над викенд-населбите Плуждино и Новакова Чешма. Поради ветерот и сувата вегетација, ...

Во рамките на 29-от Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во соработка со Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, беше одбележан значаен јубилеј – 30 години од формирањето и дејствувањето на Работната група на словенските малцинства (АГСМ). Централно место во програмата имаше свечената гала-вечера, на која претставници на словенските малцинства од ...

Уставните измени не се единствениот услов за тргање на ветото за почеток на преговори на земјава со ЕУ, туку Бугарите имаат и услови поврзани со протоколите околу историската комисија, изјави денеска во Софија претседателката Гордана Силјановска-Давкова по билатералната средба со шефицата на бугарската држава Илијана Јотова на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ. – Јас и мојот колега Муцунски сакавме да ги слушнеме ...

Министерството за внатрешни работи информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани седум случаи на семејно насилство низ државата, а две лица се лишени од слобода поради сомнение за физички напади врз членови на семејството. Според полицискиот билтен, најтешките случаи се евидентирани во Скопје, Велес, Тетово и Штип, при што дел од пријавите се однесуваат на физичко насилство, закани, демнење и непочитување на мерки определени од ...

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие привеле 23 возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, а кај 21 од нив било утврдено дека возеле без возачка дозвола. Меѓу санкционираните има и тројца малолетници, додека двајца возачи биле затекнати зад воланот под дејство на алкохол, информираа од Министерството за внатрешни работи. Најголем број од прекршителите биле откриени во Скопје, каде осум лица, меѓу кои и еден ...

Процесот на проширување на Европската Унија мора да се заснова на Копенхашките критериуми, а темпото на пристапување да зависи исклучиво од напредокот во спроведувањето на реформите, порача претседателката Гордана Силјановска-Давкова на Самитот на шефови на држави и влади во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Софија, пренесе МИА. Обраќајќи се на пленарната сесија „Компас кон стабилност, безбедност ...

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значително намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамки на програмата за рано откривање на рак на грлото на матката – ХПВ-генотипизацијата и ликвид ПАП-цитологијата. Мерката веќе е во сила и има цел да го зголеми бројот на достапни тестирања и да го подобри пристапот на жените до превентивна здравствена заштита, пренесе МИА. Според новите ...

Институтот за судска медицина утврдил дека во парчињата салама што деца ги пронашле во населбата Расадник, во општина Кисела Вода, во близина на детско игралиште, има присуство на инсектицидот метомил, во јавноста познат како ланате. Станува збор за високо токсичен инсектицид кој одамна е забранет за употреба и увоз во земјите од Европската Унија и во Македонија поради неговата исклучителна токсичност и можноста за злоупотреба, најчесто за ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Калај

46.54

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Бакар

12.58