Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза”. Со оваа одлука, како што информира владината прес-служба, се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. – Се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Министерството за здравство во рок од три месеци го ...

Новиот закон за високо образование ќе донесе подобар квалитет на академската едукација и ќе ја унапреди позицијата на македонските универзитет на глобалните ранг листи. Ова ќе го постигнеме со зајакнати критериуми за избор во академски звања, што ќе стимулира изработка на повеќе научни трудови, како и со реорганизација на дел од студиските програми и воведување модуларност. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна ...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, вечерва во 22.05 часот, беше почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран на границата со Косово. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 4,6 степени, а епицентарот бил на 47 километри од Скопје, во близина на Призрен во Косово. Земјотресот е почувствуван во Македонија, Косово и Албанија и Србија. Земјотрес со јачина од 4,3 степени ...

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси уште еден соучесник во обидот за атентат врз генерал-потполковник Владимир Алексеев. Станува збор за синот на претходно притворениот Виктор Васин, Павел Васин, кој помагал во следењето на рускиот воен персонал, објави Центарот за односи со јавноста (ЦВО) на ФСБ. – Федералната служба за безбедност уапси трет соучесник во подготовката на обидот за атентат врз првиот заменик-началник на ...

Сојузот на синдикати денеска ја реализираше првата од најавените таргетирани блокади што ќе ги спроведе во следните денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. До почетокот на собраниската седница беа блокирани влезовите на македонското Собрание затоа што, како што беше кажано, пратениците повеќе од една година не ги носат измените за минималната плата и остануваат имуни на најновата ...

Ќе се спроведуваат вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис, одлучи Владата на денешната седница. -Владата ги задолжи институциите во рамки на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија на државата и во рок од 45 дена да достават ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека сè уште не е договорен датум за следниот круг мировни преговори со Украина, додавајќи оти тоа ќе се случи набрзо. Русија, САД и Украина минатата недела во Абу Даби ја одржаа втората рунда преговори, но не постигнаа голем напредок освен што беше договорена размена на 314 воени заробеници. Тоа е прва размена од октомври минатата година. Тој се осврна и на односите помеѓу Русија и ...

Француското правосудство обелодени уште еден случај на педофилија и бара сведоци по обвинението против 79-годишен маж кој силувал повеќе од 89 малолетни лица. Обвинетиот е приведен во 2024 и е осомничен дека извршил силувања и агресија врз малолетни лица во периодот од 1967 до 2022 година. Случајот го истражува Обвинителството во Гренобл. Наводните злосторства се извршени во Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир, Филипините, Индија, ...

Договорот што го постигна Владата со репрезентативните синдикати од администрацијата и јавната управа е историски и ќе овозможи зголемување на платите на вработените за 40 проценти, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека со ова Владата како најголем работодавач го заокружува договорот со своите колеги. -Овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, кој во следните две години и неколку месеци, односно ...

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посетија просторијата во МВР каде што се складирани 40 тони марихуана, запление во неодамнешната полициска акција. Според надлежните институции, дрогата била произведувана и складирана надвор од законските протоколи, а целта ѝ била да заврши на улиците во Македонија и Европа. Министерот Тошковски во изјава објавена на Фејсбук профилот на МВР истакнува ...

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на националните малцинства во Република Албанија – Со посебно задоволство ја претставувам мојата лична иницијатива minoritete.al, првиот национален онлајн медиум во Република Албанија, ...

Во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје, по повод триесетгодишнината од атентатот врз првиот претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ, Киро Глигоров, денеска се одржа конференцијата „Кој и зошто пукаше во иднината на државата“. Конференцијата ја водешеше Гроздан Цветковски, поранешен висок службеник во Министерството за внатрешни работи, а учествуваа универзитетски професори, научници, експерти, меѓу кои и ...

По повод Денот на руската дипломатија, Амбасадата на Русија денеска организираше свечена церемонија на која се положија венци на споменикот „Рускиот крст“, подигнат на местото на трагичната смрт на рускиот императорски конзул Александар Ростковски во 1903 година, како и на гробовите на руски сонародници, меѓу кои и првиот драгоман на Рускиот конзулат во Битола, Антон Лапе. Свештеници на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, ...

Чести промени на терапијата без медицинско објаснување, давање лекови кои меѓусебно го поништуваат дејството и аплицирање хемотерапија во терминална фаза, која наместо да помогне, го скратувала животот на пациентите, се дел од заклучоците што денеска ги презентираше вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, на рочиштето за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен суд Скопје, пренесува МИА. Вештачењето е ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веќе постапува согласно констатираните забелешки и препораки во извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на ДСЗИ, изготвен од Државниот завод за ревизија (ДЗР), соопштија попладнево од Министерството за здравство (МЗ). – Имено, во делот на забелешките што се однесуваат на инспекциските надзори, што се од техничка природа, се дадени ...

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители. Овој закон, како што информираат од Министерството за правда, претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем. Клучни измени во Предлог-законот, како што посочуваат од Министерство за правда се: – детално уредена постапка за разрешување на претседателот и ...

Опожарена е куќа во село Челопек во општина Старо Нагоричане, нема повредени лица увид извршила кумановската полиција. – Вчера во 10:22 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, настанал пожар во куќа сопственост на седумдесет и шестгодишниот Х.Т. Пожарот го изгасила Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. Повредени лица нема – соопшти СВР Куманово, чија екипа извршила увид. Од ТППЕ ...

Гислејн Максвел, поранешна соработничка на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, откако одби да одговори на прашања во конгресната истрага, посочи дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши нејзината затворска казна, таа би била подготвена да сведочи дека тој и поранешниот претседател Бил Клинтон не направиле ништо лошо кога станува збор за нивните контакти со Епстин. Комитетот за надзор на Претставничкиот дом побара ...

Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4 проценти, одлучи на седница Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи утре, понудата ќе изнесува 54 милијарди денари, а за наредните аукции ќе се утврдува согласно со проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа. Просечната стапка на инфлација за ...

Искачувањето на врвот Клепа е една од најмасовните планинарски акции во Македонија, која наедно го чува споменот за Калина и Александар Спомените се единственото нешто што времето не може да го одземе. Сеќавањата се тивко, но моќно наследство што го носиме со себе за да ги зачуваме ликовите и делата на оние што не сакаме, ниту можеме, да ги пуштиме да исчезнат. Тие истовремено нѐ греат однатре и нѐ кршат. Спомените за трагично загинатите ...

Синоќа по полноќ во 00:20 часот на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода 42 – годишниот И.А. од Велес. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.А., при што било констатирано дека го управувал со активна мерка – забрана за управување со моторно возило од ...

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска, попладне, во Скопје поради посета на косовскиот премиер Албин Курти, најавија од Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираа дека Курти денеска ќе престојува во официјална посета на нашата држава. – Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници ...

Водата од струшкиот водовод е здравствено небезбедна за пиење поради многу висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот. Првичните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека заматеноста во изворот „Шум“ е 28,56 проценти, а максимално дозволена концентрација 1,5 отсто. Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје Охрид информира дека се земени мостри ...

Со грант од ЕУ почнуваме со имплементација на Проектот за автоматизација на терминалите, т.н. „Паметни граници“, што значително ќе го забрза протокот на стоки на граничните премини. Очекуваме до крајот на 2027 година целосна имплементација на проектот, за што веќе е објавен и јавен повик за набавка на опремa, како и негово поврзување со системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички. Преку дигитализација на царинските процеси ...

Новото законско решение ќе доведе до повисок квалитет на високото образование. Со него не се навлегува во автономијата на универзитетите, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска и додава дека наскоро ќе има јавни расправи на кои сите засегнати ќе можат да ги дадат своите забелешки. – Во однос на коментари, тоа се релативно минорни забелешки. Но, како што реков, ние на секој универзитет ќе имаме јавна расправа, со почеток од ...

САД ќе предадат две исклучително високи командни места во НАТО – во Неапол, Италија и Норфолк, Вирџинија – на европски офицери, изјави вчера воен извор за британските медиуми. Одлуката е во согласност со барањата на американскиот претседател Доналд Трамп европските нации да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност. Неговата администрација сака НАТО, долго доминиран од САД, да стане „НАТО предводен од Европа“. Како дел од ...

УНИЦЕФ Србија денеска, по повод Меѓународниот ден на побезбеден интернет, објави дека нивната анализа на образовните системи што користат вештачка интелигенција во Европа и Централна Азија покажува дека заштитните механизми за децата честопати не одат во чекор со брзината на технолошките промени. -Речиси четири од десет анализирани системи немаат јавно достапни информации за практиките за заштита на податоците, што го отежнува проценувањето ...

Во наредните денови продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. На повисоките планински предели врнежите од дожд ќе преминуваат во снег – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Според прогнозата на УХМР, од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и ...

Се очекува Владата денеска на седница да донесе одлука за вршење проверка во сите правни субјекти коишто се занимаваат со одгледување марихуана и производство на масло од канабис, како резултат на констатираните неправилности и непочитување на Законот кој ја регулира оваа област во неколку правни субјекти, поради што имаше заплена на 40 тони марихуиуана. Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека не ја исклучува можноста количината на запленета ...

Собранието на денешната 84. седница ја изгласа потребата по скратена постапка да се донесе Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита поднесен од пратеничката група на Левица. Со решенијата предвидени во овој Предлог на закон ќе се овозможи ефикасна примена на начелата на потребата од стручност и компетентност за работните позиции за кои кандидатот конкурирал. Со предложеното решение ќе се овозможи избор на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1018
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
64%
1015
weather icon

Загреб

12ᴼ / 5ᴼ
1.03
57%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 5ᴼ
1.03
51%
1017
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.29
71%
1015
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
85%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
1.34
50%
1012
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1016
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
49%
1014
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 11ᴼ
0.89
54%
1015
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
66%
1015
Currency

61.6317

Currency

52.6064

Currency

71.1413

Currency

37.611

Currency

38.4771

Currency

66.9844

Currency

7.69516

Currency

0.69906

Currency

0.32996

Currency

0.52491

Currency

1.16852

Currency

0.55871

Алуминиум

3.62

Калај

50.49

Цинк

3.45

Рутениум

53788.20

Кобалт

45.39

Платина

63947.83

Сребро

2840.84

Паладиум

47416.53

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09

Бакар

12.07

Родиум

326330.08