По повод 81-годишнината од усвојувањето на македонскиот правопис Изготвувањето и донесувањето на првиот правопис е еден од клучните настани во современата историја на македонскиот јазик и културен развој. Тоа е завршна фаза на кодификацијата на книжевниот македонски јазик, започната по одлуката на АСНОМ од 2 август 1944 година македонскиот да стане службен јазик на македонската држава. Првиот правопис ги удира темелите на македонскиот ...

Меѓу сите елементи на еден јазик, правописот ужива парадоксален статус. Од една страна, тој е највидливиот и најшироко применуван дел од јазичната норма – со него се среќава секој ученик, новинар, преведувач и службеник. Од друга страна, во јавната свест често се сведува на ситничарска забелешка за запирки и големи букви, како да станува збор за орнамент, а не за основа. А што всушност е правописот? Под правопис се подразбира систем од ...

Седми јуни – Денот на македонскиот правопис На Денот на македонскиот правопис секоја година се потсетуваме дека зад правилата за пишување не стојат само букви, запирки и правописни решенија. Стои јазикот како еден од најважните белези на нашиот културен идентитет и историски континуитет. Денес правописната норма во Македонија се применува нерамномерно. Во образованието, науката и во дел од институциите, сè уште, постои свест за нејзината ...