
Скопје
30ᴼ /
30ᴼ



Во четвртикот на територијата на Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движат од 13 до 19, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 24 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од ...
Фудбалерите на Реал Мадрид го одиграа својот прв натпревар на Светското клупско првенство, во првото коло од Групата Х одиграа 1:1 во Мајами против Ал Хилал, актуелниот шампион на Саудиска Арабија. Во интересен натпревар на стадионот „Хард Рок“, двата гола беа постигнати во првото полувреме. Реал поведе во 34. минута со голот на Гонзало Гарсија, додека во 41. минута Ал Хилал израмни откако Рубен Невеш постигна гол од пенал. Во 92. минута, Реал ...
Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски би можел повторно да го облече дресот на некој европски клуб, откако официјално ја заврши својата епизода во Ал-Ахли од Саудиска Арабија. По освојувањето на трофејот во АФЦ Лигата на шампионите, Алиоски и клубот ставија точка на соработката, а 33-годишниот фудбалер веќе размислува за следниот чекор во кариерата. – Мојот договор со Ал-Ахли е завршен. Заедно со мојот агент ги разгледуваме сите можни ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата „поддршка во одбраната на небото на Израел“, додека Израел напаѓа цели во Иран шести ден по ред. „Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп, голем пријател на државата Израел“, рече Нетанјаху во телевизиска изјава. „Му се заблагодарувам што е на наша страна и му се заблагодарувам за поддршката на САД во одбраната на небото на ...
Црна Гора попладнево е под влијание на нестабилна воздушна маса која донесе сериозни метеоролошки вознемирувања во повеќе региони, особено во внатрешноста. Силни локализирани невремиња со интензивен дожд, грмежи и град погодија неколку подрачја, додека на други места – само неколку километри подалеку – сè уште владее тропска жештина. Според податоците од метеоролошките служби, најинтензивна активност е забележана на потегот од Ловќен кон Бока ...
Mакедонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 50 турнирот во француски Ројан. Македонскиот тенисер попладнево во дуелот од второто коло загуби од петтиот носител Димитар Кузманов од Бугарија со 2-1 во сетови (4-6, 6-3, 6-3) по два часа и 25 минути игра. Ивановски за настапот во второто коло на Челинџерот во Ројан ќе освои четири поени, а следната недела го очекува на настап на ИТФ турнирот во Загреб. Елиминација доживеа и ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата „поддршка“ во „одбраната на небото на Израел“, во телевизиска изјава во средата навечер, додека Израел и Иран продолжуваат со меѓусебните удари. „Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп, голем пријател на Државата Израел. Му се заблагодарувам што стои покрај нас и му се заблагодарувам за поддршката што САД ни ја даваат во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да продолжи со својата линија во врска со Иран, јави ДПА. Како одговор на новинарско прашање за тоа што му кажал на Нетанјаху, Трамп рече: „Јас реков: продолжете“. Американскиот лидер објасни дека разговара со Нетанјаху секој ден. „Тој е добар човек“, рече Трамп за Нетанјаху. Како одговор на прашањето дали му кажал на Нетанјаху дека има намера ...
Иран ги повика жителите на израелскиот град Хаифа да се евакуираат, јави Иранската државна телевизија. – Пред неколку минути беше издадено предупредување за евакуација на ционистичките доселеници во Хаифа за да се заштитат од ирански проектили, објави иранската телевизија, емитувајќи натпис на хебрејски јазик. Претходно, иранската Револуционерна гарда ги предупреди жителите на Тел Авив да се евакуираат. По предупредувањето, иранските медиуми ...
Грузиската полиција откри и заплени приближно 300 килограми хероин. Дрогата е откриена во камион што превезувал огноотпорни тули, што пристигнал од Ерменија. Тоа е најголемо запленето количество наркотици во Грузија во изминатата деценија. Во операцијата уапсен е еден Грузиец. Камионот преку црноморското пристаниште Батуми требал да продолжи за Европа. Вредноста на запленетиот хероин се проценува на 85 милиони лари (околу 27 милиони евра). Во ...
Воздушна маса со изразена нестабилност се задржува над подрачјето на Стајковци, Арачиново и Скопска Црна Гора, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Невремето кое го зафати овој регион е проследено со поројни врнежи, силен ветер и појава на град, што го зголемува ризикот од локализирани поплави, предупредуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Во моментот невремето е проследено со поголема количина на врнежи град и силен ...
Дефинитивно за одредени градови ќе имаме предизборна соработка со ВМРО-ДПМНЕ или поддршка со реципроцитет на едните или другите кандидати, на едната или другата политичка партија, посочи вечерва претседателот на Движењето ЗНАМ и градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кој ќе се кандидира за уште еден градоначалнички мандат. Во гостување на централниот дневник на телевизија Сител, Димитриевски истакна дека на претстојните ...
Во Општата болница во Кочани е воведена ПРП терапија (терапија со плазма збогатена со тромбоцити), која се примени кај 10 пациенти повредени во неодамнешната трагедија. Медицинската интервенција беше изведена од тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје, кој со поддршка на локалниот персонал успешно ги спроведе третманите, информираше директорот на ФЗО, Сашо Клековски. „Ова е огромен чекор напред за здравствениот систем во регионот. ПРП ...
Навивачи од над 130 земји купија речиси 1,5 милиони билети за Светското клупско првенство кое од минатиот викенд се одржува во повеќе американски градови, објави денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Повеќе од 60.000 навивачи се собраа на отворањето на Светското првенство на стадионот „Хард Рок“ во Мајами во саботата за натпреварот помеѓу Интер предводен од Лионел Меси и Ал Ахли, додека средбата меѓу ПСЖ и Атлетико Мадрид на „Роуз ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека од 13 јуни Иран истрелал над 400 балистички ракети и околу 1.000 дронови врз Израел. Нешто повеќе од 20 балистички ракети погодиле урбаните области во Израел, при што загинаа 24 луѓе, над 500 се повредени, а предизвикана е и голема штета. ИДФ наведува дека од 1.000 беспилотни летала, но помалку од 200 навлегле во израелскиот воздушен простор. ИДФ тврди дека сите ирански дронови биле ...
Дилемата дали САД треба да му се придружат на Израел во нападот врз Иран или да останат целосно настрана ги откри поделбите меѓу поддржувачите на американскиот претседател Доналд Трамп, објави BBC во средата. Републиканскиот претседател размислува дали да му помогне на Израел ефикасно да ги нападне иранските нуклеарни објекти, по средбата со своите советници за национална безбедност во Белата куќа во вторник. За време на изборната кампања, Трамп ...
Принцезата Кејт (Кетрин Мидлтон) го откажа учеството на коњичките трки во Ројал Аскот во средата, објави Кенсингтонскиот дворец, а медиумските извештаи велат дека таа сè уште се обидува да го пронајде „вистинскиот баланс“ во своите обврски по третманот за рак. Четириесет итригодишната принцеза од Велс објави во јануари дека е во ремисија, а видот на рак од кој боледува не е откриен. Таа постепено ги продолжи своите официјални активности. Во ...
Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, во официјална посета на седиштето на Регионалното училиште за јавна администрација – ReSPA во Подгорица, каде што оствари билатерален состанок со директорката Маја Ханџиска Трендафилова. Во фокусот на разговорите беа стратешките приоритети на ReSPA и интензивната соработка што Министерството за јавна администрација на Македонија ја има со оваа регионална институција. Преку ...
Шести ден продолжуваат меѓусебните напади помеѓу Израел и Иран. Израелската армија попладнево повторно нападна, како што соопшти, воени цели во Техеран, а Иран возврати со дронови и ракети. Додека траеја нападите врз главниот град на Иран, иранската Револуционерна гарда издаде наредба за евакуација на жителите на Тел Авив. Предупредувањето за евакуација беше издадено речиси во исто време кога ИДФ соопшти дека пресретнала два дрона во подрачјето ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска потпиша Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), со што започнува стратешко партнерство меѓу институцијата и академската заедница. „Кога ќе ги отворите вратите за младите – ќе ја отворите иднината“, порача Божиновска, нагласувајќи дека соработката не е еднострано насочена, туку дека и Министерството ќе учи ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Постапката е поведена против едно од лицата инволвирани во вчерашниот инцидент во Чаир, додека за истиот настан постапка ќе се води и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата. ...
Скопје попладнево е зафатено од пороен дожд, ветер и грмотевици. Засега нема информации за причинета материјална штета. Синоптичарите за денеска попладне најавија нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со изолирана појава на град. Од УХМР упатија препорака во случај на појава на електрични празнења, поголема внимателност и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Нестабилното време ...
Принцезата Кејт (Кетрин Мидлтон) го откажа учеството на коњичките трки во Ројал Аскот во средата, објави Кенсингтонскиот дворец, а медиумските извештаи велат дека таа сè уште се обидува да го пронајде „вистинскиот баланс“ во своите обврски по третманот за рак. Четириесет итригодишната принцеза од Велс објави во јануари дека е во ремисија, а видот на рак од кој боледува не е откриен. Таа постепено ги продолжи своите официјални активности. Во ...
Претседателот Доналд Трамп во средата одби да одговори на прашањата на новинарите за тоа дали САД планираат да го нападнат Иран или неговите нуклеарни објекти, туку тврдеше дека Иранците „се јавиле“ но дека е „премногу доцна за разговор“. „Постои голема разлика меѓу сега и пред една седмица“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа. „Никој не знае што ќе правам“, додаде американскиот претседател. Трамп, исто така, тврдеше дека Иран ...
Собранието денеска ја усвои Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници за 2025 година, со која се обезбедени дополнителни 600 милиони денари за инвестициски проекти. Средствата со Предлог-одлуката се наменети за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините, а согласно објавениот повик и утврдени критериуми од страна на надлежните министерства. Со прераспределбата, исто така, се обезбедија 242,3 ...
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, учествуваше и се обрати на Регионалниот форум со тема: „Добро управување и меѓуинституционална соработка во заштитените подрачја во Северна Македонија, Албанија и Косово“, кој се одржа во градот под Шара, Тетово. Во своето обраќање, министерот Меџити истакна дека природните ресурси како водата, воздухот и шумите не познаваат политички или ...
Денес на собраниската седница донесовме важна одлука — одобривме прераспределба на буџетски средства, со што отвораме нова врата за инвестиции во образованието, здравството, културата и социјалната заштита низ целата држава, објави на социјалната мрежа на Фејсбук кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. -Преку вториот јавен повик на Владата, поддржуваме 887 нови проекти. -Заедно со првиот повик, бројката достигнува близу ...
Патнички авион на лет од Базел кон Скопје веќе извесно време кружи над македонскиот главен град, откако поради нестабилни временски услови не може да слета на скопскиот аеродром. Според најновите податоци од метеоролошката станица на аеродромот „Меѓународен Аеродром Скопје“, во 15:20 часот е регистрирано нестабилно време со појава на грмежи, засилен северен ветер и локален дожд. Ветерот дува со брзина од 11 јазли од северен правец (340°), а ...
Собранието денеска одобри прераспределба на средства меѓу буџетските корисници со кои се обезбедуваат 2 милиони денари за изработка на идејно решение и за почнување активности за изградба на спомен обележје за загинатите во пожарот во Кочани, 600 милиони денари за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините и 242,3 милиони денари за исплата кон заштитни друштва по основ на поврат на платени придонеси. Одлуката за прераспределба на ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп на денешниот брифинг со новинарите во Белата куќа одби да одговори дали ќе издаде наредба за напад врз иранските нуклеарни постројки. – Можеби ќе го направам тоа. Можеби нема да го направам тоа. Никој не знае што ќе правам, истакна Трамп. Тој изрази жалење поради тоа што Иран не се согласил на договор пред истекот на рокот од 60 дена. Трамп тврди дека Иран сега е заинтересиран да преговара, но според него „сега ...