
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одржа прес конференција на која потенцира дека Владата го усвила ребалансот на буџетот. На предлог на министерството за финансии Владата го усвои преглог ребалансот на буџетот за 2025 година, кој ги следи основните приоритети на фискалната политика, а тоа е продолжување на фискалната консолидација, обезбедување макороекономска стабилност и поттикнување развој. Вкупните приходи се проектирани ...
– СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, за Младенов, за Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна болница. Секогаш кога СДС е во опозиција, во недостаток на реална понуда кон гласачите, злоупотребува човечки трагедии за политички цели. Како сега што лаже Венко Филипче за Кочани, Заев лажеше дека ја знае и ќе ја каже вистината за убиството кај Смилковско езеро. Дојде на власт, кажа дека не ја знае, изјави на денешниот ...
Владејачката ВМРО ДПМНЕ денеска по инцидентот во Советот на Општина КОчани, се обрати со соопштение до јавноста. Во Скопје секојдевно блујат невистини и лажни вести за Кочани. Полни со некрофилија и негативности, како и дезинформации кои директно им помагаат на оние кои не сакаат правда. Иако тие ни збор не кажуваат за модуларната болница, а како ѓавол од темјан бегаат за одговорност на Венко Филипче за овој случај. И додека конструираат и лажат ...
Во Скопје секојдевно блуат невистини и лажни вести за Кочани. Полни со некрофилија и негативности, како и дезинформации кои директно им помагаат на оние кои не сакаат правда. Иако тие ни збор не кажуваат за модуларната болница, а како ѓавол од темјан бегаат за одговорност на Венко Филипче за овој случај. И додека конструираат и лажат нивниот советник и функционер Аки Акиов дели тупаници на кочанчани и се заканува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ...
Владата во четвртокот го усвои Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу 1 процент повеќе во ...
Дали Венко Крстевски и СДС се нарачатели на насилството во Советот?, прашуваат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Дали најголемите поддржувачи на Аки Акиов-го користат за СО НАСИЛСТВО ДА ЈА ВОДАТ ОПШТИНАТА! Заслепени од привремената власт, в.д. градоначалникот Венко Крстевски и СДСМ – изгледа дека и се режисери на агресијата и поделбите во Кочани. „Казна“ за негласање соработка со осуденик и лице на црната листа на САД, стигнува преку советник ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој би бил најсреќниот човек доколку на 24 јуни биде усвоен извештајот на известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц за Македонија, но напомена дека деновиве добива информации за повторни жестоки политички притисоци од страна на бугарските европратеници и бугарската Влада, дека доколку тој извештај биде изгласан, тоа би можело да ги радикализира проруските структури против сегашната ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 % во однос на одлуката од 16.06.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,305%, кај дизелот за 8,111%, ...
На денешната седница на Советот на општина Кочани, Аки Акиов независен советник во Советот на општина Кочани, но, поддржувач на СДСМ кој гласаше за в.д. градоначалникот Венко Кратевски, физички го нападна координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Мирче Стојков, по претходна вербална расправија. При неговата бурна реакција, тој мавнал со шише, со коешто, пак, ја погодил и повредил правничката во Општина Кочани Ана Кралева. Притоа бил ...
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор ги осудија нападите на Израел врз Иран и се согласија дека е потребна деескалација, соопшти Кремљ. Двајцата „силно ги осудуваат дејствијата на Израел, кои ја кршат Повелбата на ОН и другите норми на меѓународното право“, изјави претседателскиот советник Јуриј Ушаков за новинарите. „И Москва и Пекинг се целосно убедени дека нема воено решение за ...
На покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски учествувал и се обратил на министерската конференција по повод одбележувањето на 70-годишнината од Конференцијата во Месина, што се одржа во Таормина, Италија. Како што напиша на неговиот фејсбук профил, министерот Муцунски во обраќањето истакнал дека членството во Унијата претставува генерациска ...
На денешната седница на Советот на општина Кочани, Аки Акиов независен советник во Советот на општина Кочани, но, поддржувач на СДСМ кој гласаше за в.д. градоначалникот Венко Кратевски, физички го нападна координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Мирче Стојков, по претходна вербална расправија. При неговата бурна реакција, тој мавнал со шише, со коешто, пак, ја погодил и повредил правничката во Општина Кочани Ана Кралева. Притоа бил ...
Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес – конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. – Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување на кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека не гледа конструктивност од страна на опозициската СДСМ во однос на процесот на евроинтеграции на земјава и нагласи дека поради едноцифрениот рејтинг, кој сега го има партијата, има сериозна опасност дали таа ќе продолжи да постои по локалните избори. -Гледате дека градиме, се бориме низ цел свет, а тој (Венко Филипче) со една изјава вика јас се прифаќам, се што ќе ми ставите на маса дајте да ...
Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на комплескот „Македонско село“. Премиерот вели дека МВР го истражува случајот „што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција“. – Важно е што навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите ...
Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашањето во врска со најавите за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ, доколку не се поништи последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ. -Не мислам дека е тоа причината. Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат ...
По седум години откако претсана со работа комплексот Македонско село на планината Водно во Скопје, повторно е отворен, а со него, во слените 15 години ќе управува „Ла тераца“. Сепак, и овој комплекс ќе биде достапен само со авотомобил, а за оние кои немаат или не сакаат да возат до таму, автобускиот превоз е редок. Како што вели директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, ќе се чека нов градоначалник на Скопје, ...
Македонската клупска одбојка како никогаш досега ќе биде застапена на европска сцена следната сезона, откако дури пет клуба аплицираа за настап во ЦЕВ Европските клупски купови. Двата најдобри колективи во машка конкуренција, шампионот Струмица и куп победникот, Штип УГД, односно трите клуба кај дамите кои ја одиграа клучната улога во распределбата на трофеите – шампионот Јанта Волеј КВ, освојувачот на Купот, Наковски Волеј и финалистот во ...
Шефот на Обединетите нации за бегалци денес соопшти дека повеќе од 2 милиони Сиријци се вратиле во Сирија од декември, јавува Анадолу. „Над два милиони сириски бегалци и раселени лица се вратија дома од декември – знак на надеж во услови на зголемените регионални тензии“, напиша високиот комесар на ОН за бегалци (УНХЦР) Филипо Гранди на платформата X. Нагласувајќи дека е на пат од Либан кон Сирија по повод Светскиот ден на бегалците, Гранди ја ...
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи потврди во четвртокот дека ќе се сретне со своите колеги од Велика Британија, Франција и Германија и со министерот за надворешни работи на ЕУ во петок во Женева, објавија иранските државни медиуми во четвртокот. Тој рече дека состанокот е свикан на барање на три европски земји – Франција, Германија и Велика Британија. „Ќе се сретнеме со европската делегација во петок во Женева“, рече министерот ...
На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена ...
Секторот за внатрешни работи Штип испрати предупредување до јавноста поради зголемен број случаи на измами преку СМС пораки, зад кои стојат организирани сајбер криминалци. Според информациите, граѓаните добиваат СМС пораки кои лажно се претставуваат како испратени од „Пошта на Северна Македонија“, при што им се нуди линк што води до интернет страница која изгледа речиси идентично со официјалниот сајт на Поштата или други институции. На таа лажна ...
На 25 јуни 2025 година со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет, ќе се одржи премиерата на новата балетска продукција „Госпоѓа Бовари“, инспирирана од безвременскиот оман на Г. Флобер. Ова сценско остварување е посветено на јубилејот од 25 години уметничка дејност на примабалерината, Марија Кичевска Шокаровска која со својата енергија, емоција и посветеност остави длабок белег во историјата на македонскиот балет. Ова ...
По седум години денеска повторно е отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана како најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи. На отворањето, присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој даде изјава за медиумите. „За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полууништен ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека еден од најголемите проблеми е сместувањето и капацитетите на градинките и што Владата презема на тој план, изјави: „Тоа беше еден од основните проекти коишто почнавме да го работиме уште од самиот почеток, уште практично, после големата победа на локалните избори во 2021 година, е кога си земавме за цел дека онаму ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со податокот за следење на состојбите во земјоделството во Македонија, соопштен од Државниот завод за статистика, изјави: – Апсолутно е тоа точно, и тоа го покажува новиот извештај на Државниот завод за статистика. Имаме двоцифрен раст на аутпутот, односно зголемување на цените кон откупувачите, коишто генерално оди за извоз, и би ...
Ланс Ренмарк беше дел од седумчлениот тим од Гетеборг, Шведска, кој престојуваше во Кочани, како психолошка и морална поддршка за семејствата на настраданите и за граѓаните по трагедијата во клубот „Пулс“. Како научник и доктор во областа на социјалната заштита, тој пренесе дел од сопствените искуства за начинот на закрепнување по траумата што го погоди Кочани, регионот и државата. Учествувал во повеќе практични проекти во рамки на Центарот за ...
Украина „ќе мора да ги разбере и прифати“ новите реалности по војната, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изразувајќи оптимизам за напредокот кон третата рунда преговори со Киев. „Украина сигурно ќе мора да разбере дека ситуацијата се промени во споредба со она што беше пред три години“, изјави Песков за РБЦ, руски бизнис-медиум, на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. „Очигледно, (тие не разбираат) не ...
Самитот на НАТО идната недела во Хаг е најскапиот досега и проценетите трошоци изнесуваат 183,4 милиони евра. Врз основа на времето во кое светските лидери ќе се сретнат, според холандскиот весник „AД“ трошоците за самитот ќе изнесуваат нешто повеќе од милион евра по минута. Светските лидери ќе одржат формален „Северноатлантски совет на ниво на шефови на држави и влади“ на Светскиот форум во Хаг идната среда во 10:30 часот. Предвидено е ...
Техеран и Москва одделно предупредија во четвртокот против вмешувањето на САД во конфликтот меѓу Израел и Иран, нагласувајќи дека тоа може да доведе до опасна ескалација на конфликтот. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран ги предупреди САД да не интервенираат за да го поддржат својот сојузник Израел во неговата војна против Иран, додавајќи дека неговата земја е подготвена да се брани во случај на ескалација. „Доколку САД сакаат ...