Папата Лав Четиринаесетти денеска на настан на кој присуствуваа италијанската премиерка Џорџа Мелони и парламентарни делегации од 68 земји предупреди за предизвиците што ги носи подемот на вештачката интелигенција, истакнувајќи го нејзиното потенцијално влијание врз помладите луѓе како примарна грижа. -Особено, не смееме да заборавиме дека вештачката интелигенција функционира како алатка за благосостојба на луѓето, а не да ги намали или дури да ...

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) денеска повика на итна деескалација на сè поинтензивниот конфликт меѓу Израел и Иран, наведувајќи дека војната веќе го принудува локалното население во двете земји да се иселува од загрозените области. „УНХЦР се придружува на генералниот секретар на ОН и другите лидери во повикот за итна деескалација на сè поинтензивниот конфликт меѓу Израел и Иран. Интензитетот на нападите веќе предизвикува ...

Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево-Охрид. По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница. Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните проблеми во минатото. Градбата на автопатот ...

Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик. Овој понудувач, понудил за 30 отсто пониска цена од досегашната договорна. Иако одлуката е донесена, договорот сè уште не е потпишан поради тековната жалбена постапка. Договорот ќе биде склучен по истекот на овој период, информира АД ЕСМ. Во реакција на прес-конференцијата на потпретседателот на СДСМ Методија ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое е осомничено за нанесување телесна повреда согласно член 130 став 2 од Кривичниот законик. Во семејниот дом на улицата „Бутелска”, на 20 јуни, осомничениот 54-годишник, во алкохолизирана состојба, ja навредувал својата сопруга, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со чадор по телото и главата. Од многубројните удари оштетената започнала да крвари и да губи свест, па ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во работна посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со својот црногорски колега, министерот за финансии Новица Вуковиќ. Главна тема на средбата беше формалното преземање на претседавањето со Управниот одбор на Центарот за развој на финансии (ЦЕФ) од страна на Министерството за финансии на РС Македонија, што досега го извршуваше Министерството за финансии на ...

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека израелските напади врз Иран, непосредно пред новата рунда нуклеарни преговори со САД, имале за цел да ги саботираат преговорите. Според Ердоган, ова покажува дека Израел не сака да го реши проблемот преку дипломатија. На состанокот на министрите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка во Истанбул, Ердоган ги повика земјите што имаат влијание врз Израел да не ја ...

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека имал телефонски разговор со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. -Во пресрет на извештајот на Европскиот парламент, продолжувам да ги користам сите контакти за да ја раскажам македонската вистина – за нашиот напредок, за вредностите што ги браниме и за иднината што ја заслужуваме. Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем ...

Основното јавно обвинителство Скопје итно постапи за проверка на наводите изнесени од обвинет во текот на вчерашното рочиште од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. По наредба на јавен обвинител едно лице е лишено од слобода и против него е поведена истрага за „помагање на сторител по извршено кривично дело“ согласно член 365 став 3 од Кривичниот законик. -Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со ...

Andrej Plenković „Хрватска е докажан пријател на нашата држава, а нејзината гласна поддршка во клучни моменти претставува голем поттик и охрабрување за сите нас.Македонија заслужува членство во Европската унија, но со крената глава“. И хрватскиот премиер Пленковиќ информираше дека имал телефонски разговор со македонскиот премиер Христијан Мицкоски и јавно даде поддршка за нашата држава на патот кон членство во ЕУ. „Со премиерот Христијан ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски потпиша денеска двегодишен договор со Лугано, враќајќи се во швајцарскиот клуб за кој настапуваше во сезоната 2015/16. Триесетитригодишниот Алиоски од 2021 беше член на саудиски Ал Ахли за кој одигра скромни 32 натпревари и постигна шест голови. „Со задоволство го најавуваме враќањето на Езгјан, кој со своето искуство и личност совршено ги отсликува вредностите и духот на нашиот тим. Откако ...

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, сподели вест дека е обезбеден бесплатен спортско-едукативен камп за децата од социјален ризик и спортските таленти на територијата на општината. Како што посочи, во август ќе заминат на бесплатно летување во Охрид каде што ќе можат да се дружат, социјализираат и да се едуцираат. Во месец август, бесплатен летен спортско-едукативен камп ќе посетуваат учениците од социјално ранливите ...

Шпанецот Марк Маркез на мотоциклот на Дукати го постави најбрзото квалификациско време во класата МотоГП пред трката за Големата награда на Италија која во недела ќе се вози во Муџел. Ова беше шестата пол-позиција на Маркез оваа сезона, 72-ра во класата МотоГП и 100-та во неговата кариера. „Многу сум среќен, бидејќи ова беше вистинска пол-позиција. Темпото не беше лошо, но морам да бидам трпелив бидејќи попладне со зголемувањето на ...

СДСМ во Гази Баба никогаш повеќе! Граѓаните на Гази Баба не забораваат. Не забораваат кој ја држеше општината во мракот на криминалот, корупцијата и неработењето, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Денес СДСМ повторно се обидува да ни го подметне истото – со ново име, но со старата, добро позната сенка. Влатко Митовски, кандидатот на СДСМ за градоначалник, не е ништо друго освен верна сенка на Борис Георгиевски – најнеуспешниот градоначалник во историјата на ...

Најголемиот светски саем за уметност се одржува во Швајцарија оваа седмица, а глобалната криза создава потажно расположение, според учесниците, а галериите изложуваат поевтини дела во услови на пад на врвот на пазарот на уметност. Art Basel, кој се одржува од 1970 година, се смета за клучен барометар за состојбата на глобалната продажба на уметнички дела. Изложени се дела од повеќе од 4.000 уметници, вклучувајќи ја и сликата на Пабло Пикасо ...

Иран има право да развива цивилна нуклеарна програма и да користи атомски технологии за мирни цели, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју за „Скај њуз Арабија“. „Иран има право да спроведува програми за нуклеарна технологија за мирни цели“, рече рускиот шеф на државата. Според него, Русија е подготвена да му обезбеди на Иран „неопходна помош и поддршка во развојот на цивилна нуклеарна енергија, исто како што правеше во ...

По направениот стручен надзор во болницата во Кавадарци, Kомисија за стручен надзор формирана од Министерството за здравство констатирала дека сите постапки биле навремено и уредно извршени во врска со починатото тригодишно дете. Детето било со неколку коморбидитети, поради што во повеќе наврати било лекувано во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци и ЈЗУ УК за детски болести Скопје. Комисијата извршила надзор во болницата во ...

Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање од 14 до 17 јуни 2025 година и доставување на потребната документација од 18 јуни до 19 јуни 2025 година. Ранг листи се објавија на 20 јуни 2025 година. Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година во Република Македонија, кој е објавен во месец март 2025 година, предвидено е во училиштата каде во ранг листата има ...

Во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем, интеграцијата на вештачката интелигенција претставува следен, логичен чекор кој значително ќе го унапреди квалитетот, ефикасноста и инклузивноста на образованието во Македонија. Внимателно планираме и преку стратешки пристап постепено ќе ја имплементираме оваа технолошка иновација во начинот на учење, спроведување на наставата и генерално во развојот на човечките ресурси. Ова го ...

Тоа што Филипче не побара оставка од Акиов е доказ дека тепањето во Кочани е негово сценарио. Вчера кажавме дека Венко Филипче го скроил планот за дестабилизација во Кочани заедно со Заев во Дубаи. Како дел од тој план е и тепањето во кочанскиот Совет, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Аки Акиов, тепачот од Кочани е човек на Заев и Филипче. Тепачот на Филипче имаше една единствена цел, да ја разгори омразата во Кочани, која СДС ...

Општина Илинден продолжува со засиленото темпо на инфраструктурни проекти, а најнов проект за урбан развој е изградбата на сервисната улица „1“ во Јака. Проектот, кој деновиве официјално започна со градежни активности, претставува значаен чекор во подобрување на локалната патна мрежа. Со изградба на коловоз во должина од 220 метри и широчина од 5 метри, како и тротоар со широчина од 1,5 метар од едната страна, се создаваат услови за безбедно и ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до ОЈО Струга, поднесе кривична пријава против И.Б.(58) од с.Велешта, струшко и против правно лице лоцирано до с.Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци. Првопријавениот, во својство на управител на правното лице, постапил спротивно на одредбите на член 29 б и член ...

Бразилското Обвинителство и формално поднесе тужба против 38-годишниот француски фудбалер Димитри Паје за „сексуално, физичко и психолошко насилство“ врз неговата поранешна девојка. Бразилските обвинители го обвинија поранешниот француски репрезентативец за злоупотреба на 28-годишната адвокатка Лариса Ферар, со која беше во врска. „Поднесена е пријава против Димитри Паје и испратена до Судот за семејно насилство“, објави обвинителството, без да ...

Вкупно 70 лица беа убиени во израелските операции во Појасот Газа вчера, објави ДПА, повикувајќи се на медицински извори. Агенцијата соопшти дека бројките не можат да бидат независно потврдени. Дваесет и три лица наводно биле убиени додека чекале хуманитарна помош во централниот дел од појасот. Израелската армија соопшти дека инцидентот се случил откако група луѓе се собрала околу израелските војници и, и покрај предупредувачките истрели, ...

Франција и Германија, две земји каде многу албански граѓани побараа азил во последниот бран на имиграција во Албанија, повеќе не се посакувана дестинација за нив. Податоците на Евростат покажуваат дека за првпат во последните години, Италија, „старата љубов“ на Албанците, повторно стана главен примател на барања за азил. -Според Евростат, во Италија во првото тромесечје од годинава се регистрирани вкупно 465 барања за азил, што е зголемување од ...

Соединетите Американски Држави го зголемија своето воздушно присуство во близина на Блискиот Исток пред евентуално директно вклучување во израелско-иранскиот конфликт, објави Скај њуз. Според податоците за следење на летовите, најмалку 52 американски воени авиони се регистрирани како летаат над источниот Медитеран кон Блискиот Исток помеѓу понеделникот и четвртокот. Меѓу нив, 25 авиони слетаа на грчкиот остров Крит, што е осумкратно зголемување ...

Возач возел со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час. На 20.06.2025 во 10:51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с.Пирок, тетовско. При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно ...

Пакистанската влада објави дека формално ќе го номинира американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир во 2026 година, наведувајќи ја неговата „одлучна дипломатска интервенција и клучно водство“ за време на кризата меѓу Пакистан и Индија. Во изјава на платформата „X“, пакистанските власти изјавија дека меѓународната заедница била сведок на „неиспровоцирана и нелегална агресија“ од страна на Индија, која ја опишаа како сериозно ...

СДС уште еднаш ја покажа својата политичка немоќ и потценувањето на граѓаните, со тоа што предложи кандидати за градоначалници кои се синоним за неспособност, слаб рејтинг и партиска послушност кон Зоран Заев, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Овие кандидати се директно избрани од Заев, а изгласани од Филипче и новото раководство на СДС кое беше трет и четврт ешалон во времето на Заев, односно деца и послушници на Заев. Оваа стратегија за изборите е ...

Во синоќешното издание на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, пратеничка група“ гостуваше пратеникот Пеце Милевски кој дискутираше за дигитализацијата , односно стави акцент на јавната расправа која се одржа во четвртокот на тема „Реформски пакет на Предлог-закони за дигитална трансформација на Република Македонија, но и за можностите кои ги имаат граѓаните во насока на полесно добивање на електронски услуги. Во поткастот тој истакна дека со ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.57
24%
1009
weather icon

Белград

32ᴼ / 32ᴼ
4.12
38%
1008
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
0.0
29%
1011
weather icon

Софија

29ᴼ / 28ᴼ
5.66
30%
1012
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
3.53
29%
1011
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 22ᴼ
5.66
80%
1014
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
44%
1008
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
35%
1010
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
5.66
21%
1010
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 29ᴼ
3.09
32%
1012
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
5.66
32%
1009
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
10.29
47%
1011
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0999

Currency

65.2724

Currency

7.33049

Currency

0.65673

Currency

0.35837

Currency

0.52559

Currency

1.28824

Currency

0.60048