
Скопје
18ᴼ /
18ᴼ



Иран истрелал ракета кон Израел во четвртокот ноќта којашто расфрлала мали бомби со цел зголемување на цивилните жртви, тврди во соопштението израелската војска и нејзината амбасада во Вашингтон, што е првата пријавена употреба на касетна муниција во седумдневната војна. „Денеска иранските вооружени сили истрелале ракета што содржи касетна подмуниција кон населено цивилно подрачје во Израел“, соопшти амбасадата во е-пошта до Reuters, без да ја ...
Во четвртокот ноќта фрлена е граната врз резиденцијата на норвешкиот амбасадор во Израел во Тел Авив, без повредени, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар. „Пред извесно време разговарав со норвешкиот амбасадор во Израел, Пер Егил Селваг, во чиј двор вечерва беше фрлена граната“, рече Сар на мрежата X. „Остро го осудувам ова сериозно и опасно злосторство“, додаде тој. Израелското Министерство за надворешни работи не ...
ОВЕН Денеска ќе го вложите срцето и душата во заедничка иницијатива или проект на работното место. Вашата посветеност ќе ги инспирира другите и ќе ве воздигне во нивните очи. Вечерта препуштете се на пријатна средба или разговор што ќе ве исполни со позитивност. БИК Денеска ќе имате неочекувана идеја за промена во вашата домашна средина или семеен живот. Без разлика дали станува збор за козметичка промена, нова набавка или кратко патување, ...
Во петокот на територјата на Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Утринските температури се движат од 12 до 21, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 22 и 35 Целзиусови степени. Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и ...
Во второто коло од Групата А на Светското клупско првенство, Интер Мајами го победи Порто со 2:1 во Атланта. Порто поведе во 8. минута со голот на Агехова кој реализираше пенал на самото отворење на натпреварот, додека Интер Мајами направи резултатски пресврт со двата гола на почетокот на второто полувреме. Сеговија израмни во 47. минута пред Меси во 54. минута да го постигне победничкиот гол од слободен удар. Претходно во во четвртокот, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во четвртокот изјави дека промената или падот на иранското водство не е цел на нападите на Израел, туку дека може да биде резултат. „Прашањето за промена на режимот или падот на овој режим прво го засега иранскиот народ. Никој друг не може да го стори тоа. И затоа не го претставив како цел. Може да биде резултат, но тоа не е поставена или официјална цел што ја имаме“, рече Нетанјаху во интервју за ...
Прославениот српски кошаркар и поранешен НБА играч, Владе Дивац доживеал тешка сообраќајна несреќа на црногорскиот брег, пренесуваат локалните медиуми. Според очевидци, Дивац паднал од својот мотоцикл во близина на Луштица. Поради повредите што ги здобил при падот, не можел да стане и набргу потоа бил пренесен во болница. Засега нема официјални информации за степенот на повредите што ги здобил за време на несреќата, ниту за неговата здравствена ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека сериозно се разговара со Велика Британија за три категории на граѓани да бидат ослободени од вадење визи. Со ова, како што рече Николовски за телевизија Канал 5, значи дека ќе бидат опфатени околу 80 проценти од граѓаните. За ова се разговарало за време на неговиот престој во Лондон. „Многу сериозно разговараме за најмалку три категории да бидат ослободени од визи и ...
Израелската армија го погоди Хондаб, иранскиот истражувачки реактор за тешка вода кој е сè уште во изградба, и оштети блискиот објект за производство на тешка вода, соопшти во четврток надзорниот орган на Обединетите нации, откако претходно во четвртокот неговиот челник изјави дека не се најдени индиции дека Иран произведувал или бил блиску производство нуклеарно оружје и покрај високото ниво на збогатен ураниум. Израел погоди неколку нуклеарни ...
Каматната стапка за финансирање на проектите ќе биде најниска видена досега, а исто така и рокот на враќање на кредитите ќе биде најдолг досега, потенцира вицепремиерот Николоски во „Само Интервју” на Канал 5. Истакна дека изложеноста на кредитниот рејтинг на Велика Британија на меѓународниот пазар е гарант дека Македонија ќе добие најповолна каматна стапка со најголема рочност. Во овој момент Македонија со својот кредитен рејтинг не може да ...
Бразилскиот Палмеирас го победи египетскиот Ал Ахли со 2:0 во второто коло од Групата А на Светското клупско првенство. Палмеирас ги постигна двата гола на почетокот на второто полувреме, со автоголот на Абу Али (49.) и голот на Лопез (59.). По вториот гол, натпреварот во Ист Радерфорд во 63. минута беше прекинат на 45 минути поради претстојната бура. Бидејќи резултатот не се промени во остатокот од натпреварот, Палмеирас забележа победа што ги ...
Белата куќа во четвртокот објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе донесе одлука дали Соединетите држави треба да се вклучат во израелско-иранскиот конфликт во рок од следните две седмици. „Врз основа на фактот дека постои значителна перспектива за преговори со Иран, кои може, но и не може да се случат во блиска иднина, ќе донесам одлука дали да продолжам во рок од следните две седмици“, им ја цитираше на новинарите пораката на ...
Објаснувајќи ја суштината на Договорот со Велика Британија, тој потенцира дека Договорот има повисока цел, а тоа е политичката подршка од Велика Британија со која ќе се трансформира македонското општество на повисоко ниво. Паралелно овој процес како што истакна вицепремиерот Николоски ќе биде подржан и од реализација на многубројни капитални проекти. „Да се согласи Велика Британија да ја обучува нашата јавна администрација, да се согласи Велика ...
Вечерва во „Тема на ден“ на Сител телевизија гостуваше членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски кој дискутираше за помошта од страна на Владата кон настраданите од несреќата во Кочани. Томовски истакна Владата пружила максимална поддршка на семејствата со што издвоила од буџетот на државата 30 милиони денари, и потенцираше се додека трае процесот на закрепнување ...
Треба да е понижување за еден за еден универзитетски професор барем каков што е Филипче и никогаш во доменот на експертизата никогаш не сум го критикувала и понижувачки е тој да биде избран од еден избран, црпнат од Муртино, но сепак би рекла, промашена инвестиција, и Филипче и Левица од најпромашениот политичар Зоран Заев, изјави вечерва во своето гостување во „Наткаст“ на Курир пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска. По однос ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четврток го назначи генералот Генадиј Шаповалов за нов командант на копнените сили, откако неговиот претходник поднесе оставка поради рускиот напад на полигон за обука. Шаповалов, чие назначување беше објавено со претседателски декрет, претходно беше офицер за врска во координативниот центар на НАТО во Германија. Претходно ги водеше силите на Оперативната команда „Југ“. Шаповалов го заменува Михаил ...
Советот на Општина Кочани треба да биде место на идеи, дебата и решенија – не место на насилство. Денешниот настан, каде службено лице беше повредено од страна на советник, е срамен и неприфатлив чин кој мора да биде јавно осуден и институционално санкциониран, пишува на Фејсбук Александар Алексов, стопанственик од Кочани. Нема партија, нема политичка цел, нема расправија што би го оправдала тоа што се случи. Бараме одговорност и почитување на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток објави дека потпишал извршна наредба со која се продолжува рокот за кинеската компанија „ByteDance“ да ја продаде популарната апликација TikTok за 90 дена. „Тукушто потпишав извршна наредба со која се продолжува продажбата на TikTok за 90 дена (17 септември 2025 година)“, напиша Трамп во објава на неговата социјална мрежа Truth Social. Трамп веќе двапати ја одложи одлуката на Конгресот за ...
По повод јубилејот – 70 години од основањето на компанијата, ТИТАН Усје беше домаќин на висока дипломатска делегација составена од амбасадорот на Европската унија, Михалис Рохас, амбасадорката на Кралството Холандија, Озлем Чанел и амбасадорката на Грција, Софија Филипиоду. Во рамките на посетата беа презентирани инвестициите во напредна технологија, дигитализација и иновациите во производство на цемент и нови еко производи. Беа презентирани и ...
Анкета спроведена од весникот The Washintong Post објавена во четвртокот покажува дека речиси половина од Американците се против воздушни напади на САД врз Иран, а само една четвртина изразиле поддршка, пренесе агенцијата Anadolu. Анкетата, спроведена преку СМС-пораки во текот на вчерашниот ден со над 1.000 одговори, покажа дека 45 отсто од учесниците се противат на воената акција на САД, 25 отсто се изјасниле дека би поддржале таков потег, а 30 ...
Во значаен и долгоочекуван исчекор кон историска и меѓународноправна рехабилитација на страдањата на македонскиот народ, група еминентни македонски интелектуалци – академици, правници, уметници и верски лидери – упатија официјален повик до меѓународната заедница за прогласување на 18 јуни како меѓународен ден за осуда и спречување на геноцидот врз Македонците. Предлогот, инкорпориран во темелна, аргументирано образложена Предлог-резолуција, е ...
СДС штити насилство. Осудата која ја изразија е само декларативна и колку да ја замачкаат јавноста и она што сите го видовме. Советникот на Филипче повреди жена, а ова е данокот на омразата и злоупотребите кои СДС ги прави во Кочани и злоупотребите со трагичните судбини на жртвите од пожарот во Пулс, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ. Бараме СДС да го исклучи од Совет и Венко Филипче јавно да се огради од својот советник. ...
Израел и во четвртокот ги бомбардираше иранските нуклеарни објекти, а иранските ракети наводно погодиле израелска болница преку ноќ, а нема знаци дека конфликтот што трае веќе една недела би можел да се смири. По нападот врз болницата „Сороку“ во Бершеба во јужен Израел, премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека „тираните“ во Техеран ќе ја платат „целата цена“. Иран веднаш демантираше дека ја гаѓал болницата, туку воени цели посочувајќи на ...
Во Скопје денеска, првите луѓе на електропреносните оператори на Македонија и на Косово, доц.д-р Бурим Љатифи од АД МЕПСО и Шабан Незири од КОСТТ, потпишаа меморандум за соработка за зајакнување на прекуграничната соработка и развој на електропреносната мрежа. Особен акцент Меморандумот става на стратешкиот проект за изградба на нов 400 kV интерконективен далекувод од Тетово до Призрен кој е во согласност со целите на ЕУ за енергетска транзиција ...
Ѕвездата на Реал Мадрид и напаѓач на француската фудбалска репрезентација, Килијан Мбапе, е хоспитализиран со гастроентеритис, кој го добил на Светското клупско првенство кое моментално се одржува во САД. „Нашиот играч Килијан Мбапе страда од акутен случај на гастроентеритис и е хоспитализиран за да се подложи на дополнителни тестови и да добие прецизна терапија“, објави Реал. Мбапе е изолиран од остатокот на тимот поради гастроентеритис од ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез побара од НАТО да ја изземе неговата земја од целта на Алијансата за зголемување на трошоците за одбрана од 5 отсто од бруто домашниот производ (БДП), според писмото испратено до генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, во кое во четвртокот увид имала агенцијата Reuters. Санчез побарал „пофлексибилна формула“ што или ќе го направи постигнувањето на целта доброволно или од неа ќе ја изземе Шпанија. ...
Со Предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година, што го усвои денеска Владата, инфлацијата, која што на почетокот на годинава регистрираше нагорен тренд, се очекува понатаму да се стабилизира и е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Проекцијата за инфлацијата, според министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, се темели на очекувањата за доследна примена на Законот за нефер тргоски праткики кој треба да спречи неоправдано зголемување ...
Конфликтот на Блискиот исток уште еднаш покажа дека светот влезе во нов период на нестабилност и радикални промени, изјави кинескиот претседател Кси Џинпинг во телефонски разговор со рускиот колега по должност Владимир Путин, пренесува кинеската новинска агенција Xinhua. „Сегашната ситуација на Блискиот исток е исклучително тензична, што уште еднаш потврдува дека светот влезе во нов период на нестабилност и радикални промени. Во случај на ...
Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, но се уште, не сме разговарале за тоа дали ќе биде линеарно или процентуално, иако го знаете мојот став дека јас сум поборник за тоа да има линеарно зголемување на пензиите, изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии, Димитриеска Кочоска. Претставувајќи го предлог ребалансот на Буџетот за 2025 година, на прес-конференција во Владата, Кочоска рече дека вкупниот транфер од ...
Предложената регулатива на Европската унија за постепено укинување на увозот на руски гас не се однесува на трети земји, што значи дека, на пример, Србија ќе може да увезува руски гас преку Бугарија, но тој гас не смее да заврши во Унгарија, изјави во четврток портпаролката на Комисијата, Ана-Каиса Итконен. „Регулативата (за забрана за увоз на руски гас) се применува и се применува само во земјите-членки, односно руски гас наменет за ...