Владата на својата последна седница го именуваше м-р Сашко Мицевски (авторско име Сашко Потер Мицевски), филмски и ТВ монтажер и дизајнер на звук за нов вршител на должноста директор на Агенцијата за филм. Мицевски студирал филмска и ТВ монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а во 2015 година, како добитник на стипендија од Министерството за образование и наука, заминува на постдипломски студии на престижната National Film and ...

Вкупните кредити бележат раст од 12,1 процент на годишна основа, а вкупните депозити раст од 12,2 проценти, покажуваат податоците на Народната банка. Во мај, вкупните кредити се зголемени за 1,1 процент на месечно ниво, поради зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, а вкупните депозити бележат раст од 1,4 проценти на месечно ниво којшто се должи на повисоките депозити во двата сектора со поизразен ...

Потенцијалната употреба на тактичко нуклеарно оружје од страна на САД во Иран би била катастрофален развој на настаните, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран во петокот од руската новинска агенција ТАСС. Песков коментираше за она што го нарече шпекулативни медиумски извештаи за таа можност. Сепак, тој не именуваше ниту еден медиум во своите коментари. Британскиот весник The Guardian објави дека американските воени претставници ...

На првиот ден на летото и Светскиот ден на Музиката – ќе се отвори 46. издание на фестивалот „Скопско лето“. Во 19 часот во Музеј на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Зона фобија“ на нашиот реномиран уметник Томе Аџиевски. Трагајќи по топосите на источноевропската авангарда, авторот се потсетува на филмот Сталкер од режисерот Андреј Тарковски. Во „забранетата зона“ од филмот тој препознава многу сличност со „менталната зона“ денес во ...

Полициската управа на градот Њујорк (NYPD) во четвртокот соопшти дека нивната единица за злосторства од омраза истражува антимуслимански закани против кандидатот за градоначалник Зохран Мамдани, додека претставникот на Охајо, Макс Милер, рече дека бил „истуркан од коловозот“ од возач со палестинско знаме. Најновите инциденти во САД предизвикуваат загриженост за порастот на омразата кон муслиманите, Арапите, Евреите, Израелците и Палестинците од ...

Пет болници се оштетени од израелските напади започнати минатиот петок, изјави шефот на иранската Црвена полумесечина Пирхосеин Коливанд. „Иако немаше директни напади врз болниците, бидејќи нападите беа блиску, неколку, поточно пет болници, претрпеа оштетувања“, рече тој на иранската телевизија. Пирхосеин прецизираше дека пациентите имале проблеми со дишењето поради чадот. Нападите се спротивни на принципите на меѓународното право, додаде тој. ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека веќе се работи на подготовка за издавање на нова еврообврзница за следната година со цел да се обезбедат средства за сервисирање на еврообврзницата што доспева во 2026 година којашто е во износ од 700 милиони евра. – Тоа ќе биде износ поголем од 700 милиони евра, бидејќи дел од евентуалниот буџетски дефицит за 2026 година исто така ќе го финансираме преку еврообврзницата. ...

Во моментов во Кривичниот суд адвокатот на првоосомничениот Љупчо Палевски ги чита завршните зборови со кои се спротивставува на обвинението за двојното убиство и киднапирањата на Вања и Панче. Од Судот побара да го ослободи Палевски бидејќи немало докази дека тој учествувал, соработувал и потикнувал во грозоморниот чин, со тоа целата вина ја префрли кон неговите сопартијци од Десна, Манев, Кешишев, Видевски. Адвокатот Јовица Страшевски рече ...

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое Сон-хуи, го поздрави договорот за меѓусебна одбрана меѓу Северна Кореја и Русија како „непобедлив сојуз“ по повод првата годишнина од договорот, објавија севернокорејските државни медиуми во петокот. Чое ги даде овие забелешки на прием во Пјонгјанг, на кој присуствуваа севернокорејскиот министер за одбрана Но Кванг-чол, клучните секретари на Централниот комитет на владејачката партија и ...

Руско-украинската војна, грубо кажано, го означи почеткот на крајот на униполарниот свет. Израелско-иранскиот судир го означува неговиот крај. Напуштањето на самитот на групата Г7 од страна на претседателот Трамп, може да се оцени и како почеток на крајот на транс-атланското сојузништво. Светот впловува во необележани води! Историјата на меѓународните односи не може да послужи како показател. Едноставно, светот за прв пат е глобално поврзан на ...

Европски министри за надворешни работи ќе се сретнат со својот ирански колега во петокот во германското претставништво во швајцарска Женева, со цел да се пронајде пат назад кон дипломатијата околу спорната нуклеарна програма и покрај тоа што САД активно размислуваат да се приклучат кон израелските напади врз Иран. Министрите од Велика Британија, Франција и Германија, познати како Е3, како и шефот за надворешна политика на Европската унија, ...

Индексите на европските берзи пораснаа во петокот во претпладневното тргување, но сè уште се на пат кон седмични загуби, бидејќи инвеститорите се загрижени за континуираниот конфликт меѓу Израел и Иран. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,4 отсто во првиот дневен пресек од тргувањето, но сè уште е на пат за втора последователна седмица загуби. Претпладнево лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,33 отсто на 8.820 поени, ...

СДС и Венко Филипче се впуштија во реализација на сценарио за негов спас и за дефокус на македонската јавност. Инцидентот во Советот на Општина Кочани, каде советник на СДС повреди општинска службеничка, не случаен, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата потенцираат дека вчерашното насилство на советникот на Венко Филипче е дел од сценарио кое самиот Филипче го има направено пред месец дена во Дубаи на средба со Зоран Заев. Тоа е периодот кога кажавме ...

На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели, соопшти Владата. Во соопштението се наведува дека неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа. „Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други ...

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. Основната макроекономска слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета во споредба со октомвриските проекции. Растот на домашната економија постепено би забрзувал во периодот на проекциите 2025 − 2027 година. За оваа година се ...

Макроекономската слика за македонската економија не е значително променета во споредба со октомвриските проекции, оценува Советот на Народната банка на Македонија. На редовната седница, како што информираат од централната банка, бил усвоен најновиот квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции. „ Растот на домашната економија постепено би забрзувал во периодот на проекциите 2025 − 2027 година. За оваа година се очекува ...

Во тешката сообраќајна несреќа што вчера се случи на булеварот Туристичка во Охрид, загина жена пешак. Со тешки повреди се здобил и маж кој е вон животна опасност, пренесе Канал 5. Според првичните информации на СВР Охрид до несреќата дошло кога автомобил од засега непознати причини изгубил контрола, преминал преку кружниот тек и излетал од коловозот на спротивната лента и удрил двајца пешаци, од кои жената починала а мажот се здобил со тешки ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека веќе се работи на подготовка за издавање на нова еврообврзница за следната година со цел да се обезбедат средства за сервисирање на еврообврзницата што доспева во 2026 година којашто е во износ од 700 милиони евра. Во однос на проектот за изградба на брзата пруга која е дел од Коридорот 10, минисетрката рече дека не се предвидени повлекување на средства ниту оваа, ниту наредната ...

Најмалку едно лице е убиено, а најмалку 14 лица се ранети во руски напад со беспилотни летала врз украинскиот град Одеса на Црното Море во текот на ноќта, при што се оштетени високи згради и железничка инфраструктура, соопштија локалните власти. Одеса е најголемото црноморско пристаниште во Украина, клучен центар за увоз и извоз, и е под постојани ракетни и беспилотни напади од Русија од почетокот на војната. -И покрај активната работа на силите ...

Градски воз, замена на автобусите и трамвај, се трите проекти кои му се неопходни на Скопје за значително подобрување на состојбата со загадувањето на воздухот, ова го потенцираше вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во “Само Интервју”. -На помалата верзија за проектот градски воз работиме со сопствени средства, а подолгата верзија влегува во овој така наречен “британски проект”. Значи дел од брзата пруга ...

Фудбалската репрезентација на САД обезбеди место во четвртфиналето на Голд купот по победата од 1:0 против Саудиска Арабија во второт коло од Групата Д во Остин. Единствениот гол го постигна Ричардс во 63. минута. САД се на врвот на групата со максимални шест бода, додека Саудиска Арабија е втора со три. Третопласираниот Хаити и четвртопласираниот Тринидад и Тобаго одиграа 1:1 во нивниот натпревар во Хјустон и го освоија својот прв бод во ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио се сретна со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами во четвртокoт и имаше телефонски разговори со австралискиот министер за надворешни работи и францускиот и италијанскиот министер за надворешни работи за војната меѓу Израел и Иран. Рубио разговараше телефонски со австралиската колешка Пени Вонг и француските и италијанските колеги Жан-Ноел Баро и Антонио Тајани, а американскиот Стејт ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно ...

Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Останатите 40 автобуси ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. Во интервју за Канал 5 телевизија, Николоски рече дека огласот е објавен пред два дена и дека еколошките автобуси се една ...

Апелациониот суд во Скопје денеска ќе одржи јавни седници по поднесените жалби од Основното јавно обвинителство по одлуките на Кривичниот суд за поранешните директори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехат Нухи осомничени во случајот „Онкологија“. Како што информира Апелациониот суд, јавната седница за предметот против обвинетиот Нино Васев ќе се одржи во 10:30 часот, а седницата за организацискиот директор Нехат Нухи во 14 часот. ...

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на 6. Меѓународен самит за образовни технологии, што се одржува во Истанбул, од 20 до 22 јуни 2025 година, во организација на Министерството за национално образование и наука на Република Турција. Како што соопшти Министерството за образование и наука, оваа година собирот на креатори на образовни политики од повеќе земји, претставници на образовни установи, глобални ...

Кошаркарите на Индијана Пејсерс го изборија решавачкиот седми натпревар од НБА финалето со убедлива победа од 108:91 дома против Оклахома Сити Тандер во шестот натпревар, со што го израмнија резултатот на 3-3 во серијата до четири победи. Повторно големата ширина на поставата на Пејсерс и одличниот придонес на играчите од клупата дојдоа до израз. Така, најдобар стрелец во победничкиот тим беше Оби Топин со 20 поени, ТиЏеј Меконел беше разноврсен ...

Бразилските претставник Ботафого го изненадија европскиот шампион Париз Сен Жермен победувајќи го со 1:0 во второто коло од групата Б на Светското клупско првенство што се игра во Лос Анџелес. Иако парижаните доминираа во поседот на топката, не можеа да најдат решение за организираната одбрана на Ботафого, додека единствениот гол на натпреварот падна во 36. минута кога ударот на Игор Жезус се одби од одбранбениот блок и го остави голманот ...

Апелацискиот суд на САД во четвртокoт му дозволи на претседателот Доналд Трамп засега да ја задржи контролата врз Националната гарда на Калифорнија, додека демократскиот гувернер на сојузната држава Греам Њусом продолжува со тужбата со која се оспорува легалноста на користењето трупи за задушување на протестите и немирите во Лос Анџелес. Тричлениот судски совет на Окружниот апелациски суд на САД со седиште во Сан Франциско го продолжи ...

На валутните пазари во претпладневното тргување во петокот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути падна за околу 0,3 отсто. Меѓутоа, бидејќи доларот се смета за безбедно засолниште за капиталот во овој период на криза на Блискиот исток, неговата цена расте последните денови, па доларот е на пат кон седмични добивки од околу 0,5 отсто. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
62%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
77%
1014
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.17
48%
1011
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
53%
1008
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1010
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
4.63
57%
1011
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
2.06
56%
1012
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
68%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
64%
1009
Currency

61.53

Currency

52.6208

Currency

71.3842

Currency

34.3134

Currency

38.0818

Currency

65.2285

Currency

7.33049

Currency

0.65711

Currency

0.35837

Currency

0.52536

Currency

1.289

Currency

0.60048