Пратеникот на Белата куќа, Стив Виткоф, се сретна тајно со Реза Пахлави, син на соборениот ирански шах на Иран која откако избувнаа насилните протести низ Иран во западните медиуми е претставуван како „истакната личност“ во фрагментираната опозиција, во текот на викендот за да разговараат за протестите, објави веб-страницата Axios во вторникот, повикувајќи се на неименуван американски функционер. Станува збор за првата средба на „високо ниво“ ...

Според Каја Калас, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, изјави дека изходот од протестите во Иран е неизвесен. Таа предупреди на евентуалниот пад на иранскиот режим кој не гарантира подобра иднина за државата. – „Историјата е полна со примери каде доаѓало до уривање на режими, но прашањето е што доаѓа потоа“, рече Калас на новинарско прашање. Таа оцени дека моменталната ситуација во Иран е сложена: – „Во моментов не е ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во средата изјави дека иранскиот опозициски лидер Реза Пахлави „изгледа многу пристојно“, но изрази несигурност дали Пахлави ќе може да собере поддршка во Иран за на крајот да ја преземе власта. Во ексклузивно интервју за Ројтерс во Овалната соба, Трамп рече дека постои можност клерикалната влада во Иран да падне. Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски за застојот во преговорите со Русија ...

Пахлави, противник на теократската влада во Техеран, во видео порака објави дека „слободен Иран ќе соработува со регионалните и глобалните партнери во борбата против тероризмот“. „Ќе бидам јасен за тоа како слободниот Иран ќе се однесува кон своите соседи и светот по падот на режимот. Нуклеарната програма на Иран би била прекината, поддршката за терористичките групи би била веднаш суспендирана. Односите на Иран со САД ќе бидат нормализирани, ...