Сексуалното вознемирување и следење на интернет и јавното споделување интимни содржини без дозвола се најбрзо растечки форми на родово-базирано насилство. Повеќе од 60 отсто од жените во земјава барем еднаш се соочиле со онлајн насилство, додека една од десет жени е жртва на злоупотреби на интернет секој ден. Со цел да се подигне свеста за присутноста на овој проблем, но и да се зголеми степенот на едукација за тоа како да се препознае и да се ...

По повод 3 Ноември, Денот на општина Гази Баба се одржа свечена академија на која се обрати градоначалникот Бобан Стефковски. Во обраќањето пред присутните, градоначалникот Стефковски се осврна на постигнатите резултати во изминатите три години од неговиот мандат, како и за плановите за претстојната година. За да може да се направи разлика и да се даде оценка на времето кое е сега зад нас, потребно е да се вратиме на почетокот во 2021 година ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18). Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова свика конститутивна седница на Советот за безбедност, што ќе се одржи денеска со почеток во 15:00 часот. Членови на Советот за безбедност се Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана, Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, Џевдет Хајредини, Малинка ...

МВР утрово објави дека полицијата ги пронајде 12-те планинари кои се изгубија во тетовско. Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед. „На 03.11.2024 во 22.10 часот над с. Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с. Боговиње, с. Лисец, с. Раковец, с. Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре е во официјална посета на Република Чешка. Централно место во разговорите на двајцата министри се очекува да биде перспективата на евроинтегративниот процес на нашата земја, спроведувањето на реформската агенда и во таа насока поддршката на Република Чешка за европското досие на нашата земја. Ќе бидат разгледани и можностите за унапредување на севкупните ...

Карлос Алкараз и Новак Ѓоковиќ назадуваа за по едно место на АТП листата. Алкараз испадна во осминафиналето на Мастерсот во Париз, а Ѓоковиќ не играше на турнирот кој го освои минатата сезона. На тронот во Париз, по убедливата победа над Уго Имбер го наследи Александар Зверев. Новак минатата недела не играше во „Берси“, на Мастерсот во Париз, поради што загуби 1.000 бодови. Пред Ѓоковиќ излезе Данил Медведев, кој сега има 20 поени повеќе. ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен успеа да го сруши рекордот на Михаел Шумахер по поминати денови на лидерската позиција во поредокот во Формула 1 шампионатот. Холанѓанецот 897 дена по ред е на првото место во конкуренција на возачи во Формула 1. Серијата започна на Големата награда на Шпанија во 2022 година и ќе продолжи уште најмалку два викенда благодарение на вчерашната победа на трка за Големата награда на Сао Паоло. Седумкратниот шампион ...

„Моцартовите перипетии“ е насловен концертот на Македонска филхармонија кој ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот. На програмата се дела од Моцарт и Чајковски, а како солист и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија. Рускиот виолинист Сергеј Малов е еден од славните виртуози денес во светот на класичната музика. Свири виолина, виола, барокна виолина и виолончело да спаља – инструмент за кој се смета дека Јохан Себастијан Бах на него ...

Во Културно-информативниот центар во Скопје, на 6-ти ноември, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на слики од Владимир Темков. На изложбата ќе се претстави со триесет досега неизложувани слики од неговиот последен циклус. Владимир Темков е роден во Кавадарци во 1959 година. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски, а факултет за ликовни уметности, отсек графика, ...

Израел ги информираше Обединетите нации дека Договорот од 1967 година за признавање на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци е неважечки. Објавата следува откако Кнесетот изгласа закон со кој се забранува УНРВА. Продолжува офанзивата и во Газа и во Либан. Не запираат апелите на меѓународните организации за подобрување на хуманитарната состојба. Во меѓувреме, Израелскиот министер за одбрана тврди дека Иран се обидува ...

Соединетите Американски Држави одбројуваат. За еден ден ќе се знае кого Американците избрале за станар на Белата куќа во следните четири години. Трката и натаму е неизвесна. И демократите и републиканците велат дека победуваат во повеќето клучни држави. Според последните податоци, повеќе од 70 милиони гласачи го искористиле своето право и предвреме гласале на претседателските избори. „Духот на демократијата е жив. Навистина сум возбуден за ...

Валенсија и натаму се соочува со последиците од поплавите во кои загина над 200 лица. Дополнителен страв влеваат предупредувањата за нови врнежи. Гневни граѓани, со кал ја нападнаа шпанската кралска двојка вчера за време на нивната прва посета на епицентарот на најсмртоносната природна катастрофа во земјата. Според последниот биланс, бројот на жртвите во поплавите што го зафатија југоисточниот дел на Шпанија по обилните врнежи се искачи на 217. ...

На регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на м.в.„Белска крстосница“ и денеска ќе има делумна блокада поради протест на граѓани. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон с. Бели, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез ...

Уште еден ден до изборите во САД. Републиканецот Доналд Трамп или демократката Камала Харис – Европа и светот со нетрпение го чека исходот од гласањето на претседателските избори кои многумина ги оквалификуваат како историски. Анкетите покажуваат изедначена борба меѓу двајцата кандидати и во финишот на претседателската трка. На завршните митинзи тешки зборови и обвинувања меѓу Доналд Трамп и Камала Харис. Аналитичарите велат дека Пенсилванија е ...

Српските власти почнаа со истрагата за причините за трагедијата во Нови Сад во која загинаа 14 лица. Полиција досега сослушала 30-тина луѓе во врска со несреќата, меѓу нив има лица и од Министерството за транспорт. Беше сослушан и министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Весиќ кој потврди дека дал изјава во полициската управа во Нови Сад во присуство на обвинител. Министерот за внатрешни Дачиќ посочи дека освен кривична ќе се бара ...

Проевропската, актуелна претседателка Маја Санду прогласи победа во вториот круг од изборите во Молдавија над противкандидатот Александр Стојаногло кој важи за близок со Русија. Од преброени 98 насто од гласачките ливчиња, Централната изборна комисија соопшти дека Санду освоила 54,35 проценти од гласовите, наспроти 45,65 насто на Стојаногло. Молдавија, ти си победник, изјави претседателката Санду, кратко по полноќ откако најголемата поддршка ја ...

Сите земјоделци кои имаат повеќе од 1 хектар со ориз, ќе можат да аплицираат за набавка на комбајни за жетва со сецкалици или мобилни сушарници за оваа култура. Средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој, а право на субвенционирање ќе имаат сите регистрирани земјоделски стопанства. Прифатливи трошоци по поединечен корисник се до 600.000 денари, а оризопроизводителите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, соопштуваат од претседателскиот кабинет. Стипендиите се резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот, Министерството за образование и наука, Фондацијата „Борис Трајковски“ и „Сити ...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Клубот за младински прашања и политики. Како што е објавено на собраниската веб-страница, ќе се води дискусија по извршена ревизија на ДЗР на тема „Ефикасност на мерките, политиките и проектите за исполнување на условите во кои функционираат државните студентски домови и развој на студентскиот стандард“. На седницата се поканети пратеници, главниот државен ревизор Максим ...

Од 2006-та година во Куманово почна да се шири дистрибутивната гасоводна мрежа. Во 2012-та е приклучен првиот корисник домот за стари лица. Денес на природниот енергенс се затоплуваат над 200 приватни потрошувачи и 31 правно лице. Дури 100 клиенти се приклучени годинава, преку субвенциите од Владата и општината. Моменталната цена на гас е 56 денари за метар кубен, и истиот е поевтин од останатите нафтени деривати. Ширењето на мрежата кон ...

Од „Вреди“ му порачаа на Ахмети, наместо да ги храбри уплашените поранешни функционери со лажни барања за предвремени парламентарни избори нека се посвети на внатрешни кадровски и програмски реформи. Посочуваат дека со оваа блеферска реторика ДУИ потврди дека барањето за предвремени парламентарни избори служи само за да се прикрие стравот од правосудна одговорност за криминалот. „ДУИ се движи кон неизбежен политички крах на претстојните локални ...

Откинувањето на последните јаболка од стеблата го означуваат крајот на преспанскиот јаболкобер. Пазарните состојби причина тој наместо во еуфорија да помине во сеќавањата од минатото кога преспанското јаболко го имаше речиси на сите пазари во бившата Југославија, а заработката овозможуваше решавање на многу важни прашања. Годинешнава реколта тежи само 70.000 тони јаболка или 30 посто помалку од очекуваното. Климатските промени и намалените ...

Новороденче старо 8 дена почина на Детската клиника во Скопје. Во четвртокот било донесено во тешка здравствена состојба. Надлежните институции ќе вршат надзор дали има пропустот во третманот на починатото бебе старо само осум дена. Од Здравство велат согласно информациите од Клиниката за детски болести новороденчето било пренесено од Струмица по неколку дена поради инфекција дома, каде што сите членови на семејството биле заболени. Било примено ...

Се помалку ученици и студенти во образовните институции, намалување на финансиите за науката и слаби резултати во тестирањето ПИСА – нотира Европската комисија во извештајот. И годинава се укажува дека не се донесени новите закони за средното образование. За образовниот систем – единица, признава и министерката за образование, Јаневска. Најави од септември ќе се учи по нова ревидирана програма. Во пакет за усвојување ќе се најдат и 5 закони со ...

Брзо темпо на живеење, трка по егзистенција, статус. Каде е семејството во ова модерно време? Ја има ли комуникацијата или сме заборавиле на заедничкото неделно дружење. И младите, и родителите со свој став. Психолозите говорат за квалитетно време поминато со семејството. Се почесто се доаѓа на советувања. Социолозите за сите проблеми бараат причина во семејните односи. Неретко запоставени. Психолозите ја посочуваат вечната максима – Ако се ...

Со новиот Закон за учебници за основно и средно образование се обидуваме да го подобриме процесот на подготовка, одобрување и издавање на учебници, за да не дојдеме никогаш повеќе во ситуација на први септември да немаме учебници. Искрено се надевам дека со новото законско решение ќе постигнеме и подобар квалитет на учебниците, покрај навременото снабдување, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во неделното интервју ...

Поддршка на демократските институции и борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан, најавија Доналд Трамп и Камала Харис, кандидатите за шеф на Белата Куќа. За Гласот на Америка на македонски, потпретседателката и демократска кандидатка Харис вети ако биде избрана за претседател на САД, ќе ги штити правата на граѓаните и земјите слободно да го изразуваат својот национален идентитет, вклучително и македонскиот идентитет и јазик. „НАТО ...

Вчера во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул. „500“ и ул. „401“ во село Марино, скопско, патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, удрило во В.Н.(78) од село Марино, а потоа возилото го напуштило местото на настанот. Во несреќата, од здобиените повреди, на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на почината било ...

Втор круг од претседателските избори во Молдавија. Гласачите избираат помеѓу актуелната претседателка Маја Санду, која победи во првиот круг со 42 насто од гласовите, и поранешниот генерален обвинител Александр Стојаногло од проруската социјалистичка партија на Молдавија кој обезбеди 26 проценти поддршка. По тесната победа на референдумот за членство во ЕУ, кој се одржа истовремено со првиот круг од претседателските избори на 20-ти октомври, ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1027
weather icon

Загреб

2ᴼ / -2ᴼ
1.03
75%
1027
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
2.47
95%
1028
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 8ᴼ
1.34
79%
1025
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
74%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
81%
1028
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71