На 10.06.2025 Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторило кривично дело Член 251-б, ст.1, а во врска со Член 45 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, поради тоа што во текот на месец февруари со намера за стекнување на противправна имотна корист, преку претходно наменски креиран профил на социјалната мрежа ...

Пропадна обидот на претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листи. За предлогот за измени на Изборниот законик доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата. „Не е фер гласовите на околу 30 до 40 илјади граѓани да одат во вода, само заради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост на гласот“, смета Зајкова. За разлика од ...

МПЦ-Охридска Архиепископија доби нов дебарско-кичевски митрополит. На седница на Светиот Синод едногласно е избран неодамна замонашениот јеромонах и подоцна игумен, Георгиј, кој ќе раководи со дебарско-кичевската епархија, на местото на митрополит Тимотеј кој почина минатиот ноември. Митрополитот Георгиј е поранешен декан на Богословскиот факултет и македонски амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски. Тој бил единствен предлог за митрополит, што ...

Влезот на новите странски инвестиции, најавата за низа вработувања, како и изградбата на автопатите, влеваат оптимизам дека македонската економија се движи во добра насока, велат економистите. Единствен ризик, според Институт за економски истражувања е инфлацијата, која може во одредени сектори да создаде потешкотии. Во меѓувреме Владата преку мерки се обидува да го олесни работењето на институциите. Анализата покажува дека ветувањата во првата ...

Корупцијата со години ја разнишува довербата во институциите и ја загрозува правната држава, вели директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најавувајќи максимална поддршка за кампањата „0% корупција-Ајде да е вистина“. Кампањата, која има за цел зголемување на јавната свест за потребата од пријавување на корупција и охрабрување на граѓаните да ја пријавуваат, е финансирана од Европската унија, а во соработка со Министерството ...

Игуменот Георгиј е нов митрополит на дебарско-кичевската епархија. Одлуката за наследникот на Тимотеј, Синодот на МПЦ-ОА едногласно ја донесе. Новиот митрополит е поранешен декан на Богословскиот факултет и македонски амбасадор во Ватикан кој неодамна се замонаши. За позицијата, битка се водеше и за епископот Партениј, за кого имаше поддршка од верници кои во изминатите денови одржаа собири. Седницата на Синодот ја следеше Ирина Гелевска. ...

Патнички авион на „Ер Индија“, со 242 патници се урна непосредно по полетувањето во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад. Летот бил меѓународен и, според редовниот распоред, бил упатен кон аеродромот Гетвик во Лондон. Авионот од типот „Боинг 787 Дримлајнер“ превезувал 230 патници и 12 членови на екипажот. Од нив, 169 биле индиски државјани, а 53 британски, седуммина жители на Португалија и еден канадски државјанин, соопшти ...

САД му наредија на дипломатскиот персонал и нивните семејства да ги напуштат амбасадите на Блискиот Исток, поради растечките дипломатски тензии во регионот. Објавата следува откако Иран се закани дека ќе ги нападне американските воени бази во регионот доколку избувне конфликт. Стејт департментот соопшти дека наредил заминување на речиси целиот персонал од амбасадата во Багдад, Ирак и несуштинскиот персонал од Бахреин и Кувајт. Делумните ...

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер. На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, беа разменети меѓусебни мислења и ставови за политичките и економски прашања во земјава и регионот. Вицепремиерот Николоски го истакна ...

И ноќва нови напади во Украина. Гранатирана цивилна инфраструктура во Харков, има повредени, меѓу кои и деца. Вчера Москва ги предаде телата на 1.200 загинати украински војници во рамки на договорот постигнат во Истанбул. Денеска стартува итната размена на тешко ранети затвореници. Од Самитот на Југоисточна Европа во Одеса, Зеленски побара санкции за руските танкери за нафта и финансискиот сектор. Во меѓувреме, Путин објави модернизација на ...

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна комуникација со канцеларијата на премиерот ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози. Преку низа мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, соопштија од Владата. ...

Предлог-измените на Изборниот законик, по скратена постапка, со кој се бара Македонија да биде една изборна единица, поднесен од Либерално-демократска партија, на собраниска седница. Целта е велат од партијата да им се овозможи на избирачите поголемо влијание врз изборот на поединечни кандидати на изборните листи и поголема застапеност на помалите политички партии. Декларативно, сите се за измени на Изборниот законик, но секој со свои барања. Се ...

Ноќниот полициски час за некои населби во центарот на Лос Анџелес ќе остане на сила на неодредено време, изјави градоначалничката на градот од редовите на демократите. „Вонредната состојба што ја потпишав вчера нема временско ограничување, па затоа полицискиот час ќе трае сè додека е потребен. Она што се надевам е дека жителите на Анџелес ја добија пораката дека сме сериозни“, изјави Карен Бас, градоначалничка на Лос Анџелес. Од Белата куќа ...

Украинскиот претседател бара санкции за руските танкери за нафта и финансискиот сектор. На Самитот на Југоисточна Европа во Одеса, Зеленски рече дека ограничувањето на цената на 30 долари за руска нафта може да го промени размислувањето во Москва, а најновиот пакет санкции од Европската унија би можел да биде построг. „Сите можете да видите дека Путин не сака да ја заврши оваа војна. Тој верува дека сè додека може да се бори и да доминира над ...

Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, преку социјалните мрежи реагираше на обвинувањата на премиерот. Посочи дека, додека Мицкоски се заканува и навредува, македонскиот јазик веќе е заштитен во преговарачката рамка со Европската унија, додека тој пак дома, со поддршка од некои институции, го понижува албанскиот јазик и граѓани. Поранешниот министер вели дека Албанците во Македонија не се гости, туку дел од домаќините, кои ...

На седница на Синодот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, според најавите, избор на нов дебарско-кичевски владика, откако остана празен нејзиниот трон по починувањето на владиката Тимотеј, лани во ноември. Во црковните кулоари се споменуваа повеќе имиња, но според информациите, поранешниот амбасадор во Ватикан Ѓоко Ѓорѓевски, кој се замонаши на 28-ми мај во јероѓаконски чин, под монашкото име Георгиј ќе биде предлог на ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински заедно со градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска извршија увид во градежните активности за изградба на вакуумска фекална канализација во Јурумлери зона 1 и зона 2 со вкупна должина од 4.071 метар, а ја најавија и втората фаза од изведбата на проектот. За неа, Општината аплицираше на вториот владин повик за поддршка на општински инфраструктурни проекти, чија вкупна вредност ...

Министерот Георгиев го информираше министерот Муцунски за одлуката донесена од страна на бугарското Собрание, која се однесува на напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување во Европската унија. Во разговорот, министерот Муцунски ги повтори принципиелните позиции на нашата земја поврзани со процесот на евроинтеграција. Притоа, ја нагласи подготвеноста на државата за натамошно унапредување на соработката со Бугарија во ...

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски на 22 македонски спортисти им доделија Национално признание за врвни достигнувања во спортот. На свечената церемонија што се одржа денеска во Владата на Република Македонија, со Национално признание се стекнаа најуспешните македонски спортисти, освојувачи на титули на официјалните клупски натпреварувања од највисок ранг во екипните олимписки спортови. „Ако спортот нè ...

Во јулските сметки за потрошена струја ќе биде наведено дали броилото е прочитано или износот е паушален. Првите паметни броила кои се очекува да обезбедат прецизни сметки, би требало да стигнат за две години, а за седум ќе бидат заменети сите. Со нив се очекува да се намалат загубите на струја, а најголеми се во Скопје, Гостивар и во Штип. Надлежните уверуваат дека имаат план за нивно намалување и работат на тоа. Сопствениците на обновливи ...

Довербата во судско-обвинителските институции е на многу ниско ниво, затоа потребни се сериозни законски измени, но тоа да биде согласно Устав, велат универзитетски професори. Ова е само една од точките на која се дебатираше во МАНУ, но и за предлог-Законот за судски совет, каде на иста маса седнаа истакнати правници, професори, академици, судии. Академик Владо Камбовски смета дека за избор на судии, обвинители мора да бидат истакнати искусни ...

Целта на официјална Софија не е внесување на бугарите во Уставот. Станува збор за обид за создавање на нова македонска нација, која користи нов македонски јазик, кој наводно почива на бугарски корени, смета премиерот Мицкоски. Тоа според него го покажуваат и последните реакции на извештајот на известувачот за земјава во Европскиот парламент Томас Вајц. Мицкоски вели, оној кој не може ова да го согледа, или е политички аналфабет или не треба да ...

Старопечатени книги, ретки книги и словенските ракописи коишто датираат од 13 век се чуваат во импозантниот објект од културата, Националната универзитетска библиотека „Св. Климент охридски“ која со години е нем сведок на нејзиното бавно распаѓање. Од 2021-ва година се ветуваше санација на покривот кој прокиснуваше и го ставаше во опасност импозантниот библиотечен фонд од над 3 милиони единици. Библиотечниот фонд е конзервиран и реставриран од ...

На 15 јуни, во големата сала на Националната опера и балет, нашата публика ќе биде сведок на уникатно аудио-визуелно патување низ најдобрите музички мигови од филмската кариера на еден од највлијателните композитори на нашето време – Кирил Џајковски. Концертот е распродаден, а публиката ја очекува вечер исполнета со емоции, рефлексија, носталгија и моќно музичко доживување! Првпат во живо, во придружба на голем филмски оркестар и врвни солисти, ...

Вчера во 20.00 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Кореа“, полициски службеници од Полициското одделение Велешта при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.Б.(60) од с. Пискупштина, струшко. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „застава“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,61 промили ...

Додека граѓаните се дават во чувство на неправда, а институциите тивко се гаснат под товарот на скандали и политички влијанија, врвни правници и академици алармираат: судско-обвинителскиот систем е во слободен пад. Довербата е урната, а реформите не смеат да бидат козметички – време е за коренити промени, но во рамките на Уставот. Во МАНУ, на иста маса седнаа правдата и критиката – професори, судии, академици. И сите со еден глас: „Доста беше ...

Случајот што ја потресе целата држава — трагедијата што ги надмина сите граници на човечноста. По месеци на молк и искази што се менуваат, Јавното обвинителство го кажа своето: бара доживотен затвор за четворица обвинети за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Во завршните зборови, обвинителката ги разоткри сите лаги, ги поби сите алиби и ја раскажа хронологијата на ужасот — грабнување, уцени, ...

Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 24-годишната Фросина, беше спроведен во скопскиот Апелационен суд. Но, седницата е по обвинение за кое беше суден – за недозволена трговија со наркотични средства. За постапката што се води пред повисоката судска инстанца, Обвинителството поднесе жалба на пресудата од Основниот суд, кој претходно го прогласи виновен и му изрече казна затвор. Бранителот на Васил се противи на повисоката казна. Според ...

Преговарачките тимови на САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка, која сега треба да биде одобрена од претседателите Трамп и Џинпинг. Клучно прашање во преговорите се ретките метали од Кина – стратешки суровини за батерии, турбини на ветер и одбранбени технологии. САД бараат враќање на обемот на испораки на ниво што бизнисите го сметаат за оптимален. „Мислам дека обете страни имаа дополнителен поттик да ги завршат работите. ...

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков ќе учествува на 9-та Меѓународна научна конференција за прашања и предизвици од областа на ЕУ и компаративното право „Силна и безбедна Европа: Правни и Економски аспекти“ која во наредните два дена ќе се одржи во Дубровник. На конференцијата, заменик-министерката Трајков ќе има свое обраќање на тема „Македонија на патот кон членството во ЕУ-предизвици и перспективи“. Деветтата ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
60%
1013
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
88%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
0.0
71%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1013
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
8.36
55%
1010
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
93%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.12
64%
1008
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
83%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
5.66
49%
1012
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
2.24
91%
1007
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
65%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.6
65%
1008
Currency

61.54

Currency

53.049

Currency

71.1618

Currency

34.0967

Currency

38.3759

Currency

66.1638

Currency

7.40106

Currency

0.66042

Currency

0.36117

Currency

0.53051

Currency

1.29588

Currency

0.60762