Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови против селекцијата на Босна и Херцеговина на пријателскиот натпревар во Сараево, во дуел во кој двете репрезентации имаа свои шанси, но не успеаја да ја затресат противничката мрежа. За Македонија ова беше второ реми по ред со резултат 0-0, откако избраниците на Гоце Седлоски претходно останаа непоразени и на гостувањето кај Република Ирска во Даблин. Натпреварот во Сараево ќе остане ...
Во организација на Боречкиот клуб „Киро Ристов“ и Боречкиот клуб „Карбинци“, вчера во општина Карбинци успешно се одржа традиционалниот турнир во борење за деца по повод верскиот празник „Света Троица“. Настанот годинава беше организиран по петти пат и повторно ги собра најталентираните млади борачи од повеќе градови низ Македонија. На турнирот настапија седум боречки клубови: БК „Киро Ристов“, БК „Карбинци“, БК „Балканец“ од Штип, БК ...
Денеска нѐ очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во источните делови од земјата повремено и засилен. Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат од 24 до 31 степен. Во главниот град ќе преовладува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ...
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени. Во ...
Утре, сабота, 30 мај, Општина Кисела Вода и Здружението за унапредување на културно-забавниот живот, екологија и чиста околина „ПОСВЕТЕН ВИКЕНД“ го организираат првиот „Family Day – Football Edition“. Подгответе се за 12 часа забава, спорт и музика во паркот „Шопен“. Програмата започнува точно напладне, во 12:00 часот, со музичка програма и DJ сетови. Додека трае дневното дружење, најмладите ќе можат да се забавуваат во специјално ...
Градоначалникот Дејан Митески им посака добредојде во Општина Аеродром на учесниците на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој од вечерва до 1 јуни ќе се одржува во Долно Лисиче. На фестивалот, покрај македонските, ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. „Фестивалот е одлична можност гостите да ја почувствуваат нашата гостопримливост и со себе да понесат прекрасни спомени од нашиот ...
Единствена Македонија соопшти дека прифаќа референдум за ЕУ, но под услов да има две прашања. „Единствена Македонија внимателно ја следи дебатата со најновиот предлог на СДСМ за референдум за членство во ЕУ. А што може да се очекува од една партија која во основа се бори за одбрана на македонските национални и државни интереси? Единствена Македонија прифаќа нов референдум, но, само и единствено под услов со следните прашања: 1. Дали сте за ...
Постои едно едноставно прашање на кое Блерим Беџети им должи одговор на секој студент, правник и Албанец: што направи во текот на 1058-те дена додека беше министер за правда за правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик? Одговорот е болен, но јасен – ништо, велат од ВЛЕН. „Цели 1058 дена беше на чело на Министерството за правда, со целосни надлежности, целосна моќ и целосна можност да го реши ова прашање. Не го направи тоа. ...
В недела се играат бараж натпреварите за влез во Првата македонска фудбалска лига, второлигашите Скопје и Шкендија Арачиново подготвен за промоција во елитата по потешкиот пат. Скопје на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе игра против Брера Струмица, во бараж меч каде „пиратите“ по неколку сезони ќе се обидат да се вратат во елитното друштво, а струмичани за првпат во својата историја ќе играат бараж за опстанок. Двете екипи се ...
Ракометарките на Ѓорче Петров 2 го освоија второто место во Првата ракометна лига, место кое води кон баражот за влез во Супер лигата во женска конкунреција. „Лавиците“ се подготвуваат за најважниот меч и по потешкиот пат да стигнат до место во елитата, откако во Првата ракометна лига шампион стана тимот на Атлетик со фантастичен учинок од 23 победи и само еден пораз и убедлиово најдобар напад со 804 постигнати погодоци и примени 433 ...
Двојните аршини на Трпе Деаноски и синдикалната организација на виделина, од една страна велат живееме во сиромаштија од друга страна 60.000 евра луксуз во Црна Гора, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо ваков настан да биде организиран во домашен туристички центар, со што средствата би останале во македонската економија, Деаноски одлучил синдикалните пари да завршат во странство, во луксузен туристички комплекс на ...
Венко Филипче уште еднаш покажува до каде е подготвен да оди за власт, амнестија и моќ, кога се во прашање македонските национални интереси. Прво уставни измени, а потоа редефинирање на историјата и идентитетот, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче не го интересира македонскиот идентитет и интегритет. Тој само сака прифаќање на бугарските позиции и ставање на Македонија во подредена положба, мислејќи дека само така ...
Премиерот, Христијан Мицкоски, присуствуваше на отворање на новиот трговски центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија. „За мене претставува огромна чест и задоволство што денеска можам да присуствувам на овој би рекол прекрасен настан, овде во Гевгелија. Отворањето на овој шопинг-центар којшто е не само додадена вредност за економијата тука во Гевгелија, туку очекувам да прерасне во едно место коешто ќе го посетуваат сите оние коишто ќе ...
Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во интервју за Фокус порача дека СДСМ продолжува со старата матрица на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на политичките конкуренти, наместо соочување со сопствените слабости и внатрешна криза. „Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста дека некој бил незадоволен или маргинализиран се дел од старата матрица на ...
Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски, за економските успеси на Владата, не се реална економска слика, туку игра со статистика и бројки кои граѓаните воопшто не ги чувствуваат во секојдневниот живот, велат од Левица. „Да се фалите со „раст“ на номинален БДП во услови кога државата се задолжува со милијарди евра и кога администрацијата масовно троши буџетски средства во првите квартали, не претставува економски успех, туку ...
Утре, сабота на М Нет телевизија ќе можете да го проследите во живо бараж натпреварот меѓу третолигашите Победа Валандово и Камјани во соочување на шампионите на Исток и Запад за влез во Втората македонска фудбалска лига, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Штип. Овие екипи се најдобрите во своите региони, статистички се слични една во однос на друга. Победа Валандово зад себе има сезона со учинок од 15 победи, две ремија и еден пораз со ...
Заврши сезоната во Првата и Втората футсал лига, а со тоа познат е конечниот изглед за следната сезона. Во Првата футсал лига следната сезона ќе биде шампионот Проект, вицешампионот Кеги Моби, Форца, Јувентус Серава, Бутел, Шкупи, Клими и Осогово, како и новите прволигаши повратниците Железарец и СЕЕ Университи од Тетово. Оваа сезона од Прва во Втора лига испаднаа Мал Ајакс од Штип и Балкан од Скопје, а конечниот изглед во Втората лига за ...
Трајче Стојчевски, претседател на СДММ, ја повика владата да распише референдум за членството во Европската унија. „Владата на Мицкоски не може да се вади сo тоа дека нема пари за референдум на кој младите, треба да одлучат за својата иднина. Ние со месеци наназад предупредуваме дека во буџетот нема пари – дека сè е потрошено на криминални тендери за полнење на џебовите на криминалната група ВМРО. Ние младите не прифаќаме таков изговор. Кога ...
Полицијата денеска приведе четворица државјани на Албанија поради незаконит риболов во Преспанското Езеро. Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов. Од извршените проверки било констатирано дека лицата ...
Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта од 2018 година, добил унгарско државјанство во 2022 година, и тоа му обезбедува заштита од можна екстрадиција во Македонија, објави истражувачкиот портал ВиСквер, повикувајќи се на извори од владата на Унгарија. Порталот пишува дека Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година, врз основа на „државен интерес на Унгарија“. Според друг владин извор, се верува ...
Војната во Иран и затворањето на Ормутскиот теснец, клучен превозен пат низ кој минуваа околу 20 проценти од светската трговија со нафта пред конфликтот, предизвикаа шок во снабдувањето што не е виден со децении. Поради овој притисок, земјите ширум светот брзо бараат алтернативи за да го надоместат недостатокот, а многу влади, особено во азиските земји, исто така воведоа мерки за намалување на побарувачката. За да се обезбеди доволно ...
Министерката за финансии Гордана Кочовска нè повика на средба за, како што самата рече, „убаво да ги објасниме работите“. СДСМ веднаш ја прифати поканата, но побаравме разговорот да биде јавен, пред камерите, пред граѓаните, за сите да ги слушнат фактите и бројките за состојбата во која се наоѓа буџетот и долгот. И потоа избега, обвини СДСМ. Од партијата велат дека долгот на државата надминал 11 милијарди евра. „Ниту вчера ја немаше во ...
Во текот на 27 и 28 мај во Скопје се одржа 4. Форум за културна дипломатија – Скопје 2026, на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Настанот беше во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите (ICAC) и Институтот за културна дипломатија од Берлин, со поддршка на Министерството за култура и ...
Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во Северна Македонија открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна. Проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот ...
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, се обрати на тематската сесија „Визија за иднината: Скопје 2028 и моќта на креативноста“, што се одржа во Музејот на Град Скопје, при што ја истакна улогата на културата како суштински двигател на современото општество и како еден од најсилните инструменти на културната дипломатија. „Културната дипломатија создава простор во кој државите не комуницираат само како политички субјекти, туку како ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на седницата за пратенички прашања во Собранието, истакна дека Владата води кредибилна и одговорна надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси, достоинството на државата и стратешките приоритети. Одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со евроинтегративниот процес и надворешната политика, министерот Муцунски потенцираше дека ...
Денешниот ден повторно ја разоткри коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, кои синхронизирано и координирано повторно ги насочија сите свои сили кон мене. На пратеничките прашања СДСМ повторно со своето папагалско повторување на зборот оставка и ДУИ со своите традиционални измислени етнички прашања, а Левица со поднесувањето на нова интерпелација. Три партии, наводно различни и наводно спротивставени, денес повторно усогласени и координирани за една ...
За свлечиштето на градилиште во Центар што се случи во понеделникот на улицата „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, одговорност мора да сноси и Горан Герасимовски, изјави Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ. Според него хаосот кој деновиве се случува во општина Центар е последица на неодговорното работење на СДСМ и Герасимовски и на тоа што се расфрлале со одобренија за градби. „Задоцнети казни и санкции нема да го исперат ...
На денешната собраниска седница за пратенички прашања се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Марков кој постави три прашања од кои првите две беа упатени до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и едното до министерот за здравство, Азир Алиу, кои се однесуваа на динамиката и напредокот на реформската агенда, мерките за контрола на цените за горивата и на инвестициите во здравството. Во своето обраќање Марков се осврна на ...
Пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница за пратенички прашања постави прашање до министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во кое побара одговор дали постои сценарио кое се тестира во Брисел за формирање на техничка влада на чие чело би застанал министерот, со цел да се спроведат уставните измени. „Почитуван министер за надворешни работи, во кулоарите гласно се зборува дека во ВМРО постојат две ...