Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 ...
Секој студент ја има вештачката интелигенција на својот телефон. Борбата не е таа да се запре, туку човекот да го има последниот збор. Во образованието, наша задача е да поставиме рамки и начини на нејзина употреба. Нив ги определуваме со Националната стратегијата за образование 2026–2032 и повеќе други документи, со кои целиме кон создавање дигитално зрело образовно опкружување, коешто ќе им овозможи на младите одговорно и креативно да ги ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања, кажа дека е најдено решение да нема поскапување на струјата, туку дека е можно поевтинување од 5 до 10 отсто. „Во разговори со Европската Комисија дојдовме до еден релативен компромис, а тоа е да интервенираме во Законот за енергетика во кој ќе допрецизираме, иако законот е таков и либерализиран пазарот за електрична енергија, ние би ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на врховна командантка на вооружените сили, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Штип присуствуваше на презентацијата на воената опрема, како и на демонстрацијата на војничките вештини од различен вид. Настанот беше организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки, Лесната пешадиска баталјонска група доби ...
Владата прави напори преку конкретни политики и мерки за сите наставници да ги задржат работните места, и покрај тоа што бројот на ученици значително е намален во изминатите години, а лани во 147 подрачни училишта воопшто и не се запишале ученици. Меѓудругото, затоа и воведуваме едносменска настава и продолжен престој во училиштата, со цел наставниците да имаат дополнителни активности, полн фонд на часови и да добиваат целосна плата. Во ова ...
Нова политичка дебата се отвори во јавноста откако поранешниот градоначалник на Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов, преку статус на социјалните мрежи рече дека Законот за матична евиденција предвидувал промена на пол на малолетни лица без согласност од родителите. Тој повика на консолидација и порача дека огромното мнозинство во партијата овојпат мора да биде на иста страна и да не дозволи ваквите решенија да поминат, со цел СДСМ да се ...
Презентација на воена опрема, возила и способности на армиските единици денеска спроведе Армијата на градскиот стадион во Штип. По успешно реализираната вежба „Блесок 26“, граѓаните имаа можност одблиску да се запознаат со вооружувањето, подготвеноста и секојдневните активности на припадниците на Армијата. Преку показни вежби, демонстрации и презентации, беа претставени дел од капацитетите и вештините на различни армиски единици. ...
Денес млади музички таленти ќе настапат во Скопје, концерт на студенти од Музичката академија при УГД Музичка младина на Македонија, во соработка со Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, денеска со почеток во 19:00 часот во Музејот на македонската борба во Скопје организира концерт на студенти од академијата. Настанот е дел од програмата „Млад музички албум“, поддржана од Министерството за култура и туризам, преку која ...
Тренерки, кратка облека, папучи и влечки – од сега ќе бидат забранети при влез во Одделот за граѓански работи во МВР. Министерството за внатрешни работи воведува нов кодекс за облекување за граѓаните кои доаѓаат по лични документи и други услуги. Од МВР велат дека целта е да се одржи ред, пристојност и професионален изглед во институцијата. Според правилата, нема да се дозволува облека што е премногу кратка, открива тело или е наменета за ...
Марш за Ангелите на Задушница во пробиштипското село Ратавица. Од Здружението на граѓани 16 март 2025 од Кочани, соопштуваат дека маршот оваа сабота ќе започне од 19:05 минути на спортското игралиште во селото. Токму на Задушница, родителите на загинатите истакнуваат дека правдата повторно ќе ја бараат, бидејќи како што велат токму на овој ден трагедијата не се заборава, се палат свеќи, се изговараат имиња, се носи љубов кон оние што физички ...
Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2026 година (понеделник) и на 02.06.2026 година (вторник), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека Македонија и во јунскиот извештај за реформската агенда ќе биде пред фронтранерите, додека во однос на испораката на правда очекува побрза и поробусна испорака на правда од таа претходно, затоа што и граѓаните не се задоволни од спора правда и затоа дополнителни примања нема да има без јасни резултати. „Се разбира дека не само јас и граѓаните, сите ...
Левица ќе поднесе втора интерпелација против министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обвинувајќи го за саботирање истраги, селективна правда, непрофесионално работење на полицијата и судир на интереси, најави денеска лидерот на партијата Димитар Апасиев. Тој кажа дека состојбата во МВР дополнително се влошила, а институцијата наместо професионален сервис, станала „приватна партиска полиција“. „Сметаме дека оваа година проблемите во ...
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, упати две прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања не беше присутна. Битиќи потенцираше дека има дополнителни најави за нови задолжувања и неплатени обврски кон стопанството и предупреди дека ваквата фискална траекторија, заедно со дефицит кој веќе го надминува законски утврдениот праг и достигнува околу 3,5% од БДП, ...
Олга Лозановска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собрание постави три пратенички прашања до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Првото прашање е по однос на обезбедувањето на новото задолжување од страна на Владата и Собранието. „Дали Владата подготвува ново задолжување од околу 350 милиони евра и на кој начин планира да се обезбеди тој износ?“, праша Лозановска. Второто прашање се однесува на ребалансот ...
Додека јавно зборува за ниски примања, сиромаштија и потреба од повисоки плати за работниците, претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, организирал четиридневни спортски игри во луксузен туристички комплекс во Чањ, Црна Гора, трошејќи повеќе од 60.000 евра од синдикалните членарини, кажа на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо настанот да се организира во некој од домашните туристички центри Деаноски, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат, информираат од општината. Согласно ...
Фудбалска Македонија доби уште еден тренер со УЕФА Про лиценца, Александар Таневски се стекна со највисоката лиценца. 42-годишниот тренер на Скопје и селектор на У20 репрезентацијата на Македонија успешно ја заврши програмата за стекнување со УЕФА Про лиценца. Инаку, Таневски низ неговата кариера ги водеше прволигашите Беса од Добри Гол, Македонија ЃП и Брера Струмица поранешно Академија Пандев. Пред Таневски е нов предизвик со Скопје ќе игра ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања истакна дека во Законот за правична застапеност не се важни процентите, туку квалитетот и затоа очекува поддршка од сите пратеници и посочи дека државата се гради кога се поддржуваме едни со други, додека во однос на правосудниот испит вели дека секој има право да го користи својот мајчин јазик, но некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема и со тоа се ...
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески денес оствари работна средба со повеќе винарии-членки на Здружението „Вина од Македонија“ . Ристески пред компаниите презентираше дел од тековните активности на Министерството за економија и труд насочени кон подобрување на бизнис-климата и обезбедување конкретна поддршка за компаниите. – Препознавајќи го винарството како гранка која има стратешко економско значење за државата, деновиве ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на отворањето на 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, што се одржува на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“. Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека во современиот свет влијанието на една држава не се мери само според нејзината големина, економска или воена моќ, туку и преку ...
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, упати критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека води поданичка политика на штета на македонските национални интереси. Според Манасиевски, Филипче е подготвен да оди дотаму што прво би спровел уставни измени, а потоа би прифатил редефинирање на историјата и идентитетот, нарекувајќи го „специјален бугарски пратеник на Румен Радев“. Портпаролот на владејачката партија истакна ...
Здравствените власти ќе ги зајакнат услугите за откажување од пушење, најави денес министерот за здравство Азир Алиу во рамки на одбележување на Светскиот ден без тутун 2026 година. Министерот најави дека ќе почнат координирани активности на сите институции кои можат да придонесат за откажување од пушењето. „Во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Центрите за јавно здравје, локалната ...
Радовиш во последното кола ја запиша првата сезонска победа, откако на домашен терен ја доби Струга со резултат од 32:29, па радовишани со победа се одјавија од Супер лигата и од следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата лига. Ова беше последен меч за Радовиш како суперлигаш, но и последен меч за Славјан Паунов, искусниот 45-годишен голман стави крај на својата богата кариера, настапувајќи 15-тина години за Тиквеш, беше неколку години ...
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди ќе ги пропушти двата пријателски натпревари против Босна и Херцеговина и против Турција. Барди поради повреда на коленото нема да му се стави на располагање на селекторот Гоце Седлоски. Инаку, Барди се појави на собирот на репрезентацијата, но откаок беа направени медицински прегледи беше констатирано дека не е во можност да биде на располагање на селекторот Седлоски за овие два ...
Портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција упати повик до Владата за распишување референдум. Како што изјави Кузеска, Владата на Мицкоски признала дека нема пари ниту за организирање референдум, обвинувајќи дека пари има само за, како што рече, криминалната група на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тендери, додека нема за повисоки плати, минимална плата од 600 евра, мерки и субвенции за ...
Овој викенд се играат бараж натпреварите за влез во Втората македонска фудбалска лига, атмосферата веќе зоврива, екипите ги прават последните подготовки, анализи на противникот, а навивачите се мобилизираат и се подготвуваат за да дадат силна поддршка од трибините за својот миленик да ја остари целта. Три второлигаши ќе се борат за опстанок, а пак пет третолигаши сакаат влез во Втора лига за следната сезона. Три натпревари ќе се одиграат в ...
Македонската фудбалска репрезентација денес замина за Сараево каде веќе утре од 20:30 часот ќе го одиграат пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина. Изминатите денови репрезентативците на селекторот Гоце Седлоски се подготвуваа за овој натпревар, против репрезентација која обезбеди учество на Светското првенство. Седлоски на располагање нема да го има капитенот Енис Барди поради повреда на коленото, а во неговиот список има петмина ...
Во услови кога цените на електричната енергија на европските берзи повторно покажуваат нестабилност, а компаниите сè потешко ги планираат своите оперативни трошоци, сигурноста и предвидливоста стануваат подеднакво важни како и самата цена. Токму затоа, ЕДС неодамна ја претстави својата нова понуда за компаниите – модел на снабдување со фиксна цена на електрична енергија во период од две години, што во моментов претставува единствена ваква ...
Владата на Мицкоски признава дека нема пари за организирање референдум, на кој граѓаните треба сами да одлучат за својата иднина, истакнуваат од СДСМ. Прашуваат, кога буџетот е во „одлична форма“? Ова, според нив, е уште една потврда дека во буџетот нема пари. „Ова го зборуваме со месеци, бидејќи се задолжуваат секојдневно. Има пари само за криминалната група ВМРО. Има пари за 161 тендер за семејната фирма на Томовски, има пари за 93 тендери ...