Под мотото „Спремни за средно!“, оваа среда деветтоодделенците од Општина Кисела Вода ќе имаат своја голема и бесплатна полуматурска забава. Настанот е во организација на Општина Кисела Вода, овозможувајќи им на сите 560 ученици кои го завршуваат основното образование заеднички да го прослават крајот на деветте изминати училишни години. Забавата ќе се одржи на 10 јуни со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ...

Правичната и соодветна застапеност конечно станува закон, кажа денеска Албрим Хоџа од „Вреди“. За првпат во историјата, ова право, додаде тој, нема да остане само запишан принцип или политичко ветување, туку станува гарантирано, заштитено и задолжително за институциите. Досега, како што рече, многу работи зависеа од нечија волја, од расположението на некој министер или од политички пазарења. Со овој закон, на тоа му доаѓа крај. Како што ...

Големиот интерес на жителите покажа дека грижата за животната средина станува секојдневна навика во Општина Аеродром. Затоа, потпишавме нови 50 договори со домаќинства од населба Лисиче кои активно ќе се вклучат во системската селекција на пластичен отпад, а на семејствата им беа поделени и специјални канти, соопштија од Општина Аеродром. Одтаму велат дека проектот веќе дава одлични резултати, а собирањето на отпадот се одвива редовно и ...

Гледајќи низ призмата на историјата, најголемите предавства ги има направено СДС. Од менување на име, знаме, Устав, за денес повторно СДС да се спремни за ново предавство на чело со Филипче, оценува Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Овој пат, како што додава, не било какво предавство туку најстрашното за македонскиот народ, а тоа е редефинирање на историјата, негирање на јазикот и идентитетот. „Се она што сме го учеле и ...

На 60-годишна возраст, утрово почина Арсим Зеколи, политички аналитичар и поранешен амбасадор на земјава при меѓународните организации во Виена и на ОБСЕ во Туркменистан. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговиот брат, Шефкет Зеколи. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, стои во ...

Митото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во Царина вредна 18 милиони денари. Според информациите добиени од свиркачи, Богац преку вибер со Џемо го договарал тендерот вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќето исплати кои требало да ги добие токму Богац како награда од Џемо, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Петрушевски е дециден дека ЈО мора да ...

До четврток, времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информира УХМР. Поради големата енергија и влага во атмосферата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд, грмежи изасилен ветер. Во петок се очекува процесите да бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и изолирано невреме со појава на град, а температурата ќе опадне за неколку степени. Од ...

Со „Скопската иницијатива“ и платформата „Твоја држава, твоја шанса“ СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување, изјави Богданка Кузеска, портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Етапа заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стандард, борба против корупцијата и за европска иднина за Македонија. Програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“ во конечната форма е јавно достапна и ...

Под покровителство на општина Ѓорче Петров, а во организација на ЕФЗ „Седум Осмини“, на 10 јуни 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров, за првпат ќе се одржи „Полуматурска парада 2026“. Овој настан има за цел да ги обедини полуматурантите од шесте основни училишта на територијата на општината и на достоинствен, радосен и свечен начин да го одбележи нивниот значаен образовен чекор, велат од Општината. ...

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици. Наградените ученици во текот на своето деветгодишно образование покажале континуиран одличен успех, освоиле бројни признанија на државни и меѓународни натпревари и активно учествувале во вонучилишни ...

„СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување, заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стадард, борба против корупцијата и за европската иднина. Со усвојувањето на програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“, СДСМ ја претстави својата визија за модерна, напредна, праведна и европска Македонија – држава во која трудот се вреднува, институциите работат за граѓаните, а младите ја гледаат својата ...

„Криминалната и корупциска матрица е главната идеологија на СДС. За нив е прифатлива корупцијата и во тоа не гледа криминал претседателот на партијата, Венко Филипче. Поранешниот директор на Царинска управа од редовите на СДС, Стефан Богоев – Богац наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Богоев тендерот за чистење го наместил со сопартиецот, сива ...

Синоќа, во 22.00 часот, во селото Пиперево, ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и три пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на импровизирана штала. Како што извести ТППЕ Струмица, пожарот е целосно изгаснат за кратко време откако на лице место пристигнале струмичките пожарникари. Текстот (Фото) Гореше импровизирана штала: интервенираа струмичките пожарникари е превземен од МАКФАКС. Синоќа, во 22.00 часот, во селото Пиперево, ...

Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, „во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво“. „Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и знаење да ги обедини ...

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Хо Ши Мин, Приштинска, Призренска, Марко Крале, Љубо Петровиќ и Бутелска, општина Бутел; – во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од булеварот Борис Трајковски – зградите спроти Расадник – Трим и Лум, Елена Лука и други, како и дел од корисниците од улицата Михаил Чаков, општина Кисела Вода. ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – убиство во обид. „На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во опасност и животот на двајца други оштетени. Повод за тоа ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе оди во еднодневна работна посета на Босна и Херцеговина. Ќе има средба со министерот за надворешни работи, Елмедин Конаковиќ, најави неговата ПР – служба. Посетата се реализира на покана на министерот Конаковиќ, а двјцата министри ќе разговараат билатералните односи и континуираната соработка во областите од заемен интерес. На средбата се очекува да стане збор за ...

На 32. Програмски конгрес на СДСМ во Скопје, се обратија претставници од сестринските социјалдемократски партии од регионот и Европа, со силна поддршка на СДСМ и претседателот Венко Филипче како и заедничка порака за продолжување на европскиот пат на Македонија, борбата против корупцијата и зајакнување на демократските вредности. Од името на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП), Марко Кричка порача дека партиите се дел од заедничко ...

Партијата „Единствена Македонија“ е разочарана од конгресниот говор на Венко Филипче. Од партијата велат дека со внимание го проследиле говорот и изразуваат жалење што на овој значаен партиски настан Филипче не упатил повик, ниту пак посветил внимание на потребата од донесување заеднички национален документ на сите македонски партии, кој би ги дефинирал виталните национални интереси и во кои никој нема да чепка без оглед кој победува на ...

Демократската унија за интеграција денес повторно се обиде да произведе политички спектакл преку манипулации, неточни информации и намерно мешање на поими од катастарска документација, со единствена цел: да го префрли вниманието од сопствените имотни, финансиски и политички скандали, велат од ВЛЕН. Овој став е одговор на обвинувањето од ДУИ од каде денес објавија катастарски документи за седум викенд-објекти на иста парцела која ги поврзува ...

На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески, виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни задачи како вработен во фирма се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кочани. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници и известен е јавен обвинител. На 06.06.2026 во 12:00 часот во ОВР Виница е пријавено дека во с.Лески, виничко А.К.(53) од Кочани додека извршувал работни ...

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимвски денес се прошета пред Општината и сними видео за социјалните мрежи во кое направи пресметка за боледувањето на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски. Тој го повика Државниот инспекторат за труд да го провери боледувањето. „Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски по користење на лажното боледување имаше обврска да се јави на работа на 30ти Мај. До денес тој не е појавен на своето ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денес, по обиколката на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ кажа дека реконструкцијата е во завршна фаза. Заедно со директорот на ТАВ, Неџат Курт, Николоски денес направи увид во градежните работи на аеродромот. Министерот Николоски вели дека реконструкцијата е во завршна фаза „За околу два месеци, ќе добиеме целосно нов модерен аеродром“, рече министерот Николоски по обиколката ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д.(57) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“, соопшти денес портпаролот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Стефан Димоски. Скопјанката на катастарска парцела во охридското село Трпејца, без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, изградила индивидуална семејна куќа. Тоа било констатирано по спроведен вонреден инспекциски надзор ...

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници во Тетово, Штип и Скопје лишија од слобода шест лица кај кои била пронајдена дрога. Денеска (07.06.2026) во 01:00 часот во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Б.А.(23) од Куманово затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок. На 06.06.2026 во 20:20 часот во Штип полициски ...

Боксерскиот клуб „Пинк Пантер“ од Штип уште еднаш потврди дека е еден од најуспешните клубови во регионот, освојувајќи ја шампионската титула во Опен Балкан лигата во категоријата „Олимписки надежи“. Штипските боксери на последното, десетто коло во Охрид го заверија првото место во генералниот пласман и по вторпат го подигнаа шампионскиот пехар. На патот до новиот голем успех, одлични настапи имаа Мухамед Мемедов и Зулфикар Бајрам, кои се ...

Денес пред нас стои првиот Конгрес на новата одговорност, денес не ни треба нов партиски речник, туку ни треба нов морален завет, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот 32 програмски Конгрес на партијата „Твоја држава – твоја шанса“. Во обраќањето, Филипче посочи дека целта на овој Конгрес не е да биде само свечено усвојување на нова идеолошка платформа, туку враќање на СДСМ кон суштината на социјалдемократијата. ...

Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Вицепремиерот Николоски кажа дека ...

Од тендер вреден 18 милиони денари, колку треба да земе мито Богац за тоа да биде криминал за Филипче и денес праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Според него, аферата со Богоев не е обична афера од 2.000 евра мито туку е трагата која носи до многу поголем криминал. „Детето на Заев, несудениот негов наследник, Стефан Богоев заедно со Џемо од Прилеп ги искористиле своите влијанија и раководни позиции и си наместиле тендер од 18 ...

Покрај сите пофалби и признанија на функционери од земји членки на ЕУ кон Македонија, само Филипче и Радев на иста линија бараат уставни измени, обвини денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „Сите од ЕУ со внимание ги следат реформите на македонската влада и ги поздравуваат велејќи дека сме лидери во регионот, само Филипче и Радев велат единствена реформа се уставните измени. По долго време коленичење и лековерност од страна ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.32
36%
1016
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
2.68
43%
1015
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
0.86
57%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
2.07
47%
1017
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.09
45%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 19ᴼ
1.06
77%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.24
56%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.47
74%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.34
32%
1015
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
55%
1016
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
49%
1016
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.43
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.3307

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0586

Currency

66.1057

Currency

7.89933

Currency

0.67321

Currency

0.33925

Currency

0.52457

Currency

1.12287

Currency

0.55908

Бакар

13.08

Злато

129943.67

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Паладиум

40381.34

Платина

52855.83

Иридиум

252383.36

Родиум

265243.66

Сребро

1853.71

Алуминиум

3.19

Калај

54.92

Рутениум

53852.50